Ги фатив последните неколку минути на TV 1000 пред некој ден, па го симнав за да го изгледам цел. Еден од најдобрите филмови за коцкањето со главна улога на Мет Дејмон и Едвард Нортон, и одлично изрежиран од John Dahl. Моја оцена 8/10.
Interesno "komedice", so legendarniot Paul Rudd.
Edniot od dvata glavni lika cel zivot place za unapreduvanje na rabota, i za da ja dobie treba da otide na vecera kade sto sekoj si nosi nekoj cuden tip so sebe za da go ismevaat, taka Tim(Steve Carell) go naogja Barry(Paul Rudd), koj sto e mnogu cuden pravi figuri od gluvci itn.
Пропаднат рок бенд влегува во рок станица и ги зима вработените како нивни заложници се со цел да го свртат вниманието на некоја голема музичка компанија како би го издале својот албум.
Одлична комедија и одличен кастинг(Брендон Фрејзер,Стив Бушеми,Адам Сендлер,Крис Фарли и Џад Нелсон на едно место).
Вонземјанинот Клату со својот моќен робот Горт слегуваат на Земјата со нивното летало во времето на "студената војна" и тоа веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Носат важна порака до Земјата, која Клату сака да им ја пренесе на претставниците на сите нации.
Се` што ќе кажам понатаму за филмот е спојлер, затоа ќе престанам тука.
Ми се допадна глумата и прекрасната идеја.
9/10 и препорака за обожавателите на старите добри дела.
Режија: Ben Affleck
Улоги: Ben Affleck, Rebecca Hall and Jon Hamm
Не многу оригинална приказна за ограбувач на банки кој се вљубува во една банкарска менаџерка во банката која ја ограбува со својата екипа а нему ќе му дојде на трага главниот инспектор на ФБИ.
Ја гледав продолжената верзија од 2,5 часа така да рецензијата се однесува за оваа верзија.
Филмот не е лош но е далеку од нешто спектакуларно. Доста е развлечен и на моменти досаден. Посебно дијалозите помеѓу двете главни личности знаат да здосадат со својата баналност.
Има и некои интересни моменти кои се премалку за да го поправат целокупниот впечаток кој е чист просек.
Според мене филмот е клише и штета што не се направило повеќе а секако се имало можност.
Тоа што можеби вреди да се напомне е дека филмот експлицитно и на моменти брутално ја покажува човечката глупост, идиотизам и арогантност со целата своја палета како и
дека системот секогаш пука на најслабата алка а оставена жена на лош начин може да расипе многу планови.
Филмот има одредени сцени на насилство кои се прилично брутални така да секако ќе си ја најде и својата публика посебно кај љубителите на вакви филмови (ограбување банки, играње мачка глувче со полицијата, потера по тесни улички итн).
Моја оценка 5/10 (наверојатно пократката верзија би добила за нијанса повисока оценка).
Речено-сторено
Сид е дечко кој тешко го преболува прекинот на врската со Лондон. Слуша дека и организираат проштална забава и не најавен иде со дилерот Бејтман. Најголемиот дел од дејството во филмов се одвива во купатилото во кои се редат ликовите и шмркаат, притоа искажувајќи си ги своите маки. Се на се, добра драма со пријатни глумци и реално прикажување на една љубовна врска со сите пријатни и не толку пријатни моменти.
The man from Earth 2007
И пак филм во кој дејството се случува во една просторија, во случајов дневната на Џон. Бидејќи Џон ке се сели, организира седенка за пријателите. Како тема на разговор се наметнува дали е возможно да постои човек стар 14000год. Отпрво сите се согласуваат дека прашањето на Џон е апсурдно, но наскоро сите се вклучуваат во разговорот.
Ептен ми се допадна филмот, дијалозите беа... прекрасни.
Интересно беше што и во двата филма ми го спомнаа Ван Гог :wub:
Две страни се борат во мене околу овој филм, ѓоа Едвард Нортон во primal Fear, Рој или Арон, Арон или Рој, го менувам моето мислење секоја минута околу тоа, на кој начин да го гледам овој филм, зошто едното гледиште ќе помине, а другото не. Имав големи примедби во однос на приказната која не ме убеди, а бидејќи е биографска, побарав некои податоци и на мое големо разочарување, it's Hollywood again, Холивуд и неговите епски херојски приказни, и таму кај што ги има, а особено таму кај што ги нема.
Па така, ако се обидам да го тргнам на страна фактот дека ова е биографска приказна, филмот ќе помине. Кога не би бил биографски, би рекол дека филмот е над просекот. Почнувајќи од Emile Hirsch, кој одглуми добро, соодветно на улогата, па до убавите пејсажи од дивината, неколкуте добри споредни улоги и потргагата на еден човек по некаква сопствена слобода и мир... Ќе пројдеше сето тоа, иако ќе имав замерки на должината на филмот, а ќе имав и некои замерки кои секако ги имам без разлика на гледиштето, а ќе бидат спомнати во другиот дел од текстот. И се разбира, крајот, ваков каков што е, ќе ја задоволеше мојата потреба за избегнување на уште еден холивуски булшит крај и ќе бев среќен. Ќе му дадев нешто измеѓу 7 и 8 и ќе го препорачав на оние кои сакаат побавни филмови, драми и пореални авантури. И ако вие можете да го занемарите фактот дека се работи за биографска приказна, оваа рецензија можете да ја прекинете овде.
Проблемот е, мене не ми штимаше нешто, па побарав некои факти по интернет, но ќе се навратам на тоа подоцна, а прво ќе пишам за работите кои филмот ги погодил. Се разбира, знам дека секој биографски филм е неточен, приказните се надувани, спектаклите се поголеми спектакли... Тоа е нормално, ама за настани кои се случиле многу поодамна и за кои постои нецелосна документација итн... Ова што се случуваше во филмот е нешто друго: глорификација на лик за кој во најмала рака е дискутабилно дали го заслужува тоа, ете да не го отфрламе комплетно. Кого ние славиме во филмов и ако нашиов лик е херој, во што се состои неговиот хероизам?
Не го гледам делото, а причините се неиздржани. Тоа ми е онаа замерка која ја спомнав, без разлика дали е биографиски или е фикција. Крис имал проблеми со родителите додека растел. Многу се карале. Покрај тоа имал и еден „голем“ проблем, технички гледано, испаднало дека тој и сестра му се вонбрачни деца. Тоа е тоа во суштина. Покрај овие лоши работи, родителите на Крис му обезбедиле финансиски добар живот и образование. По дипломирањето, Крис ги дава заштедените пари во добротворни цели и тргнува да живее во дивината, читај: да биде храна за мечки и остали животињи.
Сега да се разбереме, има милиони деца што ги имале маките на Крис со родителите, а многу е мал бројот на тие деца кои ги имале придобивките на Крис. Причината за бунтовност е во ред, но ни отприлика блиску до ваков чекор, кој сам по себе е глупав, необмислен, и не решава ништо.
Да не зборувам дека во неговите скоро две години отсуство од дома, со кое решава на некој начин да ги казни родителите, не наоѓа за потреба ниту еднаш да ја побара својата сестра која го сака најмногу на светот. Бидејќи и јас имам сестра која ме сака најмногу на светов, знам колку е ова идиотски, и треба навистина да се наоѓаш во некаква чудна состојба на умот за цели две години да не испратиш порака.
Понатаму тешки спојлери:
И не само тоа: Крис не знае ништо за дивината, за да има било каква шанса да преживее, дури и дивината да е онака пристојна како во филмот. А според дијалозите и дневникот, не знае многу ни за општеството кое го мачи, како и повеќето од нас. Единствено што кажа беше во стилот: знаеш, долу лошо, лицемери, родители, политичари, горе добро... Тоа и онаа сцената кога со пријателот викаа: Општествооо, општествооо... многу длабока сцена...
Ваквиот наш јунак немаше проблем да им дели совети на многу повозрасни од него кои беа среќни што некој конечно ги просветлил. Умира во напуштен минибус, според филмот, од затруеност, по што нема сили да си најде храна или да продолжи понатаму. Според лекарските наоди, колку што прочитав, немало никакво труење, и докторот имаше дадено изјава дека ако ги имал при рака истите капини од кои јадел Крис, без проблем ќе ги изедел. Официјално, Крис починал од глад. Трагично, најблиското место било оддалечено околу 30 километри и ако во недостаток на храна на време тргнел, без поголеми проблеми ќе преживеел. По неговата смрт, околу 200 луѓе (од оние кои пријавиле) го посетиле местото, кампувале по 1-2 недели и сите без проблем го нашле патот за да си заминат.
Искрено, жал ми е за човекот. Да загинеш без никаква потреба во таков самоубиствен поход е навистина жално. Но филмот требало да се фокусира на состојбата во која навистина се наоѓал човекот кога се нафатил на тоа, а не да го величи како херојски акт и да му оддава почит.
Ете толку за ова. Сега ако ме извините, имам за гледање уште една биографска приказна за алпинист и уште на старт имам проблем: ги мразам будалите, его-манијаци кои мислат дека се нешто посебно затоа што се качиле повисоко од другите. Се надевам дека ќе ме изненади, не му давам никакви попусти.
Mislam deka tuka vidov nekoja dobra ocekna za filmot,
Se izlazav go simnav i ocekuvav barem da mi go zadrzi vnimanieto...
Aj da pocnam.
Reziserov definitivno bil zrtva na nekoj pedofil kako dete. Nema drug nacin da opisam toa sto se slucuva.
Iskreno sakam psiholoski trileri ali prikaznata ovde voopsto ne mi se dopadna i voopsto ne mi go zadrza vnimanieto.
Nekako mi bese premnogu klise, znaev sto ke se desi pred da se desi barem krajot da go smenea.
Edinstveno dobro e sto i 2cata dobro odglumea inace prikaznata e tezok shit.
Ocenka na imdb = 7.2
moja ocenka = 3.5
Ne go preporacuvam ovoj film na nikoj.
p.s. da se razbereme ova e moe licno mislenje
p.p.s sorry nemam mak podrska
Director: Peter Greenaway
Writer: Peter Greenaway
Stars: Richard Bohringer, Michael Gambon and Helen Mirren
Сопругата на еден варварсин криминалец, шеф на ресторан ќе учествува во афера, тајна романса со нежен господин кој секојдневно доаѓа во ресторанот кајшто се одвива целиот настан. Храна, секс, убиства, тортура и канибализам како егзотични придавки се користени како зачин во делото, која испаѓа како една брутално бескомпромисна модерна бајка која се толкува како алегорија за Театарска претстава.
Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник е снимен во 1989 година. Француско/британската романтична крими-драма напишана и режирана од Peter Greenaway, во кој играат Richard Bohringer, Michael Gambon, Hellen Mirren, и Alan Howard во главните улоги. Во овој филм улога има и Tim Roth, баш тој беше причината за да го гледам филмов. Графички филмот не е многу посебен, но насилните и голи сцени, како и раскошната кинематографија и формализмот, се лесно забележливи.
8/10, Филмот не е за секој, поради болдираниот дел погоре.
Тотално ја промашив вечерта со овој филм. Можеби некој седнал и напишал сценарио за да се снима некоја драма, а потоа сцените се снимени доста аматерски, глумата е за никаде. Би го издвоил само Linden Ashby како постабилен во улогата. Единственото добро нешто се жените. Не сите, само мал дел од нив. Во филмот нема поврзаност на сцените како што треба. Излитено е се`. Филмот изгледа како да е снимен на прва, без повторување на сцените.
На почетокот, една згодна егзотична танчерка (Кејси), ќе имаат расправија со нејзиниот дечко (Џејд), заплети-заплети, и ќе биде сведок на убиство при размена на дрога и ќеш. Ќе си замине од местото на злосторството со парите и дрогата со план да замине за Франција... доста беше пишување, се понатаму е спољер на еден ужасно досаден филм. Музиката е како совршена за порно филм, и има жени на шипка.
Овој спаѓа во групата филмови кој не би го препорачал на никој да го гледа, освен ако имате премногу слободно време да фрлите 80 минути на глупост. Или да го гледате како за пример, како не треба да се работи на филм.
За оценка се двоумам помеѓу 0 и 1. (или со нула не се гласаше :uvo
Во Париз, еден срамежлив бирократ Трелковски (Роман Полански) изнајмува стар стан без бања каде што претходниот подстанар, жена египтолог Симон Шул, пробала да изврши самоубиство, скокајќи од прозорецот. Непријателски расположениот консиерж и постариот сопственик воспоставуваат строги правила на однесување и Трелковски се чувствува како заробен меѓу неговите соседи. Во меѓувреме ќе ја посети Симон во болницата и се спријателува со нејзината пријателка Стела. По смртта на Симон, Трелковски се чувствува многу непријатно за ситуацијата во која е внесен и верува дека сопственикот на станот и соседите се во некој заговор против него.
Еден од најдобрите филмови на Роман Полански заедно со Rosemary`s Baby (1968). А и крајно надреално ремек дело, многу напнато и возбудливо, во исто време и доста вознемирувачко. Импресиите се страшно возбудување, солидната глума на Полански, како што ја презема главна улога, полн е филмот со бизарни сцени, гротескни слики и нејасни карактери. Атмосферата е темна, на моменти доста гадна и параноична. Кинематографијата добра, а саунтракот генијален и дијалозите погодени со секоја сцена поединечно.
Препорака за сите кои уживаат во мистичноста на психошките стари добри трилери. 10/10
Wow this was definitely a crazy motherfucker, имав очекувања дека ова ќе биде некојa егзибиционистичко авантуристичка драма ама искочи me against the rock or me against myself. Да бидам искрен Дени Бојл имаше сосема успешен уметнички експеримент, уникатен си е нема што. Џејмс Франко максимално го долови карактерот на ликот кој го глумеше, баш даде некој ефект на реалност и ладнокрвност наместо драма, што дури и наликуваше на Дискавери документарец, но затоа филмската емоција која да речеме ја видовме во Burried изостана овде. Јас ќе кажам дефинитивно ми се допадна и ми е многу жал зошто со Buried немаат некои посериозни номинации, особено кога се работи за Џејмс Франко. И пак ќе го исфалам Дени Бојл, ептен ми направи ќеиф со некои сцени, 9 од 10.
Дело на Хичкок, прв негов а да не биде снимен со црно-бела техника, туку во боја, монотон е од аспект на тоа дека се случува во една просторија. Дејството се одвива бавно но напнато. Во центарот на вниманието се двајца другари кој што убиваат нивен бивши соученик само за да покажат дека постои "совршено убиство" . Тие се со два различни карактери, едниот е психички слаб, другиот се труди да биде смирен. Како и да е, филмот испраќа јасна порака дека
не постои такво убиство
И да, Џемјс Стјуарт глуми, изгледа многу се дружеле со Хичкок на времето
Емотивна драма инспирирана од вистински настан, во која Hillary Swank ја глуми Betty Ann Waters, жена која одлучува да студира право со цел да му помогне на својот брат, за кој смета дека е неправедно осуден на доживотна робија.
Бети се решава на овој чекор иако одамна го напуштила школувањето, затоа што во недостаток на пари нема друг начин како да му помогне на Кени, нејзиниот брат кој е осуден за убиство. Ова е филм за вербата, љубовта и лојалноста... Бети посветува цели 18 години од својот живот, го жртвува бракот, ги запоставува семејството и пријателите, само со една цел: да го докаже она во што само таа верува - дека нејзиниот брат не е виновен.
Како и секоја драма, и овој филм во многу зависи од изборот на актерите и нивните улоги. Би рекол дека актерската екипа е одлична, Hillary Swank одглуми одлично и радува тоа што по некоја година пауза им се враќа на вистинските филмови. Minnie Driver исто така одлична и штета што, колку што знам, не е фокусирана максимално на актерската кариера. Sam Rockwell прекрасно ја одигра улогата на Кени а Juliette Lewis имаше 10-тина минути во кои беше фантастична.
Прилично лошо филмче. 2 цурки возат велосипеди во некои крајчиња на Аргентина(биле цела тура али овие 2 се одвоиле, онака фраерски). Ќе преспијат во еден мотел, следниот ден ќе се разделат пошо ќе се скараат и еднава ќе ја киднапираат. Другава ќе почне да ја бара итн итн итн. Ако се следи со средно внимание филмот, ќе се приметат многу грешки. Потсетува малце на Martyrs ама нема везе.
Единствено нешто што вреди во филмот се 2те цурки пошо се пресекси, Odette Yustman(од кловерфилд) и Amber Heard. Ќе има сцена кога се во бикини
The American (2010)
Crime | Drama
Џорџ Клуни е многу добро истрениран убиец, но после некоја работа во Шведска работите се одвиваат лошо, така што група Швеѓани пробуваат да го убијат, поради што пребегнува во мало градче во Италија... Понатаму не ви откривам
Барбара и Шеба се колешки работат во исто училиште. Барбара дознава една тајна на Шеба, се зближува со неа и станува пријателка, но меѓутоа таа сака нешто повеќе од пријателство. Кога ќе сфати дека тоа нема да биде можно почнува да ја уценува својта пријателка, ја кажува нејзината тајна. Филмот е психолошка драма снимен според истоимената новела, во главните улоги настапуваат Џуди Денч и Кејт Бланшет. Ми се допадна филмот, одлична глума на Денч и Бланшет.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.