Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Frozen (2010)


Не ми се допадна филмов. Ништо посебно. Ми го препорачаа и се надевав на повеќе, можеби затоа. Одвратен на моменти, но како и да е..
Тројца пријатели ќе заглават на ски лифт, навечер, на -(не знам колку) степени, на голема височина без никој да знае дека се таму. Ќе мора самите да изнајдат начин да се спасат, затоа што ски центарот ќе биде затворен една недела. Цела вечер се обидуваат да се спасат, да слезат долу и да побараат помош. Но освен студот и височината, има уште еден проблем.
Не вреди да се крие крајот. Само женската ќе остане жива, бла бла.. досаден филм. Две-три одвратни сцени како што кажав, еден од глумците ми се свиѓаше :wub: :pos: другото..... тапа. Едвај чекав да го видам крајот, со надеж дека ќе има некој пресврт, ама ништо.

3/10
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Identity

Моќен трилер кој што незнам како сум го промашил досега. Иосоно ми го препорача и стварно вредеше. Се беше супер режирано и направено.
Џон Кјузак и Реј Лиота беа одлични во филмов, супер си ја завршија работата посебно Кјузак.
Неколку луѓе по сплет на околности ќе се најдат во еден хотел и таму ќе останат заглавени поради невремето. Наеднаш ќе почнат да се случуваат убиства....натаму веќе што и да кажам ќе биде спојлер.
7/10


The Tournament

На секои 7 години се одржува турнамент на кои присуствуваат 30те најдобри платени убијци од целиот свет. Сите тие се тука поради одмазда, слава и секако парите. Во нив има вградено чип за следење, а големите дечки се кладат на тоа кој ќе остане последен од нив.
Турнирот има само едно мото: Убиј или умри.
Џошуа е последниот победник, но тој ќе се врати повторно после 7 години за да ја одмазди смртта на својата жена, бидејќи добива инфомарција дека убиецот е еден од учесниците на турнирот.
Добро акционо филмче, секако како и во сите и тука има неколку неверојатни "Чак Норис моменти" но се на се тие се малку. За оние што гледаат акциони филмови филмов е must see. Иако актерите не се којзнае колку познати освен 2-3 испадна многу добро филмче ова.
8/10
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Grown Ups (2010)


Филмов ми е симнат уште од кога излезе и тек сеа ми текна да го гледам. Доста солидна комедија... Другари од средно кои заедно играле кошарка се среќаваат после 30 год. кога нивниот тренер заминува во рајот и сите со своите фамилии одат на викенд во вилата во која ја прославија шампионската титула од средно. Добар филм, се чудам зошто толку мала оценка има на imdb - 5,8/10. Од мене има 9,2/10 :) Yeees I'm drunk :icon_lol:
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Elephant (2003)
Филмов е гола вода, каде каде преценет. Зборува за убиствата од ученици во едно училиште. Што се случува во филмов... Ништо!
Земаат се врткаат лево десно баткиве, ни се прикажува еден батка, па друг, па трет, секој посебно, кај што одат лево десно. Има една камера и ги следи од зад нив цело време. И џоа тие треба да направат нешто ама ништо. Од дијалози има само неколку ситничарски разговори. Претерано бавен и монотон филм. Значи ем бавен ем ништо не се случува.
Единствено уметничкото режирање (сценографијата) го бива за нешто.
4/10. Море и тоа му е многу.

А да, филмот е рипоф на Heart of America (2002) на познатиот Уве Бол :icon_lol:. Мислам годината на издавање си кажува. Филмот на Бол е каде каде подобар. Во него се случуваат многу работи, чинот на убивање е малку експониран, а крајниот ефект кај гледачот е многу појак. Кај Heart of America, режисерот уште на почетокот на филмот ни кажува што ќе се случи, ни го кажува крајот, па се враќа назад. Тоа те тера да го догледаш до крај (или да го прекиниш во истиот момент :icon_lol:), и нема да залажиш што си го изгледал.
А кај онај слонон, ништо не знаеме на почетокот (ништо не знаеме ни на средината ни на крајот) и единствена работа што ме натера да го догледам е што знаев што се случува на крајот (и тоа што не оставам ниеден филм на средина, ама во случајов тоа е споредна работа). И зажалив што го изгледав Слонов.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
The Experiment.




Експеримент за човековото однесување во одредена околина со одредени профили на луѓе. Се тестира нивното однесување и според тоа се донесуваат заклучоци за одредени ситуации, викаат дека е правен според вистински настан, можеби да а можеби и не па и не толку важно само филм е или сепак не. Добар филм малку сурово непрефинето се прикажани некои работи но тие и такви би требало и да се, реално или не зависи од перцепција и начинот на гледање и со каква цел се гледа дали со предрасуди или не, и дали предвреме е поставено намерно како одговор дека е вистинска приказна или не. Го препорачувам за гледање....
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
По големо натегање „да го гледам или да не го гледам“ си одвоив време претпладнево да го гледам озборуваниот и нашироко обожуван

Black Swan

И искрено се разочарав. По толку фалења,златни глобуси,номинации за оскари па импресии паѓања во несвест,наидов на сосема предвидливо сценарио,со очајно предвидливата Мила Кунис која глумеше катастрофално. Натали Портман беше единствената светлина во филмот,и чесно си ја донесе улогата,секоја чест,не може секој да се трансформира во балерина и притоа тоа да изгледа како целиот живот да се занимавала со тоа,само што филмот не чини.
Подобро ќе беше да ја повредеше Лили во борбата во пресоблекувалната,така барем ќе видевме малку крв и животинска борба за опстанок што е далеку поинтересно,и мало дете би знаело дека се бори со сопствените демони,а не со ривалката. И после аууу еве ја на врата,леле немало крв под вратата. И сите тие мастурбации,разбирам и сакам низ филмот кога има малку зачинка знаете,ама беше премногу,cheap P O R N .
Всушност,не ме ни чуди,The Social network e исто едно големо промашување за кое одвоив време,ама ете...Џорџ Лукас со приказните за 2012 е подобар отколку ова.

4/10,четворката оди кај Натали опкружена со лошата постава на колеги.Кунис не можам да ја пораснам од that 70s show,едноставно не можам...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.856
Поени од реакции
29.644
The Fog

Незнам шо гледав, а незнм зошто воопшто го гледав. Ако ова е хорор, ја сум Мерил Стрип. Филмов не се ни потруди да ме уплаши.
Клише приказна, клише ликови, клише убиства...СЕ ама буквално се знаете шо ќе се случи, попредвидлив филм здравје. Ало Холивуд не го расипувајте жанров со вакво срање у боја.
Башка шо има многу апсурден крај. Значи не го препорачувам филмов на никој. Не сакате да го гледате.
оцена 2/10 и тоа само оти главниот глумец е убав.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.958
Easy A

emma-stone-easy-a.jpg

Обична средношколка, која со себе ги носи сите вообичаени проблеми и дилеми од тој тинејџерски период, прави 'мал' изговор за да одбегне викенд со нејзината најдобра другарка и нејзините родители. Изговорот т.е. измислицата ќе се рашири брзо низ целото училиште .. Иии нејзиниот имиџ целосно се менува.

Филмот е инаку далеку од комедија, зошто е ставен во жанр стварно не знам .. Ако планирате смеење, откажете се однапред. Филмот си има друго наравоучение, посебно за слабите карактери и децата кои се зависни и ужасно многу им значи мислењето на другите. Филмот всушност покажува, како може на потешкиот начин да дојдете и да го пронајдете сопственото ЈАС, бидејќи кога самите сте оправдани пред самите вас, за другите who cares ?! - Се на се, не е лош да се погледне.

6.5/10

 
I

Intex

Гостин
Amelie (2001)



Ова е првиот француски филм кој го гледам, и искрено сум уште под импресии на филмот. Предобра лајт фотографија, одлична релаксирачка музика, вонвременска љубовна сторија. Капа му симнувам и на режисер, и на сценарист, и на цела актерска екипа.
Го имаат гледано многумина од овде, па бесцелно е да рецензирам.

И ајде, некој добар да биде да препорача европски филмови.
П.С. Darling веќе ми препорача La vita e bella и La haine.
П.П.С. Се надевам не ги кршам правилата на подфорумот шо барам препорака на филм. У ПП може да ми ги пратат. Е фала.;)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.428
Поени од реакции
6.073
Leaves of Grass (2009)


Позитивна страна на филмот е глумата на Нортон кој глуми двајца идентични близнаци кои имаа сосема спротиставени животни ставови,едниот дила дрога ,другиот е универзитетски професор кои се немаат видено 12 години...
Е послаба страна на филмот е сценариото кое е многу недоречено,и целиот филм има многу чуден тек,на моменти комедија па ондак скроз сериозна драма.
најмалце го очекував крвавиот дел

просечен 6.5/10 (Нортон сејвс да деј)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479


Даглас Квејд е еден обичен работник на каменолом кој сака да внесе малку промена во животот така што ќе оди во компанија која нуди имплантирање на лажни сеќавања на што и да посакате.Квејд одбира да биде таен агент на мисија на Марс,но.........................тука прекинувам,за оние кои не го изгледале под итно да го гледаат,оние кои го гледале нека го изгледаат уште еднаш. :)

Одлична приказна,неколку неочекувани пресврти и стариот доабр Шварци.

What's not to like?

9/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Robin Hood



Ова е сосем поинаква приказна од онаа што ја очекуваме кога ќе се спомене името на легендарниот херој Робин Худ. Ридли Скот очигледно имал намера да претстави една политичка констелација на приказната и да покаже со својата приказна како Робин Худ всушност станал тоа што е. Морам да признаам Ридли го почитувам неверојатно многу, бидејќи го има режирано еден од моите омилени филмови Гладијатор, кој ни сама не знам колку пати го имам гледано. Е токму тука лежи најголемиот проблем што јас го имам со филмов. Расел Кроу нема збор дека си одглуми солидно, тој ја има потребната конституција и бунтовност за да го прикаже Робин Худ. Но, прашањето е дали воопшто му била потребна оваа улога, откако веќе одигра една многу слична која му донесе Оскар. Несомнено, додека го гледав филмов, Кроу многу ме потсетуваше на генералот Максимус. Додека кршеше кичми ми доаѓаше да викнам "то Максимус браво"..:) Со други зборови мислам дека човеков си направи противуслуга што се нафатил да го глуми Робин Худ. И не се работи ниту за приказната, за глумата или нешто друго, туку зашто се работи за фактот што на некој начин портретира во два филма двајца херои кои имаат сосем исти карактеристики: лојалност, чесност, храброст, сето тоа поставено во еден историски контекст. Не му треба многу на гледачот за да укапира дека гледа едно те исто само во друга костимографија.

Дури мислам и дека Ридли Скот немал потреба да го режира филмов, или барем ако веќе се решил да го режира, требало да направи сосем поинаков кастинг. Го имате Ридли, Расел како Робин Худ, а бескрупулозниот крал Џон толку многу потсетува на улогата на Хоакин Феникс во Гладијатор, тоа чудо некое, дури и актерите се донекаде физички слични. Потоа таткото на Локсли, Волтер Локсли страшно потсетува и во глумата и во самата улога на Маркус Аурелиус . Фалеше уште Џуба и го имаш Гладијатор туто комплето.

И самата режија на неколку пати потфрлила.
Додека го гледате филмот, може нема да ви удри во глава колку делчиња фалат, ама отпосле сигурно ќе најдете некоја дупка. На пример, кај се изгуби првата сопруга на кралот Џон? Ридли изгледа заборавил дека таа воопшто постоеше во филмот. И втора работа, кои се децата што трчкараат во шумата глумејќи отпадници? Да беа сираци на починати војници во крстоносните војни ќе беше логично. Вака ќе треба да се задоволите дека никнале од земја. И трета работа, Робин Худ се претставува под лажен идентитет како Роберт Локсли во филмот, интересно после 10 години војување, сега преправениот Робин доаѓа во селото на Локсли и ниту еден селанец не успева да препознае дека тоа не е Локсли?/??. Што да правиш човек се мења со годините...:)
А и трета маана. Филмов трае 2 и пол саати. Стварно немало потреба толку да трае. Можел да се скрати.

Не викам да не се гледа филмов. Ама не го ставам во препораки зашто има неколку крупни недостатоци. Па дали ќе решите да го гледате сами одлучете си.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.557
Поени од реакции
2.520

Alpha Dog (2006)

Драма за еден вистински настан, поради кој еден млад дилер на дрога се нашол на Most Wanted листата на FBI за најбарани криминалци.

Филмов е пример за тоа дека не може (и не треба) од секој настан да се направи (интересен) филм, поготово кога нема доволно материјал и ќе се склопи лошо сценарио.
Па резултатот е еден монотон филм, развлечен на 2 саати, во кој поголемиот дел од времето гледаш некои тинејџери како се забављаат ала Беверли Хилс. Додадени се некои глупи сцени, дијалози, a изоставени важни емотивни моменти кои ме интересираа, кога веќе го догледав до крај; некои од главните ликови ги снемува па се прашуваш што стана со нив, а можело и да бидат подобро претставени, итн...

Се добива и впечаток како да му кажале на режисеров колку што може повеќе песни да стави, за да се заинтересираш за (рап) саундтракот. Затоа што, без оглед на тоа што се случува у моментот и дали треба или не, на секои 5 минути ечи некоја песна во позадина, како да незнаел режисеров да направи атмосфера без тоа.

На крај за глумата...Во главна улога е Џастин Тимберлејк, кој солидно одглуми, иако неговата улога не е некоја потешка, захтевна. Покрај него, се појавуваат повеќе млади глумци кои ти се познати од негде, па се прашуваш цело време во кој друг филм си ги видел, како - Emile Hirsch (Into The Wild), Ben Foster, Anton Yelchin (Terminator 4 Salvation), Dominique Swain (за оваа не знаев дека глуми уште), Amanda Seyfried, Olivia Wilde :)vozbud::cheeky2::sekss::icon_mrgr)...
Премногу мала минутажа имаат Брус Вилис, Хари Дин Стентон и Шерон Стоун (која има една јака сцена на крајот), за едни такви глумци како нив да се искористат, да дојдат до израз, вака и некои анонимуси да ги одиграа нивните улоги, немаше да има некоја разлика. Они повеќе служат како рекламa, да те заинтересираат за филмот, а и не се будaли да одбијат лесна заработувачка, без некој поголем напор... :)

Оцена, со оглед на многуте пропусти и тоа што се работи за еден сосема непотребен филм, се мислам и 5 дали да му дадам а не па 7 колку што има на IMDB.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
White Man Can't Jump (1992)


Драма/Комедија со двајца улични кошаркарски играчи - црнец и белец. Се вртат муабети како белците не можат да скокат и се послаби играчи, додека белецот е во долг кај некои си гангстери и мора да игра баскет за пари за да ги врати и тука настанува целата драма. Филмот не е нешто којзнае што, освен Yo momma jokes :) 7/10.

Sunset Park (1996)


Два тапа филмови гледам едно по друго, ама бев решен да изгледам некое кошаркарско филмче. :uvo: Белкиња го презема водењето на кошаркарскиот тим создаден само од црнци, без никакво искуство и го претвара во победнички клуб. Ништо посебно, ама добро ме насмееа две будали што ги има :icon_lol: 7/10 и за овој.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Sliding doors


Филмче за тепање време. Океј е, шармантен би рекла. Просечен. 5.5/10. Идејата е интересна, во секој случај.
Хелен (Гвинет Палтроу) ја отпуштаат од работа и таа тргнува дома. Паралелно гледаме каков би бил нејзиниот живот ако таа го фати првиот воз за дома и ако не го фати. Во првиот случај открива дека дечкото ја вара, во вториот не открива, итн. итн.
Ако ви се гледа филм со девојката, или филм со кој нема да го замарате филмот, или романтичен филм, овој е таков.


The experiment (2010)


Овој филм е римејк и не се сомневам дека оригиналот е подобро направен. Има 5/10 од мене. Кога заврши бев разочарана пошто мислев дека режисерот од ништо направил нешто, односно дека приказната нема смисла. Е сега, побарав на интернет и видов дека филмот се базира на вистински експеримент кој имал многу сличен тек. Се запрепастив. Резултатите од експериментот докажуваат дека доколку на човек му дадеш поголема контрола, тој ќе почне да ја злоупотребува истата.
Тоа се случува во филмов. 26тина луѓе се приклучуваат во еден експеримент и пола од нив ги ставаат да бидат затвореници, а пола чувари. Наградата се големи пари ама овие чувариве ќе почнат да си го бараат со боринче. И тука гледаме што ќе се деси кога на неизживеани луѓе ќе им дадеш слобода. Ко куче првпат пуштено од синџири. Можејќи да си живеат мирно, да си ги земат паричките, тие бараат беља. Значи ми се згади, буквално.
Иначе Едриен Броди и Форест Витакер ми биле симпатични глумци ама од филмов ми се згади од Форест Витакер јеботе. Поточно, од улогата која тој ја има. И што беше финтата со тетоважата како ланче на Броди? Карактерот му беше као многу невин ама со тетоважите не знам што сакале да постигнат.


Black swan


Сите знаете кој е филмов. И според мене добар е, ама стана толку познат само бидејќи сите нетрпеливо го очекуваа новиот филм на Аронофски. И по форумов имаше фаци кои пред да излезе имаа лупнато аватари од филмов, и после, секако, го величеа.
Не дека не ми се допадна филмов, баш напротив, ама ми личи на Инсепшн затоа што доби преголема реклама. Не реклама по телевизии и такви ствари, туку од фановите на Аронофски.
Мене ми се допадна, али дефинитивно не ми е омилен филм. 8/10 Натали Портман цело време беше фина, фина, и одеднаш стана лоша. Мене не ми се бендиса како беше прикажана преобразбата.
Девојката во рок од една вечер стана курвиче, па и убиец (комотно можеше да испадне дека стварно ја убила Мила Кунис). Оваа наводно и стави дрога и ете, излезе се што беше лошо кај Натали. Као демек дрогата ја поттикна Нина да стане лоша? Ич не ми се бендиса како беше тоа прикажано.
Иначе, на дечко ми ептен ептен му се допадна. Знам дека 10 минути пред да го догледа снема струја и он ми се јави и ги изнаопцу одговорните зошто баш на најинтересното го прекинале. До толку му се допаднал :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom