Непопуларни филмски мислења

Член од
7 јули 2013
Мислења
1.794
Поени од реакции
11.741
Преценети се плачките за Ди Каприо што нема оскар.Да,тој е одличен актер и секогаш глуми добро,но тој никогаш немал улога во која тој бил брилијантен ко на пр. Леџер во Бетменот или Меконахи во Далас.Кога и да имал добра улога стално има некој кој одглумил подобро.
Поголема штета е што Бред Пит нема оскар,отколку Леонардо.

Не ми е јасно какo Shakespeare in Love доби оскар пред Saving private Ryan :facepalm:

The Green Mile>Shawshank
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Роберт Дауни Џуниор заслужува оскар и е подценет ради глумата во суперхеројските филмови а уствари ги шија 90% од актерите.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
The Simpsons ми е многу глупа ствар. Не разбирам, ми изгледа како да е правено за идиоти. Може порано било интересно, али само ако тоа порано било пред да биде измислен хуморот ко што го знаеме денес. Ужас, еднаш пуштив да гледам и ми беше глупо. Вчера пуштив пак, да му дадам друга шанса демек али џабе, не можам да издржам. Ужас.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
No Country For Old Man е крајно досаден филм на кој два пати му дадов шанса, ама не би го гледал пак. Сите го сметаат за ремек дело, ама освен Хавиер Бардем, ништо друго кај филмов не ми се бендисува.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не можам, ама навистина не можам органски да ги поднесам веќе филмовите за суперхерои. Не сум гледала ниту еден, нема да гледам ниту еден. :sick:

Не можам. НЕ МОЖАМ. :вонзем: :jajce:

Отвори некој сајт за филмови - некој нов филм за суперхерои. Отвори фејсбук - паѓање у транс за суперхерои. Не го можам, органски не го можам овој тренд и се надевам дека што поскоро ќе замине во историјата или ќе се намали снимањето на вакви филмови. :semolam:

Секој втор филм или серија е според стрип или суперјунак. Преку глава. :yid:

И сите, ама сите паѓаат у трансови, уау чоече, па бројат денови додека излезе следниот филм со суперхерој. На глава ми се качија со сите тие филмови и еве сеа последно со Дедпул или како и да се вика, no me interesa, само више да не ми искача пред очи.:vrtioci:

Уф, јако е кога конечно ќе може човек да си се искаже на раат.:pipi:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.492
Поени од реакции
87.398
Anchorman- The legend of Ron Burgundy е една од поглупите комедии направени од 2000 па навака... онаа оценка што ја има на ИМДБ би му ја преполовил, и тоа што ќе остане, пак ќе е многу.

П.С. Извини @TheWhiteMamba :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Anchorman- The legend of Ron Burgundy

Јас овој не го ни догледав. Се залетав со оценката реков, еј комедија ок оценка. Досада отепана ми беше. Глупоштиња од епски размер.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ако ви е за комедии, гледање само италијански со Марчело Мастројани, нема утка.
Овие новите комедии имаат многу лоша глума, лошо сценарио и некако имам осеќај дека не е филм, туку си на филмскиот сет кога се снимал филмот.
Најдобра комедија ми се трите дела од Sharkonado
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.492
Поени од реакции
87.398
The Big Lebowski е просечен филм, незнам што е фамата што некои го сметаат за култен, оценката на ИМДБ му е далеку од реална... али мислам дека Џон Гудман растури во филмот, единствената причина што ме задржа да не го исклучам филмот во првите 30 минути :icon_mrgr:

сега подоле во коментарите сигурно некој ќе го постира гифов ради ова што го напишав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom