Мислам дека тие што го „кријат“ својот идентитет, едноставно, не го сфаќаат форумот воопшто сериозно, поопуштени се во искажување на своите ставови, не мораат да пазат што ќе кажат, само заради тоа што некој може да ги прекори во живо.
За ова баш ми е обратно некако.
Тие што не се откриваат јавно го сфаќаат форумов многу сериозно и имаат страв да не дознае некој кои се и што се и после да си ствараат проблеми.
А да ти кажам па и имаат право.
Особено оние што постојано се расправаа во политика и вести за националностите. Оние што се препуцаваат во религија исто..
Не знаев колку е важно некогаш да си анонимен се додека не изникна
темава.
Тогаш сфатив дека ако сакаш да се лупаш у гради за сите твои ставови, подобро е да си анонимен зашо никогаш не знаеш кој се може да има спротивно мислење на твоето и да ти замери па да сака да реагира на тоа фејс ту фејс.
Првин сакав да бидам анонимен Дарк Кинг а у незнам што али една членка ме откри и крај на мистериозноста.
не, не..
Ти се трудеше да бидеш анонимен, ама јас се запнав со сите сили да дознаам кој си
Инаку, не ми смета тоа што многумина ме знаат.
Се трудам да не запаѓам во конфликти што би можеле да ми предизвикаат проблеми во реален живот.
Ставовите ми се тие што ми се на форум, јез да многумина ми кажале дека различно ме доживуваат на форум а различно на собиранки.
На форум ме сметаат за лигла, шмисла, дека се облакала у розево шо знам шо...
И не ми смета ни тоа, податоци имам оставено(за регистрирани членови само зашто ме нервира кога некој упаѓа на мсн а не е член), така што секој може да ме адне и да си каже шо има да си каже.
Мноооогу луѓе имам запознаено преку нет, со некои сум ептен блиска, секој ден сме или на мсн или се глеаме.
Се ијам збличжено со членови шо сум била само на здраво, така да не ми смета јавниот идентитет воопшто.
Имав период кога ми дојде преку глава од се што се дешава на форумов и тогаш посакував никој да не ем знаеше зашо ќе ми беше полесен животот
ама научив да живеам со тоа и да не обрнувам многу внимание, така што сеа ми е сеедно.
Има многу интересни фаци тука за кои вреди да се биде комуникативен.