Near
Рандом лик од соседството
- Член од
- 26 март 2009
- Мислења
- 4.298
- Поени од реакции
- 7.025
Годинава,април месец у едно од кавадаречките села се игра локалното дерби Сирково-Љубаш Манастирец. И у Сирково иам еден другар шо игра(на двојна од Тиквеш),а од Манастирец иам школски. И ајде одиме на утакмица јас и школскиов,теренот на врв од тоа ридиштето,ако застанеш на голот,не се гледа цел другиот гол туку само пречката од шо беше нерамно. И се собраа тоа сељачаната,почнува натпреварот...нема ни трибини ни ништо,тоа сељаците застанаа околу линиите и трча една од екипите у контра,трча линискиот натаму,позади му поставуваат сопка и купица на земјата поведуваат Манастирец 0-1,другарми постигна гол и почнаа закани за судиите...дојдоа 3-4 со секири и со вили и овој нема што да прави,фаули за затвор не ги досудува и на крајот победуваат 2-1 Сирково.
Пред некое време,другарми игра за младинците на Тиквеш и ајде идеме да ги изгледаме. Играа против Бешикташ од Сарај или од Чаир ми се чини(знам дека од албанска средина беа). И еден штопер од кај нас му влегува цело време со отворен ѓон на напаѓачите на Бешикташ,му мава лакти цело време. И еднаш помина напаѓачов,овој му клиза позади и му се смее у лице. Ова детево од Бешикташ,му се заврте и само му рече...нема проблем,ќе дојдете и вие кај нас. Овој од тогаш бубалка,стои у место,ги пушта. Кога требаше таму да играат,тој не отиде под изговор дека е болен,а другарми кажа големо присуство на неслужбени лица во соблекувалните,го барале баш тоа дете Истиот другар,пред 2 недели играа со Башкими во Куманово. 85 минута даваат гол за 2-3,доаѓа 90 минута и судијата покажал 3 минути продолжување. Другарми рече дека играле уште 40 минути,се додека Башкими не постигнале гол и веднаш чим тргнале од центарот судијата свирнал крај
Од времето кога тренирав,пред десетина години играме во Ваташа против Габер. И на крајот остануваме тие најмалите,и влегуваме 13вс13 да играме(првенствена утакмица) Околу стадионот на Габер живеат циганчиња,влегуваат и тие и на крајот играме 20вс20. Конечен резултат-21:19 за нас. Има уште многу ситуации,но за нив во наредна прилика