Македонски фудбалски приказни

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Таман работа да сум играл против него, 30 и кусур години е постар од мене :icon_mrgr:
Он е сега алфа и омега во ФК Бутел и газда и тренер, ама повеќе е влезен во теренот отколку што седи на клупа/трибини.
И само се заканува, ќе дојдеш во Бутел, ќе видиш вака, ќе видиш онака.
Во Бутел не се игра фудбал, исто како и во Арачиново, па и Синѓелиќ. Тоа се однапред изгубени средби, освен ако не се пријателски договорени клубовите па за мерак да изигараат еден фер меч :D
Воглавно сите им нудат на овие екипи три за три, ти им ја пушташ на нивни, они на тебе на ваш терен :icon_mrgr:
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 20:11 ---

Балкан беа единствени послаби од нас во лигата :icon_mrgr:
Добро како ви се викаше тој што ви беше тренер, еден висок, некаде околу 40 години имаше во 2000+, темен тен, исушен целиот?
Сурла во тек на сезона 10 пријателски закажуваше со него :icon_mrgr:

Еве ти една слика од пред 8 години отприлика, може ќе препознаеш некој другар :D Со тие потврдите што ги даваше цело маало се правдаше во школо :icon_mrgr:
мали се овие .... :pos: види го суки бе
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.310
Поени од реакции
15.544
Балкан беа единствени послаби од нас во лигата :icon_mrgr:
Добро како ви се викаше тој што ви беше тренер, еден висок, некаде околу 40 години имаше во 2000+, темен тен, исушен целиот?
Сурла во тек на сезона 10 пријателски закажуваше со него :icon_mrgr:
Мислам дека го викаат Црна, на еден другар што заврши со мене средно му е татко, од Чаир е.

Инаку тоа со докторите е најјако, ако добиеш вода е премија, а ако те прсне со спрејче е тогаш се осеќаш како играч на Реал :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.803
Поени од реакции
72.067
Ми текнува и на еден бараж дуел за трета лига.
Играа Бриони од Челопек и Милано од Куманово, само што Милано тогаш имаше друго име кое никако неможе да ми текне.
Се играше на неутрален терен кај мене во населба :icon_mrgr:
Беше некаде пред војната, изгледа 99/00 нешто така. Ние копиљана многу знаевме кој игра. Гледаме доаѓа еден автобус со Албанци, и се сместуваат на едниот крај на трибината (едно 30-тина души). Доаѓаат неколку автобуси од Челопек со навивачи Македонци :D И ни викаат ќе навивате за нас, овие другиве се Албанци, ако тепаме ќе ви подариме знамиња на крај :icon_mrgr:
Толку ни требаше, се обесивме сите на ограда и цел стадион пее Бриони, Бриони :icon_mrgr:
Водеше Бриони цела утакмица, али Милано израмни на крај. Се отиде на продолженија, тогаш важеше златен гол, ама ниедна екипа не погоди па се премина на пенали :icon_mrgr:
Бриони тепаше, иако Милано имаа меч топка, тоа беше радост мислиш светско првенство освоиле :icon_mrgr:
Влегоа сите во терен, се славеше саат време. После утакмица како награда ни дадоа лубеници :pos:
Уште го памтам моментот, до тревното игралиште имаме и едно циментирано за мал фудбал и баскет. Змање еден старец лубеницата и ја бапна од циментото, кога се разграбавме после тоа... :icon_mrgr:
Дечишта...
Од течноста на лубеницата имаше остатоци на циментото со години :)
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.947
Поени од реакции
9.580
Кога чув за трансферов од еден колега се изгазив од смеење некаде во Истона Македонија Радовиш ако не се лажам За два кубика дрва од еден во друг тим
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.533
Поени од реакции
17.893
:pos::pos:Стварно се молат модераторите да ја затворат темава, некој ќе умре од смеење,не сте нормални жими све:pos::pos:.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.362
Поени од реакции
16.558
Кога чув за трансферов од еден колега се изгазив од смеење некаде во Истона Македонија Радовиш ако не се лажам За два кубика дрва од еден во друг тим
Shto ti e be, toa se deshava i u prva liga. Igrach od Teteks u Renova prai transfer za odredena kvadratura plochki.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Колку сте се изнапишале еј,па филм да се снима бе,ќе земеме Оскар милијарда посто :pos::pos:

Рањо делегат,Сурла глеам го спомнувате назад,овој Ивица плочки,погоре два кубика дрва,па гевреци,абе како во Уганда да се игра фудбал,ќе цркнам од смеење :pos:
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 01:55 ---
П.С Ѓорче со Шкендија Арачиново чинам пред доста години,ова ми е зборено од луѓе што биле на утакмицата и биле дел од голема тепачка што се десила на стадион.
Браќата пробале да провоцираат незнаејќи колку мрднати фаци има во Ѓорче,пцуеле мајки шајки по нашиве играчи,ги мавале со шајки ( :eek: ) шишиња и што ти не за на полувреме им се случи офанзива од цело Ѓорче и јадење котек невиден. :pos:

Ама затоа кога играле во Арачиново нашиве не смееле да си отидат или да судијата да свири крај додека не тепа Арачиново,дури и калаши на терен се моткале.

Леле мајко,ми кажува истиот човек,да бегаш нема каде,околу ниви,да играш,страв ти е,па моравме да лежиме по десет минути на терен за неписмените да ни даваат голови за да побрзо си идеме дома :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.803
Поени од реакции
72.067
Епа мислам дека ми останаа најаките приказни за крај :)

Од годините кога ЈСП беше косачка екипа, некаде во 2004 игравме на домашен со Фортуна од Синѓелиќ, или Хасанбег како што они милуваат да ја викаат населбата. Тепавме 3-1, ама мечот помина со бајаги илијашење од наша страна :pos:
Сите голови ги дадовме од слободни, со класична третолигашка акција. Топката доаѓа до напаѓачот, овој мајстор за глума, ни Бускец не му е рамен, само што прима топка, ја гради и одма се фрла за да изнуди слободен (додуша ова го практикуваат 90% од екипите во трета лига). Судиите си знаат, МОРА да досудат слободен :)
И од слободен 70% паѓа гол :icon_mrgr:
И така со играме на тој меч со судиска помош, Фортуна имаше акција, нафрлија нашиот централниот бек блокираше и топкава оди во чист корнер.
Централниот бек ни беше ептен исчукан :D Идат овие да изведат корнер, типов им доаѓа си ја зема топката и ја носи да изведе гол аут :pos::pos::pos:
Судијава го фати паника, што прави сега овој, другиве соиграчи се паѓаат од смеа, гостиве се бунат. Оди судијата му ја шутира топката накај корнер знамето и нашиов играч му вика АБЕ ГРБАВ, САКАШ ДА НЕ ИЗЛЕЗЕШ ОД ТЕРЕН :pos:
Иде до корнер и пак си ја зема за сда изведе гол аут. Вика гол аут ќе биде и крај. И би гол аут:icon_mrgr:

Една случка од блиско минато за која исто имам напиѓшано на форумов во темата за трета лига. Во 2010 или 2011 играа Сан Сити и Шкендија Арачиново, а на Сан Сити им требаше победа за да опстанат па сите судии ги имаа фатено да судат за нив.
Шкендија играа доста солидно, ама Сан Сити водеше со 1-0. И тука се случува главниот момент на мечот :D
Удар на еден играч на Шкендија од мртов агол, голманов на Сан Сити дремеше на втора статива, и топкава апла му влезе од првата статива :D
Се радуваат гостиве, и оп судијава кој патем ги утепа со дигање офсајди таа утакмица, го поништува голот :pos:
Оправдување, топката паѓала од горе и влегла од некоја дупка на мрежата :pos::pos:
Пола саат се расправаа и ја бараа дупката, која смешна ситуација двата тима застанати во голот и ја бараат дупката во мрежата, најдоа едно дупче неможе ни ѓаволско топке да мине низ него, а камоли фудбалска топка, и демек ете од каде влегла хахаха
Овие од Шкендија скренаа, тој што го даде голот цело време дур ја бараа топката повторуваше ОООО ГЛУП ЧОВЕК, ОООО ГЛУП ЧОВЕК (наменето за судијата :D), до ден денес низ маало го користиме тоа:icon_mrgr:
Снимавме бајаги од случкава, ама што се случи со клипот врска немам.

Идеме на уште една случка од минатото.
Во ЈСП порано имаше еден иограч кој беше маскота на тимот. Значи незнам како да ви објаснам, типот некаде од 98-ма беше во тимот, НЕ ПРОПУШТАШЕ НИЕДЕН ТРЕНИНГ( :cuc::cuc::cuc:) , беше дел од тимот се додека ЈСП беа спонзори до 2005, и за овие 7 години одигра само 120-тина првенствени минути :)
Се викаше Златко, надимак му беше Ачка. Ако некој слушнал за него (мислам во Карпош живееше) нека ме контактира, многу сакам да знам што стана со овој човек :D Го имам гледано после со татко му како иде на утакмици на Вардар, ама не сум имал прилика да муабетам...
Ачка воглавно беше задолжен за носење шишиња, топки, буквално амал :icon_mrgr:
Нешто не беше во ред со типот, значи не беше ретардиран, ама така беше малце повлечен, заостанат, не правеше многу муабет требаше со клешта да му влечеш зборови. Еднаш (некаде 2005 година) игравме пријателска со Работнички, со нивниот втор состав. Ачка влезе во игра, и му рекоа да го чува еден од нивните играчи од средината. Абе кога му се залепи, не го пушти да дише. Овие одат во напад, овој како пијавица му се пикнал, ние идеме во напад, Ачка не се замара фатил се залепил до овој мислиш дома ќе го носи :pos: И на овој му скурчи, ќе се расплачеше, вика дај извадете ме не се игра вака хахахаха
После некоја недела игравме првенствен меч со ССК од Драчево, тоа беше последната полусезона пред тимот да стане Славија. Тепавме 4-1. На резултат 3-1, ЈСП имаше слободен удар од 18-тина метри. И после 7 години во тимот Ачка само по втор пат влезе во игра (претходно имаше изиграно некој наместен меч пошто немаше други играчи). И нормално му дадоа на него да го изведе слободниот :D Неможам да опишам кој делириум се случи кога влезе во игра :icon_mrgr: Деби му беше на домашен терен после 7години во составот. Цел стадион се напали, сите се дереа мислиш Роналдо влегува во игра :D Јас рипнав во терен за да го сликам моментот, знам имав една канотсана Моторола, едвај се гледаше сликата :LOL: Али после сите ја имавме на позадина во мобилните :icon_mrgr: Оди да го изведе слободниот, едвај го префрли живиот ѕид, топкава едвај се дотркала сдо голманот. И кабињеров чичко Томе кој беше ептен близок со него пошто честопати Ачка си доаѓаше сам на тренинг, па пошто никој друг немаше си седеше со кабињеров и заедно си одеа накај дома, му вика АЧКА БЕ СИНЕ ШУТНИ ЈА НАКАЈ ГОЛ, А НЕ ДА МУ ЈА ДОДАДЕШ НА ГОЛМАНОТ :pos:
После до крај на мечот заспа во офсајд, неможеа акција од него да направат пошто цело време беше во офсајд хахахаха


И приказната која дефинитивно мене ми е убедливо најсмешна а се случи во 2009 година :)
Славија беше фаворит за влегување во втора лига заедно со Еуромилк од Горно Лисиче. За жал они фрлија многу повеќе пари и излегоа како победници. Претходно кажав дека ни ги потплатија пола играчи и не тепаа кај нас. Имаа предност од 3 бода на табелата, а гостуваа кај Шкендија. Многу беше битно за кого ќе изигра Шкендија од Арачиново, пошто ако му пушти на некој дома, а го победи другиот тоа се три бода предност пред конкуентот. Мислевме сдека Лисиче ќе им фрли пари за да тепаат таму, ама се закарале нешто и Шкендија милум-силум тепаше со 2-1. Тука се отвори нашата шанса да се вратим во игра.
Ни дојде на нас редот да гостуваме во Арачиново. Ни рекоа ако платиме ќе ни ја дадат и со тоа сме во предност пред Лисиче :D
Ама нашиов газда циција невидена вика зашто да им даваме толку пари кога може да ги заебеме :icon_mrgr:
Типот си направи луд план кој незнам како планираше дека ќе му излезе реалност на крај :)
Имено утакмицата се играше во недела. Планот беше без да знаат домаќините со врски во општинскиот сојуз, да префрлиме мечот да се игра во сабота, наѓиве да отидат таму во сабота, да дојдат и судиите да се сликаат дека биле таму и да ја земеме службено пошто домаќините не се појавиле на теренот :icon_mrgr: Која е логиката никој во селото кое е пренаселено да не примети дека некој влегува на теренот? :icon_mrgr: И тоа не еден човек, туку цела екипа плус судии.
Отидоа газдава наш и судиите малце порано, а играчиве качени во комбе чекаат во Центар за да им јави да доаѓаат :icon_mrgr: И јавува, ама место доаѓајте вика враќајте си се одма накај дома :icon_mrgr:
Кога дошле на стадионот со судиите, некој од околните селани ги видел и одма разгласил на луѓето осд клубот. Дошле локалните багабонти заедно со газдите на клубот и го затвориле нашиов газда во едно собче, и го испрашувале што ујдурми прави :icon_mrgr: Испил по некоја клоца, ама сепак постигнал договор да ни ја пуштат утакмицата. АМА за возврат не само што плативме, туку моравме да им обезбедиме и комплет дресови :pos: Па така тепавме 0-3 службено, станавме првите што после 5 години тепале во Арачиново, а за возврат плативме и плус ги снабдивме со нов комплет дресови. И пак за џабе, на крај втори завршивме :D А и следната полусезона кога се виде дека нема да влеземе, им ја пуштивме на Шкендија утакмицата кај нас со резултат 4-6, за да останеме во одлични односи пошто добро е да ги имаш нив на твоја страна :icon_mrgr:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
До кај ти е книгата бе ооо ти будала чоек,издавај ја побрзо има многу нестрпливи луѓе :pos:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
нешто набрзинка...

Уште коа тренирав како копиљ, играме демек пионери со пионери. Али кај ти важи тоа кај нас, доаѓаат гостиве пола тим волови од дваесетина години ние дечишта сите 5то одделение. И како и во секоја утакмица низ Македонијава, покрај теренот имаш кофи полни со вода, за да се „освежи“ некој у тек на утакмица.

И иде еден огромен батка (до душа од сегашна гледна точка и не така огромен, ама тогаш 5-6 години постар од тебе ти изгледа ко џин), баш тој шо најмногу тепаше до аут да се „замие“. Арно ама, кофата што беше таму беше полна со вар растворен у вода за бележење на линиите. :icon_lol: И братов незнам ни како не примети, зема се плеска у фаца со тоа демек да измие лице, одеднаш бел. Сите го гледаат исфлекан (ко да му издркал некој у фаца) и делириум сите паѓаат од смеење. :pos:

Доаѓа судијата да види шо е, братов цел изнервиран шутирање кофата у судијата. :pos: Судијава од глава до петеци испрскан со вар неможе да продолжи да суди, влага еден од локалните фаци (кои беа линиски) као замена за судијава (пошто нема резервен фала богу :D) продолжува утакмицава, исфлеканиов судија иде да се измие.... И после 5 минути одеднаш глеаш се враќа судијава, заборавил да му даде црвен на овој шо му ја шутна кофата! А у меѓувреме и овој излезе да се измие. Влага судијава на терен го бара играчов, сите му викаат „Абе излезе тој уште пред тебе“. Овој не знае шо да прави му дава црвен на противничкиот голман. :pos:
И нормално му се собраа сите околу на ферка, ама брзо замреа искрите, се среди и си излезе голманот. :D

Друго, му гостува Алумина на Југохром, уште на времето коа ме носеше комшијата (Господ здравје да му даде :D) по утакмици, и Алумина фаворит.
Ама овие од Југохром имаа еден „болничар“, 60 годишен, и е болничар заради тоа шо у ЈНА бил медицинар. :pos:
И прво полувреме 0-0, нормален катастрофален фудбал се игра нели. Почиња второ полувреме, домаќиниве настапуваат со тактиката. :D
Одеднаш од Југохром се трансформираат у Барселона! При секој контакт играчов паѓа на трева и бара лекарска помош. И како шо реков, болничаров 60 години, едвај иде, накривува и му треба 10 минути да стигне од клупа до играчот! И така на секои 10 минути паѓа по еден играч и се тегне дури дојде овој. Судијата нема шо да направи пошто неможе да го избрка дури не му се укаже помош.
И така полувремево од 45 минути, фудбал се играше едвај у 20-25 активно, требаше преку 20 минути продолженија. Арно ама, после тоа у термин 15 минути по утакмицава требало да почне друга (која „не смеело“ да се одложи) и судијава неможе да даде толку продолженија. :pos:

И суди крај у 90та без продолженија, 0-0 домаќиниве пресреќни, гостиве вријат од нервоза. Знам после ми кажуваше комшијава дека ги казниле нешто заради тоа, ама ништо тогаш го попија гостиве! :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.803
Поени од реакции
72.067
Ајде уште нешто од блиско минато :icon_mrgr:
Лани при крај на сезона (уствари како и во секоја сезона) неможеме да собереме ни екипа, па за да нема казни се збираат луѓе од улица колку да се отиде на гостувањето и се губи службено (со тактиката одат 7 играчи, еден паѓа и губат службено). Доаѓа на ред гостување во Арачиново, нормално и тие што останаа во клубот се пичкаат да одат таму. Кој болен, кој имал испит, трет требало да оди на свадба итн.
Доаѓаме во ситуација има само 5 играчи, а ни требаат уште 2-ца. Оди синот на газдата и зема уште еден негов другар, ама на типов не му кажуваат каде гостуваме пошто се знаеше дека ќе одбие ако слушне Арачиново.
Реакцијата кога насетува дека одиме некаде надвор од Скопје.
-А каде гостуваме?
-Во Арачиново
Неговата реакција:

Излегуваат само 6 души на терен, фаќа паника кај е седмиот?
Тренерот го вика кабињерот да влезе во игра, пошто фали играч. А кабињеров вика абе еве го играчот, СЕРЕЕЕЕЕЕЕЕЕ СЕГА ЌЕ ДОЈДЕ :pos::pos::pos:
Овие се паѓаа од смеа, не поминавме центар цела утакмица, се изиграа некои 40 минути по договор и изгубивме 4-0 ми се чини.

Годинава во Марино водиме 0-2 во 5-та минута пошто овие беа со 9 играчи. Негде во 10-та минута директива од кафана им доаѓаат двајцата најдобри :icon_mrgr: Ни извадија 2-2 на крај ,резилаци најслаба екипа се во лигата :tapp:

Али сепак ова неможе да се мери со една сезона (не сум сигурен која, ама мислам некаде 2007/08 беше) останавме апла без состав. Газдата собра едни што беа сместени во Пелагонија, воглавно беа Струмичани :icon_mrgr:
Абе такви камења човече не сум видел, среќа што имавме некоја залиха на бодови од претходно, мада и во ваква ситуација незнам како се спасивме од испаѓање :eek:
Играа само последните мечеви од прва полусезона и втора полусезона (ме мрзи да ги барам резултатите ама ги имам ставено некаде по темиве) и губеа по 10-0 во просек...
Победивме само две екипи и две ни ја пуштија, пресметано беше ако ги тепаме тие две сигурно се спасуваме. Беса ни ја пуштаат овие крелињава ни на празен гол неможеа да погодат, стативи гаѓаа :pos:
Мораше да ги добиеме Нова Колонија и Демир Импекс од Ваксинце.
Со Нова колонија игравме на домашен во последните кола од есенската полусезона.
Беше -100 степени ми се чини...
Само јас и другар бевме на трибини, ништо не осеќав од своето тело иако носев сто јакни на мене.
Тепавме 2-1 :pos:
Благодарение на судијата, кој изгледа се замрзна од ладното во моментот кога го имаше дигнато знамето за офсајд и така стоеше цел меч :pos:
На крај кога му се сипаа да го тепаат. Имаа еден голман ист во фацата како Енди од Како ќе каже Џим, кога се зегна да се тепа, едвај го сопреа :icon_mrgr:
Таму мислам дека изгубивме едно 15-0 :icon_mrgr:
Во втора полусезона дербито и решавачкиот меч за испаѓање со Демир Импекс :D
Какви камења беа ти па хахаха
Значи со оваа никаква екипа ги водевме 4-1, и тоа нашиот тренер којиграше на овој меч им даде едно голче со волеј, се напали и покажуваше со рацете на бројката од позади на дресот хаха
Али се изморија нашиве и овие кога навалија, 2 гола за 5 минути дадоа.
Беше некаде 70-та минута а овие ненормално напаѓаа, а нас ни одговараше само победа, ако примевме гол готови бевме.
Даваат гол, судијава го поништува ради фаул.
Негде 75-та минута даваат гол по нафрлање од корнер, а судијава пак го поништи ради наводен фаул, иако немаше никаков контакт :pos:
Артан се викаше судијата. Е тој каков ќотек што изеде, одамна немам видено така. Им го поништува голот, и само слушаш ОЈ АРТАНИ ТА ЧИФШАТА НОНА,. го бркаа по цел терен, полицајциве едвај се поместија за да реагираат. Го собра еден со клизач и убаво го изрогаа. Нормално тепавме и се спасивме :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom