Неписменоста на форумот

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Не видов негде ваква тема ,ако има споете или бришете...
Имено, страшно ме курчи кога ќе видам некој што нема елементарни познавања од мајчиниот јазик а се праи паметен или што ти ја знам што...Има секакви безвезни примери, ќе наведам неколку...

от наместо од
неможе наместо не може
несака наместо не сака
зат наместо зад
геогравија наместо географија
атмосвера наместо атмосфера
итн

Да се разбереме, има разлика помеѓу стилот на пишување и неписменоста...Ја на пример си зборам скопски и не ми е гајле, али кога е у прашање правописот тогаш се мора да е у најдобар ред...Разграничете го тоа, некој пишува на својот дијалект и тоа не му се замерува се додека не направи катастрофална правописна грешка...

Ова ми доаѓа како професионална деформација пошо сум на филолошки и стварно страшно пиздам кога ќе видам паметен пост,издржан,гледан од сите аспекти, но сепак со некоја грешка како овие погоре...Има доста паметни ликови на форумот и моја препорака е да си земат еден правопис од 50 денари, или па на нет ако има да побараат, и кога не се сигурни за некое зборче да си проверат за да не се бламираат...

Коментари од типот, не се гледа опаковката (во овој случај обликот) туку содржината се излишни бидејќи се се гледа и такви грешки може у старт да закопаат нечиј пост...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Со оглед на тоа што регистрацијата е слободна за секој, без разлика дали истиот има познавања од сопствената граматика или нема мислам дека немаш многу простор за побуни, нека ти биде тоа мерило за писменоста на тој што постирал.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Па да имаше тест пред регистрација на кој ќе се полагаше Македонски, Математика, Квантна физика, Нуклеарна Хемија, Историја на уметноста и за крај еден IQ тест ко за влез во МЕНСА ќе имаше 6 форумџии
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Па да имаше тест пред регистрација на кој ќе се полагаше Македонски, Математика, Квантна физика, Нуклеарна Хемија, Историја на уметноста и за крај еден IQ тест ко за влез во МЕНСА ќе имаше 6 форумџии
И сите ќе си ги заборавеа лозинките :pos:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Па нели се трудиме да задржиме достоинство на народ,се јачаме на сите страни да ни се задржи идентитетот, аа уу, а дел од тој идентитет е и познавањето на својот јазик...Ако не е и меѓу позначајните елементи од културата на еден народ, па емисии од ваков тип, трибини се праат а ние тука ко љангури да сме ?

Па не викам ја дека треба тест да се праи,сепак 12 години се учи македонски у школо и не барам познавања од рецитирање на Тешкото, али у последно време страшни ужаси читам , и ако не знае да пише како што слуша и изговара тогаш боље да не пише...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Имаш 19 години,значи сега си прва,или евентуално втора.
Сеуште под импресии од факсот,или таканаречената самопрогласена "професионална деформација",почна да отвараш теми.

Исто како Јован со темата за проверени извори.
Олади,тие грешки погоре,се навистина смешни грешки,и ако за нив ти треба правопис,тогаш мислам дека подценуваш многу форумџии.
Целата работа е,дури и ако некој напише коЈ место коИ (што е најчеста грешка),тоа не е никаква причина за нервози.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
На крајот од краиштата (леле ова ко класната шо ми беше) не се сите родени за правопис, некој е роден за копач а интернет случајно има па користи прилика јебига
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Имаш 19 години,значи сега си прва,или евентуално втора.
Сеуште под импресии од факсот,или таканаречената самопрогласена "професионална деформација",почна да отвараш теми.

Исто како Јован со темата за проверени извори.
Олади,тие грешки погоре,се навистина смешни грешки,и ако за нив ти треба правопис,тогаш мислам дека подценуваш многу форумџии.
Целата работа е,дури и ако некој напише коЈ место коИ (што е најчеста грешка),тоа не е никаква причина за нервози.
Потценуваш :devil3:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Имаш 19 години,значи сега си прва,или евентуално втора.
Сеуште под импресии од факсот,или таканаречената самопрогласена "професионална деформација",почна да отвараш теми.

Исто како Јован со темата за проверени извори.
Олади,тие грешки погоре,се навистина смешни грешки,и ако за нив ти треба правопис,тогаш мислам дека подценуваш многу форумџии.
Целата работа е,дури и ако некој напише коЈ место коИ (што е најчеста грешка),тоа не е никаква причина за нервози.
Прва сум , не е тоа муабетот, ја се курчев од тоа уште пред да се запишам на факс...Не ти барав психоанализа па да ми образложиш како размислувам него добра е темата(една, а не теми), а тебе ако не ти се допаѓа тогаш прескокни....Не можам да оладам пошо тоа е самодеградирање, се јачаме на толку страни а 80% не знаат запирка да стават или па нормално да перцепираат еден збор ...
Не ми треба мене правопис, на тој што пишал му треба, за да научи нешто појше...Утре ќе пишува апликација за работа и ќе напише нешто слично па курац што ќе го примат...



Потценуваш :devil3:
Апсолутно имењак...А може и намерно ја стаил за да ме курчи :)
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Имаш 19 години,значи сега си прва1,или евентуално втора.
2Сеуште под импресии од факсот,или таканаречената самопрогласена "професионална деформација",почна да отвараш теми.

Исто како Јован со темата за проверени извори.
Олади,тие грешки погоре2,се навистина смешни грешки4,и ако за нив ти треба правопис,тогаш мислам дека 5подценуваш многу форумџии.
Целата работа е,дури и ако некој напише коЈ место коИ (што е најчеста грешка),тоа не е никаква причина за нервози.
Прво препрочитај си го твојот пост, подразмисли, па кажи дали не треба секој да си купи Правопис.

Објаснувања:

1. Не се става запирка пред сврзникот ИЛИ.
2. Се уште се пишува оддвоено (со надреден знак кој за жал го нема во повеќето поддршки).
3. Не се користи запирка во овој случај.
4. Не се става запирка пред сврзникот И!!!
5. Потценуваш (не поДценуваш :nesvest:). Академски граѓани, а не слушнале за едначење по звучност :smir:.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Неписменоста не е само на форумот, туку на секаде околу нас. Се додека во секојдевието не се употребуваат основите правила на говор, не може да се очекува да се употребуваат на форум.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Прво препрочитај си го твојот пост, подразмисли, па кажи дали не треба секој да си купи Правопис.

Објаснувања:

1. Не се става запирка пред сврзникот ИЛИ.
2. Се уште се пушува оддвоено (со надреден знак кој за жал го нема во повеќето поддршки).
3. Не се користи запирка во овој случај.
4. Не се става запирка пред сврзникот И!!!
5. Потценуваш (не поДценуваш :nesvest:). Академски граѓани, а не слушнале за едначење по звучност :smir:.
Упс! :kesa:
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Види, можеш да ставиш запирка пред И, но само доколку е во улога на честица (најчесто при набројување).

пр. Ми се допаѓа и првиот, и вториот.

Во врска со темава, на форум најлесно се забележува неписменоста. Без разлика на професијата секој би требало добро да си го познава својот јазик.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Не видов негде ваква тема ,ако има споете или бришете...
Имено, страшно ме курчи кога ќе видам некој што нема елементарни познавања од мајчиниот јазик а се праи паметен или што ти ја знам што...Има секакви безвезни примери, ќе наведам неколку...

от наместо од
неможе наместо не може
несака наместо не сака
зат наместо зад
геогравија наместо географија
атмосвера наместо атмосфера
итн

Да се разбереме, има разлика помеѓу стилот на пишување и неписменоста...Ја на пример си зборам скопски и не ми е гајле, али кога е у прашање правописот тогаш се мора да е у најдобар ред...Разграничете го тоа, некој пишува на својот дијалект и тоа не му се замерува се додека не направи катастрофална правописна грешка...

Ова ми доаѓа како професионална деформација пошо сум на филолошки и стварно страшно пиздам кога ќе видам паметен пост,издржан,гледан од сите аспекти, но сепак со некоја грешка како овие погоре...Има доста паметни ликови на форумот и моја препорака е да си земат еден правопис од 50 денари, или па на нет ако има да побараат, и кога не се сигурни за некое зборче да си проверат за да не се бламираат...

Коментари од типот, не се гледа опаковката (во овој случај обликот) туку содржината се излишни бидејќи се се гледа и такви грешки може у старт да закопаат нечиј пост...

курчи- ме нервира
праи- прави
што ти ја знам што- што знам што
безвезни-невкусни
зборам-зборувам
али- но
у- во
се мора- мора се
у- во
пошо-бидејќи
стварно- навистина
пиздам- се нервирам
доста- многу
па- пак

Еден студент на Филолошки факултет кој претендира да стане иден просветител треба да обрне повеќе внимание на форумов, посебно кога отвора тема за правилно пишување. Ова е со најдобра намера. Инаку и јас сум за правилно пишување на македонскиот литературен јазик, но со исклучоци кога треба да доловиме нешто користејќи фрази, жаргони и сл. за вистински да го искажеме нашето мислење.:smir:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.588
Поени од реакции
2.617
Не видов негде ваква тема ,ако има споете или бришете...
Имено, страшно ме курчи кога ќе видам некој што нема елементарни познавања од мајчиниот јазик а се праи паметен или што ти ја знам што...Има секакви безвезни примери, ќе наведам неколку...

от наместо од
неможе наместо не може
несака наместо не сака
зат наместо зад
геогравија наместо географија
атмосвера наместо атмосфера
итн

Да се разбереме, има разлика помеѓу стилот на пишување и неписменоста...Ја на пример си зборам скопски и не ми е гајле, али кога е у прашање правописот тогаш се мора да е у најдобар ред...Разграничете го тоа, некој пишува на својот дијалект и тоа не му се замерува се додека не направи катастрофална правописна грешка...

Ова ми доаѓа како професионална деформација пошо сум на филолошки и стварно страшно пиздам кога ќе видам паметен пост,издржан,гледан од сите аспекти, но сепак со некоја грешка како овие погоре...Има доста паметни ликови на форумот и моја препорака е да си земат еден правопис од 50 денари, или па на нет ако има да побараат, и кога не се сигурни за некое зборче да си проверат за да не се бламираат...

Коментари од типот, не се гледа опаковката (во овој случај обликот) туку содржината се излишни бидејќи се се гледа и такви грешки може у старт да закопаат нечиј пост...
Ти марче на Блажета Конески Фнуче да не му си???:pos2::pos2::pos2:
едит:мене ме нервираат само кога пишуваат пост од пола страна,и ниту една запирка не ставаат.
Ај се по мое:)мене ме нервира ко че видам полојнастрана пишувано,а запирка ашш...:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom