Неписменоста на форумот

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Ако се потруди постов да ти биде литературен,тешко ти оди. :smir:

Јас вака на нет се израувам како што ми одговара или како што сметам дека ме разбира тој што ме чита.А кога се работи за нешто пишувано(писмена работа,поднесување молба,правење CV...) за такви работи нема мрдање,мора да биде крајно литературно :smir:
Воопшто не ми беше тоа поентата на постот... Што сега одеднаш сите гледаат кој како пишува а не содржината на постот?
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Не ми е јасно како бе луѓе не разликувате намерно грешење, т.е сленг и ненамерни правописни грешки.
Марко те сфаќам што те нервира неписменоста, и мене ме нервира многу ама како што можеш да приметиш, луѓето се малце чувствителни на таа тема. Значи, кој си ја има мувата на капата ќе ти прокака што си ја отворил темава, ќе ти продрви дека сите сме праеле грешки и луѓе сме, и ретко кој ќе си рече “Да, јас правам правописни грешки, треба да припазам малку како пишувам“. Сите ќе си речат “Се најде овој да соли паметен дека јас сум бил неписмен. Буљаш еден!“ Е во тоа е грешката, ама што се може тука.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
171
Поени од реакции
5
Ако сакаш граматички и македонски да се пишуваш тогаш твојот пост немаше да го започнеш со “ми курчи“, понатака неможеш ти да ја оценуваш писменоста или неписменоста со тоа што некој напишал “неможе или не може“, и никаде при регистрација на форумов немаше прашање, а и писменоста не се оценува со правило или погрешно пишување, си ги згрешил поимите:uvo:
п.с. знам луѓе кои направиле многу во научно поле, но секак кога ке ми пишат електронска пошта не пишуваат граматчки правилно.... значи и тие се неписмени
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
мене повеќе ми смета латиницата отколку печатните грешки
ама што да правиш, ај убеди ги да пишуваат кирилица:nesum:
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Абе да ве спремам за тест. Ми го нервирате Марко...сеа тест ќе праиме..
ајде пример...Денез правеф тест по математика...не знаеф нишо...ама ја шмекнаф провесорката и она ми помогна окољу тестот!
пронајдете ги грешките...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Но, тоа не би бил вистинскиот јас :smir:
Па затоа сите пишуваат како што зборат во секојдневниот живот,никој со сила не може да пишува правописно и цело време да внимава.
Како можеш да бараш од сите да се изразуваат литературно и да не бидат свои,а ти да се правдаш дека сакаш да бидеш свој..
:jaj:

До средно образование стигнале, мали се тие да не знаат дека државата се пишува „Македонија“, а не „Македониа“? Не мора за тоа да го знаат правилото дека за зборовите од домашно потекло важи правилото помеѓу „и“ и „а“ стои „ј“. Незаинтересираноста според мене е главниот проблем.
Најмногу ме извадија од такт постовиве..
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2214136&postcount=63
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2213356#post2213356

Му повторуваш,и пак не те приметува....


Иначе мац...ти го спопикаа(извините на израз):nesum:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Епа писмени ај да ве видам пишувајте двестотини тристотини наместо двеста триста.

Е ебаве тоа Македоноидите (Фрле Стајл). У јајцето влакно да се барало....епа гес уат, јајцето е навремено избриченоооооооо
 
Б

Бат Елохим

Гостин
А што ако некој прави грешки??? Ќе те зезне нешто у муабет поштено.. и ти од немајкаде онака... писмено ќе му кажеш: Бркај работа бе неписмен еден!!

Многу фраерски писмено нема што!!
:tapp:
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Не ми сметаат толку ситните грешки во правописот, битно е поентата на постот да ја сФатам.:)

А многу се нервирам кога некој член ќе напише километарски долг пост без празен ред помеѓу.:jaj:
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Епа не го бива секој. Затоа сме и сите различни, некој повеќе научил некој помалку.
И луѓе не мешајте правописна грешна, со дијалект..Не значи ако некој пише на свој дијалект, не знае да пишува литературно. Ми смета некоја ептен голема грешка, за помалите не е страшно, се учи. :smir:
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Баш денес фатив на МТВ со оваа плавава постара водителка...на говорете македонски!...Збореше за МотоРцикл...значи Не е Моторцикл туку без Р... Мотоцикл :):)...многу ја сакам таа водителка срцка е...секогаш драматично ги доживува грешките у емисија :)..абе да ви кажам искрено...баба ми (Бог да ја прости)...често викаше кРомпир наместо компир. Пример: Бабо шо има за ручек денес...ке кажеше...кРомпир манџа Шмеки внучко. А ја копиљ...у прво оделение имав 5ка на раче за правопис и краснопис..и се праам паметен и викам на баба: Бабо кОмпир не кРомпир!...баба ми ми кажа...е добро де Шмеки...и то и то е за једење!...(RIP Бабо..)..така да...во однос на ова ќе кажам само околу темава...битно се разбираме...:):)
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Треба да си го чуваме јазикот и да се трудиме колку што е можно по правилно да го употребуваме барем во официјална комуникација.

Е сега, ако Мистичен при пишување на текст за на порталот пишува на дијалект, прави правописни грешки или слично, е тоа е сериозен проблем и можеме да се буниме и да бараме одговорност.

Но кога станува збор за форум, е тука не можете да наметнувате правила или да казнувате форумџии поради неправилно користење на јазикот. Всушност и многу тешко би било спроведување на ваква политика. Тешко е да се контролира и модерира форумов вака а не пак ако ги додадете и правописните грешки.

Еве лично јас на пример на форумов пишувам и на стандарден (тоа е зборот, не литературен) македонски јазик, а и на охридски дијалект. За курчење пишам и на скупски, и на шмизлски со 4етвр4е, и на англиски на кирилица итн, итн... Али секогаш пазам на правописот освен кога намерно пишувам некој збор со потенцирање на пример - сТрам...
Имаш 19 години,значи сега си прва,или евентуално втора.
Сеуште под импресии од факсот,или таканаречената самопрогласена "професионална деформација",почна да отвараш теми.

Исто како Јован со темата за проверени извори.
Олади,тие грешки погоре,се навистина смешни грешки,и ако за нив ти треба правопис,тогаш мислам дека подценуваш многу форумџии.
Целата работа е,дури и ако некој напише коЈ место коИ (што е најчеста грешка),тоа не е никаква причина за нервози.
Кога некој се определил да студира нешто, тоа значи дека го сака тоа нешто. Кога го сака тоа нешто, го интересира се што е поврзано со него. Бидејќи го интересира понекогаш се труди и на другите да им наметне нешто. Некогаш тоа е добро, некогаш не.

Во овој и во случајот на Јован се работи за добронамерни примедби кои можат само да допринесат, а никако да одмогнат. Друг муабет е дискусијата за докажување паметност која подоцна се развива.

Темата на Марко е добар потсетник за оние кои подзаборавиле како го употребуваат јазикот или пак воопшто не обрнуваат внимание на тоа. Сигурен сум дека ќе има барем некаков ефект, ако ништо друго некој ќе подразмисли на неа.

Темата на Јован беше исто така добронамерна. Се работеше за тоа како некој може многу лесно да ве направи будала а вие и да не го почуствувате тоа, туку уште и фала да му речете.

И така ви велам, заладе времево... :tv:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.920
Поени од реакции
50.663
Пред некој ден си најдов еден од постарите постови и ми идеше да барам бришење на профил :) абе ни простор меѓу зборови ни запирка ни точка ни прашалник ништо!!!(па ни поента немаше пустиот али ај):)
Иначе се трудам пишаното да биде што по сватливо и граматички правилно, признавам дека правилата сите не ги знам точно, т.е ги имам заборавено ии знам дека и овде имам гарант утнато нешто.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сметам дека треба да се припазува. Јас гледам ако не друго да пишувам што е можно поточно, што се однесува на правописот. Некогаш пишувам на стандарден јазик, а некогаш си пишувам на скопски, во зависност од момент и расположение. Ама не е никој робот сите грешат, јас многу не наоѓам замерки кај другите, единствено нешто што навистина ме иритира е кога ќе прочитам сВатам, наместо сФатам. Е тогаш се вадам од кожа. Многу се нервирам, а не знам зашто. Другите грешки, повеќе - помалку, не ме тангираат, ниту нешто посебно се замарам со тоа, да бидам искрена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom