Последен гледан филм со кратка рецензија

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Buried (2010)

Разочаран сум од филмов. Очекував бар малку поинтересно и малку понапнато. Идејата е интересна, ама најверојатно не успеале да ја доловат во филмов. Гледам дека наназад накратко е раскажано што се случува во филмов, па така ќе останам само на коментар дека не би го препорачал да се гледа.

The Christmas Card (2006)

Иако филмов има неверојатно очигледен крај, дефинитивно е еден од најдобрите романтични филмови.
Коди, американски војник кој е во Авганистан, ќе добие честитка за Божиќ од еден мал град во Америка. По смртта на неговиот пријател на војното поле, тој ќе се врати назад во Америка за да ги среди мислите. Меѓутоа, главната цел ќе му биде да го посети гратчето од честитката. Случајно ќе се запознае со Фејт - девојката која испраќа честитики на сите воени единици надвор од Америка.
Откако Коди ќе го спаси животот на таткото на Фејт, започнува развивањето на љубовта. Меѓутоа, Фејт има дечко со кој е во многу сериозна врска.
Понатаму, иако веќе се претпоставува како ќе заврши, ќе ви оставам сами да видите, доколку сепак сакате да го погледнете филмов.
Јас би му дал 8/10 само затоа што е веќе видена, но сепак убава приказна.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
mv5botgxnjuwnzu2m15bml5.jpg

Infernal Affairs (2002)

Не знаев дека The Departed (2006) е РИМЕЈК! :icon_conf
Случајно налетав на хонгконгшкиов филм, викам ај ќе го гледам пошто Tony Leung е у филмов, а (и) на ИМДб има 8-ца (и кусур).
Да сум ја Скорсезе, ќе ми беше срам, пошто The Dеparted е потпуно ист филм, исти сцени, дијалог, правец, само нормално, крајот е многу подобар у оригиналов (затоа си викаш за The Dеparted ''еј колку интересна приказна, а глуп крајов'', па нормално - кога приказната е дрпната а крајот е изменет), онда има подобра глума и развој на ликовите... комплексни емоции кај двата шпиуна, нешто што е, нормално, поедноставено у римејкот. Што има ново...:icon_roll

Моја оцена, хммм, најверојатно 7.5/10 и посакувам да го гледав прво овој па The Dеparted.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129


Shutter Island (2010)

Режија: Martin Scorsese
Текст: Laeta Kalogridis (сценарио), Dennis Lehane (новела)
Улоги: Leonardo DiCaprio, Emily Mortimer, Mark Ruffalo

Драма со примеси на мистерија и трилер елементи која се случува во 1954 година каде американскиот сојузен маршал Teddy Daniels врши истрага по повод бекството на една затвореничка од клиниката за ментално болни на изолираниот остров Shutter Island.

Првиот дел од филмот ми беше досаден но решив да го догледам заради позитивните критики. Првиот дел главно поминува во дијалози кои навидум се небитни но стануваат многу позначајни во вториот дел од филмот.

Според мене сцената со пештерата е пресвртница и од тој момент дејството станува напнато и секоја нова сцена носи некое ново откритие кое е битно за понатамошното дејство.

Филмот дава и неколку дијалози кои бајаги тераат на размислување, барем кај мене беше така :).

Крајот е за повеќето неочекуван и може да внесе забуна (иако слушнав и контра мислења). Јас да си признаам го погрешив крајот па морав да барам на нет што навистина се случи што многу ретко ми се случува :).

Филмот не е за тепање време и не може да се гледа лежерно туку бара константно внимание и размислување. Дејството и ликовите се испреплетени и ако не се внимава лесно се губи главната нишка.

Позитивно го оценувам заплетот, сценариото, глумата а посебно крајот.

Негативно првиот дел од филмот кој е развлечен и неколку ситни пропусти во сценариото кои не влијаат битно за впечатокот на самиот филм.

Се на се позитивна оценка но за уште поточна рецензија би требало да го гледам и втор пат.

Моја оценка 7 од 10.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Ептен долго време немам пишано нешто во оваа тема. еве нешто од мене ново :)

The Road
Пост-апокалипичка драма за татко и син, како тие преживуваат. Низ целиот филм се чувствува таа морбидност, барем малку, бидејки филмот делува толку реалистично.
Нема некои големи интриги, едноставно се течи како што и би било во реалноста.
Viggo Mortensen е одличен во улогата на татко. Не го гледај на сабајле оти цел ден сјебан ке ти биди. :) 8/10
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129


Black Swan (2010)


Режија: Darren Aronofsky
Улоги: Natalie Portman, Mila Kunis и Vincent Cassel

Психодрама со мали примеси на мистерија која зборува за едно до двенеделни припреми за новата поставка на Лебедовото Езеро од Чајковски. Треба да се одбере нова балерина за главната улога, место кое го посакуваат барем 10 балерини од групата и кое ќе ја катапултира избраничката во нова ѕвезда на балетот.

Филмот ме разочара комплетно. До пред самиот крај дејството е во дијалози и се одвива на релација дома и балет. На некој начин игран документарец за размислувањата и стравовите на главната хероина Nina Sayers (Natalie Portman).

Тоа што ме разочара е улогата која и е доделена.
Толку анксиозна девојка тешко да стигне до шансата да стане примабалерина. Слаба, нерешителна и уплашена просто ме нервираше да ја гледам како се мачи.
Портман е солидна но за некоја спектакуларна глума тешко да стане збор. Според мене црниот лебед го одглуми подобро. Поголем впечаток во однос на глумата ми оставија нејзината конкурентка и мајка и (со мали замерки).

Крајот е добар но доаѓа прекасно да го измени впечатокот кој е негативен. Со други зборови, досадно до пред самиот крај.

Љубителите на психодрами без некое јако дејство, кои уживаат да гледаат промена на чувства кај актерите и нивните експресии и со посебен афинитет кон балет веројатно ќе уживаат во филмот. За сите други ќе биде само просек.

Според мене музиката е најдоброто нешто во филмот и повторно ме поттикна да слушам класична музика нешто што го запоставив во последно време.

Оценка: 5/10 (преку сила)

За љубителите на драми со балет би го препорачал Billy Elliot (2000). Многу појак, интензивен со чувства и дејство и одлична глума.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100


Walk the line е биографски филм снимен за музичарот Џони Кеш, во него е опфатено пробивањето на музичката сцена на Кеш, неговите настапи, турнеи и секако неговата љубов спрема Џун Картер, пејачка која го придружува на турнеите. Џони Кеш станува популарен, публиката ја сака неговата музика, постојано има настапи. Станува зависник од дрога и алкохол, животот му станува хаос. Како резултат на неговата зависност, неверства, неговиот брак со Вивиен се распаѓа. Но тој е вљубен во Џун, таа е покрај него во тешките моменти, му помага да ја надмине зависноста од дрога и воопшто тешкиот период во кој се наоѓа. Џони повторно се појавува на сцента и повторно го придружува Џун со која ќе стапи во брак.
Во главните улоги настапуваат Joaquin Phoenix и Reese Witherspoon. Phoenix одлично ја игра улогата, го доловува ликот на вистински начин, секоја чест. И Reese одлична, но дефинитивно Phoenix ме воодушеви. Само не ми е јасно како досега да го немам гледано филмот,, знам дека имаше голема фама околу него, но ете сум го пропуштила тогаш, но вреди да се гледа ваква доловеност и одлична глума не смее да се пропушти.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Serendipity


Интересно филмче кое ќе ве натера да посакате да бидете вљубени(ако не сте), поврзано со судбина ово-оно...ако сте романтични души ќе ви се допадне :)
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524

TRON: Legacy (2010)

Празен филм, кој се потпира на ефектите, што и се очекуваше од трејлерот. Ефектите - супер, содржина (развој на ликови, приказна, атмосфера, креативност,...) - нула. Вредат само ефектите, Дафт Панк саундтракот, и Оливија Вајлд. :cheeky2:

Првиот дел од 1982 е многу подобар филм.

Држи превисока оцена на ИМДБ - 7.4 (ќе падне понатака), од мене

4/10


Chicago (2002)

Не гледам многу мјузикли, ама овој е најдобар што сум го гледал досега. Режија, глума/изведба, кореографија, костими, песните...Забавен од почеток до крај. Сите глумци се уклопуваат добро у филмот и сите (Зита-Џонс, Зелвегер, Латифа, Рајли), освен Ричард Гир, се номинирани за Оскар таа година, а се издвојува у филмот Кетрин Зита-Џонс, која единствено го освои, сосема заслужено.

8/10
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Rabbit Hole (2010)



Во филмот се прикажува потресниот период низ кој поминува една совршена и богата брачна двојка после смртта на нивниот 4-годишен син во автомобилска несреќа. И двајцата скршени од болка се изгубени да најдат начин да се справат со нивната загуба. Како решение одат на групна терапија, каде одговорите најчесто се оправдуваат во семоќноста и волјата на Бог, но мајката Бека (Никол Кидман) е неутешна и одбегнува да верува во тоа. И покрај напорите да ги избрише сите траги од нејзиниот син во куќата, болката ја следи со секој изминат ден. Прибежиште наоѓа во книгите што ги чита, а и скришно се сретнува со момчето кое е одговорно за смртта на нејзиниот син.
Филмот нема да ве остави рамнодушен во ниту една минута. Никол Кидман одлично го донесе нејзиниот лик, и навивам да го добие оскарот.

Оценка од мене 8/10.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Body of lies
Тимот- Ридли Скот,Ди Каприо и Расел Кроу беше причината зошто го гледав филмот.
Само накратко -филмов не е од оние кои многу очекувате од нив и ќе ве разочараат или од оние кои што пропатно сте ги гледале а ви оставиле извонреден впечаток.
Трилерче на ниво ,со добри пресврти во дејството.

7.5/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Splice (2009)
splice-movie-poster-1020552098.jpg

Појма немам зошто го догледав, веројатно заради константните промени кај суштеството поради кои очекував дека ќе тргне на подобро, или барем ќе има супер крај. За жал, единствено глумата на Sarah Polly направи овој филм да се разликува од Минотаурот, а ова е многу лош избор за улога на Adriеn Brody, слично на онаа во Predators. Ако продолжи вака, за брзо време ќе падне во заборав, или ќе си го уништи реномето.

Како и да е, убава идеја, многу лоша реализација. Да не навлегувам во дупки во приказната, ги има ама не се важни. Целиот сет е во лабаратории, темни сали за состаноци и мрачна шума, не знам зошто толку темно и матрикс зелено остварување, кога можеле малку да излезат меѓу народ, да уфрлат уште некој интересен карактер, да внесат малку позитивна енергија во филмот.

Околу содржината, се работи за двајца научници кои креираат нови животни форми кои треба да помогнат во пронаоѓање лекови за некои болести и слично... се додека еден експеримент не излезе од контрола (многу јасно) и не создадат суштество кое понатаму ќе го кријат и нема да сакаат да го уништат. Но како се развива, тоа станува се пострашно и поопасно. Кога сме тука, ефектите се добри, барем во тој дел се потрудиле.

Идејата е ок и сме гледале такви филмови, но реализацијата на филмов е многу лоша. Патем, има една секс сцена која е непотребна, но ете нека е... но она од кое дефинитивно ми се згади е
што има и една rape сцена за која апсолутно нема никаква потреба, доволно беше обидот да се спречи, ќе ни се доловеше ситуацијата и така. Грозно.

4/10, за ефектите и за Sarrah Polly...
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
The Fighter



Станува збор за фамилијарна драма односно животот на познатиот боксер "Irish" Micky Ward и неговиот пат до шампионската титула. Ова е филм за борбата внатре и надвор од рингот. Приказната има двојно значење сите на ваков или поинаков начин сите сме „борци“ во животот...


Навистина сум изнанаден искрено не очекував толку добар филм во секој поглед, мислев дека ќе биде просечно како и повеќето спортско-биографски филмчиња(ги има премногу). Ова е филм кај што режисерот се надминал себеси :). После Three Kings и I Heart Huckabes (За мене I HATE Huckabes, по глуп и глуп и глуп филм не постои) не очекував аутстандинг драма. Како во секој негов филм одлична актерска екипа и шит приказна и ете ти филм.

Кристијан Бејл е ЦАР...Еден од најпосветените глумци, какви се не трансформации уште може да направи :nesvest: :симнувамкапа:....И каде му е оскарот? Е ова е неправда :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Fourth Kind



Од каде да почнам...
Ајде од моите очекувања од филмов. Мислев дека сериозно ќе ме здрма, затоа што кога комбинирате филм со снимки од документарец може да излезе поприлично језив филм кој ќе ве натера да скокате од стол. Филмов почна одлично. Имено една жена по име Аби е психијатар и живее во помало место на Аљаска. Сопругот и е наводно убиен но не може да се најде убиецот, и Аби ја обвинува полицијата дека не може да му го најде убиецот. Додека Аби е во шок од неговата смрт, неколку нејзини пациенти почнуваат на сесиите да раскажуваат многу слична приказна за тоа како не можат во одреден временски период од ноќта да заспијат но дека не се сеќаваат на тоа што толку ги вознемирува. Полека филмот стигнува до делот, каде преку снимките публиката треба да поверува за човечките средби со вонземска интелегенција и како тоа се демонстрира. Мадре миа, е тука почнуваат смешките.

Значи во филмов Мила Јовович ја глуми наводната докторка од Аљаска која реално постои, а која за време на филмот всушност го раскажува текот. Е сега немаше да ми биде чудно доколку наводната вистинска докторка Аби, не ми делуваше познато. И воала откако го изгледав филмот, видов дека наводната докторка која ја раскажува приказната во филмот е исто така актерка. Ама тоа не ви го кажува режисерот на филмот кога на почеток ве информира дека Мила ја глуми докторката. Ефтин трик нема што.А како наводно филмов треба да ве исплаши, и да ве натера да се посомневате во теориите на вонземјани и контакти со луѓе.

Снимките на кои како демек постојат докази, ќе видите и сами дека се некредибилни, всушност на нив нема ништо посебно. Ако започнете со малку страв во коски кога почнува филмов, можно е да го изгледате и да зклучите дека е ова холивудски трик за привлекување на внимание во стилот "абе луѓе филмов е снимен според вистините настани", само што кога ќе ги видите настаните може да ви дојдат и смешни.

Има милион докази дека филмов е измама, факт што не му оди во прилог, зашто е тоа премногу видливо преку грешките во приказот. Прво снимките со луѓето, второ, од четворица пациенти со исти симптоми само двајца во филмов остануваат, другите двајца сосем се губат во приказната. Потоа како што реков, Аби нигде ја нема во филмов, односно ја глумат две актерки, а никој што е спомнат во фимов не сакал да земе учество во него. Вицови ли се вицови. Патем замисли докторката излезе дека ја исхалуцинирала смртта на маж и, човекот не бил убиен туку се самоубил. Мојата реакција беше WTF??? Овие мора да ме зезаат. А да и една од најсмешните работи, сумерскиот јазик, особен впечаток ми остави она, "јас.....Бог....уништам...:pos:", шта да ти причам, филмов од вонземјани се префрли на религиозен план. И ова го ставам во спојлер, за ако сака некој да го гледа, да не почне да се смее на почеток. Да се стресе бар малку. Сепак од филмов тоа и се очекува..:)

За глумата, па и немам замерки, зашто и онака мојата концентрација од самата приказна не ми беше сосем упатена кон актерската екипа. Најважно од се, Мила си е сосем коректна со изведбата.

Немаше да имам толку замерки, да немал режисеров толку силна намера да ме натера да поверувам во ова. Сними си го филмот по сценарио и ај чао пријатно. Немаше да биде дискредитиран.
Ако нешто ви нема логика после гледањето, немајте гајле. Ова ви е една голема каша попара, со намера да ве исплаши.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
25th Hour (2002)



Еден филм со Едвард Нортон кој сум го пропуштил а на кој налетав кога пребарував нешто за него на IMDB. И добро е што видов затоа што навистина ова е филм кој треба да се погледне, барем за сите почитувачи на ликот и делото на овој актер.

Се работи за Монти Броган (Нортон), препродавач на дрога кој има 24 часа пред да се јави на издржување на затворска казна. Време кое го користи да се види со пријателите и да се наврати на грешките кои ги направил во животот. Тоа е и доволно, се друго е премногу и влегува во спојлери, од тие причини не препорачувам ни гледање на трејлерот.

Сепак, ова не е филм кој се потпира само на глумата на Нортон, како на пример Leaves of Grass. Во овој филм има комплетна актерска екипа: Rosario Dawson, Barry Pepper, Philip Seymour Hoffman и Anna Paquin се на највисоко ниво, а режисерот Спајк Ли им овозможува подолги сцени за да можат актерите да дојдат до израз. Филмот е исполнет со суровата реалност и емоциите на главните ликови кои се соочени со разделбата од нивниот пријател, можеби засекогаш.

Има неколку одлични сцени кои ќе ви останат во паметење како и два монолози, од кои едниот на Монти, но можеби вториот монолог на неговиот татко при крајот на филмот е одличен начин како да се прикажат тие сцени, многу ми се допадна и идејата и реализацијата.

Оние кои го гледале American History X (1998) и им се допаднал, би требало да го сакаат и овој филм.

8/10
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
The invention of lying (2009)
Фино филмче. Се мислев дали да го пуштам пошто пишува дека е комедија, но видов дека е далеку од тоа. Има интересна и оргинална приказна, плус да кажам дека глуми и Џенифер Гарнер :wub:
Замислете свет во кој лагата не постои и луѓето ја зборуваат само вистината, без разлика колку болна и сурова е таа. Е сега едно бате кое е во своите 40ти, и далеку е од убав и фит, во момент кога му мањкаат пари открива дека може да се кажуваат работи кои и не се баш точни :)

Secret window (2004)



The only thing that matters is the ending. It's the most important part of the story. And this one, is very good.
Цитатов е... прајслес :back:
Психотрилер правен според книга на Стивен Кинг. Морт е писател кој по неверството на жена му се дистанцира од луѓето. Еден ден му доаѓа човек кој го обвинува дека му ја украл приказната. И тука започнува мешаницата во која Морт никако да му докаже дека не е во право...
Ми се свиѓа изборот на актерите, на Џони сум слаба, а за пофалба се и Maria Bello и John Turturro.


The lookout (2007)

После 4 год од сообраќајна незгода, Крис сеуште се соочува со последиците од неа. Пред сообраќајката имал совршен живот-му идело спорт, имал супер пријатели и убава девојка. Сега животот му е комплетно сменет, живее со Луис кој е слеп, и секоја работа која ја прави ја запишува. Предвидлив можда, али ми се допадна може дека ме потсети на Мементо. Плус и Joseph Gordon-Levitt.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom