Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Темава ја отворам во овој подфорум затоа што се фокусира на емоција/чувство, што е психолошка категорија.

Значи, лично сум убедена дека патриотизмот, односно чувсвото на припадност и љубов кон одредена земја/нација/народ е нешто вродено и сосема нормално.
Како што се идентификуваме со нашето лично име, со нашето семејство и сл. така се идентификуваме и со змјата во која живееме и народот на кој му припаѓаме.

Ок, не отсекогаш постоеле нации. Но, од денот кога човекот почнал да се собира во групи, од тогаш почнал и да се поистоветува со нив. Па, како се проширувале тие групи и се развиле до нација/држава, така и поистоветувањето на индивидуите се префрлало на нив.

Поради тоа, сосема ми е очекувана и нормална реакцијата да сакаш да ја заштитиш и надградуваш својата земја. Како што го штитиш и љубиш своето семејство, така си го љубиш и му посакуваш се најдобро на својот народ. И тука нема ништо лошо.

Имено, без осознавање и прифаќање на својот народ, не можеш да ги прифатиш ни другите. Исто како кога не се сакаш себе си, па не можеш вистински да ги сакаш ни другите. Дополнително, националниот идентитет е нераскинлив дел од нашиот примарен, личен идентитет. Кога го губиме националното чувство на припадност, губиме дел и од сликата за самите себе.

А, и космополити, или "граѓани на светот" не можеме да бидеме, без да бидеме прво луѓе на својот народ и земја. Затоа што без да се спознаеш себе си, не можеш да ги спознаеш ни другите.

Она што ме интересира пак, е вашето мислење околу тоа што всушност е патриотизмот? Дали воопшто постои како вродена емоција или е наметната измислица? Каде е линијата која го дели здравиот патриотизам од нацизмот?Дали може да бидеш и патриот и космополит?...итн.

едит:
Како дополнително прашање на темава, се поставува и: "Како да станам патриот?", или поконкретно:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2103325&postcount=192
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673
Каде е линијата која го дели здравиот патриотизам од нацизмот?
Во поднебје како нашево скроз непотребно е да се бара оваа линија од проста причина што никој околу нас не ја знае и не и се ни замара на истата,за нас кобна е не “патриотската/националистичка’’ пропаганда туку баш “космополитската’’ која не домкна до дереџе да сме “неизживиеани’’ во овој поглед и да се осеќа некоја заситеност од овие теми последно време.
Дали може да бидеш и патриот и космополит?...итн.
Мора да си патриот за да бидеш космополит,ако се пример за космополити Европските народи еве на пример да ги земеме Англичаните,тие се нели од дел од таа космополитска слика за која ние кукаме а ја немаме ни осетено патем,а воедно се патриоти кои душа ќе ти извадат за секој збор против нив како народ или нивната земја.

Нашиот пример кажува дека нашите “космополити’’ се само покондурени сељаци и ефтини платеници што може да ти кажат нешто во стил ’’Кур ме боли тоа е политика ја си глеам мене да ми е убаво’’ или “Без нато ке умреме з леб’’

Иначе патротизмот не е ништо вродено во правилен случај тоа се учи и се всадува во детето од рана возраст за да покасно не би излегло од него “космополит’’:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Patriotizam ti e koga ne se sramish od svojot narod , gi prifakash site negovi doblesti i mani kako svoi , koga ke se napies ke te naezi nekoja pesna ama koga nema da mu ja skrshish glavata na nekoj drug poradi toa sto on ne ja saka taa pesna ( toa e shovinizam i kvazi patriotizam koj se kosi so kosmopolitizam )

Jas znam koj sum i za sto mi igra srceto , znaci sum patriot a drugi patriotizmi postuem dodeka se umereni so potkrepa
se drugo e smesno i lupanje u gradi bez veze e totalno shit, necool i selski
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Биди патриот затоа што е фенси. Најкратка дефиниција општо за сите патриот4иња we. Неможе некој што до вчера си седел така со половиот му орган во рака, така ко гром од ведро небо да го удрило и да стане патриот, знамето во рака и да почне да го тупи со тоа како би ја дал душата за земјата си своја убава. Каде е тој патриот за време на војната? Во домата негова преубава, гледа вести на 50 инчен HD телевизор, пцуе за тоа што правеле некои си иксти личности за тоа време додека он така си седел по дома и си го дрвел.

Знамето како приказ за тоа што се случува. До пред некое време ретко кој имаше знаме по дома, но дојде време за протести и фраери одма земаа знамиња, јак штик македонштина на кило-гомнари.
Пример

Јас до пред протестите немав видено еден факинг коментар за тоа како тоа се сакала својата земја и како би душа дале одредени личности (сликава е онака чисто за пример земена, да не се вреѓаме одма)

Случајно одма на сите им се ствара онаа одбивност за одење во Грција, ама факт е дека сите сакаат да се ладат покрај таа морска вода, на тие песочни плажи и да ги служат екстра цицлести келнерки.

Квази патриотизам има ептен, такви ко што би рекол и еден обичен Пикисипи „до вчера комунисти, а денес слават празник верски„.
Ми се повраќа од сите квази патриот4иња кои гледаат дека поголема толпа народ се собира и прави нешто заедно, а зашто па да не би тие правеле такви работи??? Овци, ако фрлиш една овца во вода сите други по неа ќе рипнат.
Кај се бе сите овие патриоти што го тапацираат тука на форумот да отидат да служат војска, да бидат во први борбени редови кога би биле повикани да ја бранат својата држава? Сите тие вадат или потврди од факултет, или потврди дека се ретардирани. Ебати патриотизмот

п.с. очекувам да бидам вреѓан, колнет, дури и избришан од темава....ама ако нек се угоде за памет:)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Знамето како приказ за тоа што се случува. До пред некое време ретко кој имаше знаме по дома, но дојде време за протести и фраери одма земаа знамиња, јак штик македонштина на кило-гомнари.

Јас до пред протестите немав видено еден факинг коментар за тоа како тоа се сакала својата земја и како би душа дале одредени личности.

Случајно одма на сите им се ствара онаа одбивност за одење во Грција, ама факт е дека сите сакаат да се ладат покрај таа морска вода, на тие песочни плажи и да ги служат екстра цицлести келнерки.

Квази патриотизам има ептен, такви ко што би рекол и еден обичен Пикисипи „до вчера комунисти, а денес слават празник верски„.
Ми се повраќа од сите квази патриот4иња кои гледаат дека поголема толпа народ се собира и прави нешто заедно, а зашто па да не би тие правеле такви работи??? Овци, ако фрлиш една овца во вода сите други по неа ќе рипнат.
Кај се бе сите овие патриоти што го тапацираат тука на форумот да отидат да служат војска, да бидат во први борбени редови кога би биле повикани да ја бранат својата држава? Сите тие вадат или потврди од факултет, или потврди дека се ретардирани. Ебати патриотизмот
А зошто се труди некој за да иницира нешто, да разбуди нешто што се вика патриотизам, љубов кон земјата - ако епилогот на тоа не е масовно ширење на енергијата меѓу луѓето? Зошто некој би се трудел да побуди размислување на некои одредени теми доколку епилогот не би требало да биде токму тоа?

Ако имаш потврда од регистерот на Министерството за Одбрана, земи храброст за вакви коментари. Ако немаш, срам да ти е што вреѓаш на ќоро.

И слика од знаме ако ти требало Гоцка, имаш на google search: macedonian flag.
Сепак, тоа не е причина за бришење, не додавај непостоечка контроверзност на постот :smir:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Квази-патриот ми е исто што и квази-морал предрасуди :toe:

А зошто се труди некој за да иницира нешто, да разбуди нешто што се вика патриотизам, љубов кон земјата - ако епилогот на тоа не е масовно ширење на енергијата меѓу луѓето? Зошто некој би се трудел да побуди размислување на некои одредени теми доколку епилогот не би требало да биде токму тоа?

Ако имаш потврда од регистерот на Министерството за Одбрана, земи храброст за вакви коментари. Ако немаш, срам да ти е што вреѓаш на ќоро.

И слика од знаме ако ти требало Гоцка, имаш на google search: macedonian flag.
Сепак, тоа не е причина за бришење, не додавај непостоечка контроверзност на постот :smir:
Токму на ова мислев... не злоупотребувајте теми.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Точкест, не може секој што си ја сака земјата да го стрпаш во ист кош со некој кој се јача само на зборови, затоа што мисли дека сега тоа е ин и ништо не прави.
Како и се во животот, така и патриотизмот се покажува најдобро со дело. И кога велам патриот, мислам на луѓето кои со конкретни постапки покажале дека си ја сакаат искрено земјата. Оние за кои ти збориш воопшто не ги ни земам во предвид. Тоа се фејкери, за кои не дискутираме на темава.

Она за што дискутираме пак, е дали со патриотизмот се раѓаш, т.е дали воопшто постои како емоција, или е нешто цивилизациски наметнато вештачки. Потоа кога патриотизмот преминува во фанатизам и дали те прави по-отворен или по-затворен кон останатиот свет.

Знаеш, во заблуда си кога велиш дека денес е ин да си патриот. Не, кај нас е ин да си као широк космополит. Ама, како да се заборава дека кога не си прво Македонец, тогаш во светот упаѓаш ко особа без лице, без печат. И всушност, залудно се обидуваш да трчаш, пред да научиш да одиш.
Дополнително, целиот западен свет во кој младите, кул македонски дечки се крстат, е итекако изграден национално и има силно патриотско чувство. Затоа што секој Американец, Англичанец и сл. знае дека мора прво да се идентификува со примарната група, т.е својата држава/народ, а после и со целиот свет.

И она што велиш за тие кои тек сега стануваат као патриоти...На пример, се буташ со хамбургери од кога знаеш за себе. И еден ден, чичкото у бел мантил ти вика имаш запушени артерии и ако продолжиш вака ќе умреш за пола година. И опа, одеднаш стануваш свесен за важноста на здравата исхрана и се чуваш настрана од секаков џанк фуд. Така и со нив. Си ја сфаќале земјата здраво за готово и биле рамнодушни, се до денот кога помислиле дека некој можеби сака да им го одземе правото да бидат Македонци и да им се меша во националниот идентиет. И тоа ги натерало да го разбудат заспаниот патриотизам во себе. А, тука нема ништо лошо. Некој порано, некој подоцна. Важно е само да го почувствува тоа, па сега кога тогаш. Страшно е кога некој цел живот не го буди во себе тоа благородно чувство...Чувството на љубов кон својата родна грутка.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Не сум знамемафтач. Не знам патриотски песни. Не се палам на патриотски митинзи и јаки пароли ЗА МАКЕДОНИЈА. Ете, јебига, имам некоја аверзија кон тие ствари.

А за осеќајот на припадност и љубов кон својот народ и просторот на кој твоите предци живееле и гинеле, не може никој да го оквалификува како вештачки.
Јебеш га, овде сум израснал, меѓу овие луѓе. И мои се. Колку што јас сум нивен.
Нека ми преречат што не ја демонстрирам таа љубов многу на зборови и со симболчиња, амблеми, слогани итн, но никој нека не ми кажува дека не ја чувствувам. И дека не би застанал во одбрана на тие луѓе ако помислам дека се загрозени. Јас сум еден од нив. И сите вие заедно и поединечно сте Македонија.

Не ја прават татковината институциите, владите, партиите, или пак географската површина. Татковина е ткивото кое не' врзува како луѓе кои делат еден јазик, една традиција, едно име и една судбина.

Националист исто така не сум. Никогаш нема да бидам. Не сум способен да сакам апстрактен поим. Но затоа, знам кој сум, каде сум роден и каде припаѓам. И за мене тоа е сосема доволно.

Sith

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Како што знаеше да рече мојата најдрага професорка, патриотизмот се раѓа кога во државата има проблем или има надворешен конфликт, во моменти на војна и несогласувања. Патриотизмот се раѓа кога со другарите во некоја кафана некои млади момчиња ќе се напијат малку повеќе и ја величат својата земја, па велат дека ќе сторат се` за да го зачуваат тоа што го имаат, а утре не се сеќаваат на кажаното и се кријат од должноста да одат во војска или да ја бранат државата како што би требало секој патриот да ја брани.
Тоа се квази-патриотите за кои зборувате, тоа се луѓето кои сфатиле дека денес е модерно и трендовски да се биде патриот.

Наспроти тоа постојат личности што навистина влијаат насекаде и се обидуваат да изменат нешто за да го променат ставот на многумина (конкретно за спорот со името, интернетов е преплавен со меѓусебни кавги и препукувања), луѓе кои не седат само пред тастатура туку излегуваат надвор и навистина го покажуваат тоа што го чувствуваат, луѓе што се горди на сопствениот народ и не се срамат кога ќе разговараат со човек од друга националност да кажат дека се Македонци, не ја веднат главата пред сите понижувања туку достоинствено зборуваат за својата земја и своето потекло.
А такви може да бидат само патриотите што вродено го имаат тоа чувство во себе.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Точкест, не може секој што си ја сака земјата да го стрпаш во ист кош со некој кој се јача само на зборови, затоа што мисли дека сега тоа е ин и ништо не прави.
Како и се во животот, така и патриотизмот се покажува најдобро со дело. И кога велам патриот, мислам на луѓето кои со конкретни постапки покажале дека си ја сакаат искрено земјата. Оние за кои ти збориш воопшто не ги ни земам во предвид. Тоа се фејкери, за кои не дискутираме на темава.
Добро де, во сите нас има по еден фејќер. Мене уште од мали нозе ме пунеле со тоа како треба да си ја сакам татковината Македонија, макар и да умрам за земјата. Ама јебига, нема веќе војска затоа што се бунеа патриотите:)
А иначе станувам и давам аплауз за оние луѓе кои што се стварно патриоти(знам неколку за среќа па можам да кажам дека ги има)
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Да баталиме моди и фејкерство. Патриотизам е една не толку јака страна на современото Македонче.
Лично за мене можам да кажам, дека живеев, растев во време на транзиција (која сеуште трае) и која мене како на дете во развој ми наметнуваше само негативни тези/ствови/ и афирмации во врска со сопсвената земја. Дури немав ни некоја особено патриотски рсположена авторитет-фигура (било родител, било професор кој го почитувам) кои би ми наметнале некакво особено патриотко чувство.
Јас “растев“ со овие ставови за сопствената земја:
„Абе за што не бидува нас ние сме нискоморални, ние сме предавници“
„Имаме нечесна и неавторитативна власт“.
„Како народ сме покорни, 500 век сме биле под турско“... Ме разбирате... Тези кои не го јачаат моето чувство на љубов и почит спрема себе, својот народ, својата земја...И од мене не можи да се роди голем патриот, нажалост.
Затоа мислам дека патриотизмот треба да се јача, да се работи на него, кампањски да се поддржува...А народот пак, доволно да се истренира за да не дозволи во услови на парламентарна демокртија на власт да доведе влада кој наместо да работи на подигнување на национална свест и јакнење на интегритет ке доведе до предизвикување на чувства како омраза, предавство, деградирње на вредноста и слично.
Лично мислам дека не е вродено чувство. Оти ако на детето како мало му се кажува дека е грдо, дека не го бива, дека треба да се срами од себе колку овие работи и да не се вистинити тоа ке порасне со убедувањето дека тоа е така.
Така е и со патриотизмот.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ништо, треба сите да отидете на часови по историја кај Јорданка Паткович - професор по историја во Д.С.У.Г. „Никола Карев“ -Скопје.
Да видите како после одме ќе станете патриоти.
Како и да е патриотизмот во прв ред треба да биде потикнуван и индоктринацијата да ја вршат наставниците и професорите по историја.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ништо, треба сите да отидете на часови по историја кај Јорданка Паткович - професор по историја во Д.С.У.Г. „Никола Карев“ -Скопје.
Да видите како после одме ќе станете патриоти.
Како и да е патриотизмот во прв ред треба да биде потикнуван и индоктринацијата да ја вршат наставниците и професорите по историја.
Омилен и бев :kesa:
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Епа темава така да речам ептен ме копка веќе долго време.
Јас си ја сакам земјата,ке создавам во животов,дај боже,ке се трудам,индивидуално сепак многу малку можам,ке ја пренесам и на моите деца таа љубов...само се прашувам дали навистина постои патриотизам кај нас,или е тоа само чукање во гради?!
Епа кога Струга се исламизира по вештачки пат од СДСМ со територијалната поделба,кога во 2001 г. македонците патриоти бегаа од пушка,и др. настани јас сватив дека ние македонците сме го изгубиле онај вистински патриотизам развиван од турско време па навака,сме заоравиле што е вистински патриотизам и едноставно ова време-невреме не направи такви па дури дојдовме и во ситуација да се плашиме и за идентитетот.Сето ова ме плаши искрено и дај боже да дојде подобро време,зошто вака искрено не тераме далеку:nenene:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Омилен и бев :kesa:
Ah, lucky you:back:

И назад на темата...
Се некако сум убедена дека тоа е вродено, природно чувство, чиј недостаток е знак на некоја општествена девијација.
Кај секој од нас, би требало од раѓање да постои потребата да се поистовети со разни групи на луѓе, од најмалите како што се семејството и блиските пријатели, до оние поголемите како што е народот.
Едноставно, сознанието дека нешто е твое и дека ти си негов/а, по правило раѓа нагон да го заштитш истото. Што е ептен нормална реакција. И тука главниот посредник е љубовта.

За мене, патриотизмот е чин на прилично возвишена љубов. Кога кај некој недостасува, тоа значи дека на особата и фали една многу благородна манифестација на вродена емоција, која во случајов е љубовта.

Човек без чувство на припадност кон народ и нација, која е резултат на љубов кон истите, е човек со сериозна фалинка во личниот идентитет, а и во емотивниот склоп.
И тоа итекако го забележувам во нашата Македонија. Генерации без осет дека се дел од една земја, од еден народ. Што му доаѓа исто како генерации без свој печат, без свое лице.
Дури и се потсмеваат на патриотизмот. А, забораваат дека тој отсекогаш бил доблест.
Сонуваат за други земји, сонуваат за некој квази космополитизам, не забалежувајќи дека баш тие земји, кои ги преферираат, се итекако национално освестени.

Kvendolin, многу добро го лоцираше проблемот. Тој е во сржта на нашиот менталитет, наметнат од многуте години на туѓа тиранија, негирање и пред се асимилаторска пропаганда. И баш поради таквиот став, сега сме на ова дереџе.
Не знам како, особено младите, не го гледаат тоа.

Неопходно, ама неопходно е да се разбуди заспаното патриотско чувство. Негувано од семејството и образовните институции и подржувано од власта/државата.

Затоа што да си патриот, тоа е нешто благородно, големо, поголемо од животот.
Кога не си, тоа е срам за самиот тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom