Последен гледан филм со кратка рецензија

Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
The Ghost and The Darkness

ghost_and_the_darkness_ver1.jpg

Се работи за инжињер од Америка Џон Хенри Патерсон (Van Kilmer) кој заминува во Африка во селото Тсава да изгради пруга. Кога пристугнува во Тсаво Џон забележува човек кој бил нападнат од лав во скоро време. Тој следната ноќ ја поминува на дрво со намера да го улови лавот , и успева во тоа. Но ноќкните мори на работниците и на Џон не завршуваат тука...

Филмот е базиран на вистинит настан. Ќе забележите дека на почетокот на филмот пушува "Сите случки во филмот се вистинити , дури и тие " биде сигурни во тоа.. Интересна е информацијата дека во оваа вистинита приказна имало 130 загинати луѓе...

Филмот е инзвореден , фантастичен. Ќе видите одлична глума , неверојатна приказна и уште поневеројатни сцени...

10/10 прв пат давам оцена ,но никој не може да ме разубеди дека филмов не е за чиста десетка.

Филмот завршува со цитат од Самуил (работник на пругата ,десна рака на Џон)

The film ends with a narration by Samuel, where he says the lions are now on display at the Field Museum in Chicago, Illinois, and that even today "if you dare lock eyes with them, you will be afraid."


 
Р

~~РубинРед~~

Гостин

ЗАБОРАВЕНИ - филм трилер
Тели Парета е измачувана од смртта на нејзиниот осумгодишен син Сем во авионска несреќа пред 14 месеци. Додека се бори со тагата и оддалеченоста од сопругот Џим, таа е информирана од нејзиниот психијатар Др. Мунс дека таа страда од халуцинации, дека нејзиниот син никогаш не посотел и дека таа ги измислува неговите сеќавања. Фрапирана, таа започнува да бара докази за посотењето на Сем. Но, сите докази се исчезнати. Тели е убедена дека таа полудува се додека не го сретне Еш Корел, татко на една од жртвите во несреќата. Тие започнуваат потрага по докази со кои ќе го го докажат постоењето на нивните деца и нивниот здрав разум.

Режија: Џосеф Рубен
Улоги: Џулијан Мур, Доминик Вест, Ентони Едвардс, Гери Синис и Алфри Вудард.

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
RocknRolla



Конечно!!Неколку месеци дремеше на ДВД без можност да биде виден и вчера скршив мраз. Ремек дело. Гај Ричи после овој филм од категорија Почитуван преминува во Обожаван. Морав да ѕирнам дали е и сценарист на филмов како и на Снеч што се потврди и всушност оној кој малку од малку го прати тоа може веднаш да го види. Има Гај свој начин на раскажување на приказна и посебен профил на ликови кои ги гради во филмовиве. Ако сакате да направите приказ како валкано функционира улицата, митото, подземјето и корупцијата дајте филмот да го направи Гај Ричи. Типично Британски без филување и лажен сјај, наркоманот е наркоман, улицата е полна со бесни момци, и да, меѓу нив не се сите стрејт макар колку и мажествено да изгледале. А спротивно на моите очекувања филмов не беше преполн со пукање, крвови и насилство, баш напротив има галантен криминал со неколку сцени каде нормално мора да биде употребено. Мислев дека Жерард Батлер најмногу ќе ме воодушеви во филмов, но згрешив најмногу заради дечкото кој го глуми Џони Квид и кој е неприкосновен во филмчево, макар што тврдам дека токму вакви улоги му лежат на Батлер и не треба да навлегува премногу во Холивудската комерцијала. Вистинското воодушевување е кога ќе го видите Џони Квид или вистинската RocknRolla како што го нарекуваат. Дечкото е феноменален, доволно луд, доволно инспиративен и го имаше најубавиот цитат кој ми остана во памет од филмов:
Johnny Quid: You see that pack of Virginia killing sticks on the end of the piano?
Pete: Yes.
Johnny Quid: All you need to know about life is retained in those four walls. You will notice that one of your personalities is seduced by the illusions of grandeur - the gold packet of king size with a regal insignia, an attractive implication towards grandeur and wealth, the subtle suggestion that cigarettes are indeed your royal and loyal friends, and that, Pete, is a lie.
Johnny Quid: Your other personality is trying to draw your attention to the flip side of the discussion, written in boring bold black and white, it's a statement that these neat little soldiers of death and in fact trying to kill you and that, Pete, is the truth.
Johnny Quid: Oh, beauty is a beguiling call to death and i'm addicted to the sweet pitch of its siren.
Johnny Quid: That that starts sweet ends bitter, and that which starts bitter ends sweet.
Johnny Quid: That is why you and i love the drugs and that is also why I cannot give that painting back. now please, pass me a light.
Pete: Oh you are something special, Mr johnny quid.

Филмов и да сака човек не може да го раскаже, најдоброто што може е да ги долови ликовите. Да се обидам сепак да чепнам од приказната без да закачам спојлер. Лондон се гради, а цената на недвижнините расте, еден локален мафиозо(Лени Кол) ги има сите конци во рацете и може да манипулира со дозволите. Кај него треба да се обратите ако сакате да градите и да вложите. Еден Русин склучува договор со него вреден 7 милиони евра, и како добар гест му ја позајмува на неколку дена својата "среќна" слика која наскоро ќе биде украдена. Понатаму е див Запад..
А да, и да не заборавиме, еден од најдобрите саундтраци кои јас ги имам чуено на филм..:)
П.С и покрај тоа што една буква го дели мојот ник овде од насловот на филмов, си земам за право да го поврзам и со него од денес..:)
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134


Das Boot. Може да го најдете во скратена и подолга верзија. Важи за еден од најдобрите ако не и најдобар филм поврзани со подморници. Дејствието се случува во 1941, германски У-подморница во Атлантикот во лов на конвоите од САД за Британија. Добро прикажани условите во гераманските У бродови кои што биле доста тесни за посадата која ја имале. За љубителите на овој жанр на филмови и филм што мора да се погледне.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Mulholland Drive

Не ме изненади премногу филмов али ме заинтригрира крајно затоа што во еден момент почувстував досада но затоа веднаш во наредната сцена буквално се внесов ...
Од друга страна- Класична љубовна љубоморна сторија со плот и приказна која не оди хронолошки подредена односно вистината во приказната се открива на
самиот крај а останатот е сон во кој се манифестира грижата на совест,замислата за совршен живот и совршена љубов.
Филмов, тие што го немате а имате намера да го гледате -да го гледате во време кога никој не ве бара на телефон,никој не ви ѕвони на врата и тако даље за да не го паузирате...

8.5/10

Следен за гледање ми е Lost Highway од истиот режисер кој на половина на филмоманиве овдека им е идол ,на некој начин :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
По економска линија ми се препорачани филмчињава и воопшто не зажалив што ги гледав.:)

The Man from Earth

Професор по историја решава да замине напуштајќи ја својата работа и покрај фактот што може да биде унапреден во шеф на катедра.Сака да замине без да се прости од пријателите, но сепак го пресретнуваат во последен момент.
Причината која им ја дава за неговото неочекувано заминување ги збунува до максимум неговите пријатели, а богами и гледачите на филмов.
Главниот лик е интригантна личност, кој ги прикажува сите оние работи и факти од науката, историјата и човештвото од една сосема подруга point of view.
Исто и јас би препорачала да не се гледа трејлер.
10/10

If only

Што ако би имале опција во животот да стиснеме undo и повторно да направиме работи од почеток?
Да ги поправиш сите оние грешки, да ги преживееш сите убави моменти отпочеток?
Дури и да постои ваква можност, дали би измениле нешто или би повториле се исто?
После гледање на филмот, мене бар ме остави со милијарда мисли и сите почнуваа со If only ...
Jennifer Love Hewitt е во главна улога иииии да има да се види прилично многу од неа(она што сите сакаат да го гледаат ...:devil3:)
Нејзината глума не ме фасцинираше нешто многу, но во филмов глуми пеачка, композиторка и виолинистка, но сепак е просечно.

8/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
додека чекав да се спушти Lost highway гледав филм кој е чист пример како може лош режисер со голем буџет и врвни актери да направи просечен филм. -

Зборувам за The Wolfman римејк на истоимен филм од 1941 кој го неам гледано(но од сликите можам да забележам декај тој вулфмен е каде каде пострашен од овај).
Прво не сум од младината заразена со вампири, вукодлаци и такви ствари ,филмот го спуштив ради други причини ,пред се актерската екипа во кој се Дел Торо,Хопкинс,Хуго Вевинг и Емили Блант (која незнам од кој филм ми е позната :) ).Од напред знаејќи на нискиот рејтинг на имдб и ротен томејтос филмов решив да го гледам онака лежерно.

Прво што забележав се боите на филмот каде доминира темната,односно нема светли бои и контрасти што дава еден посебен шмек и мала језивост.Второ што вреди да се спомене една реплика во првата сцена која се случува зад сцената на претставата каде глуми ликот на дел торо,кога самиот тој и се обраќа на жената од неговиот брат (кој е изчезнат) -
"...Тhe character of man is such a shiftable thing...".
И третото е сцената во циганскиот камп кога ке биде нападнат од врковакот и детето ќе си ја бара мајката а таа него во таа гужва,што претставува едно големо филмско клише кое го имам гледано во премногу други филмови,од тој аспект знаев дека ќе гледам само еден просечен филм кој неможе да биде спасен спасен ни од глумата на врвните актери кои глумат.

6/10
 
I

Intex

Гостин
Remember me (2010)



Не ми е јасно шо толку прашина се дигна околу филмот. Мене ми беше просечен. Почетокот солиден, средина никаква, крајот ужасен. Зошто?
Не секој филм во кој главниот лик умира на крајот е уметнички, матер му ебеш, И, дозна за тајната на татко му, и шо? Можеше да започне нов живот некаде далеку, оти нели беше доволно јак, им го покажа тоа на сите. Не, не, не, никогаш повеќе романтична драма не гледам, оти единствената добра е Ethernal Sunshine_шо_го_ебам.
 
В

Вори

Гостин


Не знам ни како да почнам,да ви кажам искрено.Не можам да го рецензирам филмов.
Ќе ви кажам само дека Нортон работи во една фирма,има заебан живот и не може да спие 6 месеци,има такозвана несаница.
Друго да ви кажам не знам :))

Добар,но и многу заебан филм за гледање.Чуден..имав некој терет додека го гледав искрено...На моменти ми иде да му дадам петка како оценка на филмов,на моменти ми иде да му дадам чиста десетка.Па видете вие.

Иначе Нортон како и секогаш одличен,а Пит ми остави силен впечаток.И побогу не знам зошто толку овој глумец е потценет,кога за мене е еден од најдобрите глумци на денешницава.Можеби е малце покомерцијален,нарочито после бракот со Џоли,ама настрана тоа.

На секого му го препорачувам филмов,ама нека го гледа повеќе пати,од еднаш ќе си остане зачуден како мене,фала!

Оценка:8/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Завчера ,денес и денес си изгледав 3 сосема различни филмчиња кои немаат ама баш ниедна допирна точка

Вторникот го гледав Edge of darkness од Мартин Кемберл со Мел Гибсон.
Филмов претставува крими драма во модерно време со сторија која не претставува нешто не видено...Ја убиваат ќерката на полицаец во години(гибсон) која што туку пристигнала во неговиот дом по долго време...Е сега полицаецов како татко кој нема што повеќе да загуби тргнува да ги пронајде причините за нејзиното убиство...
Дејството се одвива прилично споро и начинот на кој ги слуша и му причинуваат таткото гласовите и сеќавањата од неговата ќерка ми личеа премногу аматерски ,без никаква језивост што во спротивен случај би дало мала доза на поголема тензија...односно филмов претставува лесно трилерче за поширока народна маса на кој главна цел е заработката.

7/10 (да не глумеше лудиот макс многу помалце)

Taxi driver

Режисер Скорцезе ,главна улога Де Ниро (нов таксист во њу јорк кој има мали психички проблеми,неможе да спие),Џуди Фостер на 13-14 години а толкува к*рва,просто неверојатно....Сибил Шеперд(која ја познав по серијата со брус вилис :) moonlighting ) улога на партијски војник(друг збор кој ја опишува работата неможев да најдам ) ...и така натаму сторијата е перфектна ,самиот Де Ниро е во елемент ама во елемент во буквална смисла ,едноставно мастерпис филмче.Единствено што забележав е како филмов не освоил оскар...

9/10

и за на крај последно што гледав е Американска убавина(American Beauty).
Филмов спаѓа во уметнички филмови,добро сите филмови се уметнички но во оние драми што како жанр не ми се по вкус...Го опишува американското општество(ако не и сите западни општества во глобала каде работата е на прво место)со точност во детаљот и за тоа свака му част,пред се бракот,страстите,преварите,љубовта,пубертетот,геј популацијата,сцената со каучот која не упатува на тоа дека често материјалните вредности ни се пред овие другите-духовните и тако даље...Кога го гледав филмот ми се причина дека читам лектира,со знаењето дека главниот лик ќе почине на крајот од филмот многу се потсетив на Смрта на Иван Илич од Толстој ...
Но од друга страна на начин кој не ми се допаѓа мене- не ми се допадна текот на дејството како и во горенапоменаата книга затоа што нема еден заплет,и голема кулминација на дејството туку повеќе мали заплети ,повеќе кулминации и на крајот расплет кој го знаеме уште од почетокот само сме заинтигрирани како ке се случи...
Глумата на Спејси одлична но фактот дека филмов за оскар ги има победено едни од моите најомилени филмови Green mile и Sixth Sense доволно говори барем според мене дека е еден од најпреценетите филмови...
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
The last king of Scotland

10.jpg

Базиран на сличувањата во Уганда од режимот на бруталниот диктатор Иди Амин, како што се доживеани од неговиот доктор за време на 70тите. Во филмов прв пат ја приметив Кери Вашингтон, и по глумата и по убавината.
Покрај вистинската приказна во филмот, се запрепастив кога видов дека типот умрел во 2003. Го гледав пред неколку саати и уште се прашувам, дали ќе беше подобро диктаторов свесно да го правеше тоа што го правеше, или вака фаталистички. И уште не ми иде во глава, како е можно, коцките така да се склопуваат поише пати и лудаци да ја добиваат власта. Или можеби има премногу лудаци.
8/10



Frida

51Y0khLG3NL._SL500_AA300_.jpg
Биографија на ликовниот уметник Фрида Кало. Го обработува целиот тек на нејзиниот живот, од сите аспекти. Од комплексната врска со нејзиниот ментор, а подоцна маж, контраверзната афера со Леон Троцки, сексуални врски со жени, Фрида Кало е и политички, уметнички револуционер.
Обожавм филмови каде се идеализира жената :) Доста интересна животна приказна, но начинот на кој е пренесена симболички во нејзините слики е тоа што фасцинира, иако не се фокусира на нив филмот. Како и да е, само латиниските глумици можат да му пренесат толкава страст на филмот со нивната глума
8/10
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Завчера ,денес и денес си изгледав 3 сосема различни филмчиња кои немаат ама баш ниедна допирна точка

Вторникот го гледав Edge of darkness од Мартин Кемберл со Мел Гибсон.
Филмов претставува крими драма во модерно време со сторија која не претставува нешто не видено...Ја убиваат ќерката на полицаец во години(гибсон) која што туку пристигнала во неговиот дом по долго време...Е сега полицаецов како татко кој нема што повеќе да загуби тргнува да ги пронајде причините за нејзиното убиство...
Дејството се одвива прилично споро и начинот на кој ги слуша и му причинуваат таткото гласовите и сеќавањата од неговата ќерка ми личеа премногу аматерски ,без никаква језивост што во спротивен случај би дало мала доза на поголема тензија...односно филмов претставува лесно трилерче за поширока народна маса на кој главна цел е заработката.

7/10 (да не глумеше лудиот макс многу помалце)
Филмот е бледа сенка на оригиналната серија Edge of Darkness (1985) во 6 епизоди,мрачна,британска,еколошка драма/трилер со студената војна како зачин..со еден збор тотална параноја...:vozbud: и една од подобрите серии воопшто...ликовите делуваат неверојатно секојдневно,реалистично и има малку акција...а за хепиенд...можеш да претпоставиш...нема грешка...:)
Не знам зошто воопшто се обидуваат да спакуваат некаков холивудски филм кој не може да долови 1/5 од она што беше во серијата...

И Мел Гибсон малку по малку,бастумот,папучите и во старски дом...:pos2:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
ENEN (Непознат случај)


Филм за човек кој по чудни околности се наоѓа во психијатриска болница.За него не постојат никакви документи во истата,што е чудно за еден психијатар што работи таму.Бидејќи пациентот го потсеќа на блиска личност од неговиот живот,тој одлучува да му помогне.

Најнормално,оцена 10/10
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин




Undisputed-III-Redemption-Movie1.jpg

По тешката повреда на коленото во Undisputed II: Last Man Standing Бојка (Scott Adkins)завршува чистејќи ги тоалетите во затворот. Но кога ќе го слушне звукот на ѕвоното од рингот ѕверот повторно се буди и тој мора да си го поврати своето достоинство и титулата "најсовршениот борец во светот" како што тој милува да се нарекува.

Земети си кикирики пиво/сок ,добро друштво ,удобен тросед и за останатото филмот ќе се погрижи . Доколку сакате да се одморите од психолошки трилери и љубовни романси ,а да видите атрактивни борби ,крв ,храброст и мушкост ова е вистинскиот филм за вас.

Ако ви се допадне овој филм не заборавајте да го погледнете и претходниот дел.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Altitude (2010)


Уште не сум сигурен дали овој крај или оној што ми светна низ главата неколку минути пред да заврши, ќе беше вистинскиот, но за тоа нема пишување да не расипуваме. Ќе кажам само дека можеше да биде мал mindfuck ама одбрале малку поинаква варијанта.

Енивеј, се работи за група тинејџери кои тргнуваат на концерт со мал авион, бидејќи едната од нив е пилот to be. Работата е што пред многу многу години, мајка и била пилот и завршила неславно, па кога авионот ќе почне да кризира, се појавува страв дека истото ќе и се случи и на ќерката. И тогаш авионот влегува во невреме и чудни работи почнуваат да се случуваат...


Кога го загледав не знаев што жанр е, во текот на филмот мислев дека е еден од оние филмови со кризни ситуации во авионите... затоа бев прилично шокиран кога филмов сврте кон натприродното... Добар лесен хорор ако може така да се каже, малку адреналин и паника е добро за циркулација на крвта :) Некоја врста на final destination во воздух :) Има 5.2, јас му давам 7.0 затоа што мааните лесно можат да се занемарат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom