Комедија бр. 7 -
Master of None на Netflix. Прочитав неколкумина што ја пофалија, ама за жал не прочитав ни еден што стигнал до крајот. Првите 2 сезони, со Азиз Ансари во главна улога се супер, се си беше таман, се си беше на место. На моменти и ова удираше повеќе на драма отколку комедија, ама не ми сметаше воопшто. Но...
Третата сезона е буквално ОЧОБОЛ! Претенциозна, крајно woke (за црни лезбејки е!), Азиз се појавува само 2 пати по неколку минути и во ниту една сцена нема грам хумор. Тотално ко друга серија да гледав. Всушност и друга серија е, не знам зошто го носи истото име. Цела среќа па само 5 епизоди беа, ама искрено едвај ги проголтав. Жива катастрофа, едно од најлошите нешта што сум ги гледал на телевизија. Па една The Walking Dead во најлошите сезони, кога почнаа да тапкаат во место и да се вртат во круг би можела да се опише ко masterpiece во споредба со ова. А и по тонот беа слични - ова демек комедија, ама повеќе накај трагедија маваше, вени да исечеш. Ужас! Не препорачувам никому!
Состојбата по 7 изгледани „комедии“:
Не е лошо, полека позеленува сликата.