Ај вака едно по едно:
За шутот на Simmons - мехниката на шутот и не му е така лоша на Simmons, проблемот е што се чини нема добро чувство за шут, а според мене тоа е најфаталната можна опасност за шутер. Ќе видиме. Има и доста сериозна теорија дека проблемот кај него е што шутира со погрешна рака (шутира со лева, а пишува со десна и скоро секогаш околу кошот завршува со десна). Шутот - work in progress. Остатокот од играта - ќе биде звер.
За Fultz: Искрено и за некој што секојдневно ја следи Филаделфија не ми е најјасно. Ни мене ни на никој друг. Има некоја повреда на рамото очигледно, ама исто така факт е и дека не е така фатална. Од друга страна факт е дека моментално тотално му е пореметен шутот, реално и не ни шутира никогаш освен од слободни кога мора. Проблемот е во тоа што шутот беше една од главните причини зошто беше #1 пик на драфтот. Без шут не е толку голем талент. Ќе видиме, загрижен сум, но не мора да биде ова фатално. Факт е дека во Јули за време на летната лига, шутот му беше нормален и Фулц си доминираше. Без шут цела игра му е пореметена, па ќе мора да почекаме. Еве сега ќе го одмораат најмалку недела време па ќе видиме...