Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
3 март 2021
Мислења
601
Поени од реакции
1.029
Тогаш некои охриѓани (студент бев на ЕТФ) ми објаснуваа дека проблемот настанал во метричкиот систем-едните кажувале во метри, а другите во фити
А јас знам дека не се разбирале, нашиов контролор му рекол дека треба да иде право а на Руски тоа значело десно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.254
Поени од реакции
38.361
„со авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.
Повредените ќе бидат сместени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.„

...современо здравство во МКД, стручен кадар, бла бла бла... а на терен шипки, носи по туѓи болници, министре А.Таравари!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.380
Поени од реакции
9.282
Ке забегаме од темата, ама имам доста читано и за двете несреќи. Кај првата, малку е бизарна ситуацијата. Најпрвин ги одмрзнале крилата, но чекале доста за да им дадат дозвола за полетување, а зима било. Ликот кој бил задолжен за de-icing, дошол пак да провери со рака дали има мраз, за да знае дали пак да прска, но до каде што му фаќала раката, немало лед. Арно ама, крилото е доста пошироко, и таму каде што не стигнал до докачи со рака, имало лед, и практично, на полетување, десното крило воопшто немало lift, и се свртеле на страна.

За втората, криви се и пилотите, и кулата за наведување, бајаги проблеми со разбирање, што на Руски, што на лош Англиски, и не се разбрале по кој вектор да летаат.
Разгледај низ нет, ќе видиш дека фокер 100 бил поприлично фаличен авион склон на катастрофи.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.319
Поени од реакции
6.411
Sega e Mason, toj pred glavata na Uginovski so crna kosa

Прегледај го приврзокот 446299
Точно а до него е Трифун Костовски па одликуваниот не го познавам и до него Константин Димитров експертот за енергетика кој го има нонстоп по телевизиите кога се во прашање сметките за струја.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.356
Поени од реакции
15.554
Точно а до него е Трифун Костовски па одликуваниот не го познавам и до него Константин Димитроб експертот за енергетика кој го има нонстоп по телевизиите кога се во прашање сметките за струја.
Адвокатот Поленак
 
Член од
24 август 2017
Мислења
637
Поени од реакции
1.476
А јас знам дека не се разбирале, нашиов контролор му рекол дека треба да иде право а на Руски тоа значело десно.
Контролорот бил на пазар ама буквално, ради блискоста со х особи куртурил. Пилотот после лоша комуникација со нашиве помислил дека репетиторите во Оровник се светлата од пистана на аеродром па пробал тука да слетат
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.701
Поени од реакции
1.431

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.

Kаква трагична судбина, ебате живот ебате.

Инаку гледам дека во повеќе градови утре има повик да се излезе на плоштад и да се оддаде почит кон жртвите. Тоа барем може сите да го направиме, ако веќе на друг начин не може да се помогне.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.529
Поени од реакции
6.996

Сеуште не сме свесни што ни се случи, сите сме во шок, ништо нема да биде исто после ова.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.209
Поени од реакции
18.324
Разгледај низ нет, ќе видиш дека фокер 100 бил поприлично фаличен авион склон на катастрофи.
6 вкупно несреќи на Фоккер 100, вклучувајќи ја и оваа во Скопје, од кои една без жртви.
Инаку, авионот на Палер бил само неколку месеци стар ;)

Сеуште не сме свесни што ни се случи, сите сме во шок, ништо нема да биде исто после ова.
Вака викавме и после поплавите на Скопска обиколница, после Дурмо турс, Беса транс, болницата во Тетово, Онкологија, секојдневно куп загинати на Партизанска, пожарите секое лето...праксата друго покажа, за жал.љ

Се надевам дека ќе бидам демантиран од развојот на настаните, ако не ќе имаме пак следно некој пожар или слична несреќа.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.356
Поени од реакции
15.554
6 вкупно несреќи на Фоккер 100, вклучувајќи ја и оваа во Скопје, од кои една без жртви.
Инаку, авионот на Палер бил само неколку месеци стар ;)
Авионот кога се донесе беше вистинска атракција.....обоен во темно цревна боја која ја симболизира Македонија. Сите се воодушевуваа на тој авион. На задните ведртикални крила мислам дека беше македонското знаме....така нешто
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.529
Поени од реакции
6.996
Има ли информации за 4рите по кои е распишана потерница? ја напуштиле државата? се бараат со меѓународна потерница?
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.701
Поени од реакции
1.431
Сеуште не сме свесни што ни се случи, сите сме во шок, ништо нема да биде исто после ова.
Којзнае уште колку вакви приказни ќе излезат како оваа на Тоше. 50+ луѓе, млади, во град со 25.000 жители.

Еднаш сум бил само Кочани и тоа на поминување само. Ептен и празно ми изгледаше градот (додуше, не дека и мое Тетово е нешто многу поарно).

А тек после ова, како тие луѓе таму ќе продолжат со живот само господ знае. Според бројов на загинати, мислам дека нема една фамилија која нема загубено некој свој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom