Неписменоста на форумот

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ти хунза си неписмен и нема шанса да се описмениш пошо ти поминало времето...Барем децава на форумот нека поднаучат нешто, ти си одамна заборавен од сите...
Иден „наставник“ Дами и Господа....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Е веќе сте ја отерале темав во три пм, интересно беше отпрвин ама веќе почнавте да си ги мерите кој има поголем.... аман, битно се разбираме. Се разбиравме и досега ќе се разбираме и од сега. Од грешките ќе учиме. Ајт :helou:
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Секогаш внимавам на правописни грешки како коЈ и коИ, едначење по звучност, не знам наместо незнам, интерпункциски знаци (обавезно), ама знам и да употребам некој србизам, англицизам, намерно да направам правописна грешка која ќе ја потенцирам со голема буква и слично. Се согласувам дека незаинтересираноста уште од мали години игра голема улога, како и околината.

Мислам дека најмногу ме нервира грешната употреба на интерпункциски знаци, поготово кога некој не остава празно место по секој знак. Уште потрагично ми е ако остави место пред знакот. И да, латиница сакс.

Инаку, „сè уште“ се пишува одвоено, барем јас така знам.

П.С. Гад блес Крусер што нè просветли за è.:smir:
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
Ја мислим, овај не! Не го мислим али го знајем, дека на овај форумов овдека треба да се ставља една оценка кој како го зборува уствари пишува, исто како шо го има дугме за репутација овие од власта треба да го даваат едно дугме со наслов 'оценувај го правописот' , или не, а море? Да видиш после сите има да пишуват бреее! Е, Нееее...!:vozbud:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Намерно е така напишано :)
Не сум неписмен ебате беља, така само се изразувам...
А тоа нема никаква врска со тоа дека ја го владеам нашиот јазик во секој поглед...
Како беше тоа.. го читав сигурно некаде: "за да го промениме светот (во случајов сега не/писменоста) треба прво да ја промениме кај нас"; e така МАРКО МЗТ ти немој да го правиш тоа намерно и да изиграваш фраер, нит тајтл, нит потпис нит муабет ти иде на ред, прочитај ги вториот и третиот пост на темава и се ќе ти биде јасно, без понатамошна дискусија.
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
1. Сеуште се пишува слеано, затоа што е МОДАЛЕН ЗБОР, а не е именски дел од глаголски прилог за да пишуваш одделно :wink:
Море Мартине, сè уште се пишит.Ак сакаш ќе ја прашаме Мујоска заедно па ќе виш :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
E шо бе... Некој на огриѓани ке им забрани да пишвет на охридски?
Достате, Македонија е полна со дијалекти, навикнете да живеете со нив или не го читајте форумов.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
На форумов 90% од времето пишам на охридски дијалект, со кратени зборови, со маалски сленгови и слично... Сепак, како дел од уредничката редакција на www.kajgana.com, морам да пишам на литературен македонски јазик... И не е нешо тешко или сложено, само требит да имаш тро акал да сврзиш два и два, и да си пазел на часојте по македонски во основно...

Намерните киксови и дијалектите ми се интересни и симпатични, а кога некој ќе се лизне мудрувајќи со „подценува“, или „за тоа ќе види ме“, е тогаш :pos2:.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
баш е убаво што си зборуваме на дијалекти, мене тоа не ми претставува никаков проблем... се додека се разбираме кој што сака да каже, е во ред...
и може да се научи по некој дијалект, што е плус за мене... :smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
На секој му се случува да згреши, да голтне буква, да не остави место или да напише сВати наместо сФати и не е ништо страшно се` додека не ги повторува истите грешки во секој пост.
Срамота е да не знаеш дека се пишува Македонија, а не Македониа, дека 3 самогласки не смеат да стојат една до друга или да не си слушнал за едначење по звучност.
Не дека мене ми смета кога ќе видам пост со еден куп печатни грешки, со лопата да ги ринеш, туку на него ќе му се одрази во иднина тој пропуст и необрнувањето внимание на часовите по македонски ј. во основно. :toe:

Додека вметнување 3, 4, 6, @ итн. наместо букви страшно ме иритира и ми е крајно идиотски. Како да не ни е доволна азбуката, па и со бројки ќе пишуваме. :/

Дијалектите пак, ми се многу нормална појава на форумов и воопшто не ми сметаат постовите напишани на дијалект, напротив, интересни ми се за читање.

Јас скоро секогаш пред да го испратам мислењето го препрочитувам, бидејќи ме иритира кога подоцна ќе приметам дека сум погрешила некој збор.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Ако речам дека сум целосно рамнодушен во врска со правописот на форумот, ќе лажам. Како најпрво би ја издвоил латиницата. Ок, разбирам има нови членови кои се прилагодуваат кон правилата, но едно не сфаќам... После одреден поминат рок (и веќе прочитаните правила) тие упорно си фураат филм. И да, ова важи за пние кои ќе напишат можеби доста квалитетен пост (истотака содржаен) а сепак кога ќе го видам во латиница, просто многу ретко се терам да го прочитам.
Истотака тука би го ставил и дијалектот кој се користи во истиот тип на постови. Да не ме сфатите погрешно, немам ништо против самиот дијалект (интересен ми е кога е вметнат како хумор) но во некоја озбилна тема ретко се случува да ме натера да го прочитам постот до самиот крај.
За 6,@,3,1,4 да не зборам...
И да... Ова нема врска со форумот (малку е надвор од темата) но честопати ми оди на живци користењето на странските (посебно англиските) изрази кои се користат дури и на високо ниво: (кејс = случај:tapp:)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
А што велите на мојот предлог, во иднина на темава да пишуваме зборови кои сме забележале дека се погрешно напишани и истите да ги постираме овде? Мислам дека на тој начин, можеме да научиме од сопствените грешки, наместо бесцелно и без поента да си ги бараме правописните грешки, сведувајќи ја расправата на лично ниво на неписменост. Дијалектот и правописот се различна категорија. Зборуваме за правилно напишани зборови.:smir:
П.С. Не е срамота доколку некој направил грешка или пак не знае како се пишува ова или она, срамота е доколку не сака да знае. Затоа, да престанеме да се величиме себеси како овакви или онакви правописни познаватели. Еве ќе наведам некои примери кои сум ги забележала некогаш напишани на форумов и не само на него, туку и на телевизиски реклами, во весници, учебници...
сваќа(роднинска врска) наместо сфаќа(во смисла на разбира).
сеуште, се пишува разделено со надреден знак над ,,се".
несакајќи се пишува не сакајќи(не се пишува слеано негација со глаголски прилог кој е препознатлив по тоа што завршува на јќи.
Идеја во еднина идеи во множина.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Мора да се сфати дека некој зборува на дијалект и дека некој не му е мајчин јазик македонскиот.Во други случаи можат да се опростат минимални грешки оти тоа што незнае човек да се изјасни незначи дека нема да каже нешто вредно.Мислам такви проблеми имаат новите членови и дека со време ќе се учат, барем дел од нивните грешки да ги поправат.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Прво препрочитај си го твојот пост, подразмисли, па кажи дали не треба секој да си купи Правопис.

Објаснувања:

1. Не се става запирка пред сврзникот ИЛИ.
2. Се уште се пишува оддвоено (со надреден знак кој за жал го нема во повеќето поддршки).
3. Не се користи запирка во овој случај.
4. Не се става запирка пред сврзникот И!!!
5. Потценуваш (не поДценуваш :nesvest:). Академски граѓани, а не слушнале за едначење по звучност :smir:.
лелееееееееееее,го известивте Груевски?во полиција што викаат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom