Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.268
Поени од реакции
6.350
Sega e Mason, toj pred glavata na Uginovski so crna kosa

Прегледај го приврзокот 446299
Точно а до него е Трифун Костовски па одликуваниот не го познавам и до него Константин Димитров експертот за енергетика кој го има нонстоп по телевизиите кога се во прашање сметките за струја.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.347
Поени од реакции
15.532
Точно а до него е Трифун Костовски па одликуваниот не го познавам и до него Константин Димитроб експертот за енергетика кој го има нонстоп по телевизиите кога се во прашање сметките за струја.
Адвокатот Поленак
 
Член од
24 август 2017
Мислења
624
Поени од реакции
1.418
А јас знам дека не се разбирале, нашиов контролор му рекол дека треба да иде право а на Руски тоа значело десно.
Контролорот бил на пазар ама буквално, ради блискоста со х особи куртурил. Пилотот после лоша комуникација со нашиве помислил дека репетиторите во Оровник се светлата од пистана на аеродром па пробал тука да слетат
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.674
Поени од реакции
1.324

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.

Kаква трагична судбина, ебате живот ебате.

Инаку гледам дека во повеќе градови утре има повик да се излезе на плоштад и да се оддаде почит кон жртвите. Тоа барем може сите да го направиме, ако веќе на друг начин не може да се помогне.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.286
Поени од реакции
6.613

Сеуште не сме свесни што ни се случи, сите сме во шок, ништо нема да биде исто после ова.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.202
Поени од реакции
18.309
Разгледај низ нет, ќе видиш дека фокер 100 бил поприлично фаличен авион склон на катастрофи.
6 вкупно несреќи на Фоккер 100, вклучувајќи ја и оваа во Скопје, од кои една без жртви.
Инаку, авионот на Палер бил само неколку месеци стар ;)

Сеуште не сме свесни што ни се случи, сите сме во шок, ништо нема да биде исто после ова.
Вака викавме и после поплавите на Скопска обиколница, после Дурмо турс, Беса транс, болницата во Тетово, Онкологија, секојдневно куп загинати на Партизанска, пожарите секое лето...праксата друго покажа, за жал.љ

Се надевам дека ќе бидам демантиран од развојот на настаните, ако не ќе имаме пак следно некој пожар или слична несреќа.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.347
Поени од реакции
15.532
6 вкупно несреќи на Фоккер 100, вклучувајќи ја и оваа во Скопје, од кои една без жртви.
Инаку, авионот на Палер бил само неколку месеци стар ;)
Авионот кога се донесе беше вистинска атракција.....обоен во темно цревна боја која ја симболизира Македонија. Сите се воодушевуваа на тој авион. На задните ведртикални крила мислам дека беше македонското знаме....така нешто
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.286
Поени од реакции
6.613
Има ли информации за 4рите по кои е распишана потерница? ја напуштиле државата? се бараат со меѓународна потерница?
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.674
Поени од реакции
1.324
Сеуште не сме свесни што ни се случи, сите сме во шок, ништо нема да биде исто после ова.
Којзнае уште колку вакви приказни ќе излезат како оваа на Тоше. 50+ луѓе, млади, во град со 25.000 жители.

Еднаш сум бил само Кочани и тоа на поминување само. Ептен и празно ми изгледаше градот (додуше, не дека и мое Тетово е нешто многу поарно).

А тек после ова, како тие луѓе таму ќе продолжат со живот само господ знае. Според бројов на загинати, мислам дека нема една фамилија која нема загубено некој свој.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.202
Поени од реакции
18.309
Авионот кога се донесе беше вистинска атракција.....обоен во темно цревна боја која ја симболизира Македонија. Сите се воодушевуваа на тој авион. На задните ведртикални крила мислам дека беше македонското знаме....така нешто
Слика од почетоците на компанијата, навистина посебна колор шема
ОФ топик

1000012277.jpg

1000012279.jpg
Уште со Кутлеш знамето, баш се стари сликиве (можам да претпоставам колку им копало очи на комшииве по западните аеродроми)
Дел биле вакви, паднатиот е втората бело црвена верзија
palair-macedonian-flugzeuge.jpg

Ф100 биле од 3 месеци до 5 години старост во тој период.Како национална компанија добро и почнале во 1991, а кај сме сега и во оваа смисла...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.268
Поени од реакции
6.350
Којзнае уште колку вакви приказни ќе излезат како оваа на Тоше. 50+ луѓе, млади, во град со 25.000 жители.

Еднаш сум бил само Кочани и тоа на поминување само. Ептен и празно ми изгледаше градот (додуше, не дека и мое Тетово е нешто многу поарно).

А тек после ова, како тие луѓе таму ќе продолжат со живот само господ знае. Според бројов на загинати, мислам дека нема една фамилија која нема загубено некој свој.
После Пехчево и Берово во Источна Македонија следен град е Кочани кој ќе биде мртов град за млади луѓе.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.267
Поени од реакции
18.503
Не знам кому да бидам бесен.

Сите на прва знаеме кај да го бараме виновникот, те газдата, те менаџерот, организаторите... ама сите во исто време имаме чувство дека не е тоа тоа. Фали нешто, ужасно недостасува.

Ги читам и слушам и повеќето политичари - велат одговорност, велат ќе се бориме против системот... системот. Како од романите на Кафка, како тој проклет замок, апстрактен, недопирлив. А тие, политичарите, они составен дел од системот. Суштински дел, креатори и одржувачи на системот.

Системот преку кој плаќаат услуги за партијата од пари на државата.

Системот преку кој ја одржуваат и зголемуваат својата моќ и влијание. Системот кој тие го изградиле да биде толку комплициран, двосмислен и недоречен, па единствениот начин да се заврши работа во најголем дел од случаевите да биде преку нив директно.

Многу одамна, многупати, особено по Ковид 19 имам разговарано со еден тон луѓе за угостителско - ресторанско - забавниот сектор и за неговото негативно влијание врз општеството. Многу потценет сектор од тој аспект, ама сектор во кој се прекршуваат најмногу закони по глава на бизнис...

1.) Масовно даночно затајување преку работа на црно (1.1Неплаќање ДДВ заради неиздавање фискални,
1.2 Неплаќање персонален данок + придонеси заради непријавени работници +
1.3 Неплаќање данок на добивка/плаќање многу помалку заради причината под 1...)

2.) Крајно непочитување на основни и многу прости одредби/закони (закон за забрана за пушење цигари, закон за работно време од 01 часот, закон за бучава и сл...). Абе 15 години не може да ги натера ниедна власт да почитуваат еден прост закон како оној за пушењето... ќе се намалело работата, немало промет да има... како тоа да е поважно од на крајот од денот темелот на кој опстојува државата - секој мора да го почитува уставот и законите)

3.) Масовно кршење на сериозни закони (3.1 Точење алкохол на малолетници и најстрашно од се 3.2 Поттикнување/дозвола/соработка за нудење трева и дрога во рамките на објектите...)

Ќе завршам со она што го започнав. Не знам кому да бидам бесен. Еве не знам.
Знам само дека едно 400-500 луѓе (родители, браќа, сестри, баби, дедовци, дечковци, девојки, деца, сопруги, сопрузи...) се директно зацрнети од сега до крајот на животот... одземена им е мотивацијата, желбата, жарот и воопшто смислата на животот... знам дека уште илјадници се индиректно повредени и засегнати што како пријатели, другари, сограѓани на жртвите... и знам дека 100тици илјади од цела држава, иако неповрзани директно со жртвите сме начисто згазени, гневни и згрозени.

Ете тоа го знам.

Се друго не знам и се плашам дека нема наскоро да дознаам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom