Настани, случувања, признанија... работи кои не прават да сме горди Македонци

Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Виното „Signature Merlot 2008“ на винаријата Камник добитник на златен медал за квалитет!

Винаријата Chateau Kamnik доби златен медал за квалитет за виното Signature Merlot 2008 на 9. Меѓународно оценување на вино „Vinalies Internationales de Paris“ што од 25 февруари до 1 март се одржа во Франција.

Од винаријата истакнуваат дека освојувањето на ова признание им претставува огромно задоволство, но и обврска да ја продолжат својата определба за производство на престижни вина со врвен квалитет, а со тоа и подобрување на целосниот имиџ на македонските вина.

Виното Signature Merlot 2008 е добитник и на златен медал на оценувањето Terravino 2011 во Израел. Куриозитет за ова вино е што е одлежувано во нови дабови буриња од француски и американски даб, кои во текот на созревањето се два пати заменети со нови. Тоа е ретко применувана и скапа метода на созревање – 200 проценти barrique.

Меѓународното оценување „Vinalies Internationales de Paris“ организирано од здружението на француски енолози, претставува едно од поважните оценувања на вино во светот кои редовно се одржуваат во Франција. Оваа година беа пријавени 3.500 вина од различни земји кои се значајни производители на вино. Според правилата на ОИВ (Organisation Internationale de la Vigne et du Vin), само една третина најдобро оценети вина може да се здобијат со одлика за квалитет, односно сребрен и златен медал.

Извор
Тоа не е кој знае каков успех за Република Македонија. Од 3500 вина 263 добија златен медал, а 719 - сребрен медал. Од 39 земји Република Македонија е една од ретките земји кои добија само еден медал.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Тоа не е кој знае каков успех за Република Македонија. Од 3500 вина 263 добија златен медал, а 719 - сребрен медал. Од 39 земји Република Македонија е една од ретките земји кои добија само еден медал.
Успех е меѓу 3500 вина да биде оценето како едно од најдобрите 250. Македонија сразмерно на бројот добиени медали учествува со најмалку вина.
Патолошка потреба да се релативизира нечиј успех, во недостиг на сопствен.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Документарниот филм „Името си е име“ отсега и на ДВД
Скопје, 19 април 2011 (МИА) - Документарниот филм „Име си е име“ чиј продуцент е Џејсон Мико, а режисер Исланѓанецот Сугурјон Ејнарсон кој живее и работи во Норвешка, отсега е достапен и на DVD.

DVD верзијата на документарниот филм „Името си е име“ во NTSC и PAL формат може да се набави преку интернет сајтот „Амазон“.

Продуцентот Мико вели дека на ваков начин сакаат да бидат сигурни дека филмот ќе се најде во рацете на оние кои ја креираат политиката во Вашингтон, Отава, Канбера, Лондон, Брисел и други главни градови, како и до локалните власти во помалите градови.

Докоментарниот фил „Името си е име“, кој веќе беше прикажан во многу земји, зборува за Македонците, нивната приказна и зошто името Македонија е многу важно за нив.

На промоцијата во Македонија во септември минатата година, режисерот Ејнарсон рече дека спорот на Македонија и Грција за името било провокација што го поттикнала да го сними филмот.

– Бев шокиран кога открив дека во централниот дел од Европа во 2010-та има конфликт. Голема, моќна нација негира друга, соседна и мала нација. Го негираат идентитетот и името. Ова е прв чекор на подолго одење, рече Ејнарсон.

Документарецот од 48 минути раскажува за Скандинавец кој доаѓа во Македонија и патува низ земјата со мотор, прашувајќи ги Македонците од сите слоеви, што значи да си Македонец и зошто името Македонија е толку важно. Наратор во филмот е сер Ендру Моушн, кој во Британија лани е прогласен за поет лауреат за изминатите десет години. Неговиот глас ја раскажува приказната за скандинавскиот патник кој не зборува пред камерата.

Филмот е насловен според истоимената песна напишана и изведена од Мортен Харкет, член на славната норвешка група „А-ха“. Песната е на неговиот солистички албум „Letter from Egypt“. Мортен и режисерот Сигурјон првпат ја посетија Македонија во 2007 година, кога учествуваа на светската конференцијата за меѓурелигиски дијалог во Охрид. Таму тие се заинтересирале за македонското прашање. Музиката за филмот е дело на повеќе странски уметници, а меѓу нив се и македонските Кирил Џајковски и Тоше Проески.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
http://dailygleaner.canadaeast.com/entertainment/article/1402409

My Top 10 favourite places to sleep around the world

St. Joakim Osogovski Monastery near Kriva Palanka, Macedonia, is a soul-feeding hideaway for an unbeatable price of about $7 a night.

4. St. Joakim Osogovski Monastery (e-mail svjoakimosogovski@mt.net.mk)

Where: Kriva Palanka, Macedonia

Why: Tucked away in a sea of hills and trees and containing a 12th-century church, this monastery is breathtaking, serene and scandalously cheap.

Cost: From about $7 per night
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
700px-Arena_Filip_Vtori_1.jpg 250px-Arena_philip_II.jpg

Nema da komentiram nisto na slikive. Samo ke i posakam na cela Makedonska nacija mnogu uspesi na ovaa arena i voopsto vo sportot.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.092
Волшебна Македонија“ на Трето Уво наградена во Италија

Филмуваниот проект „AMAZING MACEDONIA - Landscapes and sounds“ („Волшебна Македонија“) во продукција на Трето Уво, ја освои специјалната награда за особено квалитетен придонес во културолошка,
историска и амбиентална презентација на Македонија на 47-миот Меѓународен фестивал за туристички филмови што се одржа од 25 до 29 мај во Лече, Италија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/„volshebna-makedonija“-na-treto-uvo-nagradena-vo-italija
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Summer solstice kicks off summer
At an ancient astronomic observatory, two people stand on a rocky crest filled with astronomical markers at sunrise on the day of the summer solstice. The megalithic observatory Kokino, located about 62 miles northeast of Skopje, the capital of Macedonia, dates back 4,000 years and is ranked by NASA as the world's fourth-oldest observatory.


SUMMER SOLSTICE REVELS AROUND THE WORLD (PHOTOS)
A man uses a camera on a rocky crest filled with astronomical markers at the megalithic observatory of Kokino, Macedonia, soon after sunrise, early on June 21, 2010 — the day of the summer solstice.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Настанов деновиве се почесто се јави на гугл њус, некој ветеран се тужел со сопственикот заради поставување знаме во двор, во Мacedonia, Ohio. Конечно му успеало на старецот да се избори за право да го вее старс енд страјпс во дворот, имал и јака подршка:

What seems to have won they day for Quigley was an outpouring of popular support, not just from sympathetic fellow citizens but from people all around the world. His plight got worldwide coverage. He heard from supporters in London and in India. "I've gotten calls from Macedonia," the surprised retiree said. "I don't mean from Macedonia, Ohio. I mean from Macedonia."

http://abcnews.go.com/Business/fourth-july-victory-vet-fly-flag/story?id=13975134
--- надополнето: Jul 1, 2011 10:01 PM ---
Среде „Грција“....македонско девојче :cool:
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
значи, веќе општата јавност, знае што како...

Дејвис, новиот играч на МЗТ:

"I know there's a lot of history and architecture there. I'm anxious to experience the culture," said Davis. "They speak Macedonian, so I think I'm going to have to buy Rosetta Stone and see if I can learn some things." (y)

http://www.ktul.com/story/15013652/ous-cade-davis-signs-pro-basketball-contract

ПС; знам дека велат за речник росета стоун
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
12 годишна пијанистка од Македонија најдобра во Европа

Младата пијанистка Бојана Синколова со голема самодоверба го воодушеви жирито и стигна на врвот на млади таленти во пијано.

12 годишната Бојана Синколова е првата пијанистка во Европа. Пред точно еден месец Бојана на фестивалот во Италија во Валтедоне го освои првото место во свирење пијано.

Младата пијанистка со голема самодоверба го воодушеви жирито и стигна на врвот на млади таленти во пијано.

- Немав трема, имаше вкупно 15 деца, јас настапував последна. Иако многу вежбав не ми се веруваше дека имам освоено прво место, кога ми соопшти професорката бев пресреќна, раскажуваше за нејзиниот прв успех Бојана Синколова.

За успех потребно е вложување на многу труд, време љубов, вели професорката по пијано Станислава Поцевска. Секој успех води кон скалило погоре само со голема љубов кон пијаното.

- За успех е потребна напорна работа, дисциплина. Бојана има прекрасно домашно воспитување и тоа се должи за нејзиниот досегашен успех, објасни Станислава Поцевска, професор по пијано.

Фестивалот во Италија е еден од најпрестижните во Европа, трае од јуни до октомври, а Бојана е амбициозна со голема верба дека на нејзиното пијано ќе има уште многу награди.

- Јас сакам ова да ми биде мојата професија позитивно заврши со разговорот Бојана.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=77599

Sekoja cest devojce. Se nadevam deka ke imas golemi uspesi, mnogu nagradi i priznanija, iskreni prijatelstva
so golemi svetski muzicari i deka sekogas dostojno ke ja pretstavuvas svojata Tatkovina i svojot narod.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
на германската ТВ станица Феникс ќе се емитува мала документарка за Охрид

Скапоцености на светот - наследство на човештвото, Охрид - Македонија

PHOENIX-Sendeplan für Sonntag, 24. Juli 2011.
10:30
Schätze der Welt - Erbe der Menschheit Ohrid - Mazedonien

Der Ohrid-See in Mazedonien ist einer der ältesten und tiefsten Seen der Welt mit Pflanzen- und Tierarten, die es nur hier gibt. An seinen Ufern zeugen byzantinische Bauwerke und archäologische Kostbarkeiten von mehr als zweitausend Jahren Menschheitsgeschichte. Theater und Reliefs aus der Antike, frühchristliche Mosaiken und prachtvolle Fresken bieten eine Zeitreise zur Entstehungsgeschichte der Massenmedien.
http://www.finanznachrichten.de/nachrichten-2011-07/20865591-phoenix-sendeplan-fuer-sonntag-24-juli-2011-tages-tipps-13-00-havichhorster-gespraeche-20-15-im-reich-der-tiefe-erstausstrahlung-21-45-die-thems-007.htm
 

Kajgana Shop

На врв Bottom