Нашиот личен идентитет на форумов. Јавен или анонимен?

D

dh00|

Гостин
тој шо ме знај-ме знај...тој шо не ме знај-ако сака нека ме запознај :smir: не го кријам идентитетот...има слики од мене во албум:helou:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
јавно на форумот не го отквирам идентитетот :). Ако некој сака појќе да комуницира со мене ич не ми пречи се представвам кој сум шо сум ... ама јавно не :). Има на форумот неколку шо ме знат лично, ама не се многу :). Изгледа форумџите не гледат интересен чоек во мене :icon_lol:
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
Не сакам да го откривам идентитетот. Причината не е тоа што во реалниот живот имам други мислења а виртуелно други. Причината (без навреда) е што никогаш не знаеш кој чита податоци за тебе. Не ми пречи да се запознаам со некого се додека јас сметам дека тоа е во ред. Глупо ми е да пројде некој и да рече : ‘‘еее ене ја Rockfairy од Кајгана‘‘.:toe:
 
М

Мрак

Гостин
Мрак на форум.
Анита во реален свет.
Разликите што ќе ги споменам се за односи со луѓето. Вистинската Мрак е Анита. Вистинската Анита е Мрак. Кога сум сама, тоа сум јас Анита, тоа сум јас Мрак. Е сега..
Си кажувам што мислам, тоа што ми е во главата таму си стои. Дали на форум или во живо го кажувам истото е. Интересите истите се. Начин на зборување.. Мрак е поопуштена, Анита е постегната. Зависи. До ситуации е.
На форумов Мрак ќе одговори на темата некогаш и подолго, ќе филозофира.. Анита обично тоа не го прави кога зборува, не сакам да комплицирам. А тука, кога веќе има простор Мрак ќе си објасни се на долго и широко. Секако, ако Анита зборува со некој и отвори некоја тема ќе си филзофира, исто како на форумов, ама обично не комплицира толку.
Мрак е отворено девојче на форум, и Анита е отворена но и треба време да се опушти .. за кого како и со кого како.. Мрак и Анита не се разликуваат многу. Но сепак има разлики. Ајде бе, па потеко е да кажеш нешто отколку да напишеш. Затоа. Мислењата исти се, комуникација.. слична. Ако некој ме запознае, ќе ме смета за срамежливо девојче. Напомена : тоа е во присуство на многу луѓе. Кога сум сама со некого поопуштена сум и се отварам. Во голема група луѓе .. срамежлива сум јбг.. плус, сега со промените на стилот, самодоверба на 20% .. со теснине цевки фармерки и залепени блузи.. не ми е лесно.. Анита е по малку срамежлива. Мрак .. не е.

На форумов.. не кријам ништо за мене. Секој што се заинтересирал добил информации.. се сметам за дел од првата група. Не ги осудувам оние анонимните, андерграунд .. ги разбирам. Има потреба за комуниказија, сака да искаже мислење, тепа досада .. и се останува на тоа. Ок е.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
До некој степен спаѓам во првите,само што се`уште не сум кажала презиме и име на родители, матичен број, адреса...бла бла.
Исти ми се ставовите за све та биле во реален живот или на форумов свеедно ми е.
Исто и се запознавам со форумџии, не ми смета.. засега сите биле нормални што сум ги запознала така да...:toe:
Само мислам дека претерано пишување за приватниот живот не би требало да има, а инаку во ред е според мене..
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Многу луѓе што лично ги познавам се членови на форумов а они воопшто не знаат дека јас сум тој(бар до скоро незнаеа, сега кој како). :)

Штознам, првично бидејки можеше да се чита само кога си најавен, го напраив профилот да ги читам, сеирџиски...(ок де и да откријам некој тајни за истите:wink:), за сега да ме однесе во потполно друг смер форумов и да го користам за сосема десетта работа.
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
83
Поени од реакции
5
Moe mislenje e deka e podobro da se bide anonimen, a ke vi ja kazam i pricinata. Na forum se diskutira za se i sesto, a isto taka e poznato deka ima i sekakvi lugje.
Ima nekoi specificni temi sto se odnesuvaat na privatnosta na samiot clen. Ako sakate iskrena diskusija i iskreno mislenje, privatnosta mora da bide zastitena. Da receme nekoe loso seksualno iskustvo ili sekoj ima seksualni fantazii (ili fetish) koi ne saka da gi otkrie bidejki misli deka se cudni i ne bi sakal nekoj da doznae za niv, zosto narodot e takov, malku nesto fali za igranje majtap ili ogovaranje :). Od druga strana pak, istiot toj saka da znae dali ima nekoj drug kako nego. Na vakvo nesto nema da dobies iskren odgovor. Zatoa mislam deka forumot e poefikasen so anonimni clenovi.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Спаѓам во првата група на форумџии, што оставаат слики и горе-долу полични информации. Не сум се покаала за тоа, затоа што и кога би се случило нешто лошо, сама би си била крива. А немам што да згрешам, затоа што внимавам што откривам и што пишувам. Тоа што сметам дека е моја интима не го кажувам јавно, па никој не може да ми наштети на тој начин. А ако некој ми се замерачи, ќе ми наштети и без да ме знае која сум, па сеедно е. Одам по собиранки, се дружам со форумџии, оставам телефон ако некој ми побара и сл. Што знам, верувам во тоа дека треба сама да си го побарам лошото за да си го најдам, а прибидејќи не го барам, добра сум. :)
За тоа каква сум, би рекла скоро иста и тука и во живо. Тука многу построга дека никој не може да ми види со каква фаца пишувам, па често делувам лошо, а ни п ни л нема од тоа во реален живот.:)
За тие што се анонимни немам баш некоја посебна критика. Таквите најчесто се луѓе поврзани со политиката или во долги врски и бракови. Не дека не ми смета лицемерието и живеењето двоен живот, ама ако тоа е еднинствен начин да се забавуваат, нека им е.
 
O

Out Boy

Гостин
Паааа... спаѓам во втората група... Погодете од трипати зошто :pos: И вака, да се разбереме: не оти се срама од тоа кој сум и што сум, туку затоа што вака ми е ем полесно, ем поубаво. Не мора да глумам кога пишувам мислење, ниту некому да поднесувам сметки.

Е сега... неколкумина (ај да не речам ЕДЕН :pos:) од форумов, ме знаат целосно, оти имам целосна доверба во тие личности.

Ми се оди на собиранки, ненормално многу, ама има време и за тоа. А може скоро и во пар да дојдеме :smir:

А за оние што се од првата група...
...хм, тоа го почитувам. Само, неколкумина такви, кои оделе и на собиранки и слично, ми имаат пишано дека се каат поради тоа, оти на форумов не можат да се изразат целосно... се нешто мораат да премолчат. А јас така не можам да функционирам :toe:
 
M

MIL

Гостин
Ja su si so javen identitet i nema so da krijam mene mi e cudno duri i koa se javuvaat po nekoja emisija nekoj kazuvaat anonimen e :vozbud: smea me faka ziti se i so ako si kazam identitet i mislenje svoe niso samo si kazuvam sto mislam jas :pipi:
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Ja su si so javen identitet i nema so da krijam mene mi e cudno duri i koa se javuvaat po nekoja emisija nekoj kazuvaat anonimen e :vozbud: smea me faka ziti se i so ako si kazam identitet i mislenje svoe niso samo si kazuvam sto mislam jas :pipi:

Велиш дека идентитетот ти е јавен, а од тебе во галерии човек неможе ни една слика да најде, ниту пак се појавуваш на собиранки.
Не гледам што е тука јавно.Ти си брат анонимец.:pipi:
 

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Мој индетитет , моја работа.Има луѓе кои ме познаваат и кои ги запознав , ама својот индетитет никогаш не би го открила овде.Не дека имам нешто да кријам , туку од причина што мислам дека ова е сајбер свет , кој го разделувам од реалноста.Немаат ниту една допирна точка.:smir:
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
тии шо ме знаат ме знаат ,а тии шо сакат да ме запознаат нека кажат нема шо да криим..
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас не се сметам себеси ни како дел од една ни како дел од друга група.
Лични информации на форум и немам баш оставено освен мсн што порану имав ама тоа па и не го сметам за некоја особено лична информцаија, виртуелно си е виртуелно. Слики немам оставено и мислам дека нема ни да ставам. Единствено возраста ми ја пишува.

Од друга страна пак лично познавам добар дел од форумџиите, а дел од нив го имаат и мојот телефонски број, но тоа го сметатам за нешто сосема друго. Со форумџиите можеш да направиш избор со кого ќе се запознаеш и дали ќе го запознаеш со твојот живот или не. Но, изборот е твој. А кого имаш оставено податоци на форум никогаш не знаеш кој се може да ги прочита и искористи. Разликата е огромна.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.490
Поени од реакции
7.994
Мислам дека сум еден од членовите кој највеќе го има оставено својот личен идентитет на форумов. За 4 години членување имам оставено еден куп податоци за самиот себе. Има мнооогу слики од мене тука. Можеби не се прегледувани ко сликите на DQ ама си имам фанови :pos:
Поради тоа ми се има случувано во реалниот живот луѓе да ме препознаваат, да ми приоѓаат. Ми се има случувано луѓе со кои се дружам во реалниот живот да ми кажат, еј ти го читав мислењето на Кајгана и _______ (ме насмеа, се согласувам, дознав нешто ново, ме извади од патики...). Од активности меѓу форумџии, играв многу футбал, бев на пеинтбол, бев на Борат, имам роуд трип на струшка собиранка, престанав да ги бројам скопските собиранки :)

I am so in the first group. :pos:

A за луѓето од втората група. Ги разбирам.
Некои не се покажуваат со цел да го одвојат реалното од виртуелното дружење. Некои едноставно сакаат да останат анонимни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom