Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Иронијата е дека ти не очекуваш признание,туку сам си го имаш дадено веќе одамна.
Зашто инаку би се ставал над друѓите,и би навредувал други Македонци кои биле на одмор во Грција?
На крај,тоа е твоја перцепција,ако веќе излезеш во јавност со неа,треба да мислиш дека ти имаш некакво право некого да судиш.
А од каде излезе тоа право,да го има било кој од нас,сигурно имате теорија.

Другиот дел од муабетот.
Не изнесуваш што си правел,да не собираш поени.Но,со самото нагласување на тоа,веќе собираш поени,а неизнесувањето факти,испаѓа само како наметнати зборови,без никаква поткрепа.

Бидејќи,ако јас кажам дека сум правел нешто во името на сите Македонци,потоа би напишал што е тоа.
Зашто сепак,се е до перцепцијата,а ти може да грешиш.
Може и јас да грешам.

Но сепак,јас не ги проповедам моите аверзии врз другите,така и да грешам,not a big deal.
Ти,ги осудуваш луѓето.

Затоа,изнеси факти,да разгледаме од каде тоа право.

И бидете на ниво на дискусија,офтопик постови како...те фаќаме на кондиција и квази-навреди како "покажи немоќ"...само ја покажуваат вашата немоќ во очите на другите,ништо повеќе.
Сега е игра на зборови Мац)), нечини така, квази навреди од типот “подобро се снаоѓаш во политика, не ти е тука местото“?
Или.... ќе искористуваме позиции на форумов.

Има членови на форумов кои лично многу добро ме познаваат. Доколку сум лажен лик, со “аватарчиња“.. (квази навреда? :) ) во секој момент било кој од нив може да ме понижи пред сите.

И доколку се фатам на твоево оро, ќе испадне дека се докажувам, фалам и правдам за она со кое што сум допринел. Немам намера, имам свој принцип и ќе се држам до него.

Навреди од моја страна немаше кон никого.

Невидов ниту еден повикан на темава како “предавник“, туку сами одговарате, дали некој се пронашол..негова работа.

А “осудениците“:) ..од моја страна нели, не би постоеле како такви
..доколку не оставиле причина.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Нема проблем.

Причината е релативна,делата се конкретни,а перцепцијата индивидуална.
Не те терам,само сакав да ја видиш иронијата,не се фалам,а земам заслуги.

Затоа,твоето Јас правам во името на сите Македонци,ќе го игнорираме,бидејќи е твое мислење за твое дело,и претставува фалење.Факти,нема.
Затоа и е темата,патриотизмот е претворен во тренд,и луѓето се патриоти од погрешни причини.

Да бидат кул.

Осудениците,нема такви.
Сите сме исти,Македонци,и нема кој да не суди.

А ти слободни мисли дека ако сум реплицирал на тема "Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?" контра тебе,дека сум предавник.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Нема проблем.

Причината е релативна,делата се конкретни,а перцепцијата индивидуална.
Не те терам,само сакав да ја видиш иронијата,не се фалам,а земам заслуги.

Затоа,твоето Јас правам во името на сите Македонци,ќе го игнорираме,бидејќи е твое мислење за твое дело,и претставува фалење.Факти,нема.
Затоа и е темата,патриотизмот е претворен во тренд,и луѓето се патриоти од погрешни причини.

Да бидат кул.

Осудениците,нема такви.
Сите сме исти,Македонци,и нема кој да не суди.

А ти слободни мисли дека ако сум реплицирал на тема "Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?" контра тебе,дека сум предавник.
Дел од фактите, пишани, стојат и по темите. Реков доколку историјата не е во твојот домен на интерес, батали. Едноставно никогаш нема да се разбереме.

И немој да продолжуваш да ми товариш работи кои не сум ги рекол. Почитувај фер дискусија.
Во сите постови ме обвинуваш за навреди, факти нема. Оди од првата страна па навака.

Просто, немој да правиш реплика на слепо.

И нормално дека самиот себе ќе си препишам заслуги доколку некое мое дело имало ефект, и ќе се гордеам, да очекував овации и признание од тебе или некој трет ќе отворев посебна тема со пофалници :)

Доволно е тоа да остане меѓу мене и луѓето кои ги сметам за пријатели од форумов. Нивниот збор ми е најголемото признание.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Кажи ми најискрено еден пост каде што може да се забележи еднинственоста на македонските форумџии, нивни заеднички став и почитување на нивната еднинственост како што тоа умеете Вие Албанците? Нели сметаш дека нашиот патриотизам е нарушен? Дали не забележуваш дека имаме меѓусебен раздор и ако некој се бори да го каже тоа е жестоко нападнат од "останатите" кои и тоа како умеат да го линчат со сосема спротивни глупости, насочување и преименување во тотален бедник...Ме боли неединственоста, дволичноста, неискреноста и нереалното живеење на Македонците кои можат многу убаво да увидат колкава е добивката од единството и патриотизмот кон својата држава и народ од Вас...Да не одам во крајност, но кажими колкав беше бројот на Албанци кои се упатија да ја слават независноста на Косово а колкав е бројот на Македонци кои изустуваат "Ма ако сака и Грција нека се викаме, само да влезиме во НАТО и ЕУ!"
Кажи ми како да се чувствувам кога кога колегата Албанец ми го даде отказното решение и изрази големо жалење што веќе не сме колеги, НО по предлог на колегата Македонец, кој и тоа како слатко и иронично се изнасмеа? Целата ситуација за сметка на Рамковниот договор и дејствување на грбот на невиниот.
Нагоре од погорните постови можеш да го увидиш дека имам жестока борба , не толку од Албанците, тука од Македонците.
И досега можеби си бил во заблуда, но јас ке ти кажам дека не, си ми бил и ќе ми останеш пријател, тоа е твое да одлучиш, но ќе ти кажам дека и ден денес се дружам со интелектуалци, но пред се еманципирани, во кои влегуваат доста Турци и Албанци, со кои надолго ии нашироко разговараме за овие теми, и заеднички ги гледаме пропустите од душманските меѓусебни нагони (како што се изјаснив на дрскоста на нашата форумџика) и од двете страни кои надоаѓаат од немањето доволно патриотизам и почитуавање на она што ни го оставиле старците, било Македонци, било Албанци... Имаме можност кој не смееме да ја уништиме, да се спознаеме и сакаме прво себеси а потоа и другите.
Почна со тоа дека албанците се вакви и такви, и после дека албанците биле унитарни и интелектуалци. Кажа дека куранот е лош, па после таман работа да мешаш патриотизам со вера. Чудно. Не знаеш ни самата што мислиш, или па ние не знаеме да те прочитаме. Едното ќе да е.


Патриотизам е кога се сакаш себеси, ја сакаш татковината. Се друго е тренд. Не си поголем патриот ако вееш знаме или не. Не си поголем патриот ако слушаш турбофолк песни или не. Ако мразиш другите или не. Ако идеш на одмор во Грчка или не. Ако слушаш амерички рап наспроти македонски. Тоа е чиста бламажа.

Ако темата (а гледам дека да) претешно опфаќа актуелниот патриотизам тогаш се согласувам со Точкест, Разиел Дивајн и другите дека е фејк (хе хе) патриотизам. Зашто? Дека ништо убаво од тоа не видовме. Ништо конкретно. Нит ни цути државата, нит поарно бидна, нит ништо. Отварање теми на форум, ставање аватари, потписи или што ти ја знам што...тренд. Зашто? Убаво е спомнато претходно, каде беа сите кога Трн го дрвеше со километарски постови за Македонија, остај друго, туку луѓето не ги ни читаа. Да бе, ќе читам ја сеа за некои си војводи таму. Пфф..

На крај, гледав некни еден филм. Заврши со интересна реченица како сума-сумарум...What the fuck have you done lately?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Ете, и јас истото ќе го прашував, за малку покреативна да ја направиме темава ... What the fuck have you done lately?
Што правите вие од "вистинската страна" во оваа расправија, во последно време за вашата држава? Со што допринесувате за нејзино добро? Како тоа ви се возвраќа?

Ајде преку дела да видиме кој колку е патриот, кој колку ја сака и што и дава на својата држава, кој колку му помага на својот народ и сл. Според тоа, да видиме дали ви е вроден патриотизмот или па глумите лудило само на форум. Тогаш ќе разглабаме психолошки ... вака само пишуваме празни постови, кои одамна се надвор од тема и требаше да бидат избришани.

Ајде, кој ќе почне?:vozbud:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Без да навлегувам во моментот "what have you done" само мал коментар во однос на не/фенси страната на патриотизмот, компарирана со верата, која нели толку многу се споменува во темава:

Еве, и Мухамед и јас ќе кажеме за нашите вери. Бива? Мојата (покрај оние работи за чие исполнување со цел покажување покорност/љубов/верба треба денес да живееме помалку или повеќе аскестки живот) од мене бара да одам во црква и да запалам свеќа. Да не го споменувам напразно името Господово, па земете ги тие прекрасни морални правила кои ги викаме Божји заповеди и така натака... Значи, се што реално можам да правам од она што се бара, а јас не го правам со изговор дека верата ја чувствувам во мене, дека религијата е лична работа и мојот начин на манифестирање е личен. Зошто и како, е долга и широка приказна...
Ама, некаде стои дека тие работи треба да се прават.

Ако удриме една паралела, ќе најдеме допирни точки во спорните моменти кои ги дискутираме. Прав ли сум?

Постојат пишани и непишани правила. Некои пишани не ги почитуваме, некои не ни мора да се пишани - бидејќи се во границите на она што би го нарекол свест или морал или етика, домашно воспитување... Или па, се пишани во Закон во МВР, па посекако ги чувствуваме како забранети :) А, некои непишани - итекако се почитуваат и треба да се почитуваат. Се е до личниот сенс и свест.

Реков, само мал коментар, дофрлање. Не се далеку од споредување начините на искажување на/кон работите кои ги сакаме и во кои веруваме.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
:


Ако удриме една паралела, ќе најдеме допирни точки во спорните моменти кои ги дискутираме. Прав ли сум?
Не,бидејќи тоа нема допирна точка со тоа што го дискутираме,и знам дека и сам го знаеш тоа.
Навистина,не мора да браниш некој на темава Пико,ниту пак да се објаснуваш ти со нас,за тебе верувам дека имаш вистински патриотизам во тебе.

За другиот дел од муабетот,секако дека има и луѓе што се вистински патриоти,а и сакаат да ставаат аватари и потписи.Тоа воопшто не е спорно,но во денешно време на тренд-патриотизам,многу е тешко тие луѓе да се пронајдат.
Затоа,не ми е воопшто интересно кога некој ќе изјави дека прави нешто за сите нас,а не сака да открие што.
Тоа е фалење.
АКо бевме скромни,ќе пишеше што направил,па потоа ние да оцениме,а не сам на себе,10ка за патриотизам.

Сепак,ако веќе даваме самопрокламирачки изјави,потоа картите на маса,да видиме за што точно станува збор.

Но,тоа е индивидуално право,не мора да кажувате ништо,сепак е слободна дискусија,не испрашување.

Затоа,без мешање на вера,националности и други работи,да продолжиме за трендот.
Веќе ни јас не се мешам,но не сакам да продолжи во лично препукавање во кое има две страни,и темата да се претвори во тоа дали Братот е прав патриот или не. :helou:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Мац, не бранам никој. Ама ил не ме читаш внимателно, ил не ме разбираш.

За начинот на експонирање на личните чувства кон она што го сакаме - зборував. А спорни допирни точки имаш во 60% од.....143 веќе мислења на темава. Кисс позз.:smir:
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Мац, и Дивајн тоа што го тврдеа, може да се прочита во дневникот Време, 16ти август, 2008ма. Тука за целиот текст, а јас само ќе копирам дел од текстот кој ме иритира.

Припадноста на политичка партија стана билет за подобар живот и за полесно остварување на сопствените амбиции, за кои многу потешко ќе се избориш доколку немаш портокалова или сина партиска книшка.

Една скопјанка се жали дека си направила проблем кога дневната соба ја декорирала во сино и жолто. - Сите што ми дошле на гости прво прашуваат: А, значи вие сте за СДСМ? Се изморив од објаснување дека само ми се допаѓа таков ентериер и нема врска со партии и политика - вели таа.

Симпатизерите и членовите на партиите често добиваат директиви или сугестии каде да одат на одмор. Особено тоа било изразено летово, кога на членството на владејачката партија му било „ставено до знаење“ дека не се препорачува да патува во Грција. <<
Кога некој ти наложува што да правиш за да бидеш патриот.

Не ми рекоа директно дека не треба да се оди во Грција, туку дека сепак сопартијците „ќе ме гледаат со други очи“ ако го направам тоа. Па така не заминав во Грција, иако таму летуваме со семејството 15 години наназад - вели една функционерка од јавно претпријатие, која сакаше да остане анонимна. <<Барем има доблест да признае дека нејзиниот патриотизам е по нарачка.
На други им било речено дека неодењето во Грција на одмор е нивна патриотска должност и должност кон партијата. - Имавме препорака летово да не одиме на одмор во Грција поради тоа што лесно може да не забележат македонски граѓани кои во тој период се таму и сето тоа може да биде многу негативно за нашата партија - вели член на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој сакаше да остане анонимен.
Бреј ВМРО патриоти:)

Сепак, ќе си одберам да не сум патриот. Барем не таков каде што од партија ќе ми кажат како да изигравам патриот.
Ада dearest, такво патриотско вродено чувство какво што ти посакуваш да постои кај народот, за жал не постои. Сепак, патриотизмот, барем во 80% од случаевите е наметната пропаганда. Грујо рекол дека со идење во грчка сме предавници, и цела проста маса УУУУУУУУУУУ Доле Грчка. Грујо рекол ...народ прави. Патриотизам. Oh yeah.

 
Член од
16 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
3
Мислење.. Патртиот... Балкан... Потреба... Космополит...

Хммммм со не се изначитав бе :salut: :nesum:

Да си на балканот космополит е како да си го минираш напредокот и идентитетот на самиот себеси. Да не мислеше секоја нација на балканот дека е супериорна во однос на другите тогаш јас ќе бев онолку повеќе космополит колку што денес онака себично временски и како потреба заради мојата свест исконски од мене знам дека сум патриот.

Патриот што повеќе сум кога гледам некое клипче на Youtube и онака на нејќење ќе профучи некое клипче со „идната национална карта“ на Албанија, Бугарија и слично.. Е видиш во природа на човекот не стој моралот туку потребата да опстои. Така да иако сум поинаку воспитан ако некој ми мане шамар мене телесно ми доаѓа потреба да му ја пукнам глата... тоа не е дека го мразам туку како потреба да се одбранам е сега што можеби ќе ја претерам тоа е на некај субјективно.

Можеби и денес ќе ми е мило овој патриотизам да е реален а не „трендовски“ поради наметнатата медиумска пропаганда.
Порано како од некоја сатирична слика на револт на пописот за население сакав да се пишам како „Антички Македон“, не дека јас сум биолошки наследник на тие луѓе туку како револт што во мојот карактер повеќе го гледам тоа одколку потпученото македонче кое сакало да се лади во грција и изиграва патриот со сумлива материјална позадина.

Абе да не звучам многу арогантно или незнам како., ама кога некоја држава ти го уназадува временски развитокот на твојата држава и тоа 15 години и во годината кога тоа кулминира и не не примаат во NATO и мора кога се пријавувам негде на интернет да селектирам „FIROM“.. јас да читам овде коментари од некој дека неможел да се контролира и тоа било претерано „што имало врска ако одиш Грција“ да го ладиш газето и да те честеле газлести келнерки ?!?!?! Мислам дај оди „одби“ да не ти обијам.

Ич не се сметам за иделопоклоник напротив за самосвесен патриот.. но кога ќе видиш дека сите наши борци за Држазвност на Македонија биле предадени па пред балканските војни кога сите се ослободија од Отоманско ропство, уште сме немале држава заради одсуство на колективна свест и ПАРИ ... се гледа на кој се наследници денешниве недодржани газо ладачи. На тие што предавале своите .. за пари.

И сега нешто чудно но ми иди да речам „да живеее сексот“.. зошто ?
Зошто ако не беше тој и некое вонбрачно од комитите и војводите по местата и селата македонски, сигурно и генот ќе го немавме па сеа не ќе ни постоевме оти потполно сите ќе бевме иделопоклонци на Парите. Да ви*ам к*в. Мило ми е што вака мислам оти имам чуство дека постојам и имам исконска припадност кон идентитет кој силно го носам а зад него нема политичка или материјална позадина.

Немој :nenene: да ми пишеш реплики оти сум екстремен :smir:


Со Поздрав

п.с. Кога предлозив на YouTube економска федерација да се обединиме сите балкански држави и да заборавиме на дневно ситни
преписки како резултат на историски препретености.. сите ми окараја мајката. И сеа шо треба космополит да му се прам на стереотипи? Не бе СУРГУН! Има да си барат правата за нашите колку повеќе се држиш и си единствен како народ толку повеќе че те почитуваат и другите народи.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Личните навреди и деградирањето поединци, на тема која е прилично општа, а и се однесува на секој Македонец е, во најмала рака, малициозно.

Потоа, обидот да се однесе темава во насока на тоа кој е поголем патриот, е подеднакво малициозен. Да си ги "мериме" може на други места. Тука е невкусно.

Исто, фаќањето за баналности од типот аватарчиња, знаменца, правопис итн. е ограничено.

А, се заедно, е пример пар екселанс за ситнодушност.
И тоа за феномен/манифестација, чија главна одлика е широкоградоста.

Никаде не реков дека сум патриот ипол. Никаде не посочив конкретно некој "не-патриот". Но, и покрај тоа, некои луѓе, самостојно си се пронајдоа, и почнаа да реагираат грубо и со очигледна вознемиреност.
Што е и нормално. Но, потрудете се вашите незадоволства, мани, сомнежи и стравови да ги проектирате на вистинското место, не онаму каде што параноично ќе ги препознаеете.

А, конкретно на темава:
За мене, патриотизмот е љубов, и само љубов.
Штом љубиш нешто , истото се обидуваш да го зачуваш, негуваш, унапредиш.

Кога пак осеќаш рамнодушност или омраза, тогаш не се трдиш да ги направиш претходно споменатите нешта.

Очигледно располагате со скудни историско-политички познавања за Македонија. Но, сеедно.
И покрај тоа, верувам дека сте свесни колку пати Македонија била на колена поради оние кои не ја сакаат или се рамнодушни кон неа.
А, и до ден денес е така.
Индиферентни кон своето, не го чуваат и истото, аналогно, е оставено на стихијно пропаѓање на кое сме сите сведоци.
Кога само малку би се разбудила свесноста за идентична национална припадност, тогаш, би се створила и маса на луѓе кои во зедништво ќе се потрудат да си овозможат подобар живот едни на други во својата заедничка татковина.
Тоа е толку едноставно.
Не е никаква утопија.
И е главната причина поради која се обидувам да поразговарам за патриотизмот.

За крај, кај нас патриотизмот е далеку од тренд. Всушност, ваквите теми се доказ дека го нема.
За да го има, е потребно единство.
А, покажуваме се освен тоа.
 
С

Сатори

Гостин
Личните навреди и деградирањето поединци, на тема која е прилично општа, а и се однесува на секој Македонец е, во најмала рака, малициозно .

Потоа, обидот да се однесе темава во насока на тоа кој е поголем патриот, е подеднакво малициозен. Да си ги "мериме" може на други места. Тука е невкусно.
Пошо, за да иде све ко шо треба, мора прво да се искорне педераната од нашите редови (за да, нели, не се плашиме да им свртиме грб).
Секое копиле одродско кое ќе си дозволи да бара виза и да иде кај циганските педери, не само да се засрами, него да осети и други последици (малку егзорцизам) кои ќе резултираат со будење на македонецот во него.
Хех!
Ова претпоставувам не е малициозно, само деградирачко.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Воопшто не сакам да обрнам внимание на таквото апстрахирано делче, но затоа што ми се повторува и става пред очи веќе не знам кој пат, еве ќе се дообјаснам...

Цитираното е апсолутно извадено од временски и тематски контекст, па не е никаков релевантен индикатор.

Напишано во време на премрежја, време на вжештени дискусии кои раѓаат афект, итд... не беше ништо поразличен од мнозинството постови на таа тема.
Не бев само јас што тогаш чувствував дека губиме нешо бесценето и незаменливо. Па, со таков страв и гнев го напишав тоа што го напишав.

Иако, не дека ставот ми е особено далеку од оној изнесен на постот.
Напротив, цврсто стојам на тоа дека оној кој и врти грб на својата земја во тешки времиња, и за некои заменливи лични задоволства оди на местото кое е извор на нејзините понижување, не е пример за Македонец.
Тоа е исто како кога некој твој исклучително близок е силуван, а ти одиш со силувачот у град на кафе затоа што има убави очи.

Изворот пак на таквиот став делумно лежи и во ваквите слики и зборови:

После нив, не сакам и нема да разберам било кој кој ги заборава таквите трагедии.
Мој избор и стојалиште.
Имам апсолутно право на истото.

И да, преку посочување со прст на неколкумина кои дискутираме на темава не може да се изроди ништо конструктивно, туку муабетот останува на ниво, препукување пред кооперација.

Заборавете ме мене и сите со чии ставови не се согласувате.
Не одете на лично ниво.
Видете ја суштината за која дискутираме, а не особата која ги пишува зборовите.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Мене па ова ми е омилено:)

И да, кој може да го одреди било чиј степен на квази и не квази патриотизам?
Омилено бидејќи лесно се определува квазипатриотизмот,гледајќи еволутивно на човек,како тој ги перцепира тие ствари,и како репетитивно,по ист калап кој го користат многу други талкачи по смисла,го наоѓа патриотизмот и Дедо Боже како утеха и порив за сопственото малце нелагодно постоење.

И да, кој има право да валка туѓа цел, интимна желба и личен сон?
Омилено бидејќи квазипатриотите бараат да не им се компромитира целта,интимната желба и животниот сон,а токму тоа го прават на оние кои решиле да не се занимаваат со патриотски мисли,туку да стават пченица+брашно+-адетив на маса.Тие се за нив одродници,бескичмењаци,предавнички копилиња....и тоа како дефиниција...
...Ама да,нивниот идеолошки избор,макар и благопатетичен,не смее да се валка.

И да, Either you are with Macedonia, or you are a traitor.
As simple, as that.
Омилено бидејќи се крајно арогантни.Ако им се даде слободен терен,тие нивните идеали ги носат до некои ариевски реторики во кои ако треба,ќе те линчуваат само ако писнеш дека не ја сакаш Македонија оти Македонија те направила инвалид од работа,а ништо не ти дала за возврат.Кога ќе се најдат во теснец,како на оваа тема,и сите про-поитичко-патриотски теми овде во филозофија(за што ми е неизмерно мило),помеѓу периодите на нацистичко лудило во кое се испукуваат тангирајќи пола од Македонското население,нарекувајќи ги одроднички копилиња,тие пропагираат трезвеност и молат да бидат разбрани,и што е најсмешно,да не им го навредуваме патриотското чувство и да престанеме да се служиме со непристојни зборови.Хипокризија до коскена срж.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Омилено бидејќи лесно се определува квазипатриотизмот,гледајќи еволутивно на човек,како тој ги перцепира тие ствари,и како репетитивно,по ист калап кој го користат многу други талкачи по смисла,го наоѓа патриотизмот и Дедо Боже како утеха и порив за сопственото малце нелагодно постоење.
Ни ти, ниту било кој друг, може да биде арбитар за нечии чувства и за нивната искреност. Било да се работи за патриотизам, или нешто друго.
Таквите претпоставки се субјективни и неодржани.
Затоа се тука делата да дадат поткрепа и пресечат.

Па, индиферентноста кон прогонетите Егејци или плукањето врз националното минато, стануваат недвосмислен показател за нечии ставови.
Настрана личните мотиви во позадина.
Омилено бидејќи квазипатриотите бараат да не им се компромитира целта,интимната желба и животниот сон,а токму тоа го прават на оние кои решиле да не се занимаваат со патриотски мисли,туку да стават пченица+брашно+-адетив на маса.Тие се за нив одродници,бескичмењаци,предавнички копилиња....и тоа како дефиниција...
...Ама да,нивниот идеолошки избор,макар и благопатетичен,не смее да се валка.
Како што повторувам низ речиси секој пост на темава, кога би постоела посилна национална свест, би постоела и свесност за општото добро на нацијата.
Па, тоа би го решило и проблемот со брашно+пченица+адитив.
Практичната страна на патриотизмот.
Омилено бидејќи се крајно арогантни.Ако им се даде слободен терен,тие нивните идеали ги носат до некои ариевски реторики во кои ако треба,ќе те линчуваат само ако писнеш дека не ја сакаш Македонија оти Македонија те направила инвалид од работа,а ништо не ти дала за возврат.Кога ќе се најдат во теснец,како на оваа тема,и сите про-поитичко-патриотски теми овде во филозофија(за што ми е неизмерно мило),помеѓу периодите на нацистичко лудило во кое се испукуваат тангирајќи пола од Македонското население,нарекувајќи ги одроднички копилиња,тие пропагираат трезвеност и молат да бидат разбрани,и што е најсмешно,да не им го навредуваме патриотското чувство и да престанеме да се служиме со непристојни зборови.Хипокризија до коскена срж.
Не гледам потреба воопшто да ја искоментирам тезата дека патриотите би довеле до фашизам. Мислам, ја има тежината на тврдењето дека хомосексуалците посвојуваат деца, за сексуално да ги злоставуваат, и нешта во тој стил.

Патем, не видов тука било кој да моли за нешто.
Конкретно мене, не ми треба никакво зелено светло, од било кој, за она во кое верувам. Ниту пак планирам да измолувам согласност.
Јас, а и оние кои имаат сличен став ко мене на темава, само се обидуваме да изнесеме што не довело до идејата и вербата во патриотизмот, како и каде ги гледаме позитивните нешта од истиот.
Ниту не тангира ко што не доживуваат оние кои не се согласуваат со нас, ниту нивното негодување може да ни ја ослабе вербата.
Во тоа е моќта на идеалот.
Поединецот му е ирелевантен. Сеирењето уште помалку.

Пак ќе повторам...Дали Братот, Серпико, Трн, Станко, Петко, јас сме прави патриоти, е ирелевантно.
Тука не сме ние како личности ставени на опсервација.
Тука се разгледува патриотизмот.
Убаво би било да се држите до него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom