В
Вори
Гостин
Филмов го спуштив заради Нортон и не зажалив дефинитивно.
Се работи за една личност по име Ајзахам,кој уште од мал се интересира за излузии,магии и остали заебанции.
После 15 години тој се наоѓа во Виена во Австрија.Прави илузии низ градот,секоја вечер има свое шоу.Бидејќи неговите илузии се за воодушевување,принцот на Виена ќе се заинтересира за него и ќе дојде да гледа еден негов настап.А,усвари жената на принцот е големата љубов на Ајзахам од пред 15 години(Џесика Биел).
Повеќе не кажувам,сако ќе изречам една реченица која е на омотот на филмот.
Не е се така како што изгледа.
Многу интересен филм,секоја чест за глумците,за тематиката,и чиста 10-ка за еден од моите омилени актери Едвард Нортон.
Иначе на филмов му давам една солидна осмица.
Значи 8,5/10
Ештон Качер е главната улога,значи не може да е лош филмов.
Се работи за професионалец убиец,кој извршува една мисија во Франција,Ница.
Во меѓувреме се среќава со една девојка,која е дојдена со нејзините родители на одмор.
Двајцата се вљубуваат и поминуваат убави моменти таму.
Качер решава да се откаже од работата и ветува дека последната мисија ќе си остане баш последна.
После 3 години...
Интересен филм,опуштувачки со многу неочекувани моменти.Љубителите на акционите-комедии би сакале да ја погледнат.
Оценка:7/10
А-тимот!Серијата која ја обожавав како мал,сега ја има како игран филм.
Би-Еј,Мурдок,Фејс и Ханибал.Четворицата ''ренџери'' повторно ебаваат мајки.
Се наоѓаат као случајно во Мексико и убиваат едни мексиканци.После 8 години,тие веќе се во американската воена едници,и се најопасната четворка од која сите се плашат.
Во Ирак имаат акција без одоберение на генералот или што ти беше тој.При таа акција комбето во кое што беше генералот е дигнато во воздух и криви за тој настан се тие.
Ги пикаат во затвор и после има пак јака пуцњава.
Иначе сцена што ми остави впечаток е таа кога јунациве ни ги прикажуваат во своите затвори,а Мурдок го прикажуваат во ментално-псхичичката установа во Германија
Луд тип дефинитивно!
Ако сте љубител на серијата А-тимот,би ви препорачал да го гледате и филмот,ако не сте тогаш гледајте порно.
Оценка:7.5/10
Гледам многу филмови,али не ме бива многу за рецензии...после долго време решив да напишам и ја нешто.
Ако имате одвишок слободно време тогаш ѕирнете ги филмовиве...пуканки,сок и добро друштво и немате гајле.