Indiana Jones and the Kingdom of the Cristal Skull
Интересно е повторно да се види старата добра багра со која сум поминал безброј часови забава. Кога бев мал се соживував со ликовите. Сите три дела ги имам гледано многу пати и кога и да ги сретнев на тв или било како, ги гледав.
Го чекав и конечно го дочекав да дојде на кино. Со телевизијата нормално не е исто, особено ако се гледа филм како Индијана Џонс.
Почетокот на филмот беше интересен, одма почнува онаа бркотница и човек да не поверува колку добро се држи Харисон Форд на тие години.
Како и да е, почетокот беше супер, ама некаде на 20-тата минута се деси една многу глупава работа.
Не е спојлер, морам да ја кажам - сцената со фрижидерот. Мораше ова да се прикаже во филмот? Да не беше оваа сцена подобро на сценариото. Ајде, се вратија некако во колосек.
Приказната ми стана повеќе од интересна, на моменти се газев од смеење на хуморот што го има во филмот. Кејт Бланшет во овој филм глуми фантастично, секоја чест. Се прикажа во подруго светло.
Ама тоа траеше толку, само средината на филмот. Кога веќе стануваше се предвидливо стана и досадно. Многу ме разочара крајот. Не очекував и покрај тој позитивен дух што го имаа минатите делови, овој вака да потфрли. Премногу "Том и Џери" спасувања има. Спилберг ми се чини потфрли тука. И за жал, сета онаа позитивна висока оцена што ја имав на моменти во филмот не е доволна.
Има премногу сцени кои ме разочараа. Премногу дупки во сценариото, ме разочара.
Ќе му дадам на филмов една очајна 7-ка, а можеби и не заслужува толку. Ама, затоа што сепак е Индијана Џонс, авантура која ретко може вака да биде прикажана.