Пожар во Кочани, диско Пулс.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.682
Поени од реакции
31.583
Bog neka go prosti...
 
Член од
30 август 2024
Мислења
298
Поени од реакции
1.288
Изгледа никој од нас не е доволно освестен од тоа што ни се случи.

За Неверување е сето ова.

Летав Белград Скопје во петокот,во авинот беа 3 повредени деца... Не изгледаа добро,беа со завои целите во придружба на семејствата.
Меѓутоа верувајте беа пресреќни што си одат дома,и тие и семејствата! На душава ми дојде некоја "горчлива среќа" ако можам така да се изразам.
Си помислив на моментот од излегување во диско,добро расположени млади дечки и девојки ,пијачки ,флертувања ,живеење на младоста,и одеднаш се наоѓаш у воен авион пеплосан ,те носат некаде ни ти не знаеш каде,болки,ужас,мислиш на твоите дома,мислиш дали ќе преживееш,ако преживееш дали ќе изгледаш како што треба.

Ова што ни се случи не е трагедија,ова беше и сеуште трае е национална катастрофа.
Мислам дека и не сме свесни каква загуба претрпува тој регион па и цела држава.

Вака само кога ќе прочитаме нов наслов дека ново име подлегнало на повредите... тогаш не удира во глава реално колку е ова болно и тажно.

Нека им е лесна земја. Од срце им посакувам барем на овие што ќе ги донесат назад... што побргу да се вратат во нормала и да пројдат брзо, лесно и успешно лечење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom