Настани, случувања, признанија... работи кои не прават да сме горди Македонци

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Етно музеј на само седум метри квадратни

Зоран Јованоски Коментари (0)
26.09.2010 15:36

Најмалиот етно музеј во светот од селото Џепчиште деновиве привлече многу туристи, како единствено место во полошкиот регион кое е дел од Европската недела на културата.
Во куќата на Симеон Златев - Моне, на само седум метри квадратни, живее минатото. Тука тој има изложено околу 2.000 предмети, фотографии, носии, оружје, украси, садови, алати, секој со своја приказна за потеклото, традицијата и фолклорот.
„Во овие „Европски денови“, поканети се училиштата, поединците, организациите бесплатно да го посетат музејот и да се запознаат со експонатите од нашето минато и своите корени, бидејќи без корени ние не сме ништо“, изјави Симеон Златев Моне, „Најмал етнолошки музеј во светот“.
Туристи, ученици, амбасадори, посетители од цела Македонија, го слушаа Моне кој со љубов раскажува како предметите се нашле во неговиот музеј.
„Не дозволил прашината на времето да ги покрие сите овие предмети кои што говорат за минатото“, вели Лилјана Филипова.
„Функцијата на овој најмал музеј на светот, е во што помал простор да се сместат, што повеќе експонати, не само по број туку и по квалитет, по значење“, рече Ѓорѓи Филипов.
Во дворот, Моне покажуваше како некогаш се изведувале смоларењето и грнчарството, занаети кои изумираат.
„На овој бор се вршело смоларење, во керамичкиот предмет каде течела смолата и удирала во дрвените браници. Грнчарските работи се од нашите грнчари од Блаце кои биле прочуени не само во Македонија туку и во Југославија“, додаде Симеон Златев Моне, „Најмал етнолошки музеј во светот“.
Најмалиот етнолошки музеј во светот, со експонати од 8-миот и 5-тиот век п.н.е. до почетокот на минатиот век, конкурира во Гинисовата книга на рекорди и има огромни шанси да се најде во неа.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=127922
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Браво за Весна
(благодарност до Platoon за инфото)

Македонка создаде софтвер за лекување нервни болести

Весна Прчковска докторираше во Холандија на нова софтвер-алатка која треба да помогне во дијагностиката и лекувањето на нервно заболените. Успехот на Прчковска деновиве го одбележуваат и холандските медиуми

Дваесет и осумгодишната Македонка Весна Прчковска одбрани докторски труд на Универзитетот за технологија во Ајндховен, Холандија, за нов софтвер за полесно прикажување на мозочните влакна. Новата алатка треба да помогне во дијагностиката и лекувањето на нервно заболените. Успехот на Прчковска деновиве го одбележуваат и холандските медиуми.

Софтверот, во чие развивање учествувала македонската млада научничка, би бил од голема корист при интервенции на мозочни тумори, како и за лекување на Паркинсоновата болест, мултиплекс склероза и други заболувања на мозокот и нервниот систем. Со негова помош и со апаратот за магнетна резонанса се визуализираат мозочните влакна, па потоа прецизно може да се определи проблемот кај болниот.

- Работевме на техника со која се реконструираат мозочните влакна, особено во области каде што тие се допираат или се прекрстуваат, проблем што досегашните техники не успеваа да го разрешат. Работевме на подобрување на квалитетот на сликите и на нови техники за визуализација - вели Прчковска.

Нејзиниот успех допрел само до мал број македонски научници. Дел од нив реагираа со објаснување дека не се работи за нешто особено револуционерно. За разлика од нив, проф. д-р Миодраг Врчаковски од Институтот за рендгенологија не само што го пофали успехот на Прчковска, туку и објасни дека новиот софтвер треба добро да ги покаже нервните влакна, по што нервохирургот ќе знае каде точно треба да работи со електродите, кога го оперира болниот.

И академик, проф. д-р Горазд Росоклија, кој работи на Универзитетот во Колумбија, вели дека работата на Прчковска треба да биде мотив за младите.

- Нејзиниот пример може да биде стимулативен за младите во земјата - вели д-р Росоклија.

Прчковска завршила Електротехнички факултет во Македонија во 2006 година со просек 9,93. На проектот во Холандија се вклучила откако за него дознала на Интернет.

- Бидејки Техничкиот универзитет во Ајндховен е еден од најдобрите во Европа, решив да аплицирам. Ме повикаа на интервју и по некој ден дознав дека сум примена. Тоа значеше комплетна промена на мојот живот и селидба во Холандија. Проектот беше во соработка со уште еден голем универзитет од Делфт. Во Холандија докторските студиите траат 4 години, од кои 80 отсто од времето е истражување, а 20 отсто - учење. Системот е многу поинаков од кај нас - вели Прчковска.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Malku postara vest:

Италијанско вино наречено „Пред дождот“
петок, 12 ноември 2010


Во чест на македонскиот филм „Пред дождот“ именувано е квалитетно италијанско бело вино „Прима дела пјоџа" од бербата 2009



Виното „Прима дела пјоџа“ кое беше промовирано минатата недела во Парма, се прави во винарницата на Салво Фоти, енолог и винар од областа на планината Етна на Сицилија. Специјалното вино од бербата 2009 година е наречено по најуспешниот македонски филм на режисерот Милчо Манчевски, кој пред 16 години во Венеција го освои Златниот лав и уште девет други награди, а беше и филм на годината во Италија. На етикетата на виното пишува: „Во спомен на филмот „Пред дождот“, 1994, Милчо Манчевски, Скопје, Македонија“, а е парафразирано и мотото на филмот „Времето не чека, оти кругот не е тркалезен“.
Италијанскиот новинар и експерт за вино Марко Поцали е кум на виното „Пред дождот“, во соработка со винарот Фоти.

Според Поцали, виното „Прима дела пјоџа" е создадено од сортите грозје кариканте, греканико, минела и ризлинг, кои се одгледани на лозјата на северната страна на Етна, во градот Бронте. Грозјето е обрано на 16 септември 2009, виното е зреено до 28 мај годинава, кога е собрано во шишиња. Произведени се само 400 шишиња од бербата 2009.

Манчевски, пак, истакнува дека е одлично што станува збор за италијанско вино, бидејќи нему му биле обмилени вината од Јужна Италија.

Филмовите на Манчевски се мошне популарни во Италија и имаат влијание врз италијанската популарна култура. „Пред дождот" е дел од школската лектира во предметот филмско образование. Фил мот „Прашина“, пак, во 2003 беше цитиран како инспирација за машката колекција на куќата за висока мода „Черути“.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=59664
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
„Колку и да се обидуваат реалноста на постоењето на македонскиот јазик не можат да ја променат. Македонскиот јазик е неизбришлив, постоел, постои и ќе постои се додека постои и последниот Македонец кој ќе зборува на македонски јазик“. -Изјава на вицепремиерот Васко Наумовски.

-Апелирам ваквите зборови да се преточуваат во дела! Бараме порешителна и похрабра надворешна политика! Доста ни е од безкичмењаци! :oeoeoe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Македонскиот пијанист Симон Трпчески во Париз го добил признанието “Златен дијапазон 2010“ за најдобра концертна изведба на компакт-диск.

Високата награда на нашиот виртуоз му беше врачена за неговото прво оркестарско це-де на кое ги свири вториот и третиот концерт на Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар и диригентот Василиј Петренко.
“Мислам дека овој месец не можеше да биде поубав. По дебито во Карнеги Хол, сега во Париз ја добив наградата „Златен дијапазон 2010“ за концертно ЦД на годината, што е една од најпрестижните награди воопшто во светот на класичната музика.
Навистина бев пријатно изненаден што бев номиниран во Франција каде што не настапувам толку често. Ова е едно фантастично заокружување на овој дел од моите годинашни активности. Сметам дека е ова уште една од оние работи што ќе бидат мотив за младите луѓе во Македонија кои заслужуваат да излезат на површината, а за мене секако ќе биде одговорност повеќе за сето тоа што треба да следи понатаму“, рекол Трпчески за Македонското радио.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/trpcheski-nagraden-so-“zlaten-dijapazon-2010“
 
H

HITCH

Гостин
Д-Р Душко Алексовски меѓу стоте најпознати научници во светот

Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, Велика Британија, го стави д-р Душко Алексовски на листата на 100-те најпознати научни работници во светот и за неговото дело му додели сребрен медал.

Предлогот за оваа престижна позиција потекнува од академик проф. д-р Дарио Сеље, офицер за врска меѓу ИФРАО и УНЕСКО, со поддршка на Светскиот Македонски Конгрес, а се должи на бројот на објавените стручни трудови со Импакт фактор во повеќе стручни научни списанија од областа на каарпестата уметност, бројноста на реализираните проекти и учеството на бројни меѓународни конгреси.

Македонскиот центар за карпеста уметност ќе биде прва светска институција која годинава ќе објави дека ги завршила истражувањата од областа на карпестата уметност на целата територија на својата држава Македонија.

Академик д-р Душко Алексовски е директор на Македонскиот центар за карпеста уметност и професор по археологија и палеолингвистика на државниот универзитет „Гоце Делчев" во Штип.

Во името на Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, сребрениот медал на д-р Душко Алексовски ќе му го предаде претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, а за неговите дела ќе зборува проф.д-р Надица Јурукова.





Браво! Нашите научници се навистина почитувани во светот!
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Three days in Macedonia
Independent since 1991, Macedonia sits squarely in the middle of the southern Balkans. Blessed with natural beauty, friendly locals (especially when compared to their more dour Bulgarian neighbours), and a meat-heavy diet to put Argentina to shame, Macedonia has suffered, unfortunately, from calling itself... Macedonia.


http://schteffi.blogspot.com/2010/11/three-days-in-macedonia.html
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Moжда ако го земат како критериум хетеросексуалниот секс ќе бидиме барем едно место погоре :icon_lol:
 
H

HITCH

Гостин
Го дочекавме и овој ден! :vozbud:

ПРВОТО МАКЕДОНСКО РАДИО ВО БЕЛОМОРСКА МАКЕДОНИЈА!!!

КЛИК за да ја слушате програмата во живо.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892


Мелбурн, Австралија
214a Station St
Thomastown VIC3074
 
H

HITCH

Гостин
Илиевска и Арсовски со бронзени медали во Ротердам!

Наташа Илиевска и Жарко Арсовски од КК Макпетрол освоија бронзени медали на силниот турнир Ротердам Опен на кој учествуваат каратисти од 41 држава.
Илиевска во конкуренција на 30 каратистки кои се бореа во категоријата до 55 килограми во мечот за медал ја победи шампионката на Јужна Америка со резултат од 4-0. Претходно Илиевска ги совлада Украинката Ирена Каминска со 2-0, Кристина Хофман од Германија со 3-1, а загуби во продолжение од Моника Вишновска од Словачка, повеќекратната првенка на Европа. Интересно, токму Вишновска „изеде ќотек“ од Наташа минатата година во Ротердам, како и оваа година во Париз, на силниот турнир Парис Опен.

Жарко Арсовски во категоријата +84 килограми освои бронза во конкуренција на 29 тешкаши. На патот до медалот Арсовски забележа еден пораз и четири победи, од кои последната против повеќекратниот европски и светски првак Спиро Маргаритопулос од Грција со 2-0 во продолжение, откако во регуларниот дел борбата заврши нерешено 2-2.
Браво!
 
H

HITCH

Гостин
Многу ми е мило дека некој весник го нашол и го интервјуирал човеков. Кога бев мала дедо ми ни раскажуваше за мангупот Леонид Јанков, нашинецот кој си терал мајтап со турците. Леонид бил прав Македонец, не се плашел од ништо, се борел сам против сите за Македонија:

Кога го обиколиле местото Ѓурин Дол, каде што претпоставувале дека се крие, Турците, мислејќи дека станува збор за цела чета, решиле да ги ликвидираат. А биле само тројца: прадедо ми, јатакот и курирот. Претходно дошле двајца од Богданци и се понудиле да учествуваат во битката, но Леонид ги избркал. Им рекол - бегајте! Турците не можеле да ја најдат скривницата. Во еден момент прадедо ми видел дека двајца Турци ги оставиле пушките и се качиле на една смоква отспротива скривницата да наберат овошје и да јадат. Леонид бил скриен во дупката и ги гледал. Тогаш, тој за да ги земе пушките и нивната муниција, ги убил. Турците чуле дека испукала туѓа пушка, се познавало по звукот. Почнала престрелка. Едниот, курирот или јатакот, не знам кој, загинал. Вториот тогаш ги кренал рацете и излегол да им се предаде на Турците, но според тоа што сум го чул, дедо ми го убил. Тоа е тоа што се зборуваше во моето семејство. Колку сето тоа е вистина не знам, бидејќи сведок на настаните нема. Имало многу Турци. Не знам дали биле 3.000 војници како во песната, тоа е претерано, но и 300 да биле - многу се. Од нив, според песната 300 загинале. Мислам дека и тоа е премногу, но барем 50 турски војници сигурно биле убиени. Леонид стрелал од различни места, за да создаде впечаток дека со него се многу четници. И тоа успевало извесно време, додека не снемал муниција - ни пренесува Румен.
Извор.
 
H

HITCH

Гостин
Виното „Signature Merlot 2008“ на винаријата Камник добитник на златен медал за квалитет!

Винаријата Chateau Kamnik доби златен медал за квалитет за виното Signature Merlot 2008 на 9. Меѓународно оценување на вино „Vinalies Internationales de Paris“ што од 25 февруари до 1 март се одржа во Франција.

Од винаријата истакнуваат дека освојувањето на ова признание им претставува огромно задоволство, но и обврска да ја продолжат својата определба за производство на престижни вина со врвен квалитет, а со тоа и подобрување на целосниот имиџ на македонските вина.

Виното Signature Merlot 2008 е добитник и на златен медал на оценувањето Terravino 2011 во Израел. Куриозитет за ова вино е што е одлежувано во нови дабови буриња од француски и американски даб, кои во текот на созревањето се два пати заменети со нови. Тоа е ретко применувана и скапа метода на созревање – 200 проценти barrique.

Меѓународното оценување „Vinalies Internationales de Paris“ организирано од здружението на француски енолози, претставува едно од поважните оценувања на вино во светот кои редовно се одржуваат во Франција. Оваа година беа пријавени 3.500 вина од различни земји кои се значајни производители на вино. Според правилата на ОИВ (Organisation Internationale de la Vigne et du Vin), само една третина најдобро оценети вина може да се здобијат со одлика за квалитет, односно сребрен и златен медал.

Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom