Настани, случувања, признанија... работи кои не прават да сме горди Македонци

Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Наидов случајно на ова видео:

http://youtu.be/FZujFDs7uVo

Членови на бугарската партија Атака напаѓаат џамија.

и http://youtu.be/KIEXsYCpwgk

Бугарски нео нацисти (патем со знамиња на ВМРО...непрокопсани гадови што грдат свето име на македонскиот народ) напаѓаат заседание на Јеховини Сведоци.

Каква врска има ова со темава? Горд сум што сум македонец и што во мојата земја живее разумен народ а не крволочна хорда. И кај нас има слични прашања ама што и да е мислам дека македонците одбираат цивилизиран пристап кон решавање.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Boys basketball, the 2011-12 Marquette Blazers

Newcomer to watch: Pick a big guy, any big guy. Adeleke Solanke (Nigeria) and Jasmin Biberovic (Macedonia) are both 6-8, and 6-6 freshman Ryan Fazekas had college coaches wearing out a path to the Scholl Center during open sessions in the fall. "There's just a buzz," coach Donovan Garletts said. "Practices, even open gyms, the place is completely filled with energy." Garletts said Solanke, who was also looking at Detroit Country Day, has several scholarship offers in tow, including Loyola (Ill.), while Valpo has already offered Fazekas. Interest in Biberovic is just taking off as he wasn't with the team in the summer. "He's really skilled inside and out, and he's stronger than an ox," Garletts said.

Read more: http://www.nwitimes.com/sports/high-school/boys-basketball/boys-basketball-the---marquette-blazers/article_602292fc-cba0-5736-9b6a-41f8d2c82e5e.html#ixzz1e9i9NkKt
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Злато за Женскиот хор на МКЦ

  • Објавено: пред 2 часа
  • Прочитано: 104
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!

Женскиот младински хор при МКЦ, под диригентство на Сашо Татарчевски, својот 40 годишен јубилеј го збогати со освојување на две први награди на петтиот меѓународен хорски натпревар „Липањски звуци“, еден од ретките натпревари во светот за еднородни хорови, кој од 15 до 17 јуни се одржуваше во градот Петриња, Хрватска.
Нашиот хор се натпреваруваше во две категории, класичен хорски репертоар и фолклор, и во трка со останатите 18 ансамбли, меѓу кои беше и еден од најстарите и најдобри женски хорови од САД, хорот на универзитетот Харвард од Бостон, освои две први места.
Освен веќе реализираните концерти во Македонија и ова успешно претставување во странство, до крајот на годината се планираат уште два големи концерти на Хорот, со сосема различна програмска концепција, едниот посветен на македонските автори, а другиот со праизведба на нови композиции, пишувани специјално од композиторот Александар Пејовски.
Оваа успешна презентација на македонската хорска култура во странство се реализираше благодарение на соработката со Хрватска, поддршката од МКЦ како и со сопствени средства на хористките.


http://www.time.mk/read/00d6e211bf/1a60881026/index.html
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„A Great Macedonian“ - италијански режисер сними документарец за Македонец

Македонија | 26. јуни 2012 - 11:42
Италијанскиот режисер Ренато Џулијано сними документарен филм за Дејан Зафиров - македонскиот велосипедист кој има протеза ногата.

Share14
-„Дејан е голем македонски велосипедист. Сега е на пат за Франција. Тој патува сам, со својот велосипед и својата протетска нога. Дејан не знае што е страв, ама знае за неговата желба да ги надмине сите ограничувања, знае за својата сила и волја, за сите предизвици што си ги поставува. Во летото 2009 година, Дејан ги порази своите стравови и со својот велосипед тргна од Скопје, Македонија, срцето на Балканот, на долгиот осамен пат за Франција“, вели Џулијано.
Инаку Зафиров за две години поминал 14.300 километри на велосипед. Тој поминал 4 континенти - Европа, Јужна и Северна Америка како и Кина.
Документарецот за храбриот Македонец наречен „A Great Macedonian“ има освоено многу награди досега

http://www.time.mk/read/46854d1295/e42869f6be/index.html
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Горд сум што работам работа за која треба само основно школо а ако треба секој да работи според струка треба да работам нешто што е далеку повеќе платено.
Горд сум што и покрај тоа што ова општество не ме интегрерира него ме отфрли сепак останав тука оти имав други појаки мотиви.
Уствари да си горд што припаѓаш на некоја нација (во конкретниов случај македонската) значи дека немаш на што друго да си горд, исто како што жениве се горди на своите адути иако тие им се дадени и не се нивна заслуга тие се родени со тие адути исто како што ние без наш избор сме родени овде и во ова време. Тоа е бедна гордост бидејќи не е наша заслуга.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Децата од Украина кои беа заглавени на „Ѓуешево“ влегоа во Бугарија

Децата од Украина кои речиси два дена чекаа на преминот „Ѓуешево“ на македонско-бугарската граница, ги добија неопходните визи за влез во Бугарија и го продолжија патот кон дома, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олександар Дикусаров.

- По интервенција на Министерството за надворешни работи на Украина детскиот фолклорен ансамбл доби бугарски визи. Украинскиот конзул ги придружува децата кои веќе влегоа во Бугарија и патуваат кон Романија, изјави Дикусаров.

Автобусот со кој 30 деца од Украина се враќаа од фоклорен фестивал во Македонија беше запрен на граничниот премин „Ѓуешево“ откако бугарските власти одбија да им дозволат влез во Бугарија поради неправилности со визите.

Како што изјавија водичите на групата за украинските медиуми, помош на децата им дале македонските погранични служби кои обезбедиле храна и вода, како и услови за одржување на хигиената.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F2BF361B4EA39540AF1F77523C4EA097
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Ги молам дечките кои се грижат за историјата да го архивираат текстод од „Фракфуртер алгемајне цајтунг„
Многу интересен и објективен текст за македонско/грчките проблеми.

Ќе преведам само еден интересен извадок/

„ Во април 1945 година југословенскиот диктатор Тито изјави во Москва дека неговата земја „првично„ нема територијални побарувања од Атина, но нема да се спротистави на евентуално обединување на грчките македонци со своите сонародници од Југославија.
Неколку месеци подоцна Тито побара обединување на сите македонци во својата земја. На париската мировна конференција во 1946год. Тито отворено побара и отцепување на егејска Македонија од Грција и незино припојување кон Југославија и конечно ослободување од грчкиот јарем.
Гркиот весник „Катемерини„ оваа офицајално го протолкува како официјлно објавување војна од 200 милиони словени.„


Повеќе во:

http://www.faz.net/aktuell/politik/politische-buecher/adamantios-skordos-griechenlands-makedonische-frage-330-vor-und-1949-nach-christus-11909439.html
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Огнен Трпески - Првиот македонец што ја освои Америка!

10. 10.2012 - 08:42:15

Дизајнот на младиот охриѓанец Огнен Трпески победи на изборот за најдобар дизајн и воедно стана заштитно лице на кампањата против глад која се организира во светски рамки.

Огнен заедно Крис Гарднер (писател на филмот “Pursuit of happines“ со актерот Will Smith) ја пушти во продажба новата колекција од 250.000 Корнфелкс производи со победничкиот дизајн кои треба да се продадат за еден месец.

Победничкиот дизајн освен на производите Корнфлекс, го има на огромни постери во маркетите низ Америка, а испечатени се и илјадници маици.

Главни спонзори на кампањата се екстра популарните Корнфлекс и синџирот на маркети Shoprite.

Огнен Трпески (Оги) е роден во Охрид а веќе подолго време живее во Парамус, Њу Џерси, САД каде што дипломираше и се здоби со титулата графички дизајнер. На македонската јавност, Огнен и е познат по своите песни и дуетот со Андреј ДНК кој беше објавен минатата година. Побарувачката за неговите креации нагло се зголеми по победата а веќе и од Македонија има заинтересирани клиенти кои сакаат да претстават нов визуелен идентитет и дизајн на своите производи.
автор: Нетпрес​
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Датум: 17.10.2012


МАKЕДОНЕЦ МЕЃУ ВОДЕЧKИТЕ СВЕТСKИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПАKУВАНА ВОДА

Пејкоф го остварил американскиот сон



И мајка ми и татко ми се родиле во Македонија, во Егејска Македонија. Јас сум роден во САД, живеам во Kалифорнија. Kога имав 17 години бев шалтерски работник во банка. Сега имам голема компанија, која на почетокот, пред речиси половина век, беше малечка, многу малечка и требаше многу труд за да се успее.

Вака накратко го опишува својот животен пат познатиот американски бизнисмен од македонско потекло Ендру Пејкоф, сопственик на компанијата „Нијагара ботлинг“, еден од најголемите светски производители на вода за пиење во шишиња, кој деновиве престојува во Штип. Kомпанијата имала годишен приход од околу една милијарда долари, а низ САД има девет фабрики за вода, а со инвестиција од 150 милиони долари в година ќе почнеле да работат уште три.

Kога зборува за бизнисот, Пејкоф, кој активно е вклучен во активностите на македонската бизнис-дијаспора, зборува англиски, а кога ќе го прашате за неговите македонски корени, одговара на чист македонски јазик. На реверот од палтото носи значка со државните знамиња на Македонија и на САД. Деновиве допатува од Америка и одржа предавање пред студенти и професори на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

- Мислам дека младите Македонци треба да го научат американскиот стил на претприемаштво. Во Македонија има премногу останати работи од претходниот систем, па на луѓето им е тешко да разберат како точно функционира слободниот пазар, кој се базира на поединецот, и дали ќе успеете или не, зависи само од вас. Веројатно тоа е и причината што малку странски инвестиции влегуваат. При моите досегашни средби со македонски бизнисмени заклучив дека тие се многу добри луѓе, но повеќето чекаат некој друг да работи за нив или тие да менаџираат со туѓи пари. Тоа е голема грешка. Менталниот склоп мора да се менува – вели Пејкоф.

Тој е оптимист дека работите ќе се променат и истакнува дека Македонија има производи што успешно може да ги пласира во светот.

- Македонија има одлични бизнис-можности, но ретко кој ги гледа. Земјоделските производи се многу квалитетни, но никој не ги извезува. Месото, особено јагнешкото, ајварот, конзервираната пиперка, доматот, сето тоа може да најде место на странските пазари. Одлични перспективи има и туризмот, но треба да се создадат подобри услови, а пред с` потребни се нови, ексклузивни хотели - смета Пејкоф.

Љупчо Шатевски

ИЗВОР


Официјалниот веб сајт на фирмата за вода niagara на Ендру Пејкоф

http://www.niagarawater.com/

.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
MACEDONIA DREAMING

Jazz-infused prog-rock heroes Leb i sol bring 30 years of prog-rock and millennia of Macedonian traditions to Australian shores for the first time.
Jason Kenny keeps time.


As close, tight-knit and homogenised as the worldwide music scene is these days, there are still pockets of unique sounds around the globe, a hidden secret sheltered by geography, political climate or ethnic musical influences. Leb i sol is one of those bands. They’d fared well outside their native Macedonia when they played around the world at CBGB’s in New York and Sheppard’s Bush in London. In Macedonia, they would regularly fill stadiums. But after 20 years, the band split in 1996 and went their separate solo ways. For bassist Bodan Arsovski, that meant delving deeper into Macedonian mythology and tradition, blending jazz and prog rock into his compositions. Leb i sol reformed for a 30th anniversary tour a decade later and rediscovered the chemistry. “At that time I had ideas that had to be carried out by Leb i sol,” Arsovski says. “One part of the band did not have courage to carry on with the story and those that were left knew that they would be dealing with very hard work, but with great support from the producer who believed sincerely in us.”

The reformed group found themselves in a very different political climate in Macedonia than the one they’d played in for decades. Those changes influenced things off-stage more than on. “In 36 years Leb i sol covered two political systems – socialist and democratic. The political order itself does not influence the music of Leb i sol, but the transition into democracy resulted in problems related to our work.” Arsovski describes EU borders being one reason concerts had to be cancelled. “On top of that, there were also the wars going on around us, and all that was in compliance with the 10-years long break of Leb i sol.” Part of the success of Leb i sol was their deep connection with Macedonian music traditions. The rhythms and scales are taken from tradition, but infused with jazz and rock to create the Leb i sol sound. “For millennia, civilizations from East and West have been mixing with each other and, in a way, it influenced the material and the spiritual life of the people. It is inscribed in our code,” he explains. “I believe that all those influences at the end provide a new quality of seeing the reality and the music is an ideal way for expressing that.”

Though music was all around him, Arsovski’s passion for music came from the British Invasion. Limited access to a radio meant he paid attention to what he heard. “My mother, father and even my grandfather often used to sing songs,” Arsovski says, “but the true motivation was in the ‘60s when I used to buy records by The Beatles, The Rolling Stones, The Who and the others. But the editions were very rare. At that time, at night, I would sometimes catch a new song on Radio Luxembourg, which was very important for us back then. Since it was not possible to record, the only thing that was left for us was to remember as much as possible from one listening of the song. Of course, when one could not remember everything in the head, different own versions of the original appeared. Those were very creative moments. Maybe that inspired the idea to make my own music.”

The reformed Leb i sol are modified from the original line-up. The current drummer, Mihail Parushev, was born the year Leb i sol released their first album. “The band’s sound was defined at the end of the ‘70s,” Arsovski says. “Numerous musicians participated in Leb i sol, [who] also made their solo careers after. In addition to learning for music and business, the creativity of each one of them introduced something new in the music of Leb i sol.”

Leb i sol will be playing the following shows:

Saturday 27 October - The Hi-Fi, Melbourne VIC
Wednesday 31 October - Sydney Harbour Boat Cruise, Sydney NSW
Thursday 1 November - Holy Grail, Kingston NSW
Saturday 3 November - The Hi-Fi, Sydney NSW
Sunday 4 November - The Hi-Fi, Brisbane QLD

Jason Kenny






ИЗВОР
.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Зоран Маџиров - Нов албум по орденот од баварскиот принц

Македонскиот џез музичар Зоран Маџиров, неодамна во Минхен од последниот баварски принц Мануел Први ди Нардо, доби орден за високи заслуги како оригинален и единствен уметник кој неуморно работи врз ширење на музичката културата низ целиот свет. Признанието се совпаѓа со неговата непрекината серија на глобални перформанси и посебно со завршувањето на неговиот нов студиски проект.
Печати
Испрати на е-маил
Оставете коментар
Размена:
Македонскиот музичар Зоран Маџиров.
Текстови на слична тема
Бoби Серафимовски повторно атакува на американските топ листи
Маџиров со нов албум
Културен туризам во Слоештица
Јубилејно издание на „Оф Фест“
Маџиров со својата поезија во поход на Америка
Големина на буквите

Љупчо Јолевски

11.02.2013
С
ветот денес е мал и преубав да се живее или да се твори само на едно место. Ова е животното мото на Зоран Маџиров, македонскиот уметник и светски човек. Со мобилност својствена само нему, во еден момент ќе ви се јави од Дубаи, за да потем го имате на Стариот континент и нималку не треба да се изненадите ако потем ви прати абер од Њујорк или од некое седмо небо.
Директно ги фасцинира мојата музика, мојата необична интерпретација и јас како човек и интелект. Искреноста допре до нивните срца бидејќи ние имаме километарски социјални, културни и цивилизациски разлики, така што тие ете спонтано се одлучија тоа да го добие еден Македонец. Сметам дека не само јас, туку и Македонија на тој начин деновиве е победник и носител на големо признание бидејќи уште еднаш пред светот и на светот му покажавме кој сме и што сме.
Зоран Маџиров, музичар.

Од таму, само оние што не го познаваат можеби првично се најдоа затекнати од информацијата дека пред десетина дена нашиот Маџиров доби орден за високи заслуги од последниот баварски принц Мануел Први ди Нардо и принцезата Астрид Прва Денглер во Минхен. Тој ова значајно германско признание го доби за посебни истакнувања во полето на музиката, како оригинален и единствен музичар, како и за неговото неуморно ширење на музичката култура низ целиот свет, и тоа во последните 25 години колку што трае неговата интернационална кариера. Притоа особено била потенцирана неговата порака дека уметниците, секој на свој начин, носат цивилизациска одговорност за правење на планетата Земја како поубаво место за живеење.
Приказна за македонскиот музичар Зоран Маџиров во германски весник. ​​
„Директно ги фасцинира мојата музика, мојата необична интерпретација и јас како човек и интелект. Искреноста допре до нивните срца бидејќи ние имаме километарски социјални, културни и цивилизациски разлики, така што тие ете спонтано се одлучија тоа да го добие еден Македонец. Сметам дека не само јас, туку и Македонија на тој начин деновиве е победник и носител на големо признание бидејќи уште еднаш пред светот и на светот му покажавме кој сме и што сме.“
Не е награда од натпреварувачки карактер. Тоа е награда за посебни истакнувања и заслуги во полето на музиката. „Битлси“, Џон Ленон, Пол Мекартни и другите најпрвин го освоија светот за потем кралицата да ги награди. Таа награда ништо ново и специјално ним не им отвори.
Зоран Маџиров, музичар.

Овој медал само ја продолжува низата на значајни општествени признанија во која високо котираат и она од УНЕСКО, а и златната плакета од Департментот за правда на САД кои Маџиров пред неколку години го оценија како „човек со невообичаени способности“.

Се разбира, сето ова нема да го смени неговото поимање на нештата и животот што го живее, ниту како на почетник ќе му донесе некаков договор за снимање на неговата музика, туку само наново ќе му ги наполни батериите и натаму стамено да го изодува патот на поодамна афирмиран музичар од кого бликаат врутоци на исцелителна музика и несекојдневна позитивна енергија.

„Не е награда од натпреварувачки карактер. Тоа е награда за посебни истакнувања и заслуги во полето на музиката. „Битлси“, Џон Ленон, Пол Мекартни и другите најпрвин го освоија светот за потем кралицата да ги награди. Таа награда ништо ново и специјално ним не им отвори“, вели Маџиров.

Тој објаснува дека во изминатиов период, по чинот на врачувањето на признанието, единствено она што се сменило се неколкуте интервјуа во влијателните германски весници како „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, „Ди цајт“, „Зи Дојче Цајтунг“, потем перформансите што ги имал на неколку репрезентативни телевизиски канали и дека на тој начин тој само ја збогатува сопствената изведувачка биографија.

Инаку, како што вели, според востановената динамика, тој покрај настапите во минхенски „Театро“ наскоро треба да свири, во Швајцарија, потем во Италија и така со ред сè до 27 април до кога е букиран во Западна Европа.

Но она што е посебно интересно е што македонскиот музичар, во паузите од своите настапи, го стокмил материјалот за својот нов албум, следбеникот на одличниот „Roots Оn А Roof / Balkano Nuevo“ (издание на продукцијата „Скопски џез фестивал“) чија концертна промоција се случи со несекојдневен артистички перформанс на „Оф-фест“ во 2011 година.

„Со сигурност новиот материјал ќе излезе оваа година. Искрен да бидам навистина е тешко да се најде време да се влезе во студио кога човек е постојано по турнеи, меѓутоа јас секогаш потенцирам дека денот трае 24 часа и има време за сè. Горе долу, ќе ми бидат потребни два до три студиски термина, еден убав микс и здравје Боже, напролет ете ме со новиот албум. Инаку, останувам во сопствената творечка идеја презентирана на „Корени на покрив“ каде што во центарот се Македонија и балканската музика“, вели Маџиров.
http://www.makdenes.org/content/article/24899180.html
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Овој Маџиров е големо сељачишта иначе. Другар го видел на улица во Виена како свири и му дошол демек да се поздрави дека интересно му е позната фаца (за него), плус македонец да види таму, и онака овој го направил дека е сељак, игнорирајќи го, иако не свирел во тој момент. Така да, ебате наградата.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Овој Маџиров е големо сељачишта иначе. Другар го видел на улица во Виена како свири и му дошол демек да се поздрави дека интересно му е позната фаца (за него), плус македонец да види таму, и онака овој го направил дека е сељак, игнорирајќи го, иако не свирел во тој момент. Така да, ебате наградата.
Те разбирам потполно но мислам дека Маџиров е човек кој е гениалец, таквите луѓе најчесто живеат во друг свет, па така најчесто реагираат сосема спротивно од онаа што би се очекувало од некој „обичен смртник„. Ваквите постапки секако не се пријатни и разочаруваат но сепак неможат да ја намалат генијалноста на ликот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom