Piranha 3D (2010)
...како што пишува на постерот ''Sea, Sex and Blood'' само тоа ''Sex'' (шо лажат ??
) заменете го со ''Boobs'' / ''Titts''
+ Ричард Драјфус, Кристофер Лојд
+ доста грозни сцени,
+ цицки
(in-your-face! :icon_mrgr)
- проста приказна и такви, неинтересни ликови
- клише - знаеш кој ќе умре, кој не
5 / 10
Можда е висока и оваа оцена, ама за тепање време е добар...Ојдов да го гледам оригиналот :salut:
30 days of night 2 : Dark Days (2010)
Првиот дел не беше одличен али беше ОК филм, имаше добра атмосфера, и се разликуваше од останативе вампирски филмови, плус се држеа до стрипот (кој е супер, барем првите броеви, после тоа го усраа...).
У вториов дел решиле да забегаат бајги од стрипот и да направат промени, се разбира, на
полошо. Само почетокот и крајот ги задржале и тоа се единствените добри моменти у филмов.
- глупи дијалози,
- акција, акција, акција, без некоја содржина и логика, (ме потсeти на ''Resident Evil 4 Afterlife'' кое срање од филм)
- некои добри, интересни, заебани, ''die-hard'' ликови од стрипот се просто претставени, како неважни ликови, за сметка на некои нови, досадни
..требаше да се држат до стрипот како првиот дел, на кој би му дал најверојатно 7, а вториов дел од мене добива :
2.5 / 10
Monsters (2010)
Пошто сум у некоја ''СФ/Хорор фаза''
, земав да го гледам филмов, пошто мислев дека е СФ и - се заебав...искочи романтика авантура. Поради нискиот буџет, чудовиштата од насловот не се ни гледаат убаво...Возбудливи моменти - нула. Чекаш цело време да се случи нешто, ама...ТАПА филмов. Како што спомна некој на ИМДБ, филмов е микс од ''Before Sunrise'' и ''Godzilla''.
4 / 10
Inception (2010)
...или - Матрикс-от на Нолан со Џемс Бонд елементи.
Нема да го објаснувам, не бев бајги време на форумов, сигурно 1000 души го имаат рецензирано и спомнато, гледам има и своја посебна тема.
Само ќе кажам - преценет филм, барем мене така ми делува, се залетаа сите затоа што видоа поразличен филм од останативе просечни што искачаат, исто како што се залетаа по ефектине од Аватар.
Идејата е добра, ама реализацијата така-така, се заплеткува филмов у приказната после некое време, и тотално изгубив интерес како у ''Shutter Island'' пола саат пред крајот, кога ќе почне ептен споро да се одмотува.
Чак и ''The Following'' ми се свиѓа повеќе од ''Inception'' , не знам што оцена би му дал, најверојатно :
7 / 10