НБА Сезона 2017-2018

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 април 2013
Мислења
2.770
Поени од реакции
4.267

Тренинг кампот заврши. Започнаа претсезонските натпревари во кои главните играчи кулираат и се штитат од повреди а оние последните се борат до петни жили за место во "15мината". НБА сезоната е спремна да започне!!! И време беше се изначекавме!

Не очекува возбудлива сезона, во која има доста промени во однос на минатата, многу од тимовите имаат драстично поразлична концепција и амбиции. Само едно останува исто. Голден Стејт повторно влегува ако апсолутен фаворит и иако на хартија конкуренцијата е поголема, се чини тие самите себе си се поголема закана отколку противниците. А противници има. Од стандардните Кливленд и Сан Антонио до новите сериозни играчи Хјустон, Бостон и ОКЦ. 6 екипи кои апсолутно се одвојуваат од остатокот на лигата која практично нема никакви шанси. Толку "top heavy" не се сеќавам некогаш да била НБА.

Како и секогаш за старт една кратка анализа за сезоната + прогнози :)

Анализата во продолжение...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
2.770
Поени од реакции
4.267
Исток

"Само титула и ништо друго":

Кливленд
- 52-57 победи
краток опис: Да беше 2010 ова ќе беше нешто како дрим тим. Но во 2017, ростерот повеќе делува како банда на тешко вклопливи карактери. Како Леброн ќе најде начин да ги склопи до 50 и нешто победи.
што ме интригира сезонава: Дали ќе рушат рекорди и во напад (позитивни) и во одбрана (негативни) со новата small ball постава (Love на центар Thomas на плеј)

Бостон - 50-55 победи
краток опис: Многу редок случај на тим кој бил онолку добар колку Бостон минатата сезона целосно да ја промени идентитетот на тимот. Irving, Hayward, Tatum го креваат потенцијалот на екипата, но ми се чини дека ќе им треба време да се уиграат
што ме интригира сезонава:

"Плејофот ми е надмината фаза, сакам нешто повеќе":

Вашингтон - 47-52 победи
краток опис: Одлична стартна петорка, минимални промени во однос на минатата сезона, пристојано здравје = гаранција за одличен старт и генерално добра регуларна сезона.
што ме интригира сезонава: Дали ќе го трејдаат Porter за Cousins.

Торонто - 45-50 победи
краток опис: Релативно стабилна екипа со изменета клупа. За жал лимитиран е потенцијалот, и некако немаат многу простор ни за нагоре ни за надолу (освен ако се исповредат)
што ме интригира сезонава: Ќе остане ли Valanciunas дел од тимот по трејд дедлајнот.

"Да влеземе во плејоф се друго е гратис":

Шарлот - 42-47 победи
краток опис: Длабочина, искуство, квалитетни играчи. Шарлот едноставно изгледа како сигурна плејоф екипа. Проблемот? Го немаат потребниот потенцијал за нешто повеќе, а и тука е Howard кој сезона по сезона покажува дека не знае сериозно да си ја сфати професијата.
што ме интригира сезонава: Malik Monk! Чудо од поентер или идниот Jamal Crawford/Lou Williams.

Милвоки - 42-47 победи
краток опис: Giannis и се е можно! Реално просечна екипа се иако имаат доста интересни и уникатни играчи (Giannis, Jabari, Maker, Henson, Brogdon, Wilson...). За да направат чекор напред, ќе мора уште некој од младите играчи да направи чекор кон ѕвездите.
што ме интригира сезонава: Thon Maker - уникатен квалитетен центар или изгубен во просторот.

Мајами - 40-45 победи
краток опис: Просечна екипа, без некој потенцијал, но со одличен тренер. Ќе влезат во плејоф, во слабиот Исток, но каде после тоа - не се знае.
што ме интригира сезонава: Динамиката меѓу Whiteside и Olynyk.

Филаделфија - 30-50 победи
краток опис: Најконтроверзната екипа во последниве години е на работ да стане најхипстерска екипа во лигата. Embiid е фантастичен талент, прашање е колку ќе остане здрав. Затоа е и невозможно да се прогнозира исходот на сезоната. Со него ништо чудно и да се победат над 45 натпревари. Без него, лотаријата повторно ќе биде утеха. А да, плус ги додаваат и последните 2 први пика на драфтот - Simmons и Fultz.
што ме интригира сезонава: Simmons-Embiid pick & rolls и воопшто Simmons - плејмејкерот со големина на центар.

Детроит - 35-40 победи
краток опис: Просечна источна екипа која е на раб на распад, ако нешто по некое чудо конечно не тргне во вистински правец.
што ме интригира сезонава: Дали SVG ќе преживее на клупата.


"Лотаријоооо доаѓаме":

Индијана - 30-35 победи
краток опис: Без George практично го изгубија и последниот остаток на идентитет кој го имаа. Транзициска сезона за нив, без особени амбиции, но ми се чини и без реални шанси за танкање (а Индијана и онака никогаш не би танкала).
што ме интригира сезонава: Дали некој ќе се покаже доволно за да му биде друштво на Myles Turner во идните сезони.

Орландо - 30-35 победи
краток опис: Една од понеатрактивните екипи сезонава. Нема да бидат катастрофа, почнаа пополека да градат некој идентитет со Fournier и Ross како шутери и Gordon и рукито Isaac на SF/PF околу Payton и Vucevic. Но едноставно немаат потенцијал за којзнае што.
што ме интригира сезонава: Дали Gordon конечно ќе направи чекор напред.

Бруклин - 25-30 победи
краток опис: Долга па до некаде и квалитетна бековска ротација + можеби најлошата центарска ротација која некогаш сум ја видел.
што ме интригира сезонава: Ќе го биде ли D'Angelo Russell или не.

Њујорк - 20-25 победи
краток опис: Крајот на Мело ерата конечно дојде. И време беше. Сега тимот може тивко да почне да ја гради новата екипа околу Porzingis. А најлошата плејмејкерска ротација во лигата гарантира танкање.
што ме интригира сезонава: Како ќе функционира екипата градена околу Porzingis + напаѓачки центри како Kanter и Hernangomez.

Атланта - 20-25 победи
краток опис: Колку и да е Budenholzer добар тренер и ризик да ги направи Hawks-и премногу добри за танкање, ми се чини нема да успее.
што ме интригира сезонава: Taurean Prince и John Collins - дали Атланта веќе има играч околу ќе може да ја гради иднината?

Чикаго - 15-20 победи
краток опис: Чикаго конечно се помири со неизбежната судбина и се спрема за тотално танкање. Очекувам големи "бројки" од Mirotic, да видиме дали нешто ќе биде од Dunn.
што ме интригира сезонава: Lauri Markkannen - реален талент или играч кој е ѕвезда во Европа, а невклоплив во НБА.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.090
Поени од реакции
8.954
1. ГС
2. Клиперс
3. Спарс
4. ОКЦ
5. Минесота
6. Хјустон
7. Денвер
8. Портланд


1. Кавс
2. Бостон
3. Визардс
4. Репторс
5. Сиксерс
6. Бакс
7. Мајами
8. Шарлот


МВП-Блејк
РОЈ-Симонс
Финале-Кавс-Клиперс
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.633
Поени од реакции
1.964
Очекувам РОЈ да биде Денис Смит Џр. и најмногу ќе ја следам неговата игра. Сакам Крис Дан да успее во Чикаго, да видеме зашо беше толку хајпнат на драфтот, а шампиони сакам да бидат Кавс пошо мојот човек ќе си земе прстен. И сакам први да бираме на драфт.
 
Член од
24 јуни 2017
Мислења
395
Поени од реакции
603


Иначе очекувам добар баскет од Клиперси сезонава, да го видиме Ирвинг дали ќе се изгради во лидер, ОКЦ како Расел ќе се снајде со новите другарчиња, и дали Дурент ќе се приклучи на Minnesota Lynx. :sneaky:
 
Последно уредено:
Член од
9 август 2014
Мислења
288
Поени од реакции
439


Иначе очекувам добар баскет од Клиперси сезонава, да го видиме Ирвинг дали ќе се изгради во лидер, ОКЦ како Расел ќе се снајде со новите другарчиња, и дали Дурент ќе се приклучи на Minnesota Lynx. :sneaky:
c00b55982c4d97daaa078239be5953d245a9ec429bade2c9be9eebd7b734428c.jpg
 
Член од
5 април 2013
Мислења
2.770
Поени од реакции
4.267
Запад

"Само титула и ништо друго":

Голден Стејт - 65-70 победи
краток опис: Една од најдоминантните екипи во историјата растеретено влегува во атак на нова титула.
што ме интригира сезонава: Ќе бидат ли мотивирани за нов рекорд?

Оклахома Сити - 50-55 победи
краток опис: Westbrook+George+Anthony. На прв поглед премногу гладни усти и голем скептицизам како ќе функционираат, но мене ми се чини дека тоа е тројка гладна за успеси која теоретски има многу кошаркарска смисла, особено што ОКЦ има совршени role players кои не трошат топки околу нив: Adams, Roberson, Patterson, Grant...
што ме интригира сезонава: Како ќе функционира динамиката меѓу Westbrook и Oladipo.

Хјустон - 50-55 победи
краток опис: Paul и Harden - навидум неспоиви, прашање е како ќе функционираат. Без разлика, офанзивно тимот сигурно ќе биде одличен, прашање е какви ќе бидат во одбрана без Beverly, но со Tucker и LRMAM.
што ме интригира сезонава: истото што и сите динамиката меѓу Paul и Harden.


"Плејофот ми е надмината фаза, сакам нешто повеќе":

Сан Антонио - 50-55 победи
краток опис: Транзициска сезона за Сан Антонио. Како и секогаш без многу помпа, но гарантирано ќе бидат при врвот и закана за секого.
што ме интригира сезонава: Дали Сан Антонио ќе направи храбат rebuild сред сезона.

"Да влеземе во плејоф се друго е гратис"

Денвер - 45-50 победи
краток опис: Веројатно една од најатрактивните екипи, со фантастичен потенцијал во напад, но и многу проблематична одбрана.
што ме интригира сезонава: Кој од многуте талентирани млади играчи ќе им се придружи на Millsap и Jokic во т.н. "big three".

Минесота - 45-50 победи
краток опис: Страшна стартна постава на хартија. Сомнителна длабочина. Сомнителен "spacing". Boom or Bust сезона за Wiggins.
што ме интригира сезонава: Како Тибодо ќе ги нареди коцките.

ЛА Клиперс - 40-45 победи
краток опис: Ги загубија Paul и Redick, но наместо да крахираат, мене ми се чини ќе бидат уште поинтересни. Прашање е дали ќе бидат и добри колку што ќе бидат интересни.
што ме интригира сезонава: Teodosic во НБА!

Јута - 40-45 победи
краток опис: Hayward и Hill аут. Rubio + нови дефанзивци ин. Според мене, прв фаворит за најдобар дефанзивен тим во лигата. Колку далеку ќе стигнат ќе зависи од Rubio и младите бекови.
што ме интригира сезонава: Rubio во нова средина.

Мемфис - 40-45 победи
краток опис: Подмладена, освежена екипа околу M.Gasol и Conley.
што ме интригира сезонава: Како и секоја година - M.Gasol.

Портланд - 40-45 победи
краток опис: Просечна екипа, со 2 фантастични шутери на бековските позиции. Потребно е да се најде начин за да се подобри дефанзивата на екипата.
што ме интригира сезонава: Nurkic - чекор напред или чекор назад

Њу Орлеанс - 20-45 победи
краток опис: Најчудна екипа во лигата. 2 доминантни центри, 2 плејмејкери, 0 крила и шутери.
што ме интригира сезонава: Како воопшто ќе се склопат овие играчи.

Далас - 30-35 победи
краток опис: Постепено ја создаваат екипата на иднината. Carlisle никогаш не смее да се потцени. Но оваа сезона е и шанса за танкање со оглед на конкуренцијата на Запад и фактот што сезоната многу лесно може да се претвори во забава за фановите пред пензијата на Nowitzki.
што ме интригира сезонава: Dennis Smith Jr spread pick & rolls

"Лотаријоооо доаѓаме"

ЛА Лејкерс - 25-30 победи
краток опис: Лејкерси сезонава ќе се претворат во шоуто на Lonzo Ball. Ќе го биде или не не знам, но знам дека дефинитивно Лејкерски ќе добијат идентитет по заминувањето на Kobe Bryant. Како и да е чисто се сомневам дека можат нешто повеќе во толку силната западна конференција, иако мислам дека Brook Lopez е многу потценето засилување.
што ме интригира сезонава: развојот на Ingram

Феникс - 20-25 победи
краток опис: Плејада на млади играчи, но сеуште се презелени за поголеми успеси во ваква конкуренција.
што ме интригира сезонава: кои млади играчи ќе се покажат.

Сакраменто - 20-25 победи
краток опис: Голем број на млади играчи + неколку ветерани. Очекувам коректна сезона и стабилизација без Cousins, но едноставно конкуренцијата на Западот е преголема.
што ме интригира сезонава: Bogdanovic

бонус прогнози
:
MVP - Lebron James
ROY - Ben Simmons (втора година по ред го прогнозирам :D)
DPOY - Rudy Gobert
6th man - Cody Zeller
MIP - Dennis Shroeder
 
Член од
15 март 2010
Мислења
4.839
Поени од реакции
3.945
Може некој да постира трансфери за сите екипи ? In & Out се разбира. Благодарим унапред.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.426
Поени од реакции
1.766
Мој пик за МИП иде кај Тарнер, би требало да ја има цела слобода која му треба сега кога го нема Џорџ, очекувам некои 20&10 од него :)
 

Boce1234

Adrian Chase
Член од
4 ноември 2016
Мислења
1.635
Поени од реакции
862
Мој пик за МИП иде кај Тарнер, би требало да ја има цела слобода која му треба сега кога го нема Џорџ, очекувам некои 20&10 од него
Играта во ПО неохрабрува многу,има многу посериозни кандидати за МИП како например Шрудер,сепак Тарнер го има во екипата Оладипо кој нема туку така да му дај да биди првата опција во тимот.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
2.327
Поени од реакции
930
Ќе можи годинава Вигинс до 25 ппг? Ми се чини ко да ќе можи, а и нема така лош тим околу него сезонава.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.488
Поени од реакции
15.500
Што мислие за Филаделфија?..дали имаат капацитет по цела вечност да влезат во Плејофот?
 
На врв Bottom