Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245



Бевме предупредени, ДА, тоа е поднасловот на овој филм кој денеска со долгоочекување го изгледав, и тоа ни помалку ни повеќе туку во кино, нешто на што не ни помислував, заради тоа што мислев дека состојбата на нашите кина за светски примери не е на највисоко ниво, но сепак сум се лажел. Денеска точно во 16:00 влегов во салата, и излегов во 18:28 :pos2:. Па да почнам со филмот, за мене беше тотално очекувањето, не добив нешто повеќе, нешто помалку, единствено заради кое филмот може уште подобро да се улови т.е ефектите на филмот е гледањето во кино, НЕШТО БЕЗ КОЕ ФИЛМОТ НЕ БИ БИЛ ТОА ШТО Е!. Како прво такви ефекти најдобро би можеле да се доловат во кино, не би ми било јасно како би го гледал ова дома. Секој звук во тебе удира, тензија, напнатост што не знаеш што попрво ќе се сруши. Неверојатни ефекти, за кои Роланд Емерик мора да добие номинација за Оскар, ма што сака нека биде :eek:jea: :eek:jea: , никогаш во мојот живот не сум гледал појаки визуелни ефекти а ништо помалку и музичките ефекти.

Приказната на филмот беше видено и знаев дека таква ќе биде, не знам дали има такви кои што мислат дека овој филм има БУМ приказна, не е така, во сите овие филмови во кои се зборува за природни катастрофи игра истата улога на приказна: Светот е при својот крај, американците 3 години пред случката планираат свое засолниште, и илјадници луѓе ќе бидат спасени (секако повторно најголем број: АМЕРИКАНЦИ) :pos2::pos2: .

Но... филмот не би го спојувал вистински со претходните слични филмови, она што го немаше во претходните, а го има овде е ХУМОРОТ, т.е саркастичен / ироничен хумор кој се појавува во многу сцени, навистина ме изненади тоа и му давам огромен + за тоа дело! :pipi:

ГЕНЕРАЛНА ОЦЕНА по сето ова: 8/10 :smir:
ОЦЕНА (ефектите) : 10/10 :vozbud: :nesvest:​
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
G.I. Joe: The Rise of Cobra



Филмот е фанатстика и јунаците се како јунаци од стрипови, клише прикаазна ама сепак добри ефекти. Со добра снимка добар е можи да се доловат некои ефекти, вреди да се гледа.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
G.I. Joe: The Rise of Cobra



Филмот е фанатстика и јунаците се како јунаци од стрипови, клише прикаазна ама сепак добри ефекти. Со добра снимка добар е можи да се доловат некои ефекти, вреди да се гледа.
Ѕверски се ефектите (поточно тие во Париз, другите се просек), Вајанс добро се однесува ко акционен херој, приказната тиње, дупки колку сакаш, женските се добри, ако не и одлични, негативците се кул.
Онака да се забавуваш, одлично филмче! :)
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28

The Shawshank Redemption

Не ми се верува дека до сега не сум го гледала филмов,не сум нормална.:nesum:
Навистина има прекрасна приказна,но во ниеден момент не станува монотоно и заморно.Напротив,цело време имав потреба да знам што ќе се случи во наредната сцена,ретко кој филм така ми го окупира вниманието.Глумата е супер и уствари не можам да најдам некоја мана,нешто што ми сметаше додека гледав,исто вистинска реткост.Сосема заслужено се смета за најдобар и најнормално дека му давам10/10.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50


Одличен акционен филм, со фантастични ефекти, добра глума и што е најбитно одлична приказна. Со еден збор филмот е ебение, два пати по ред би го гледал :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069


Одличен акционен филм, со фантастични ефекти, добра глума и што е најбитно одлична приказна. Со еден збор филмот е ебение, два пати по ред би го гледал :)
Немој вака сине.

Приказна апла украдена од Fight Club, со дрскоста истите ебани канцеларии да бидат користени и истите фрази. Нека се скрие режисерот под некој камен, ретко кој ќе го најми пак.
И да, во Fight Club е 7 пати подобро психолошки уловено, со 10 пати поинтересни дијалози и најмалку 4 пати подобри глумци.
Значи 7*10*4, Fight Club е 280 пати подобар филм од ова срање, со добро компјутерски генерирани, али апла "за дебили и немогучи" ефекти.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.863
The Boat That Rocked (2009)



Многу Добар Филм !!! Собрана цела Британска фела и елита, мх мх...

Еве како се дига револуција, денешниве луѓе се тапа во споредба со тоа што овие лудаци го направиле, секоја чест за нив !!!


Накратко, најдобрите Британски диџеи во брод кој плови во меѓународни води и држи нелегална радиостаница во најконзервативната и најкомуњарска Британија кога само Биби Си радио опстојува....епа следува јакото, цела јавност ги слуша и ужива со нив се додека срањата не почнат да се случуваат...не е филм по рецепт, така да излишни се коментари од стилот сум гледал вакви слични, а нема уствари :icon_lol:


A must see !!!
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
District 9​

Го гледав пред 10 минути :icon_lol: за мене најдобриот филм до сега снимен...
не сум по рецензиите :nesum: па видете траилер од овај филм на you tube ...

од мене 1000/10 :toe: :smir: :icon_lol:

Од модератор: Ако не си по рецензиите ова дефинитивно не е тема за тебе, ќе почнеш да заработуваш опомени и казни. Види ги правилата на подфорумот Филм и ТВ.
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Maц со загради,може ли да не го оптеретуеш многу бе друже?? Кажи си за филм шо си глеал,не ги поправај другите.Не го интересира никој што ти мислиш за мислењето на некој друг.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.791
Maц со загради,може ли да не го оптеретуеш многу бе друже?? Кажи си за филм шо си глеал,не ги поправај другите.Не го интересира никој што ти мислиш за мислењето на некој друг.
Дозволено е, може да се надоврзе на мислењето на некој друг, да се согласи или да не се согласи со него. Така се развива дискусија за филмот.

Само кога го правите тоа, задолжително да има ваше образложение/рецензија, зошто се согласувате или не се согласувате. Постови од типот: Супер е! Срање е! ... се оф-топик.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Maц со загради,може ли да не го оптеретуеш многу бе друже?? Кажи си за филм шо си глеал,не ги поправај другите.Не го интересира никој што ти мислиш за мислењето на некој друг.
Не го напињам друже, го поправам.
Ако ме читнеш подетално (а не да ме бараш по форумов чисто зашто јас тебе те напнав за твоите саркастик излитени постови), ќе видиш дека јас исправам форумџии кога се работи за нешто друго освен вкус.
За што зборувам?

Па еве, ако на пример е прашање за вкус, како за Spread дискусијата со IoSonoInterista, тогаш ќе кажам мое мислење, ќе каже он негово и ќе продискутираме.
Али овде се работи за заблуда, односно Batistuta смета дека филмот има јака приказна, што е грев да се каже за тој филм, бидејќи сите јаки фори се украдени од други филмови. Он може не ги гледал, па затоа го поправам, бидејќи верувам овде одат форумџии и гледаат филмови кои се препорачани.
Да не биде во заблуда и некој друг. :devil3:

Така мене ме спаси модераторов над мене да не губам време со Watchmen, hell yeah! :)
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Многу самобендисан тип си а? Си ласкаме си ласкаме....Да немоеж да сватиш и излетно се две спротивни ствари:) јас сметам дека Wanted е топп филм и благе везе нема со фајт клаб.Кој фори се украдени? АЈде ќе подискутираме малце дур не излезам.Ако сакаш нарававно.Еве за овие два филма.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
-.- не сум јас рецензист :tapp: јас само напсисав кој филм го гледав последен -.-...

еве ви мала лоса рецензија -.-... вселенски брод мистериозно слетува на земјата...и земјата ке ја населат вонземјани...сите вонземјани се собрани во една област наречена District 9 но врз овие вонземјани се извршуваат разни експерименти...цел филм се врти околу некој репортер или што и да е ...несакајки се испрскува со некој течност и почнува да мутира ... со тоа почнува и потрага по него...бидејки научниците сакат да експериментираат со неовата ДНк...а толку гледајте го нема да зажалете :smir:

Не е важно дали е добра или лоша, ќе се подобриш. Само напред! :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Многу самобендисан тип си а? Си ласкаме си ласкаме....Да немоеж да сватиш и излетно се две спротивни ствари:) јас сметам дека Wanted е топп филм и благе везе нема со фајт клаб.Кој фори се украдени? АЈде ќе подискутираме малце дур не излезам.Ако сакаш нарававно.Еве за овие два филма.
Човек работи во cubicle и е незадоволен од својот живот.
Сака да го смени.

Исти фрази и пцуења од Fight Club. Иста директност кон гледачот. Крајот и неговиот говор пак, да не збориме. Ти текнува за што беше Fight Club?
Истото е овде, само на симплифициран начин, направено да им се свиѓа на дечките, американски ред некс, кои се палат на Анџелина Џоли и некој суртук ко ликот на МекАвој, па се замислуваат дека они се баш тој типац.

А да, ефектите се топ, не викам не, но искрено мене не ми прави мерак куршум што врти 360 степени. И во Матрикс имаше немогуче работи, ама бар тоа беше објаснето со виртуелна реалност. Али реков, ова е вкус, а првото со крадењето од Fight Club фори, тоа ти е факт.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
И да, во Fight Club е 7 пати подобро психолошки уловено, со 10 пати поинтересни дијалози и најмалку 4 пати подобри глумци.
Значи 7*10*4, Fight Club е 280 пати подобар филм од ова срање
Ехх брату, сеа претера и ти се уфилма. Едино веруем дека си 280 пати поголем филмаџија од мене, меѓутим поред све и свашта што се снима, тон акции од типот “на тој шо му ја скршија кичмата“, овој филм е еден од подобрите. Можда пошо тебе Fight Club, кого верувам сите го гледале, ти е култен филм е причина вака остро и необјективно да судиш, ама сличности имало и ќе има што не го прави "Wanted" 280 пати полош :wink:

Mac)) напиша:
Нека се скрие режисерот под некој камен, ретко кој ќе го најми пак.
Ко шо глеам се снима "Wanted 2" со дупло поголем буџет. Може да биде срање, али чисто да видиш дека грешиш со контатацијата. Филмови - вкусови, ти можда со твоите исправки ќе спречиш многу форумџии да се одлучат да го гледаат само затоа што си настапил така радикално необјективно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom