- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Kaко иницијатор на темава ги молам администраторите да ги бришат сите оф-топици и несериозни постови. Насловот е јасен и не е тема за шпекулации, лечење комплекси и не ти знам какви глупости! Ве молам да не одиме во погрешна насока.
Благодарност до сите :smir:
Oтворен македонскиот павилјон на Шангај Експо 2010
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и заменик-министерот за економија Методија Хаџи Васков денеска свечено го отворија павилјонот на Република Македонија на светската изложба Шангај Експо 2010.
На отворањето присуствуваа и членовите на парламентарната група за македонско - кинеска соработка, Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми.
Националниот комесар на Република Македонија за Шангај Експо Хаџи Васков на членовите на делегацијата им го претстави просторот во македонскиот павиљон, дизајниран во форма на пчелино саќе испреплетено со мотиви од урбани средини и пејсажи од Република Македонија, што во целост се вклопува со мотото на Експо 2010 „Подобар град, подобар живот“.
Претседателот Вељаноски во Шангај се сретна со потпретседателот на Народна Република Кина, Ши Џинпинг. На средбата Џинпинг искажа задоволство од постигнатото мошне високо ниво на вкупните односи меѓу двете земји, што ги карактеризира висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање.
- Убеден сум дека соработката меѓу нашите две земји на различни полиња уште повеќе ќе се продлабочува и ние сме подготвени да ги засилиме нашите активности. При тоа се надевам дека ваквите добри односи на сите останати полиња ќе придонесат за интензивирање особено на економската соработка, истакна претседателот на Собранието Вељаноски.
Потпретседателот Џинпинг истакна дека учеството на Република Македонија на Шангај Експо 2010 ја покажува почитта кон Кина, како домаќин на овој извонредно голем и значаен настан.
- Се надевам дека вашиот павиљон ќе постигне целосен успех и ќе ги покаже шармот и убавините на РМ пред светската јовност, рече Ши. Воедно тој нагласи дека кинескиот и македонскиот народ ги врзува традиционално пријателство, а односите меѓу двете земји се развиваат во различни области од заенички интерес, што се потврдува и со интензивирањето на меѓусебните средби на различни нивоа.
Претседателот на Собранието Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, беше гостин на свечената вечера што по повод отворањето на Експо 2010 ја приреди претседателот на Кина Ху Џинтао, а на која присуствуваа педесетина шефови на држави, претседатели на парламенти и влади.
Високите гости заедно ја проследија и спектакуларната програма, по што светската изложба Експо 2010 беше официјално отворена.
http://www.sitel.com.mk/node/14587
Се почесто да сме дел од вакви значајни светски манифестации , кои имат големо значење за претставувањето на Македонија на секое поле.
„Посеј па бери“ :smir:
...се надевам наскоро ќе видиме некое видео или слики од Македонскиот павилјон во Шангај....