Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
А зошто воопшто ти нешто би помислил за мене? Дали тебе нешто лошо или добро ќе ти се случи, доколку јас решам да појдам таму или на било кое друго место и правам што сакам и како сакам?

И уште еден човек тука кој мисли дека е посебен и предодреден да им кажува на другите нешто што веќе го знаат. Ние сите сме неписмени, па ајде ти се најде паметна да ни кажеш да си ја сакаме татковината т.е. да ги мразиме Албанците, Турците и се` друго што не се води како Македонец. Тоа за тебе е патриотизмот, па еве без грам култура и соодветно да ти вратам ... ти немаш појма што значи тој поим. Ако беше барем малку учена, ќе знаеше барем за што се зборува на темава, ќе можеше да не забегаш оф топик и ќе знаеше дека тоа за што зборуваме апсолутно нема врска со твојот страшен гнев кон сите други вери и националности.
А за болдираното ... од што нема поврзаност, неможам да го сфатам. Башка, многу ти се коси со следново:

Значи, претходно цел пост посвети на омразата кон Албанците, а потоа испаѓа дека толку ги сакаш, што дури им завидуваш. Реши се ам.
И уште ова. Пак ќе ја отупам со омразата кон својот народ, но морам. Ти не си патриот дека ме мразиш мене што не мислам како тебе, но јас сум, зошто тебе и таква те сакам, дека сепак си Македонка.:smir:

Не мислам ни дека сум посебна ни предодредена...Воопшто не се чувствувам така....А дали си ти предодредена мене да ми кажуваш и судиш колку сум учена?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Сфатете,сите вие со аватарчиња,со потписчиња и сите оние кои други ќе учеле како да бидат патриоти.
Не мора да се докажувате.Сите сме јаки на зборови,а со развојов на технологијата,јаки сме и на аватари и потписи.

Ако си патриот,нема да се замараш да докажуваш на некој друг.ТИ веруваш во тоа и го знаеш тоа за себе,и дозволуваш другите да си изградат мислење за твоите постапки.

Тој што стварно е нешто,не урла на сите фронтови да го докаже тоа.
Тоа го прави тој што тоа не е.
Тоа е за сите патриоти,кој иако се патриоти,се посрамотуваат самите себе со потписи ГОРД ШТО СУМ МАКЕДОНЕЦ.

.
:pos2:

Колку од “тие самонаречени патриоти“ со аватарчиња си запознал лично за можеш да знаеш за какви луѓе се работи?

Мене ми претставува задоволство да потенцирам,гласно и јасно изјаснувам кој сум и што сум каде и да одам.

Искривена ти е перцепцијата, чим веруваш дека теми како оваа се отворени за некој да се докажува.

И нормално е после одмор во Грција да си го переме чувството на вина правејќи ги другите “затупени“.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Еко,тотално ја долови поентата која сакав да ја постирам на темава.
Да бидеш Македонец,или Албанец или што друго било,тоа е во твојата душа.
Или си,или не си.
Едноставно е.

Сфатете,сите вие со аватарчиња,со потписчиња и сите оние кои други ќе учеле како да бидат патриоти.
Не мора да се докажувате.Сите сме јаки на зборови,а со развојов на технологијата,јаки сме и на аватари и потписи.

Ако си патриот,нема да се замараш да докажуваш на некој друг.ТИ веруваш во тоа и го знаеш тоа за себе,и дозволуваш другите да си изградат мислење за твоите постапки.

Тој што стварно е нешто,не урла на сите фронтови да го докаже тоа.
Тоа го прави тој што тоа не е.
Тоа е за сите патриоти,кој иако се патриоти,се посрамотуваат самите себе со потписи ГОРД ШТО СУМ МАКЕДОНЕЦ.

Бидејќи ако за тоа да го сфатите треба да се случи Грција да ни даде вето,тогаш не е нешто во ред.
Следно,да чекам агресивност и геноцид,за да сфатите дека ја сакате и почитувате земјата?

Другата страна е за сите "учители" на патриотизмот.

Lady,јас и ти сме Македонци.
Што знаеш ти повеќе од мене?
Ништо,но сепак си земаш за право сите нас да не подучуваш за тоа колку не сме нешто,што ни самата ти не си.
Ако патриотизмот почнува од бабини приказни,а завршува со силење на форум,сите ќе бидеме патриоти.

Реално,ако некој би требало да не учи за патриотизам,тоа се сите војници и востаници низ нашата историја,кои дале нешто за својата држава.
Без разлика дали е тоа нивниот живот,богатство или пак храбро ги праќале синовите за Македонија.

Вака,јас и ти сме еднакви,така да немаш право да се ставаш над мене,или било кој друг.
Банален пример,да дојде Гоце Делчев и да збори на темава,ќе го послушам.
Тебе,и сите твои истомисленици,кои ќе ни ја дигате свеста,само би ја гледал баналноста и помодарството во нив.
За жал,тоа е тажната вистина.

Дефиниција денес за патриот - човек кој не иде на одмор во Грција.
Браво,навистина,за сите вас кои го доведовте на тоа ниво.

Секој си избира на кој начин ќе го покаже патриотизмот некој со чутење а некој го кажува гласно насекаде преку аватари и слични работи...
А ако треба само да седиме и тоа да не прави македонци тогаш ќе дочекаме и да сме скопјанци или пак горно македонци:tapp:..Вие викате да не го покажуваме патриотизмот така,додека Грците насекаде трчаат и кажуваат дека не сме Македонци туку тоа што си замислуваат тие..И ние да седиме,ние сме македонци што ние битно што мисли светот..И не викам дека нема од тие лажни патриоти ,ама и да ги има поретки се..И зошто да не се покажува?Секој за себе некои сакаат да го истакнуваат тоа,а некој си го чува за себе..
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не ме сфаќате,и двајцата,и тоа е поентата.
Мислите дека знаете се,но оној што не збори на сите страни за тоа колку е патриот,не значи дека не е патриот.

Од друга страна,не може да поминам без смешните констатации на "патриотите",ако случајно напишам свој став реално,дека сум бил на одмор во Грција.
Ако нешто не е јасно,вчера се вратив на одмор,од Камп АС,кој се наоѓа во Струга.
Бидејќи за разлика од сите квази типови на форум,јас реков не одам во Охрид на одмор,и не отидов.

А ако не правам исто како вас,односно да се занесувам со аватари и потписи,кои реално не прават никаква разлика (Брату,на кој му пишуваш и докажуваш на форум дека си Македонец,сигурно не на Грците?),и ако не се спуштам на грчко ниво за да ја нарекувам Грција - Гејлада,и тоа само на форум,не значи дека не се гордеам со Македонското во мене.

Од трета страна,кои сте пак вие да ми судите дали ќе отидам во Грција на одмор?
Досега сум бил 9 пати,не се срамам да изјавам,за пари/услуга/плажа имало најдобар однос од сите други држави во странство.
И сега оддеднаш,јас треба да се плашам да одам,заради вас кои не сте биле?

Имам и роднини таму,верувајте многу добро знам за сите егзили кои ги доживеале,не сум човек кој седи од удобноста на својот дом и исправа криви дрини,не ми треба да се тешам дека сум патриот.
Бев во Грција,и за разлика од сите ВАС,кои на Кајгана пишувате ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ...јас такви изјави давам во Грција.

И затоа,сфатете го мојот гнев кон сите патриот4иња,кои не прават ништо друго освен што омаловажуваат свои сонародници.

Не е ова игра на докажување.
Патриотизмот е чуство,или го имате или ќе ви биде вградено од мали нозе.
Можеби имате некоја идеа да го вградите во другите,но тргнете од вашите постови,да видите колку го правите тоа на погрешен начин.

Ја омаловажувате Маца_кака,зашто ви се може,потоа Лејди почнува да вмешува и вера и Албанци само за да докаже колку е некој глуп,сите кои некогаш биле во Грција се подредени и автоматски влегуваат во групата предавници...

Сакате да создадете некакво патриотско единство,а го правите сосема спротивното.

Ако продолжиме хипотетички,дури и да имате чисти намери,нема некој зашто баш на вас,или пак на мене,да ми докажува дека е патриот.
Затоа сите тактики и изјави,се само помодарство и следење на тренд.

Ако морам да споредам,истото се случи со смртта на Тоше.
Сите имаа аватари,само затоа што сите други имаа аватари.
Предтоа,беше геј машки форумски лик да стави негов аватар,па немаа.
Сега е кул.
Женските,ги знаат сите негови песни,откога сите другарки ги знаат сите негови песни.

А на форумот,единствен кој збореше за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКОТО пред да почнете сите,беше Трн_во_Око.
А вие сфатете сами што сакам да кажам со тоа :)
 
Член од
14 февруари 2007
Мислења
108
Поени од реакции
13
Не можам се да читам, ниту пак можам да ја разберам тензијава што се создава, ами само ќе си дадам оскудно и независно мислење.

Како прво, мислам дека патриотизмот не е вроден, барем на наша територија е повеќе пренесен и наметнат од исфрустрираното општество, од убедувањата на родителите, од затворените кругови во кои се движиме, и ред други фактори, а што е најтрагично толку погрешно е сфатен кај нас што шири омраза, а не љубов.
Како второ, патриотизмот не се докажува со чукање во гради, лепење етикети, неизлегување од државава и самоубедување дека само ние сме најдобри и најпаметни. Вистинските патриоти работат за државата која ја сакаат, како и за луѓето во неа и ќутат. Нормално, секој со своите можности. На пример, јас не верувам во зборовите на нашите во дијспората кои прееемногу ја сакаат државата и даваат совети за како да се подобри животот овде, наместо со вишокот пари што ги имаат да отворат некое фабриче кај што ако не друг, барем пошироката фамилија би ја вработиле. Со тоа барем малку ќе докажат дека ја сакаат Македонија и народот во неа. Ова чисто е земено како пример, ништо повеќе. И не треба само слепо лутање и викање и урлање и напаѓање, треба некогаш и со фактите да се соочиме, оти од тој слеп патриотизам сме дотука.
Толку од Маца, фала
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не мислев на тебе - тебе, туку на „тебе“ хипотетички. Не се тревожи, последно што би направил е што на личности би им водел сметка кој каде оди и зошто, поготово форум ликови. :smir:
Да де. И јас те прашав за мене како "мене" хипотетички. Не се тревожам ако би помислил на мене, туку општо се тревожам зошто би се замарал со некој друг освен со себе и твоите блиски.:back:

Не мислам ни дека сум посебна ни предодредена...Воопшто не се чувствувам така....А дали си ти предодредена мене да ми кажуваш и судиш колку сум учена?
Не сум предодредена, но можам да ти судам со поголемо право од тебе. Еве зошто:
Јас се пронајдов во твојот пост т.е. во групата која ја вреѓаше бидејќи не вреска како тебе да наметнува некому патриотизам, со што длабоко се навредив. Таму, ти таквите ги опишуваш како непатриоти, продадени души, курви кои се понижаваат со Албанци и се` друго, си знаеш ти уствари. Тие работи ги кажа како карактеристика на сите твои "непријатели", без да ги познаваш и чисто од памет.
Е сега, за разлика од тебе, јас само ти забележав нешто што е премногу очигледно. Значи два постови еден по друг, надвор од тема и крајно неразбирливи, но со крајно спротивна содржина и мислење. Неможев а да не го истакнам тоа, дека ми е глупаво да ме вреѓа нестабилна личност, која се врти секогаш таму каде што грее сонцето.:pipi:

Мац, немам коментар за твоите постови и жал ми е што многу мал број на луѓе ќе те сфатат, а толку убаво пишуваш. И за жалење е тоа што и ти бидна етикетиран во групата мразачи на Македонија, затоа што во моментите на нејзина криза, не се лупаш во гради.:place:
За сето тоа ми е криво иако сум ти скарана што не ми се јави кога беше Струга, мамата.:back:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Не се осеќам како патриот во нашава земја, меѓу нашиве луѓе, луѓето не ги делам по национална, верска припадност, туку како мене лично ми се допаѓаат. Ако треба да се гине за оваа земја и овој народ би го направил тоа, не затоа што многу ги сакам, туку од лични и морални принципи.

П.С. Во суштина, јас сум меѓу најголемите патриоти на Земјава. Звучи скромно, но со луѓе како мене е рајот, како на Небото така и на Земјата.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не ме сфаќате,и двајцата,и тоа е поентата.
Мислите дека знаете се,но оној што не збори на сите страни за тоа колку е патриот,не значи дека не е патриот.

Од друга страна,не може да поминам без смешните констатации на "патриотите",ако случајно напишам свој став реално,дека сум бил на одмор во Грција.
Ако нешто не е јасно,вчера се вратив на одмор,од Камп АС,кој се наоѓа во Струга.
Бидејќи за разлика од сите квази типови на форум,јас реков не одам во Охрид на одмор,и не отидов.

А ако не правам исто како вас,односно да се занесувам со аватари и потписи,кои реално не прават никаква разлика (Брату,на кој му пишуваш и докажуваш на форум дека си Македонец,сигурно не на Грците?),и ако не се спуштам на грчко ниво за да ја нарекувам Грција - Гејлада,и тоа само на форум,не значи дека не се гордеам со Македонското во мене.

Од трета страна,кои сте пак вие да ми судите дали ќе отидам во Грција на одмор?
Досега сум бил 9 пати,не се срамам да изјавам,за пари/услуга/плажа имало најдобар однос од сите други држави во странство.
И сега оддеднаш,јас треба да се плашам да одам,заради вас кои не сте биле?

Имам и роднини таму,верувајте многу добро знам за сите егзили кои ги доживеале,не сум човек кој седи од удобноста на својот дом и исправа криви дрини,не ми треба да се тешам дека сум патриот.
Бев во Грција,и за разлика од сите ВАС,кои на Кајгана пишувате ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ...јас такви изјави давам во Грција.

И затоа,сфатете го мојот гнев кон сите патриот4иња,кои не прават ништо друго освен што омаловажуваат свои сонародници.

Не е ова игра на докажување.
Патриотизмот е чуство,или го имате или ќе ви биде вградено од мали нозе.
Можеби имате некоја идеа да го вградите во другите,но тргнете од вашите постови,да видите колку го правите тоа на погрешен начин.

Ја омаловажувате Маца_кака,зашто ви се може,потоа Лејди почнува да вмешува и вера и Албанци само за да докаже колку е некој глуп,сите кои некогаш биле во Грција се подредени и автоматски влегуваат во групата предавници...

Сакате да создадете некакво патриотско единство,а го правите сосема спротивното.

Ако продолжиме хипотетички,дури и да имате чисти намери,нема некој зашто баш на вас,или пак на мене,да ми докажува дека е патриот.
Затоа сите тактики и изјави,се само помодарство и следење на тренд.

Ако морам да споредам,истото се случи со смртта на Тоше.
Сите имаа аватари,само затоа што сите други имаа аватари.
Предтоа,беше геј машки форумски лик да стави негов аватар,па немаа.
Сега е кул.
Женските,ги знаат сите негови песни,откога сите другарки ги знаат сите негови песни.

А на форумот,единствен кој збореше за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКОТО пред да почнете сите,беше Трн_во_Око.
А вие сфатете сами што сакам да кажам со тоа :)
Па не сум вчерашен на овој форум (крај на 2006) она што го правам мал број луѓе го знаат.
Видиш не сум имал желба да го истакнувам тоа секаде, па затоа и не си можел да знаеш.
А доколку во твојот домен на интереси спаѓа историјата, можеш да провериш за што сум пишувал.
Ако не можеш да ја сфатиш намената на тие текстови или ти се одбивни тогаш едноставно игнорирај ги и не толкувај по свое видување.

И повторно погрешно толкуваш, не е Братот присутен на форуми за да самиот се докажува како Македонец, туку врши маалце поинаква функција во името на сите Македонци.
Би излегол фалбаџија доколку јавно почнам да собирам поени за многу работи, а потенцирам дека никогаш не се работело за “кул“,“тренд“,“популарност“, или нешто слично.

Секој треба да си биде спремен да очекува критика за тоа што го пишува.
Ако маца-кака решила баш во овој момент прилично вулгарно да се ФАЛИ дека била во Грција, тоа е на нејзина сметка.
А и најблискиот пријател нека ми биде, нема да го оправдам. Тоа е разликата.

Уште нешто, токму поради актуелната ситуација и сите притисоци што ги доживуваме како народ, наведува многу луѓе да сменат пристап, и повеќе да си го ценат своето.

Баш со твојот пример за Тоше покажа како НЕ треба.
Тоше требаше да загине за сите почнат вистински да го ценат и величаат.
Зарем и со нашето достоинство треба истото да се случи... па кога еднаш ќе го изгубиме, нема да можеме да го вратиме.

Напишано од Дивајн:
Мац, немам коментар за твоите постови и жал ми е што многу мал број на луѓе ќе те сфатат, а толку убаво пишуваш. И за жалење е тоа што и ти бидна етикетиран во групата мразачи на Македонија, затоа што во моментите на нејзина криза, не се лупаш во гради.
Изгледа ти самата го стави таму, да не се осеќаш осамена. Никој не го маркирал Мац како таков.

Како изгледа тоа “лупање во гради“?

Секој си избира на кој начин ќе го покаже патриотизмот некој со чутење а некој го кажува гласно насекаде преку аватари и слични работи...
А ако треба само да седиме и тоа да не прави македонци тогаш ќе дочекаме и да сме скопјанци или пак горно македонци:tapp:..Вие викате да не го покажуваме патриотизмот така,додека Грците насекаде трчаат и кажуваат дека не сме Македонци туку тоа што си замислуваат тие..И ние да седиме,ние сме македонци што ние битно што мисли светот..И не викам дека нема од тие лажни патриоти ,ама и да ги има поретки се..И зошто да не се покажува?Секој за себе некои сакаат да го истакнуваат тоа,а некој си го чува за себе..
... нема одговор, моментално пријателски се солидализираат.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Братот, искрено, ме замарате. Илјада пати напишав што мислам со повеќе примери и на повеќе начини, за пак вие истиот муабет да ми го вртите и да се правите на тошо. Или можеби не го разбирате јазикот на кој го правам тоа ... сеедно де.
Што сакате мислете и до кога сакате убедувајте се. Јас имам попаметни работи од тоа. Треба да мислам на работата и на тоа како на крајот и на овој месец да платам што и должам на мојата држава, а и како во меѓувреме да му овозможам повеќе добри моменти на мојот народ, кога не седи пред тв и му се качува притисокот од вестите.
Пријатно до следниот мој слободен момент за вас.:smir:
 
Така е Дивајн, секој пат на кондиција те фаќаме.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
И повторно погрешно толкуваш, не е Братот присутен на форуми за да самиот се докажува како Македонец, туку врши маалце поинаква функција во името на сите Македонци.
Во името на кој Македонци што правиш ти,малце нереален ми е муабетов...

Кој ти дал овластување за ти да вршиш нешто во име на сите нас?

А друга работа е што вие не сте овластени да и се мешате на Маца_кака каде оди на одмор.

Трета работа е што никој не е овластен.
Четврта е што девојчето поради вакви патриоти,ќе создаде аверзија кон сите патриоти.

А пак петто е што неодењето во Грција,ве воздигнува на некое ниво на сите други.
Сепак,мислев дека патриотизмот е многу повеќе од неодење во Грција.

А за сличноста со Тоше,не се секирај.
Кога Грција ќе ни го смени името,има земјата да ја бацуваат поединци,зашто ќе бидат горди на МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА.
А сега,не се.

Затоа,можеби ветото е нешто убаво,после се.
Ќе не научи да си ја сакаме земјата:kesa:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во името на кој Македонци што правиш ти,малце нереален ми е муабетов...

Кој ти дал овластување за ти да вршиш нешто во име на сите нас?
Не се работи за работен однос, па некој да ме овластува, ниту земам пари ниту потребна ми е дозвола.

Во името на сите оние кои самите се вбројуваат на иста страна со мене, како Македонци.

Исполнување доброволна должност, без да очекувам признание.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Темава ја отворам во овој подфорум затоа што се фокусира на емоција/чувство, што е психолошка категорија.

Значи, лично сум убедена дека патриотизмот, односно чувсвото на припадност и љубов кон одредена земја/нација/народ е нешто вродено и сосема нормално..
A da se vratime na temata od filozofska gledna tocka

1. smetam deka iluzorno utopisticki e da se smeta deka patriotizmot e vrodeno cuvstvo. Zasto?

Primer dete makedonce zemeno ko bebe na posvojuvanje odrasnato vo Svedska na primer po 20 godini koa ke porasne a nemalo nikakvi dopirni tocki so Makedonija ke bide patriot Svedjanec ili Makedonec ?

Sto e toa Makedonec ?

Po mene ne e .

I ako pomine niz Makedonija i ne znae deka od tuka poteknuva , garant nema da mu potecat mornici nekoi herojski za Aleksandar i Pitu guli.

Znaci patriotizmot ti se vsaduva vo glava vlijae sredinata nema tuka nisto genetski , i vasite teorii ili go imas ili nemas mi se smesni bas poradi ovoj primer .

2. nema vtoro samo onaka radi fora pisav redosled vo izlaganjeto demek ke ima :baeh:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
A da se vratime na temata od filozofska gledna tocka

1. smetam deka iluzorno utopisticki e da se smeta deka patriotizmot e vrodeno cuvstvo. Zasto?

Primer dete makedonce zemeno ko bebe na posvojuvanje odrasnato vo Svedska na primer po 20 godini koa ke porasne a nemalo nikakvi dopirni tocki so Makedonija ke bide patriot Svedjanec ili Makedonec ?

Sto e toa Makedonec ?

Po mene ne e .
Па илузорно утопистички е да се нарекува детето Швеѓанец.

За да постои патриотизмот потребна е свест и предиспозиции. А не виша сила.

Имаш многу примери на Македонци со генерации во дијаспората па се неверојатни патриоти родољупци. Земи ја Австралија и Канада за пример.

Би била многу лоша твојава теорија, земајќи го во предвид опстојувањето под најтешки услови на Македонците во Грција,Бугарија и Албанија кои покрај сите асимилации и притисоци останале верни на потеклото.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Ti izgleda ne me razbiras

znaci primerot e

te zemat tebe ko bebe te posvojat u Svedska , porasnes tamu, nemas NIKAKVA VRSKA SO MAKEDONIJA niti nzaes koi ti se pretcite .... ti kakov patriot ke bides ?

Makedonec ili Svedjanec ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom