Треба да си го чуваме јазикот и да се трудиме колку што е можно по правилно да го употребуваме барем во официјална комуникација.
Е сега, ако Мистичен при пишување на текст за на
порталот пишува на дијалект, прави правописни грешки или слично, е тоа е сериозен проблем и можеме да се буниме и да бараме одговорност.
Но кога станува збор за форум, е тука не можете да наметнувате правила или да казнувате форумџии поради неправилно користење на јазикот. Всушност и многу тешко би било спроведување на ваква политика. Тешко е да се контролира и модерира форумов вака а не пак ако ги додадете и правописните грешки.
Еве лично јас на пример на форумов пишувам и на стандарден (тоа е зборот, не литературен) македонски јазик, а и на охридски дијалект. За курчење пишам и на скупски, и на шмизлски со 4етвр4е, и на англиски на кирилица итн, итн... Али секогаш пазам на правописот освен кога намерно пишувам некој збор со потенцирање на пример - сТрам...
Имаш 19 години,значи сега си прва,или евентуално втора.
Сеуште под импресии од факсот,или таканаречената самопрогласена "професионална деформација",почна да отвараш теми.
Исто како Јован со темата за проверени извори.
Олади,тие грешки погоре,се навистина смешни грешки,и ако за нив ти треба правопис,тогаш мислам дека подценуваш многу форумџии.
Целата работа е,дури и ако некој напише коЈ место коИ (што е најчеста грешка),тоа не е никаква причина за нервози.
Кога некој се определил да студира нешто, тоа значи дека го сака тоа нешто. Кога го сака тоа нешто, го интересира се што е поврзано со него. Бидејќи го интересира понекогаш се труди и на другите да им наметне нешто. Некогаш тоа е добро, некогаш не.
Во овој и во случајот на Јован се работи за добронамерни примедби кои можат само да допринесат, а никако да одмогнат. Друг муабет е дискусијата за докажување паметност која подоцна се развива.
Темата на Марко е добар потсетник за оние кои подзаборавиле како го употребуваат јазикот или пак воопшто не обрнуваат внимание на тоа. Сигурен сум дека ќе има барем некаков ефект, ако ништо друго некој ќе подразмисли на неа.
Темата на Јован беше исто така добронамерна. Се работеше за тоа како некој може многу лесно да ве направи будала а вие и да не го почуствувате тоа, туку уште и фала да му речете.
И така ви велам, заладе времево... :tv: