Можеби си викате само на форум е ова вака, во брзање, итање и што не, ама ќе дојде време кога некои од вас несвесно ќе почнат вака да пишуваат на училиште на писмена по македонски јазик.
Прва година и втора година средно (прва повеќе), се учи правописот темелно, со едначење на согласките по звучност, редување, испуштање на безвучни согласки и други поспецифични правила на македонскиот јазик. Не е потценување на некој да му посочиш каде му е грешката, срамота е ако тој што ја направил грешката не сака да запамети за друг пат да не ја направи истата.
Зборувате за 13-14 годишни форумџии. До средно образование стигнале, мали се тие да не знаат дека државата се пишува „Македони
ја“, а не „Македониа“? Не мора за тоа да го знаат правилото дека за зборовите од домашно потекло важи правилото помеѓу „и“ и „а“ стои „ј“. Незаинтересираноста според мене е главниот проблем.
Друга работа што ме нервира инаку, не на форумов, за говорниот македонски јазик зборувам, е акцентирањето. Не ве иритира и вас кога ќе чуете реДОВно, наместо РЕдовно? ГерМАНски наместо ГЕРмански?:jaj: И акцентот отиде јабана, ајде.....