Пожар во Кочани, диско Пулс.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.209
Поени од реакции
18.324
Авионот кога се донесе беше вистинска атракција.....обоен во темно цревна боја која ја симболизира Македонија. Сите се воодушевуваа на тој авион. На задните ведртикални крила мислам дека беше македонското знаме....така нешто
Слика од почетоците на компанијата, навистина посебна колор шема
ОФ топик


1000012277.jpg

1000012279.jpg
Уште со Кутлеш знамето, баш се стари сликиве (можам да претпоставам колку им копало очи на комшииве по западните аеродроми)
Дел биле вакви, паднатиот е втората бело црвена верзија
palair-macedonian-flugzeuge.jpg

Ф100 биле од 3 месеци до 5 години старост во тој период.Како национална компанија добро и почнале во 1991, а кај сме сега и во оваа смисла...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.319
Поени од реакции
6.410
Којзнае уште колку вакви приказни ќе излезат како оваа на Тоше. 50+ луѓе, млади, во град со 25.000 жители.

Еднаш сум бил само Кочани и тоа на поминување само. Ептен и празно ми изгледаше градот (додуше, не дека и мое Тетово е нешто многу поарно).

А тек после ова, како тие луѓе таму ќе продолжат со живот само господ знае. Според бројов на загинати, мислам дека нема една фамилија која нема загубено некој свој.
После Пехчево и Берово во Источна Македонија следен град е Кочани кој ќе биде мртов град за млади луѓе.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.285
Поени од реакции
18.563
Не знам кому да бидам бесен.

Сите на прва знаеме кај да го бараме виновникот, те газдата, те менаџерот, организаторите... ама сите во исто време имаме чувство дека не е тоа тоа. Фали нешто, ужасно недостасува.

Ги читам и слушам и повеќето политичари - велат одговорност, велат ќе се бориме против системот... системот. Како од романите на Кафка, како тој проклет замок, апстрактен, недопирлив. А тие, политичарите, они составен дел од системот. Суштински дел, креатори и одржувачи на системот.

Системот преку кој плаќаат услуги за партијата од пари на државата.

Системот преку кој ја одржуваат и зголемуваат својата моќ и влијание. Системот кој тие го изградиле да биде толку комплициран, двосмислен и недоречен, па единствениот начин да се заврши работа во најголем дел од случаевите да биде преку нив директно.

Многу одамна, многупати, особено по Ковид 19 имам разговарано со еден тон луѓе за угостителско - ресторанско - забавниот сектор и за неговото негативно влијание врз општеството. Многу потценет сектор од тој аспект, ама сектор во кој се прекршуваат најмногу закони по глава на бизнис...

1.) Масовно даночно затајување преку работа на црно (1.1Неплаќање ДДВ заради неиздавање фискални,
1.2 Неплаќање персонален данок + придонеси заради непријавени работници +
1.3 Неплаќање данок на добивка/плаќање многу помалку заради причината под 1...)

2.) Крајно непочитување на основни и многу прости одредби/закони (закон за забрана за пушење цигари, закон за работно време од 01 часот, закон за бучава и сл...). Абе 15 години не може да ги натера ниедна власт да почитуваат еден прост закон како оној за пушењето... ќе се намалело работата, немало промет да има... како тоа да е поважно од на крајот од денот темелот на кој опстојува државата - секој мора да го почитува уставот и законите)

3.) Масовно кршење на сериозни закони (3.1 Точење алкохол на малолетници и најстрашно од се 3.2 Поттикнување/дозвола/соработка за нудење трева и дрога во рамките на објектите...)

Ќе завршам со она што го започнав. Не знам кому да бидам бесен. Еве не знам.
Знам само дека едно 400-500 луѓе (родители, браќа, сестри, баби, дедовци, дечковци, девојки, деца, сопруги, сопрузи...) се директно зацрнети од сега до крајот на животот... одземена им е мотивацијата, желбата, жарот и воопшто смислата на животот... знам дека уште илјадници се индиректно повредени и засегнати што како пријатели, другари, сограѓани на жртвите... и знам дека 100тици илјади од цела држава, иако неповрзани директно со жртвите сме начисто згазени, гневни и згрозени.

Ете тоа го знам.

Се друго не знам и се плашам дека нема наскоро да дознаам.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.319
Поени од реакции
6.410

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.809
Поени од реакции
29.961
Часот е 1.32 по полноќ. Скоро 24 саата од несреќава а сеуште има исчезнати (неиндетификувани) од пожарот.
Дали бројката од 59 починати сеуште е иста или смислено не се објавуваат нови жртви поради ризик од поголем хаос ?
Освен правни дебати има ли некои новости на ова поле ?
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
955
Поени од реакции
3.222
Сон никако да ме фати, тешка празнина и недоискажаност чувствувам. Ми се свртија разноразни мисли во глата и некако измеѓу спонтано ми дојдоја стихој од битолска рап песна која ја немав слушнато 10/15 години, ко ми беше само мелодично интересна, а текстот тек тук го разбирав, сега е скроз обратно.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.506
Поени од реакции
6.974
Ги гледам сликиве од клубот и не разбирам зошто таванот кај сцената е таков гол и од лесно запалива материја, дали бил во процес на реновирање или има друга причина, исто не приметувам огномет од таков тип на минати настани.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.241
Поени од реакции
36.548
Ги гледам сликиве од клубот и не разбирам зошто таванот кај сцената е таков гол и од лесно запалива материја, дали бил во процес на реновирање или има друга причина, исто не приметувам огномет од таков тип на минати настани.
Веројатно сунѓереста обвивка која била поставена поради звучна изолација.

Мислам дека вината е заедничка за сите вклучени во настапот, плус сите други што замижале пред дозволите, лиценците и слично (вклучувајќи ги и локалците – сите гледале што се случува, ама македонското, да не се замерат).

За ваква работа, и бендот треба да има назначено менаџер кој ќе го организира процесот. Не може само да ти текне да глумиш Рамштајн со пиротехника во затворен простор без детален план и анализа. Истото важи и за газдите/менаџерот на објектот – не смееш да дозволиш некој да прави кореографија која не е прилагодена за самиот простор (во случајов од овие клошари е џабе да се очекува било што, гарант се локални шерифи кои глумат недопирливи, и пак ќе се извадат и од ова или со бегање, или со привилегии при судење за олеснителна казна).

Се друго е излишно. Факт е дека дозволите не се издадени како што треба. Факт е дека се е корумпирано. Објектот не е ни по стандарди за да биде кокошарник, а не пак за ваква намена. Но најжалниот момент е што никој нема грижа на совест и секој глуми експерт за се, пробувајќи да го максимизира својот профит. Слатки се парите, па се фаќаат кривини на секој чекор, и иако не се компетентни се чаталат за се.

И ова, за жал, важи на државно ниво, како и кај поголем дел од оние што „ќе оправаат криви Дрини“ овде.

И ова пак ќе се повтори ако не седнат во Владата, да ажурираат регулативи и за ова, и за се останато, и најбитно, да направат чистка на трулежот низ инспекторатот и останатите институции.

Имам јадено гомна неколку пати, трул е народот таму, затоа и е таква политичката сцена. Народот е виновен за најголем дел од срањата и така е со векови: прво се безкичмењаци, второ најголем дел е неписмен и неспособен за повеќе, трето кур не ги боли и сите го хранат тој корумпиран систем без трошка грижа на совест за последиците.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.323
Поени од реакции
3.715
Ги гледам сликиве од клубот и не разбирам зошто таванот кај сцената е таков гол и од лесно запалива материја, дали бил во процес на реновирање или има друга причина, исто не приметувам огномет од таков тип на минати настани.
Како да е некое платно или мрежа... а за прскалиците спроред сликите и ведеата од ДНК од клубот Станица пред некој ден гледам дека тоа им е дел од настапот... е сега дали тоа е по прописи според направено и дали одговарало за овој клуб исто оставам на другите ама и во станица маваат искрите во звучник кој не се запалил а ваму „таванов“ гори... :(
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.506
Поени од реакции
6.974
Како да е некое платно или мрежа... а за прскалиците спроред сликите и ведеата од ДНК од клубот Станица пред некој ден гледам дека тоа им е дел од настапот... е сега дали тоа е по прописи според направено и дали одговарало за овој клуб исто оставам на другите ама и во станица маваат искрите во звучник кој не се запалил а ваму „таванов“ гори... :(
Некои викаат звучна изолација но јас како што гледам ова ми изгледа како некоја декоративна мрежа и не е само накај сцената туку оди до крајот на објектот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.206
Поени од реакции
75.873
Некои викаат звучна изолација но јас како што гледам ова ми изгледа како некоја декоративна мрежа и не е само накај сцената туку оди до крајот на објектот.
Декоративна мрежа имале ставено насекаде за визуелни ефекти...
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.608
Поени од реакции
23.800
Има ли информации за 4рите по кои е распишана потерница? ја напуштиле државата? се бараат со меѓународна потерница?
Не, како што кажа Неславното Копиле распишана е централна потерница бидејќи не можеле да ги најдат тие 4 луѓе за да покасно ги лоцираат сите по болниците.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
520
Поени од реакции
949
Сите споделуваат нешто дека Андреј ДНК бил многу добар лик приватно, но многу малку знаат дека тој е Дебарчанец по потекло и буквално израсна со Албанци и Торбеши од Дебар.

- Дебар ми е во срцето, таму пораснав до 6-то одделение и можам да потврдам дека сите мои добри особини, морални вредности и карактеристики ми се искалени таму растејќи со моите другари со кои ќе останам доживотно близок, како Беким и Бесник, Мухамед, Сеат, Сељам... Дефинитвно ме потресе се ова и иако немам веќе роднини таму, се грижам за пријателите кои се сè уште таму и им посакувам сè најдобро и ова побрзо да заврши.

- Еден убав сончев ден ќе ги земам ќерка ми Јана и нашето кученце Ото и ќе ги однесам во Дебар покрај езерото, на една од плажите на кои јас како дете го поминував целото лето...



 
Член од
27 мај 2018
Мислења
1.037
Поени од реакции
1.717
Ги гледам сликиве од клубот и не разбирам зошто таванот кај сцената е таков гол и од лесно запалива материја, дали бил во процес на реновирање или има друга причина, исто не приметувам огномет од таков тип на минати настани.
Филц е тоа изолација за под ламинат, добра е за да се "бои" со такви светла како од диско.. затоа и така пламна... сум имал среќа јас во Тетово шошонско диско доле во подрум новогодишна емисија снимаме ..ужас
 

Kajgana Shop

На врв Bottom