Последен гледан филм со кратка рецензија

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Mr. Brooks (2007)

Хм...Многу интересен на моменти ,добра глума на Костнер кој толкува сериски убиец кој не убива ради задоволството туку од чиста зависност да го прави тоа,посетува центри за рехабилитација да се одвикне но по 2 години апстинирање повторно се враќа на "занаетот"...Тука започнува и заплетот кога ќе биде сликан на дело од една личност која ќе го ....(за другото мора сами да гледате :) )

Би го препорачал за сите што сакаат крими-мистерии

7/10
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Watchmen (2009)

О глуп филм... Дефинитивно најлошиот со "суперхерои" шо сум го гледал. Прво, да го дефинираме зборот суперхерој. Не беше суперхерој човек со натприродни моќи, храброст блабла... кој е видливо посилен од околината? Јас во цел филм видов само еден ваков човек од цела насобрана дружина облечена во смешни костуми и маски. Дури едниот од нив потсеќаше проклето многу на Бетмен. Мислам филмов е лош во повеќе од еден или два аспекти. Изобилува со премногу работи кои даваат негативна слика на целиот проект: Лош кастинг, глума за нигде, сценариото за грев, специјалните ефекти веќе видени, исто така и тепачките(микс на брус ли и матрикс), и ред други работи, ама музиката...

МУЗИКАТА ВО ФИЛМОВ БЕШЕ КРАЈ.:pos: Човече еј, ја пуштија Hallelujah од Cohen за време на секс сцена во хај-тек летало, All Along The Watchtower за време на сцената каде завршува љубовно просветителната-дејност на Марс(да на Марс планетата) и летањето од Америка до тајната база на Антартикот и Sound of Silence во еден наврат.

Едина светла точка во цел филм ми беше тој маскираниот херој и неговиот престој во затворот.

И намерно не ставам спојлер тагови во рецензијава, од причина некој друг да потроши 2 и пол сати на ваков wannabesuperherо филм.

2/10.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ајде, после милион гледани филмови се одлучив повторно да пишувам во оваа тема, некако ми недостигаше :)

Полека но сигурно Гај Ричи почнува да ми станува еден од поомилените режисери. Овој пат со поинаква приказна, не е некој фантастичен комеди крајм филм, но Гај го задржува неговиот познат стил во снимање филмови.

Прво, одбрана фантастична актерска екипа, Роберт Дауни и Џад Лоу, размислував некое време и не успеав да најдам друга соодветна двојка која би го глумела Шерлок Холмс, сето ова надополнето со прекрасната Рејчел МекАдамс. Роберт, Џад, фантастично ги одиграа улогите, сценариото беше одлично, на крајот си помислив дека го напишал Ден Браун :)

Приказната се базира на разоткривање на една секта (ако така може да се нарече) од страна на генијалниот детектив Шерлок која претставува закана за Енглеското царство.

Прекрасен трилер исполнет со пресврти, мистерии и многу акција, фантастична актерска екипа и генијален режисер, одлична сценографија, филмов бар мене ептен ми се допадна.

8.5/10

21

Го немав гледано одамна овој филм, па сакав да се навратам малку на Кевин Спејси и неговите актерски способности :)
Интересна драма за кулирање, исполнета со пресврти и добра авантура. Кој сака филмови со картање, генијални умови и Вегас, нека го изгледа, мене ми се допадна.
Накратко, се работи за студент кој нема пари да ја плати школарината на Харвард, од прилика 300 000 долари, па заедно со неговит професор во случајов Кевин Спејси тргаат по кеш во Вегас, играјќи Блек Џек.

6/10
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
The Fourth Kind (2009)

Филмот според мене имаше бавен развиток што дава време бавно и опуштено да гледаме и да ги процесираме инфорамциите убаво, додека последните 15 минути се случија толку работи наеднаш, што и го дефинираа филмот. (нормално, ако немате гледано трејлери и читано).

Дејствието се случува во мало гратче во Аљаска со голема историја на исчезнати луѓе, видени UFO-а и многу посети од FBI. Почнува со масивен одзив на луѓето кои неможат да спијат и нивните приказни се прикажани преку камера кај локалниот психијатар Abbey Tyler. Таа ги снима сите разговори и се обидува преку хипноза да дознае што е проблемот кога ќе наиде на шокантни приказни од страна на граѓаните. Аlien obductions!!! Да не откривам повеќе за приказната..

Pros:

- Milla Jovovich беше феноменална, исто како и останатата актерска екипа.
- Приказната беше доста креативна. Внесување нешто ново секогаш е плус.

Cons:

- E сега, изгледа ќе сум прв што не му се допаѓа паралелно раскажуваната приказна. Префрлање од вистинската Abbey Tyler на Milla, од вистинските снимени разговори на другите и така натаму. Може додаваше вистина на приказната или што и да беше поентата, но така е тешко да се одреди константа. Да се привзаш за лик, да ти се допадне, да се плашиш за него и да си среќен. :) Тоа беше кај мене голем минус.
- Го гледав со женско друштво. Радиоактивни се, доста работи не сфатив. :)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
21

Го немав гледано одамна овој филм, па сакав да се навратам малку на Кевин Спејси и неговите актерски способности :)
Интересна драма за кулирање, исполнета со пресврти и добра авантура. Кој сака филмови со картање, генијални умови и Вегас, нека го изгледа, мене ми се допадна.
Накратко, се работи за студент кој нема пари да ја плати школарината на Харвард, од прилика 300 000 долари, па заедно со неговит професор во случајов Кевин Спејси тргаат по кеш во Вегас, играјќи Блек Џек.

6/10
Море, баш овај филм си го одбрал за да ги видиш актерските способности на Кевин Спејси?:asd:
Филмов ич не ми се бендиса и не ми остана во сеќавање. Според мене (според мене значи), филмов не заслужува ниту 5ка и е далеку преценат. Крајот е ептен предвидлив мислам... Кевин Спејси се изгуби негде низ филмов:toe:.

Ако сакаш да го видиш Спејси во вистинско светло гледај го The Life of David Gale ако не ти е гледан. Животот на Дејвид Гејл според мене после The Usual Suspects ми е најдобриот филм со Спејси (овде Se7en не го рачунам затоа што не беше главна улога во него).
Ако не ти е гледан Дејвид Гејл, обавезно!

*Исто и K-PAX е ѕверски филм!

А ко ќе идаш на лето ојме на партија билјард. ::J:
 
Џими бе, така се изразив, а ти не ме сфати како што требаше :)

Сакав да кажам дека филмот го немав гледано долго време, а го гледав повторно највеќе поради Спејси. Ако сака секунда нека се појави, го обожавам типот, затоа. (исто како во Se7en, кога се појави на крај, свршив). Инаку да, кога би зборувале за неговите актерски способности, највеќе доаѓаат во израз во The Usual Suspects, можеби и во American Beauty, L.A. Confidential, Glengarry Glen Ross чат-пат. Фала за советот али сите негови филмови ги имам изгледано :icon_lol:

Одиме бе, да те рендам.

А сега една кратка рецензија:

Случајно налетав на Алфа Дог, Брус Вилис, вистинската приказна и Тимберлејк како актер ме заинтригираа да го погледнам.

Интересна крими/драма, базирана на вистински настан. Накратко, спротиставени ванаби мафијаши си прават проблеми меѓу себе, едниов должи пари, па другиов го киднапира неговиот помлад брат.

Филмов ни прикажува какви грешки можат да направат едни млади луѓе, од перфектен и богат живот до затвор, непромислени ставови и потези ќе доведат до тешки и тажни последици.
Ви го препорачувам да го погледнете, вистинската приказна нека ви биде мотив повеќе.

7/10
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
A oд кога филмовите претставуваат синоним за крстозбори?
Јас по некоја лабава дефиниција, сакам филмот да ми го одмори тоа мало сиво нешто дур гледам, не да ми го испоти.
Ќе одмараш на филмови како Transformers рецимо, или пак на Dodgeball, Tropic Thunder...
А за филм да биде интересен и забавен, поготово кога најјак аспект е целата приказна и финтите на коцкарите, тогаш треба да има логика. Да држи вода тоа што го прават ликовите, а не да го изглеаш филмот и да си речеш "Абе зашо овој не направи само вака и решен проблем".

Значи, убаво да се држат до реалноста која ја создале, без разлика дали е тоа оваа наша реалност, или пак некоја во далечната иднина (Minority Report).
Филмов е смешно глуп, преполн со дупки и глупи постапки во него. Едноставно, ти убива уживање ако бар и малку размислиш за тоа што се случува на екранот.
Како Star Trek рецимо, цел филм го гледаш, а на крај си викаш
"добро бе, овој ботов кога веќе патувал низ времето назад, што не го предупредил народот или евакуирал?"
И слушаш ти се крши стакло во глава, односно ти се крши филм и отеруваш све у курац.

Сеа, појасно е? :)
 
Ти ја сфаќам де поентата.

Јас друго зборам. Не е само уживањето, постојат и други фактори, како еве на пример, изненадување елементот.
Значи, неможам да сфатам какво задоволство им причинува на некој чиј приоритет им е да го пробијат крајот. Остај да те изненади. На крај ако не те изненади односно има преголеми дупки, никаква логика whatsoever, oцени го со нула и сите среќни.

Bottom line, нема поента за мене да размислувам или плукам филмот за некоја дупка на сред, кога може крајот убаво да ме изненади и објасни се`. Се прашувам како гледавте LOST до сега. :))))
 
Обично крајот го пробиваш кога веќе ќе сфатиш колку е се предвидливо во некој филм.
Као на пример, се дешава нешто на екранот, си викаш "хелоууууууу, толку очигледно". Тоа е првата фаза.
Втората почнува кога ќе почнеш да погодуваш, као "е сеа гарант овој ќе ја убие оваа ебате". Коа ќе погодиш, си викаш "шо кур го глеам филмов, али ај".
Третата фаза е коа веќе ти е скурчено и здосадено од филмот, па во глава си правиш свој филм, за тоа каков ќе биде крајот.

Значи, овие фази се поттикнати од глупавоста на некој филм, а глеј реално, 21 е глуп. Додека трае е интересен (освен математичките нелогичности и глупирања, али ај), ама после крајот...сфаќаш колку бил глуп филмот.
Зашто никој не сере за Se7en? Или 6th Sense?

Зашто тие филмови не се вртеа околу крајот, туку секој момент беше напнат, одлично доловен и со перфектна глума, да ти е мерак да глеаш. Те поттикнува да уживаш во секоја секунда, а не да фантазираш каков ќе биде крајот.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Edge of Darkness 2010.

Добра снимка само звукот малку не е штелован :icon_lol:.
Па добро Работ на темнината е новиот трилер филм со Мел Гибсон во главната улога. Добар филм е и во топ десет најгледани за оваа недела сега во моментов баш не знам на кое место е. Трилер филм со теорија и пракса на заговор, обично кога ги прават ваквите со заговори премногу совршено изгледа тоа се по план ништо да не бега, ништо непредвидливо, но овај филм излегува од тие стандарди. Можеби доаѓа нова генерација на филмови со теорија и пракса на заговор кај што не е се толку црно бело има и сиво, каде што не оди се во еден правец како река која што оди по својот тек. Друго нешто што е добро е тоа што не е прикажан како сам против сите, споредната улога на Реј Винстон навистина импресионира човекот е преполн со тешко опасна филозофија, најмногу ме погоди сцената со посетата на докторот
кога му ги прегледува очите и ќе го праша дали гледа душа внатре.
.
Добро ново филмче вреди да се гледа.......
 
I

Intex

Гостин
Butterfly effect 3

Фан сум на Батерфлај ефект серијалот, ама некако овој дел ми е послаб од другите. Првиот и вториот беа далеку подобри, со повеќе сплетки и патувања низ времето. На овој само крајот беше добар, се друго монотоно, а ни работата на актерите не беше добро завршена, не беше добро одглумено.

Оценка: 5/10
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Избришани се неколку мислења, имате профили.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119

И двата филма се однесува за англиската навивачка сцена т.е. за нивниот хулиганизам.Како и сите млади така и овие животѕт им поминува во алкохол,забава и фудбал(тепање).Приоритет на двата филма претставува самата hool група,нејзниниот рејтинг и просперитет низ Англија како и начинот на облекување т.е. непрепознавање на хулиганите познати како casuals.......Вториот филм е римејк на филмот од 1988
7,5/10 и за двата филма

Воена драма за време на Втората светска војна и опсадата на Сталинград(денешен Волгоград),Филмот е снимен според вистинска случка т.е. за советскиот војник-снајперист Васил Зајцев,кој во тој период значително допринесува за одбрана на Сталинград.Со неговите фантастични снајперски тактики го издигнува моралот на самите советски војници да истраат се додека самиот град не биде повторно под команда на Советите.
8/10

Исто така филм снимен според вистинска случка,настан и личност.Филмов претставува спортска драма за една личност кој го обележи 20 век и борец против апартхејдот Нелсон Мендела,за неговото ослободување после 27 години поминати во затвор.После затворската казна Нелсон станува претседател на Ј Африка и има за цел изградба на една нација без расни предрасуди.Неговата цел е сосема различна од останатите политичари т.е. преку рагби тимот на Ј Африка и неговиот успех да ги избрише болните сеќавања од расните предрасуди и градење на една нова заедничка(црно/бела) Јужна Афричка Република.....
8/10

Скоро сите го имате гледано филмов,па така не треба некоја долга рецензија .Филмов ми се допадна поради тоа што не завршува со некој си happy end т.е. ја прикажува реалноста на секој човек "што си сеел тоа ќе жнееш" .Понекогаш човек многу подоцна сваќа што навистина сака,н,така е и со Џорџ Клуни
.Добра драма вреди да се погледне
8,5/10

Одлична глума на Клин Иствуд во оваа драма.Се работи за човек на кој му умира жена му и е оставен сам да живее во нивното мало,населено со Азијанти,на кои толку не им се воодушевува.Но сепак со тек на својата осаменост и нивна се поголема присутност и дружењубивост се спријателува со нив.......Gran Torino се вика филмот поради колата на Клинт Иствуд кој ја има во филмот

8/10

Интересна германска драма во која се прикажува работата на тогашната разузнавачка служба на Источна Германија(Штази),функционалноста и методите кои ги применува кон германските државјани,кои индиректно или директно ја загрозуваат националната безбедност на Источна Германија.
9/10

Многу возбудлив трилер со Пирс Бронсан и Жерард Батлер.Се работи за едно семејство(Жерард и неговата жена и дете) кое ќе биде киднапирано од страна на еден незадоволен човек(Пирс Б).Жерард е успешен маркетинг агент кој има се за да животот му биде целосно до перфекција:Добра работа,плата и сречно семејство.Сето тоа е доведено до знак прашалник кога ќе биде киднапиран од страна на сосема непознат човек..........
8,5/10
имав долг филмски маратон вчера,:pipi:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Скоро сите го имате гледано филмов,па така не треба некоја долга рецензија .Филмов ми се допадна поради тоа што не завршува со некој си happy end т.е. ја прикажува реалноста на секој човек "што си сеел тоа ќе жнееш" .Понекогаш човек многу подоцна сваќа што навистина сака,н,така е и со Џорџ Клуни
.Добра драма вреди да се погледне
8,5/10
Е ај у курац сеа.
И го немав глеано филмов, па сеа како ќе го глеам?

За вакви глупости и спојлери, барам да се воведе бан од тема. И не, не започнувајте од Гоне, ете му се испуштило него - туку фино лепо да ставиме едно известување и сите да знаат.
Нема смисла, секоја трета рецензија на темава е со спојлер...
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318

Мое првично мислење за филмов е дека е преценет. Главната приказната врз која е базиран филмот е интересна и специфична, актерската екипа со Роберт Де Ниро на чело исто така, ама што е премногу тупење, премногу е.
Три часа исполнети со заобиколување на приказната, на почетокот беше онаа глупа свадба, подоцна досадни монотони сцени ... според мене оние 5 оскари ги добил најверојатно поради слабата конкуренција таа година.

Ми се допадна како е прикажан американскиот живот во времето на војната со Виетнам, потоа имаше интересни сцени ко на пример кога Де Ниро, Казале и компанија ја пееја ,, I can't take my eyes off you '', потоа моќната сцена кога играа руски рулет, сцена која ќе те натера да размислуваш дали за таа работа е потребно храбро срце или пак лудост...

Тоа е тоа, доколку ве интересираат вакви воени драми погледнетего, ќе има моменти на досада, но сепак, вреди да се погледне филм каде што Де Ниро игра руски рулет, филм кој ќе ви ја долови вистинската атмосфера во Америка за време на војната и тоа колку навистина може животот да ви се промени доколку ја искусите.

7/10
 
Kajgana Shop

На врв Bottom