Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
The Heartbreak Kid



Иако дел од насловот нема врска со Бен Стилер (како што посочи една ваша добропозната членка,кајганџии :pipi:),сепак доловува бар дел од неговото однесување во филмот.
Комедијава е слична на Envy (исто со Стилер),но со далеку поизразен хумор.Женските во филмот солидно ја извршуваат работата,Стилер ја глуми типичната негова улога,но океј,сепак сценариото е интересно и крајот е поучен.

И во корелација е со
мојот потпис.Ретко кој би се одлучил на морално поучен крај на комедија,вметнат на суптилен начин.

Оценка 8/10 и дефинитивна препорака за гледање.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Pride and Glory (2008)

Разочарување. Не големо, затоа што читав лоши критики, па очекував дека е лош, ама не до толку. Сигурно најлош филм со Едвард Нортон што сум го гледал. Му давам 5/10, од тие 4 заради Нортон.

Исто така, ова е еден од најлошите филмови за корумпирани полицајци што сум го гледал. Прво, дијалозите во првиот дел од филмот беа ужас. Не се знаеше кој за што зборува од полициско/ганстерски сленг. Очигледно тој што го пишувал сценариото заборавил дека има повеќе од еден карактер во филмот, па сите зборуваат и се однесуваат како еден. Супер.

Понатаму, приказната е изџвакана илјада пати и нема ама баш ништо ново. Се е предвидливо до крај.

Ликовите не се ни допрени подолу од површината. Обид да ни се прикаже некоја поврзаност на семејството пред да отиде се по ѓаволите не ни имаше освен една ко бајаги божиќна вечера. Сите поубави половини во филмот беа само статистки...

Тепачката помеѓу Нортон и Фарел беше толкава глупост што нема зборови да се опише. Ги извадија часовниците и као ај да расчистиме нешто. Бог да чува... Полицаецот што крадеше “смоки“ од продавницата зошто му се може, или глупоста која ја направија двајцата полицајци во истата беше трагичен начин да се приврши филмот некако кон крај а виновниците да бидат фатени. Нити истрага, нити ништо...

Лошо, толку лошо што не ми се верува дека Нортон воопшто прифатил да игра во ваков филм.

Како пример, за филмови слични на овој би ги ставил
We Own the Night (2007) и Cop Land (1997, барем тие ми текнуваат во моментов, и се пример како ваквите филмови треба да изгледаат.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
The holiday



Леее ме разнежни филмов :wub:
Навистина одличен романтичен и емотивен филм.
Интересна приказна, убаво стокмена, малку предолго трае (а стандардно во овие роматични филмчиња се знае на крај како ќе заврши) но сепак ве задржува до последна минута. Како да не се види крајот на еден прекрасен романтичен филм:)? Па крајот го краси делото.
Филмов препорачувам да се гледа со партнерот, ако сте сами може депримирачки да се чуствувате (како јас сега :icon_lol:).
Давам 10че за ова филмче. Одамна не сум гледала филм со толку љубов во него.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Revolver (2005)

Не знам зошто но филмот ми остави навистина добар впечаток,обожавам вакви филмови во кои има замрсени работи,мистерии,поговорки и местење колку сакаш? Филмот започнува со излегувањето на Jake Green од затвор и првото негово местење од страна на посупериорните мафијаши,да не ја должам многу за филмот да ви биде поинтересен одделете 115 минути од вашето време и гледајте го...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Revolver (2005)

Не знам зошто но филмот ми остави навистина добар впечаток,обожавам вакви филмови во кои има замрсени работи,мистерии,поговорки и местење колку сакаш? Филмот започнува со излегувањето на Jake Green од затвор и првото негово местење од страна на посупериорните мафијаши,да не ја должам многу за филмот да ви биде поинтересен одделете 115 минути од вашето време и гледајте го...

Revolver (2005) е нешто како природно продолжение на
Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998) и
Snatch. (2000), ама тие два се многу подобри. Ако си ги гледал би требало да се согласиш, ако не треба да ги изгледаш. Јас очекував нешто налик на тие два па се разочарав кога го гледав, многу е побавен од нив, досаден на моменти, не им требаа анимациите и тоа со шахот и затворениците верувај ми, нема врска, не знаат ни сами што тропаат.

За
Revolver (2005) ништо повеќе од 5/10 од мене, иако која сака вакви филмови може да одвои од времето да го изгледа. За останатите два 9/10, и имајте во предвид дека посебно во првиот се зборува на тежок жаргон, колку и да стоите добро со Англискиот ништо не правите без превод.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583

Revolver (2005) е нешто како природно продолжение на
Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998) и
Snatch. (2000), ама тие два се многу подобри. Ако си ги гледал би требало да се согласиш, ако не треба да ги изгледаш. Јас очекував нешто налик на тие два па се разочарав кога го гледав, многу е побавен од нив, досаден на моменти, не им требаа анимациите и тоа со шахот и затворениците верувај ми, нема врска, не знаат ни сами што тропаат.

За
Revolver (2005) ништо повеќе од 5/10 од мене, иако која сака вакви филмови може да одвои од времето да го изгледа. За останатите два 9/10, и имајте во предвид дека посебно во првиот се зборува на тежок жаргон, колку и да стоите добро со Англискиот ништо не правите без превод.
И над кралот има крал така да за секој филм што е оценет како добар има уште подобар.Благодарам за предлогот,ќе се потрудам да ги изгледам во брзо време и ке напишам пак еден пост само за тие 2 филма...
P.S. Во право си дека на моменти забегуваше филмот поготово онаа сцена кога го удри колата и како на обична касета притиснаа REWIND и ете го пак здрав и жив?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Истиот го гледав и јас
Бравос.
Ај сега прочитај го последниот збор од насловот 5-6 пати во себе.


Он.топик.

Meet Dave




Филмов беше критикуван од страницата која дава едни од најобемните и најдобри рецензии (http://bluray.highdefdigest.com/reviews.html) ,но сепак,се решив да го симнам и изгледам.
И навистина,во првите 30 минути се чудев зашто толку лош прием,и сега дури и посакувам да останев на тие 30 минути.
Едноставно филмот по воведот,се распаѓа,приказната,актерите (со 2 исклучоци) и непотребните ефекти го вовлекуваат повторно Марфи во дупката која ја ископа со Norbit.

Приказната,иако генерално звучи интересно,катастрофално имплементирана,преполна со дупки...на моменти ќе се изгубите со кого тоа Марфи флертува на екранот.
И крајот...
го закопува целосно филмов.
Толку детски направен,што по завршување на филмот ќе останете подзинати добри 30 секунди.
Која е дебилноста да ја упропастат својата мисија,за на крај да кажат : не е проблем,ќе најдеме друг начин да ја спасиме нашата планета.

Ефектите се претеризам,зашто би требало во ваква комедија специјални ефекти,непотребно празнење на буџетот,кој можел и поефикасно да се искористи.

И кога доаѓаме до актерите,тука е навистина светлата точка на филмот.
Марфи и Ed Helms (Енди Бернард од The Office) го носат филмот самите,со своите неверојатно смешни коментари и досетки.
Глумата на Марфи,иако е само комедија филмов,е навистина за пофалба и се надевам ќе го пронајде патот до вистинските комедии повторно.
Има и неколку добри зафрканции,но после 30тата минута,едноставно ова е просек филм.
Холивудска рецепта.

Оценка 5/10,ако сте расположени за брза забава со многу културно-урбани референци (Yahoo,Google etc),би можел и да заврши работа.
Само...не очекувајте ништо посебно,и ќе бидете задоволни.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас деновиве се мрднав од гледање филмови. Ме фати таков период и не си легнувам без два филма минимум. Не гледам тв, затоа ваљда.
Првиот кој го гледав вчера беше Awake.


Како што пишува на сликава ... замислете да сте еден од тие случаи, кои се будат за време на операција и се парализирани, па осеќаат и слушаат се`, а не можат да мрднат и да прозборат. Дали има нешто појезиво?:nesvest: Го изгледав во еден здив и без трепкање што се вели. Интересен и возбудлив филм, кој би го оценала со солидна 8-ка. Можеби и поголема ќе му дадев, но многу подобар филм гледав после него, па не оди да ми се со исти оцени.
Eastern promises е филмот кој ми ја обележа вчера вечерта!


Што би кажала за ова одлично дело. Виго дефнитивно е актер со најдобри јазични способности, после Кејт Бланшет секако. Ако ве интересира каков Русин може да биде, погледнете го филмов и ќе се изненадите пријатно како мене. А и Винсент не заостанува ... можеби поради таа негова специфична фаца, за некој степен е поадекватен од Виго. Со една реченица ... филмов некако е скратена и руска верзија на Кум. Го препорачувам и го оценувам со чиста 9-ка.

И на крај, се заебав со најлошиот можен филм на светов! 2 Days in Paris.

Сега гледам дека има 7-ка на имдб и се чудам како е тоа возможно.:uvo: Можеби се работи за вкусови, ама хелоу, ова е најглупавата љубовна драма што некогаш сум ја гледала! А сакам такви филмови, значи не би требало да е до вкусовите.:toe: Ако првиот дел го паметам како добар (а не се ни сеќавам точно каков беше, па може и се лажам), вториов е чиста утка! Целата приказна е поминатите два дена во Париз на вљубениве и нивниот најверојано најголем пад во врската, па полна е со се` освен со некаква љубов. Ич не ми се допадна ... има едно двојче од мене, само поради тоа што го гледав -Париз. Кога ти е поинтересно да ги гледаш сите улички и куќарки во позадина, наместо актерите и нивните сафра дијалози ... незнам.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Snatch го гледав по втор пат и не ми беше досаедн ама ич....
го fucking обожавам... :pos:
и после го гледав The Prestige по препораките на некои форумџии...
и што да кажам ако не ремек дело... стана еден од моите омилени филмови...
двата се супер филмчиња... whatch them...:helou:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Најнапред на а1 го гледав
Тhe glass house


Ужасно добар трилер 9/10
Филм по мој вкус. Одамна на телевизија не сум гледала добар и квалитетен филм.
Ова филмче ме задржа 2 часа пред телевизор без да трепнам. Сценариото е сосема реално.
Започнува со живот на нормално американско семејство, а потоа животот на братот и сестрата се претвара во хорор. Се е сосема добро, само на крајот беше нереално сите умреа мораше најнегатовецот последен да умре али ај стандардно е тоа во филмовите
За љубителите на трилери одличен е.


И сега го гледав
Burn after reading


И :tapp:
Ужасен филм. Од мене 2/10
Одлична филмска екипа со многу досадна приказна.
Леее која наивност ја има во филмов. Точно дека некогаш од необразованост и наивност животот на обичните луѓе да се комплицира, ама ова е без веза.
Не ми е јасно како глумциве прифатиле да глупам во овој идиотски филм. Па уште и држи солидна оцена Имдб:nesvest:
Искрено препорачувам да не го гледате :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Burn after reading е комедија пред се друго. Ако некој поинаку го перцепирал тоа е негова грешка и верувам дека ќе му биде досаден филм.
Филмов содржи специфичен хумор кој не секој може да го сконта.
Има многу добри критики, според мене заслужено.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Burn after reading е комедија пред се друго. Ако некој поинаку го перцепирал тоа е негова грешка и верувам дека ќе му биде досаден филм.
Филмов содржи специфичен хумор кој не секој може да го сконта.
Има многу добри критики, според мене заслужено.
Комедија која треба да се сконта? Јас па мислев дека тоа е филм кој те опушта и те смее, без да го анализираш и конташ нешто посебно. Овој филм е тотален промаш. Да, има смешни моменти од Бред Пит кога глуми лудила, ама нема некоја цел филмов, а и има посериозни ситуации кои не би требало да ги стават во една комедија. Затоа е каша-попара.
Всушност и последната реченица од филмов го кажува тоа што го кажуваме ние кои "не го сфаќаме" ... сигурно се сеќаваш за да не ја пишувам и да ја откријам на тие што не го гледале.:toe:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Режисерот мора да го правел филмот како блага/бледа копија на некој друг,бидејќи некои моменти се толку лошо имплементирани,што едноставно мора да биле видени на друго место подобро,па копирани.
Чисто,да набројам примери...
Клуни и неговата алергија,дап,останува во сеќавање,но...
Потоа крајот,направен да ги исмева CIA,но не можеа поочигледно да го покажат тоа,па мораа буквално : We don't know what happened here.
И секако,на моменти со неочекувани и пребрзи изливи на насилство,како предпоследната сцена со Малкович.

Иако,Малкович ми беше фаца...пробуваше да биде Винс Вон,сериозен,а смешен.
Tagline на филмот е : Intelligence is relative.
Значи,што е поентата,дека постојат глупи луѓе?
Хах,that's a new one.
Нема нови...неистражени сегменти во филмот.

И додека набројував,ми текна далеку подобра реализација од ова.
The Ice Harvest.
Ништо фенси,со одлично избрани глумци,изобилува со ваков специфичен/црн вид на хумор.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Promotion (2008)

Nekako trgna rabotata so promaseni komedii pa i ovaa e uste edna vo nizata glupavi komedii snimeni vo izminatata godina,scenaristite vo Hollywood se izgubile potpolno vo psiuvanjeto na scenarija!!!
Prikaznata e za dvajca vraboteni vo eden market koi konkuriraat za rakovodno mesto vo noviot market sto treba da bide izgraden,ovoj film od komedija ja nema ni bukvata K a ne pa drugoto...Ne znam kako glumcite Seann William Scott i John C.Reilly si dozvolile da snimat takov film ili vazno bilo samo da se stavat parite vo dzeb?Vi preporacuvam da ne go gledate...:kesa:ili mozebi trebase da go prefrlam vo ovaa tema
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Burn after reading е комедија пред се друго. Ако некој поинаку го перцепирал тоа е негова грешка и верувам дека ќе му биде досаден филм.
Филмов содржи специфичен хумор кој не секој може да го сконта.
Има многу добри критики, според мене заслужено.
Види, сум гледал секаков хумор, ова не беше тоа. Ова беше чист промашен обид да се направи малку поинаков тип на комедија. Да не беа Пит и Клуни во филмот ќе имаше оцена 2.1. Ужасно досаден филм, да знаев дека ќе биде така порадо би се согласил да ме мачат на електричен стол 2 часа одколку да го гледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom