*Од која страна да влезам, кај дечките во жолти или дечките во црвени дресови?*
Фак, пет на пет сте биле, па ќе бидам набљудувач и ќе се уфлам само со еден коментар од страна.
Вовед
Значи тука се кршеле копјата, а јас дури сега ја забележав темава.
Лошо е тоа што си ги нарушивте меѓусебните односи, добро е што полека некои луѓе почнаа да си покажуваат лицата.
Гоце, Мисирков, политика, вера, философија, историја...
Историјата е фиктивна во парадоксалноста на чинот на прикажувањето во онаа мера во којашто се надградува квази-присутноста на настаните ставени пред очи на читателите со интуитивност и со алузивен карактер на она кое е минливо, кое поминува. Ова е напишано бидејќи понатаму постот нема да содржи фенси зборови.
Вовед два и три
Епизодата со одмор во Грција.
Индиректно спонзорирање на ''непријателот'', директно уништување на домашниот туризам а со тоа и нанесување на штета на сопствената држава. Џабе е се, помина фората со ''Тројанскиот коњ'' и ќе кажам на глас во Грција дека сум Македонец, ама која е користа од оставање на Don't you FYRM me налепници? Освен налепницата, си ја оставаш и гордоста. Не е непатриотски да одиш во Грција ради неодложна работа/потреба/бизнис, непатриотски е да одиш во Грција за да си го изладиш.
Епизодата со Национализмот.
Ок, Хрватите ги кажувавме за големи националисти но, требало подобро да видиме во сопствениот двор. Човекот е прво човек, 24 хромозоми. Шест милијадри, истата приказна. Прво се дели по вера, па по националност, па по карактер. Е, дури тогаш од човек можеш да станеш нечовек. *аплауз*
Епизодата со Аватарите и потписите.
Секој на свој начин покажува и придонесува за Македонија. Некој држи живѕид на слободните удари на youtube, друг лепи плакати, трет покренува иницијативи за протести, четврт истражува на крајот на светот(Пакистан) и пронаоѓа докази за македонската нација, некој става аватар. Некој го злоупотребува сето ова, факт. Убаво кажа Mac)) за примерот со Тоше, една другарка го слуша и го следи од почетокот на кариерата, другата ќе напраи темплејт на hi5 со Тоше бидејќи тоа е во моментот in и 80% од нејзините другарки ќе го направат истото. На форумов се појави истиот синдром, некој да покаже понизност и почит, некој да не остани покусо од другите. Како и самите да не знаеме кој е кој.
Патриотизам
Патриотизмот е вродено чувство?
Не. Тоа е уште една особина која се инсталира во твојот карактер кога ќе видиш низ што поминува твојата земја. Македонец си, патриот си? Да.
Кога ќе кажеш дека си потомок на Александар Македонски, владетелот на Светот, кога се радуваш на гол на Пандев, кога се радуваш на 7то место во светот во женски ракомет, кога раскажуваш на странците за легендата Тоше, кога седиш пред зграда со Скопско во рака дур муабетиш за дуелите на Вардар и Пелистер. Да, да... Македонец си кога на крај од месец ќе добиеш сметка 1000 за телефон, 2000 за парно, 3000 за струја а земаш 7000 плата и кога член од фамилијата оди технолошки вишок, и кога маалскиот продавач те гледа попреку бидејќи еве веќе втор месец како се пишиш, Македонец си кога колата ја правиш да вози на плин, па возиш такси а во фиоката каде стои сообраќајната седи и дипломата за завршен градежен факултет. Јеп. И го проколнуваш денот и животот, но сепак си, мораш да си горд бидејќи ти си Македонец.
п.с.
И да, глупаво е да ги користиме темите за пеглање на разликите меѓу нас. Ај што сами си стварате непријатели од пријателите на вашите непријатели, ама и другите членови набљудиваат што се случува(мснтрач&шит), него и го делите форумот. Пак. Небива, оладете.
your`s,
SOLana.