Непопуларни филмски мислења

Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Pulp Fiction од што е безвеза три дена се тегнам дури да го изгледам цел, единствено со Миа беше колку-толку интересно.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Demolition е ретка врста на хипстерско ѓубре. Си има кул моменти филмот, па Гиленхал глуми, како да не би? Најголемата причина што овој филм е ѓубре е што почна да игра на карта емоции, со самото тоа стана претенциозен и предвидлив, пред се поради тоа што режисерот сака да го постигне ко завршен печат без да ни го каже низ дијалог на ликовите, што го прави претенциозен на квадрат. Тоа е филм кој што почнува начнувајќи го концептот за тоа дека Гилехал е психо кој гази се пред себе и не ебе жива сила, па ниту жена му, а завршува со тоа дека Гиленхал длабоко под површината на успешен инвеститор е само обичен човек од крв и месо, со срце кое пати на чуден начин. Па тука е процесот на прифаќање на реалноста дека е мртва кој нормално е прикажан преку кршење/дробење како метафора на тоа што точно се случува во главата на главниот лик. Човечката страна на Гиленхал е прикажана и преку дружбата со малиот кој е геј и човекот е тотално сто посто фокусиран на нивната дружба, додека жена му му беше превазиџена ствар. Тоталното разоткривање на ликот кој требаше да биде ѕверка, а излезе дека жена му е таа која што го варала, додека он бил само воркохолик кој пропуштил многу работи кои се случувале околу него, а не ги приметил. Па тука беше тужната музика и сцените од Џулија и сфаќањето колку му значела. Патетично.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.489
Поени од реакции
87.371
Според мене Once Upon A Time In The West >>> Било кој дел од Dollars Trilogy.
Да не ме разберат погрешно некои членови, трите филма со Дедо Клинт Иствуд се истотака ПРЕПРЕПРЕодлични ремек дела, али мислам дека Сержо Леоне со The West го достигна највисокото можно ниво на шпагети вестерните.

Бронсон и Иствуд ми се некако израмнети во глумата, али предноста секогаш му ја даваат на вториов ради тоа што глумеше во сите три дела од Dollars Trilogy, а Чарлс само еден.

Значи ќе повторам, сите овие филмови на Сержо Леоне се ремек дела, али за мене Once Upon A Time In The West е врвот. Капа доле :cuc:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
До пред саат време мислев дека Sin City е и долго време ќе ми биде најдосадниот и најглупавиот филм што го имам гледано а да е така хајпнат и да има таква оценка на имдб и да има собрано оскари додека не и стиснав Х на 3 часа и 15 минутната голгота наречена Apocalypse Now.

Што е бре ова?

Никогаш не мислев дека ќе го помислам и кажам ова за режисерот на најдобриот филм во историјата на кинематографијата ама Френсис Форд Копола е солидно преценет режисер да не кажам тапа.
Досадни и за нигде Apocalypse Now и The Conversation. За другите никакви филмови нема ни потреба да се коментира ни па да се гледа.

Фала за Кум и поздрав.
 
G

Gosh

Гостин
Fight club да го гледав пред 10 години т.е. у прва средно, да, ќе ми беше mind fuck...
Сега, досаден и лесно предвидлив, многу рано увидов дека е двојна личност.

Bane ми е подобар лик и негативец од Џокерот ( според филмовите за Бетмен ), неговата приказна и мотиви баш ми беа изненадувачки.

How i met your mother и The big bang theory се нај не смешни серии кои некад сум пробала да ги гледам, има илјада сит-коми кои се милион пати подобри, а не се толку комерцијализирани.

Тетовирање е толку глуп и досаден филм, особено крајот, значи страшно.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
The Amazing Spider-Man reboot-от е многу подобар од оригиналот. Единствената причина зашто добива хејт е пошто емоционални хомосексуални хипстери однапред одлучуваат дека „нивниот“ Спајдермен бил боље само пошто искочил прв и ги допрел емоционално кога биле дечиња и се палеле на суперхерои. Доколку двата би искочиле денес, сите би се согласиле дека поновиов е далеку боље и дава поквалитетен insight у Питер Паркер и тоа како треба стварно да изгледа вистинскиот Спајдермен, а не да се палат на Тоби Мегваер и неговата фаца која изглеа ко да ќе заплаче у секој момент пошто девојче го штипнало. Камоли коа би го каснал пајак што би праел...

Плус далеку поинтересен е новиот, приказната е многу позабавна за следење, а воедно и според мене бајаги се разликува од некои други superhero movies. Воопшто не ми го даде оној generic good vs evil булшит, туку фокусот многу повеќе е ставен на други работи. Штета што нема да има тројка, ебате хипстерите, за све сте вие криви.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.242
Поени од реакции
22.911
Се решив да го гледам Interstellar, гледам има одлични рејтинзи, мора да е добар или пак сигурно не е катастрофа.

Interstellar е без сомнеж најдосадниот филм што го имам гледано во живот. Беше толку досаден што не можев да го догледам до крај, се мачев повеќе дена да продолжам да го гледам од каде што застанов претходно но тоа беше невозможно и завршуваше исто - со мое успивање. Гледањето на филмот ми беше јадење сув песок.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Casablanca (1942)
Јбг, досаден ми е и предвидлив. :icon_mrgr: Едвај чекав да заврши само за да потврдам дека точно сум претпоставила како ќе заврши. Не ми беше ништо посебно.
Memento (2000)
Четворица го глеавме филмот и сите заспавме, а баш помислив дека добар филм сум одбрала. :unsure: Досаден и бавен. Можеби да беше сниман од почетокот кон крајот поинтересен и неизвесен ќе беше.
La La Land (2016)
Повеќето ми рекоа дека бил добар за тепање време, така што и не знам баш дали е непопуларно мислење. Дури мислам дека на тие што им се свиѓа, им се свиѓа затоа што е тренд да ти се свиѓа. Исто како што напнуваа(т) со Suicide Squad и 50 Shades. Номинацииве вриштат. Порадо би да си ги вратам тие 2 саати што ми отидоа во неповрат. Уште во средно ги имам изгледано сите филмови со главниов актер, затоа и едвај чекав да го гледам и... ништо.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.313
Поени од реакции
11.669
Го пуштам Мементо на времето, гледам и крвта ми врие онака по рацете живциве ти се кинат ,нервози те фаќаат ама го гледаш со надеж дека ќе се случи нешто.Издржав 40 минути и го исклучив.По 4-5 месеци пак исто заврши обидот за д го изгледам филмов.И конечно после 1-2 години седнав и решив да си ги искинам живците со филмов.
8.5 има на имдб :facepalm: :гомце:

Фајт клаб во топ 10 на имдб :tapp:

И арно ме потсети некој погоре, Апокалипс нау :pos:
ОМФГ
НАЈГЛУП ФИЛМ ЕВР
ДОдуша не го изгледав цел, ептен психичка спрема треба за онај долгометражен филм да седнеш да го изгледаш.

Инсепшн исто така мн преценет во рејтингов.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Departed, џабе толку добри актери на едно место, никад нема да е добар како оригиналот. Не знам што се случува со оценкине на имдб ама кој ги врти нив. Мартин не успеал да се сети на ништо и ај решил римејк па дури и нешто невидено било тоа што го направил.

Може актери нели? Ако може, тогаш, Адам Сендлер е ретардиран. Ама стварно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom