Последен гледан филм со кратка рецензија

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
NINJA ASSASSIN


Го одгледав пред 4-5 дена бидејќи го чекав на стакло.. Чајниз стајл со повеќе од умерено крвопролевање.Озуну кланот сочинет од професијонални нинџа асасини масакрираат низ подлогата на целиот свет... таткото и основачот на овој клан ги збира децата домци и ги воспитува под строг режим притоа целта му е да се оформат во негови послушници но истовремено и врвни воини.

Ќе се најде еден момак кој нема да го почитува неговиот авторитет и разбирливо се знае што ги чека таквите... но не истото што и на Холивудското платно :)
бидејќи во филмот има изобилие од флешбекови, оцената е таа... ќе ви заврши работа ако во моментот ви се гледа крвнички филм без напнатост и вознемирувачки сцени :tv:

7/10
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Saving Silverman




Филм за тројца другари кои се познаваат уште од основно. Едниот од нив ќе ја најде вистинската жена за него и со неа ќе прави свадба. Неговите двајца другари ќе направат се за да го спречат во тоа. Интересна комедија, му давам 7.5/10.
 
Член од
28 декември 2009
Мислења
96
Поени од реакции
1
ja sea samo so go gleav FOURTH KIND.po sokiracko i po voznemiruvacko nesto ne sum gledal do sea.neverojaten film.a dali e vistinit ili ne ne e bitno .
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11



Star Trek I - The Motion Picture (1979)

Вчера го гледав филмов затоа што одамна го немав гледано и сум го заборавил...
Со оглед на тоа што филмот е од 79 година сликата и ефектите се "excellent" , а и приказната беше супер.
Иако некои би рекле: "Ех, Стар Трек - стара работа, нереална." , јас сум воодушевен од филмот...
Нема многу ситуации кои се напнати, но затоа тие што ги има се одлично обмислени, а метафората се однесува на ситуации од реалниот живот.

П.С. Следен ќе го гледам вториот дел од серијалот.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
The Reader
Филмот дефинитвно еден од подобрите драми што сум ги гледал во последно. Најверојатно најдобрата. Се случува во време после втората светска војна.
Потресна драма за животот на еден човек и неговата случка од детството. Филм кој дефинитвно ке разбуди (јаки) емоции во вас.

Толку е добро направен што го доживувате филмот на свој начин. Глумата е одлична. 10/10 без размислување.

Law abiding Citizen
Уфф ... this movie rocks.
Жената и ќерката на еден човек се убиени. Но одлуката која беше донесена во судницата не го задоволи. Ќе погодувате се до крајот што ке се случи. 8/10

Triangle
Ако сакате вакви филмови тогаш wot е вистинскиот за вас. :)
Видов дека филмов му остави впечаток. Па си реков зошто да не.
Не згрешив ама ич. Ако го гледате во друштво, како јас, ќе паднат тешки дискусии во текот на филмот оти е прилично дискутабилен.
Прво ќе биди малку конфузен ама после се се сведува на основното. :)
9/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.479
Поени од реакции
6.847
паранормал активити.
пошто конечно ја упраив мрежата и можам да си копирам филмови, поради тоа што шерлок холмс не сака да работи а и веќе беше касно, редно време беше да се плашам малце со хорори. додуша и сестра ми ме гњавеше цел ден, леле колку е страшен, 2 италијанци цркнале, еден кинез у кома е од филмов што да ти расправам.
да се вратиме на филмов.
Интересен е така, ама треба да го гледате со некој с'чко за да може да го плашите :helou:
дечко и девојка си живеат заедно, им тропкаат вратите очигледно има нешто, и дечково става камера да види што е работава, откако ќе видат дека стварно има нешто викаат психолог(таму што беше тој) и демек има нешто ама не му обрнувајте внимание посебно да не користите Ouija board пошто многу го бива духот на такви муабет да прави и се ќе ви каже.
5-6 дена се гледа демек, вратата се затвора,(сеа ми текна ниедна ноќ не спиеја со затворена врата се со отворена) сенка се гледа на неа звукови тропаат по ѕидовите.
една ноќ типката стануе, стои 3 саата во едно место и наеднаш се симнува доле кај базенот и седи таму(гола) и дечко и ја најде и рече одам по ќебе и додека се качи оваа оп зад него испадна демек ништо не се сеќава.
и тогаш мангупот све зема во свои раце купи ouija board иако психологот му рече да не купи ouija board и тоа таблата се запали им испадна некое име, кога го гуглаа им испадна дека името е на некоја што претходно била нападната од дух.
па следната ноќ ставија прашок на земја, на прашокот чудни отпечатоци(види види) и водеа накај таванот, кога на таванот слика полузапалена од детството на типката, арно ама се чуди зашто старата куќа и се изгорело а една слика останала полу здрава.
и духот се наапа се наапа, коа почна да им тропа низ куќа не ги остави да спијат(не дека спиеја многу)
и после го викнаа докторот(психологот) овој влезе во вратата таман влезе, почна да се тресе, леле немојте ќе ме јаде апото и им избега докторот.
најјаката сцена е после овоа, додека спиеше женската за нога ја влечеше духот и дечко и ја спаси. следната ноќ оваа пак стоеше така 4 саата и се симна доле почна да вришти дојде дечко и она го исколи него се качи горе си седна до креветот и се клацкаше 14-15 саати како несаламна, и дојде една другарка го најде дечкото убиен, викна полиција и овие ја најдоа нејзе како се клацка со нож во рака ја разбудија оваа почна со нож да оди накај џандарите и овие ја отепаа пошто се неспособни да го одземат ножот на девојчето без да ја упуцаат.

како што кажав гледајте го со некој с'чко и плашете го, друг ќар од филмов нема, и ко за беља завршува трагично а ја мразам трагедии:smir:
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Daybreakers (2009)

Daybreakers (2009)


Прилично добар филм, со оглед на тоа што е со вампири...
Глумците одглумија навистина добро. Ethan Hawke, Sam Neil, Willem Defoe водечките глумци кои го движеа дејството.
Ми се допадна филмов затоа што е иновативен во однос на лекот против вампирите. Мислам дека ниеден филм досега ја нема имплементирано оваа идеја.:vozbud:
Спојлер:
2019 - поминати се 10 години откако поголемиот дел од човечката раса е претворена во вампири, а останатите се употребувани како крвни залихи. Но залихи почнува да има се помалку и помалку. И додека владеачката раса се справува со "гладот", еден доктор(вампир) соработува со луѓето со цел да најдат лек против вампирите и спас за човечката раса.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Music Box (1989)

За сите кои сакаат филмови со судници и решавање на случаи, еве еден од таквите. Се работи за судење за воени злосторства од WWII. Ен Талбот (Jessica Langе) е адвокат и ќерка на Мајк Ласло, унгарски емигрант во Америка, кој после своето пристигнување изградил семејство и убав живот во САД. Нејзината реалност се менува еден ден кога нејзиниот татко е осомничен дека вршел злосторства во Унгарија. Таа треба да го брани нејзиниот татко и да ја открие вистината...

Добар филм, тука е прекрасната Jessica Lange која одлично си ја заврши работата како и остатокот на актерската екипа. Она што малку недостигаше е поголема драма и заплети/расплети во судницата, но добро...

8/10
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Ретко пишам на темава, иако одделувам голем дел од времето за филмови. Гледам да пишам само тогаш, кога некој филм навистина ќе ми остави впечаток.

El secreto de sus ojos
(The secret of their eyes)





Приказна во самата приказна. Како едно криминално дело продира и се врзува во животите на тие кои го истражуваат, колку се непосредни приватните врски со самиот случај, какви траги оставило сето тоа... Добар, праведен крај. Кампанела добро ја проучил психологијата на човечкиот ум, режирајќи серии, па сега одлично го употребил тоа во филмов. За деталите, нема што ни да зборувам...

Не давам оценка, најчесто, штом ме инспирирало делото да го пишам, не сум објективен за да оценувам.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Agora (2009)



Alexandria, Egypt. 391 A.D. The World Changed Forever.

Jaс ќе бидам краток, кој сака подетално, овде.

Ќе почнам од глумата, актерката која беше одлична, а јас се заљубив во улогата која ја толкува. Познат филозоф - атеист, freethinker, со еден збор.. слободна, Hypatia. Каде ваквите надпросечни умови кои ги занимало зошто ѕвездите не паѓаат и дали земјата е рамна, својствено за тоа време биле третирани како нешто девијантно, како закана, каде ограниченоста владее. Таа претставува синоним за слободен избор и принципи.

Тематиката е доста интересна, но мислам дека ќе побуди бунт против филмот затоа што обработува една доста пипава тема, каде ги прикажува вистинските страни на религијата. Ограниченоста и контрадикторноста. Во позадина се провлекува една потисната љубов на робот Davus, кој е заљубен во неговиот господар, Hypatia. (кој не би) Потиснат од емоции и слободниот живот мора да бира меѓу религијата и љубовта.

Филмот има стресен крај, кој во најмала рака ќе ве наежи.
Топло препорачувам, а најмногу за верниците.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223

Почетокот, добар вовед:

There are blows in life... so great.
l don't know!
Blows as if from the hatred of God.
As if before them, the backlash
of everything suffered were to damn up the soul
l don't know!
They are few, but they are
They open dark furrows
in the fiercest face and in the strongest side.
Perhaps they could be
the horses of barbarous Attil...as...
...Or the black heralds Death sends us.
There are blows in life so great...
l don't know!

Дали самоубиството на таткото на Сантијаго на почетокот беше безначајно? Или тоа е главната поента во целиот филм? До каде еден млад човек може да си дозволи деструкција?

Ко по обичај, не давам оцена.
 
I

Intex

Гостин
NINJA ASSASSIN


Го одгледав пред 4-5 дена бидејќи го чекав на стакло.. Чајниз стајл со повеќе од умерено крвопролевање.Озуну кланот сочинет од професијонални нинџа асасини масакрираат низ подлогата на целиот свет... таткото и основачот на овој клан ги збира децата домци и ги воспитува под строг режим притоа целта му е да се оформат во негови послушници но истовремено и врвни воини.

Ќе се најде еден момак кој нема да го почитува неговиот авторитет и разбирливо се знае што ги чека таквите... но не истото што и на Холивудското платно :)
бидејќи во филмот има изобилие од флешбекови, оцената е таа... ќе ви заврши работа ако во моментот ви се гледа крвнички филм без напнатост и вознемирувачки сцени :tv:

7/10
Го гледав денес. Многу глуп филм. Повеќе очекував од него, а не такви нинџа глупости.
Оценка: 4/10.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223

Од истиот режисер како и претходниот филм кој го постирав, веќе препознатлив негов стил: драма која обработува една реална ситуација, моменти на искушение кои можат да се случат во секој дом. Малку зафилувана со крајот (одлуката на сопругот и причината за истата), и секако збогатена со сцените од одличната модерна архитектура на семејната куќа на парот. Ако некој некогаш (на грешка) го гледа, му го препорачувам деталот на базенот, со делумна диспозиција во дневната соба. Архитектонска бонбона е куќата, во секој случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom