Епа мислам дека ми останаа најаките приказни за крај
Од годините кога ЈСП беше косачка екипа, некаде во 2004 игравме на домашен со Фортуна од Синѓелиќ, или Хасанбег како што они милуваат да ја викаат населбата. Тепавме 3-1, ама мечот помина со бајаги илијашење од наша страна
Сите голови ги дадовме од слободни, со класична третолигашка акција. Топката доаѓа до напаѓачот, овој мајстор за глума, ни Бускец не му е рамен, само што прима топка, ја гради и одма се фрла за да изнуди слободен (додуша ова го практикуваат 90% од екипите во трета лига). Судиите си знаат, МОРА да досудат слободен
И од слободен 70% паѓа гол
И така со играме на тој меч со судиска помош, Фортуна имаше акција, нафрлија нашиот централниот бек блокираше и топкава оди во чист корнер.
Централниот бек ни беше ептен исчукан
Идат овие да изведат корнер, типов им доаѓа си ја зема топката и ја носи да изведе гол аут
Судијава го фати паника, што прави сега овој, другиве соиграчи се паѓаат од смеа, гостиве се бунат. Оди судијата му ја шутира топката накај корнер знамето и нашиов играч му вика АБЕ ГРБАВ, САКАШ ДА НЕ ИЗЛЕЗЕШ ОД ТЕРЕН
Иде до корнер и пак си ја зема за сда изведе гол аут. Вика гол аут ќе биде и крај. И би гол аут
Една случка од блиско минато за која исто имам напиѓшано на форумов во темата за трета лига. Во 2010 или 2011 играа Сан Сити и Шкендија Арачиново, а на Сан Сити им требаше победа за да опстанат па сите судии ги имаа фатено да судат за нив.
Шкендија играа доста солидно, ама Сан Сити водеше со 1-0. И тука се случува главниот момент на мечот
Удар на еден играч на Шкендија од мртов агол, голманов на Сан Сити дремеше на втора статива, и топкава апла му влезе од првата статива
Се радуваат гостиве, и оп судијава кој патем ги утепа со дигање офсајди таа утакмица, го поништува голот
Оправдување, топката паѓала од горе и влегла од некоја дупка на мрежата
Пола саат се расправаа и ја бараа дупката, која смешна ситуација двата тима застанати во голот и ја бараат дупката во мрежата, најдоа едно дупче неможе ни ѓаволско топке да мине низ него, а камоли фудбалска топка, и демек ете од каде влегла хахаха
Овие од Шкендија скренаа, тој што го даде голот цело време дур ја бараа топката повторуваше ОООО ГЛУП ЧОВЕК, ОООО ГЛУП ЧОВЕК (наменето за судијата
), до ден денес низ маало го користиме тоа
Снимавме бајаги од случкава, ама што се случи со клипот врска немам.
Идеме на уште една случка од минатото.
Во ЈСП порано имаше еден иограч кој беше маскота на тимот. Значи незнам како да ви објаснам, типот некаде од 98-ма беше во тимот, НЕ ПРОПУШТАШЕ НИЕДЕН ТРЕНИНГ(
) , беше дел од тимот се додека ЈСП беа спонзори до 2005, и за овие 7 години одигра само 120-тина првенствени минути
Се викаше Златко, надимак му беше Ачка. Ако некој слушнал за него (мислам во Карпош живееше) нека ме контактира, многу сакам да знам што стана со овој човек
Го имам гледано после со татко му како иде на утакмици на Вардар, ама не сум имал прилика да муабетам...
Ачка воглавно беше задолжен за носење шишиња, топки, буквално амал
Нешто не беше во ред со типот, значи не беше ретардиран, ама така беше малце повлечен, заостанат, не правеше многу муабет требаше со клешта да му влечеш зборови. Еднаш (некаде 2005 година) игравме пријателска со Работнички, со нивниот втор состав. Ачка влезе во игра, и му рекоа да го чува еден од нивните играчи од средината. Абе кога му се залепи, не го пушти да дише. Овие одат во напад, овој како пијавица му се пикнал, ние идеме во напад, Ачка не се замара фатил се залепил до овој мислиш дома ќе го носи
И на овој му скурчи, ќе се расплачеше, вика дај извадете ме не се игра вака хахахаха
После некоја недела игравме првенствен меч со ССК од Драчево, тоа беше последната полусезона пред тимот да стане Славија. Тепавме 4-1. На резултат 3-1, ЈСП имаше слободен удар од 18-тина метри. И после 7 години во тимот Ачка само по втор пат влезе во игра (претходно имаше изиграно некој наместен меч пошто немаше други играчи). И нормално му дадоа на него да го изведе слободниот
Неможам да опишам кој делириум се случи кога влезе во игра
Деби му беше на домашен терен после 7години во составот. Цел стадион се напали, сите се дереа мислиш Роналдо влегува во игра
Јас рипнав во терен за да го сликам моментот, знам имав една канотсана Моторола, едвај се гледаше сликата
Али после сите ја имавме на позадина во мобилните
Оди да го изведе слободниот, едвај го префрли живиот ѕид, топкава едвај се дотркала сдо голманот. И кабињеров чичко Томе кој беше ептен близок со него пошто честопати Ачка си доаѓаше сам на тренинг, па пошто никој друг немаше си седеше со кабињеров и заедно си одеа накај дома, му вика АЧКА БЕ СИНЕ ШУТНИ ЈА НАКАЈ ГОЛ, А НЕ ДА МУ ЈА ДОДАДЕШ НА ГОЛМАНОТ
После до крај на мечот заспа во офсајд, неможеа акција од него да направат пошто цело време беше во офсајд хахахаха
И приказната која дефинитивно мене ми е убедливо најсмешна а се случи во 2009 година
Славија беше фаворит за влегување во втора лига заедно со Еуромилк од Горно Лисиче. За жал они фрлија многу повеќе пари и излегоа како победници. Претходно кажав дека ни ги потплатија пола играчи и не тепаа кај нас. Имаа предност од 3 бода на табелата, а гостуваа кај Шкендија. Многу беше битно за кого ќе изигра Шкендија од Арачиново, пошто ако му пушти на некој дома, а го победи другиот тоа се три бода предност пред конкуентот. Мислевме сдека Лисиче ќе им фрли пари за да тепаат таму, ама се закарале нешто и Шкендија милум-силум тепаше со 2-1. Тука се отвори нашата шанса да се вратим во игра.
Ни дојде на нас редот да гостуваме во Арачиново. Ни рекоа ако платиме ќе ни ја дадат и со тоа сме во предност пред Лисиче
Ама нашиов газда циција невидена вика зашто да им даваме толку пари кога може да ги заебеме
Типот си направи луд план кој незнам како планираше дека ќе му излезе реалност на крај
Имено утакмицата се играше во недела. Планот беше без да знаат домаќините со врски во општинскиот сојуз, да префрлиме мечот да се игра во сабота, наѓиве да отидат таму во сабота, да дојдат и судиите да се сликаат дека биле таму и да ја земеме службено пошто домаќините не се појавиле на теренот
Која е логиката никој во селото кое е пренаселено да не примети дека некој влегува на теренот?
И тоа не еден човек, туку цела екипа плус судии.
Отидоа газдава наш и судиите малце порано, а играчиве качени во комбе чекаат во Центар за да им јави да доаѓаат
И јавува, ама место доаѓајте вика враќајте си се одма накај дома
Кога дошле на стадионот со судиите, некој од околните селани ги видел и одма разгласил на луѓето осд клубот. Дошле локалните багабонти заедно со газдите на клубот и го затвориле нашиов газда во едно собче, и го испрашувале што ујдурми прави
Испил по некоја клоца, ама сепак постигнал договор да ни ја пуштат утакмицата. АМА за возврат не само што плативме, туку моравме да им обезбедиме и комплет дресови
Па така тепавме 0-3 службено, станавме првите што после 5 години тепале во Арачиново, а за возврат плативме и плус ги снабдивме со нов комплет дресови. И пак за џабе, на крај втори завршивме
А и следната полусезона кога се виде дека нема да влеземе, им ја пуштивме на Шкендија утакмицата кај нас со резултат 4-6, за да останеме во одлични односи пошто добро е да ги имаш нив на твоја страна