Нашиот личен идентитет на форумов. Јавен или анонимен?

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Годините ми се јавни. Местото на живеење можете да го видите во социјалните групи на кои припаѓам. Името, слика, некои податоци за мене, мсн, скајп не е проблем ќе ви кажам ако ме прашате. Не сакам сама да го форсирам тоа, највеќе заради некои "безобразни членови", заради кои истите претходно ги избришав. Затоа си реков оној кој сака нека побара на профил, барем да знам со кого имам работа :)
На собирански не сум се појавила, сеуште сум релативно нов член, но тоа не значи дека ја исклучувам можноста некогаш да дојдам :)
Но и јас сакам да го издвојам приватниот од форумскиот живот, не дека нешто кријам или дека не сум онаква каква што се имам претставено на форумов, но форумов пред се' го користам за да научам или дознаам нешто ново, да видам како размислува потесната народна маса тука на форумов, да кажам некое мислење или став по некое прашање тука, а помалку за да форсирам нови познанства (иако како што реков,не ја исклучувам и таа можност. Не ми приоритет тоа, но ако испадне прилика зошто да не:wink::smir:)
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Со самото влегување кај мене на профил мојш да видиш од кај сум,како се викам,како изгледам.
Сум се појавила и на 2 собиранки и сум се запознала одделно со некои членови.
До пред некое време имаше и мој мсн на профил ама го тргнав.
Ако на некој посебно го интересира нека праша вака не гледав причина да стои.
Има една слика во галерија и неколку на профил.
Спаѓам во првата група.
Не гледам причина зошто да сум анонимна.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.081
Нема фајде од некој да знае каде живееш, години, како изгледаш, etc.
Не е форумот dating agency, right?
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Ист сум и на форумот и во реален зивот, еден идентитет имам, и нема да го кријам , што е тоа е, и сите информации дури и телефонскиот бр, мозе да ми го најдат меќу членовите:helou:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.455
Здраво, јас сум Марјан и сум кајганахолик.

- (ехо: Здравооо Марјаааан!)


Јебешга, сакале или нејќеле, интернетот ни станува се повеќе дел од „вистинскиот“ живот. Таква ми е работата, а и поголемиот дел од моите пријатели се подеднакво присутни на форумов како и во живо. Немам причина да сокријам голем дел од податоците кои се однесуваат за мене на интернет, затоа што немам причина, ниту пак сум параноик. Повеќето од вас ме знаат во живо. Нормално дека не би го оставил матичниот број или моето домашно видео, но фотографии, име и презиме, моите лични ставови и основни информации за мене - не ми претставува проблем да ги споделам со било кого.

Дури играм фудбал со маичка на која пишува Acid (9) :icon_lol:

Океј, мора да признаам дека на аватаров пробав да го сочувам идентитетот со цвикерчиња (нешто како Кларк Кент), ама некако не ми иде :(
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Мојот идентитет на форумов е изгледа полу јавен хехехе. Зашто нема слики од мене, т.е. имаше и заради одредена причина ги избришав. Ме знаат кои ме знаат од собиранки и слични дружења. Немам потреба да ставам лични податоци не само на кајгана форум туку било каде на интернет. Има стварно мрднати кои може да се поиграат со мојот идентитет ради забава а мене да ми бидат ноќна мора - не фала. Единствен контакт е мсн-то и кое може да го пишат, зашто сметам дека треба да стои барем мсн, зашто ете има многу форумџии кои се интересираат за факултетот, песни некои, трудови или кои сакаат само да те прашаат нешто и да им помогнеш - зборам за оние со кои не се познавам. :helou:
 
I

InF3cTeD

Гостин
годините ми се тие шо се дадени,има некоја слика од мене на профил а тие шо ме знаат,знаат дека кај и да сум со кого и да сум секаде сум истиот расположен,спремен за смеење и на моја сметка ако треба :)
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Засега анонимен. Не гледам потреба да изнесувам мои податоци на форумот, бидејќи релативно не сум многу стар член на форумот, а кој сака да става податоци си е негово право.

Досега не сум бил на собиранки, бидејќи колку што се сеќавам последната скопска официјална (под официјална мислам објавена како важна вест кога ќе се логираш) беше само неколку денови/недели откако се регистрирав, а знам дека имало и некои други, ама не сум ги заприметил баш.
На некоја од наредните не ја исклучувам можноста да се појавам. :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Немам причина ништо да кријам зашто тој што сум тука сум и во приватен живот. Форумов освен како место каде може да искажам мислење, го гледам и како место за запознавање нови пријатели и токму затоа немам проблем со тоа да оставам мој мсн, да закачам по некоја слика и слично. Секако дека нема да си го напишам целото CV тука, ама се што е поважно си кажувам.:)

Тие што сакаат да останат анонимни секако не ми пречат, нивно право е да кажат толку колку што сакаат. Сепак повеќе сакам кога разменувам мислење со некој за кој колку толку знам нешто и не гледам причина за преголеми мистерии.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Pa... ne se pojavuvam na sobiranki..no ne deka nesto se krijam ili od nesto se sramam...tuku ednostavno tie sto treba me znaat za drugite i ne mi e bas gajle..:pipi:
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
На форумов има два вида членови.

Едните се форумџии со јавен личен идентитет. Ги имаат кажано своите лични податоци (кој повеќе, кој помалку), имаат оставено слики на профилите или во галеријата, се појавуваат на собиранки, се дружат со дел од форумџиите и слично.

А останатите се лица кои се тотално анонимни и со скриен индентитет. Никој не знае ни како се викаат, ни како изгледаат, никогаш не се појавуваат на собиранки, тотално анонимни се.

Дали на анонимните им е срам од околината што може за нив да каже па го кријат идентитетот? Или пак поопуштени се во постовите и се можат да кажат и онака никој не знае кои се всушност тие.
И дали оние со јавен идентитет секогаш се комплетно искрени и баш се кажуваат на форумов, знаејќи дека може од околината и пријателите да бидат осудени и негативно да влијае тоа врз нив. Дали некогаш се покаале што го кажале идентитетот?

Зошто сте избрале да го кажете својот идентитет или пак зошто дел од вас не го кажуваат?
Не ми срам. Ако некој ме праша кој сум, што сум ќе одговорам.
За собиранки, баш би сакал да дојдам. Не знам кога се, не приметувам дека се организирале, не дознавам на време... што знам.

На која тема се објавува дека ќе се прави собиранка? Има некојa во скоро време?

Еее... ако толку ви е мерак да ме видите, вие сaмо кажете.:toe::icon_lol:
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
секогаш сум тотално искрен и отворен
некогаш некои фаци од форумов ми имаат замерено за некои мислења и постапки ама тоа сепак сум јас
главно ме прекорувале администратори и модератори кои не сакале комплетно белиот образ да им се зацрни поради некој шо апла им плеска у фаца
кој шо го интересира за мене може слободно да ме праша
немам ништо срамно да кријам
а имав еден многу интересен случај пред некое време
имам другарка што е член на форумов
најинтересно е што кога ја прашав кој и е никот не ми кажа
рече дека тоа е приватна работа
ја сваќам дека може да си има некои посебни мислења што се срами или и е страв да ги каже отпрвен па можеби сака дфа ги тестира на форум прво:vozbud:
инаку не гледам цврста причина зошто би требало строго сите да си ги објавуваат податиците или обратно така да е праашање на избор
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Imam mnogu indentiteti taka da ne moze da se kaze koj e realen. Dali na ovoj forum dali na drug forum, dali privatniot. INaku mnogu malku clenovi go znaat moeto vistinsko ima na forumot i se nadevam deka nema da go kazat javno.
POZZ:helou::smir:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Јас имам оставено некои слики од мене на профилот.Нема зашо да се криеме на крај краева исто ти се фаќа дали тука ќе оставиш лични информации или на фејсбук или на хајфајв или било каде.Само разликата е што ова е форум и оставаш некои си свои мислења.Јас сметам дека нема ништо страшно ако оставиш некои слики.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Се повеќе и повеќе се намалува мојата анонимност имам слика оставено на дел од моето тело во ДНЖ социјална група :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom