Македонски фудбалски приказни

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Сигурен сум дека голем дел од нас љубителите на фудбалот сме слушнале или сме биле сведоци на многу интересни случки во нашава државичка - лулката на фудбалот, местенките и ќотекот. :D Да не должам многу, кратко и едноставно, еве некои прикаски што сум ги слушнал од постариве и дел на кои сум присуствувал, нормално сите овие се во охридско струшкиов регион и славна Дебарца.

Првото име на ФК Велмеј било ФК Пеле затоа што Велмешани мислеле ако го крстат така тимот, Пеле ќе слушне за нив и ќе донира пари за тимот.
ФК Велмеј, гигантот од Дебарца, легендарен тим кој не можел да приреди досаден натпревар. Кај нив ако гостуваш дур не изгубиш не си одиш. Кољо професор по историја (Охриѓани го паметат) Бог да го прости, на времето бил голман во Велмеј. Требало да мести утакмица против некое друго село. 90та минута пенал за противнициве. Кољо се договара со напаѓачов на другиот фк и му рекол - ти ќе шутираш десно, јас ќе скокнам лево.
Ама прости луѓе, не сфатиле дека од Кољо лево е десно од напаѓачов. Шутирање топката и Кољо на несакање ја одбранил и завршило нерешено па јадел ќотек. :icon_lol: (Кољо сам си се договарал со противнициве да им попушта голови во замена за ручеци, вечери по ресторани)

На натпревар на Охрид во трета лига на нашиов капитен судијата (помлад судија од 25-6 години) му дава жолт картон, овој го зеде картонот и му го искина.
Или, на решавачки натпревар за влез во втора лига, т.е. последно коло играа Охрид - Фљамуртари, на Охрид му требаше победа, на полувреме беше 7-0, напаѓачот на ФК Фљамуртари немаше што да прави цел натпревар и второ полувреме си запали цигарче пошо немаше ни еден контакт со топка, фљамуртарци центар не поминаа.

Во Велешта и Делогожда судијата прво го седнувале на маса и вака одел муабетот:
- Ти шо сакаш за вечера, ќотек или плескавица?
- Плескавица.
- Аа браво, умен тој види го...

Магистерот (неопеан херој, позната "фаца" во Охрид) има забрана за влез во скоро сите кладилници во Охрид затоа што им тера малер на сите што уплатиле ливче. Фудбалски судија е, повеќе несуден судија отколку фудбалски.
Ја делел "правдата" на третолигашки натпревар во Албанија, и домашните му рекле - дур не победиме не свириш крај. И Магистеров ни пет ни шест, свирење крај, сите играчи и цел стадион го бркале. Се враќал по нелегални премини во Македонија и спасил живот.
Истиот тој, најтазе - лани, судеше на ФК Оровник - ФК Воска. Досуди пенал за ФК Воска и на овие пак уште малку им беше му се фрлија да го тепаат. Магистеров викна полиција и таман спушти му го зедоа мобилниот и му го фрлија в лозје и ја прекинаа утакмицата. Локалните мештани цел ноќ поминаа в лозје да му го бараат мобилниот.
А ете што се случуваше во меѓувреме во таборот на ФК Оровник.


Или пак, натпреварот што ги однесе Охриѓани во гинис, и ден денес се зборува за него. Каков мастермајнд треба да бидеш за да осмислиш нешто вакво. :icon_lol:
http://www.velgosti.com/sport/fudbal/ginis.html

Ајде бујрумте, сигурно има многу случки од другите регионални лиги, а знам има многу форумџии кои редовно следат натпревари од домашниве "лиги". Somnitelno Lice* сигурно ќе надополни пошо многу заборавив да напишам, а има. Коњаникот Сабја, Комита Ултрас и останатите @навивачи сигурно имаат по нешто, Џони Вајсмилер ко судија или искуства од колегите нешто? :icon_lol:
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Недај боже Ропанко да ти судит не ќе го разбериш што ти вика .. :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Од прва лига нема да најдеш многу вакви приказни, ама затоа од третите и општинските лиги може цела книга да се напише :)

Од каде да почнам... :icon_mrgr:
Гледајќи трета лига веќе 14 години сум доживеал се и сешто, мада приказниве се воглавно за црна хроника... :icon_mrgr:

Судиите сешто имаат доживеано во третиве лиги, несакам да сум во нивна кожа.
Од кај да почнам. Прв пат ме носат на гостување во 99 година во Пирок, на Пирок-ЈСП.
ЈСП поведе и овие влегоа на терен сакаа да му пикнат цигара во уво на судијата. Нормално упатија закани ако не победат нема живи да излземе...
Стандардна процедура беше тоа секаде, ако не ја дадеме утакмицата нема излегување.
Колку утакмици до сега сум проследил а судијата да не свири крај се дури домашниот тим не даде гол.

Негде во 2003-4 Металург и Локомотива се бореа да влезат во втора лига.
ЈСП играше за Металург, па така фрлија доста пари за да ги тепаме Локомотива кај нас.
Али како за беља 90-та минута Локомотива води 1-2. Се играа уште 20-тина минути, кога израмнивме на 2-2 судијата одма досуди крај :D Низ мечот имаш еден куп инциденти на теренот, а ќотек изеде тренерот на Локомотива кој ми беше професор физичко во основно (си имаше навика да не млати на физичко, зависи како ќе му се погодеше денот :D). Идам следниот ден во школо и му викам ПРОФЕСОРЕ ГО ЈАДЕВТЕ :D Кога ме грабна ме искрши незнам колку шамари испив :icon_mrgr:

Години претходно игравме во корист на Скопје, па за да им го пуштиме мечот кај нас ни донесоа неколку гајби мандарини :icon_mrgr:
Ама затоа една година не сакаа да платат па беше доста жестоко.
Дојдоа и Пирати од Автокоманда да го бодрат Скопје.
Ние имавме неколку играчи што ептен косеа, Зоран Сурлов познат како Сурла во Скопјево ни играше бек и особено предничеше во тепањето :D
Па така на мечот со Скопје се уби од мавање. Доаѓа еден од Пирати до ограда и му вика ајде уште еднаш мавни ќе ти видиш што ќе ти направам. Зема Сурла мава уште еднаш. Пак доаѓа тој, ај уште еднаш мавни го другар ми ќе видиш што ќе ти направам. Зема пак го мава :D Работава седи друже немој да ме браниш :D
Не само што го измава другар му туку после мечот ќотек си изеде и тој што му се курчеше од навивачиве на Скопје :) На тој меч утнавме пенал, еден од играчиве шутирање кофата крај аут линија, летање млазов вода директно врз татко ми. Човекот после 10 години дојде на утакмица и мораше жива вода да си оди дома :icon_mrgr:
До ден денес се смеам кога ќе ми текне.

Во 2005 Лепенец не победи кај нас. Еден од нашиве играчи нервозен дека изгубивме и незадоволен од судењето, го бркаше судијата низ населба, ама бркање со коли. Успеа да го претица и да му го затвори патот ко на криминалнине филмови :D
Среќа дојде одма полиција и не излезе нешто посериозно.

Колку бркања на судии сум видел, тепачки меѓу играчи, меѓу управи, неможам ни да добројам веќе :)

Пред некоја сезона видовме дека Шкендија Арачиново дошле со играчи кои што не се регистрирани, туку собрале некои подобри играчи од второлигашки тимови...
И оди делегатот со списокот од мечот и ги прашува како се викаат пошто се знаеше дека играат со лажни книшки :D
И легендиве си имаа на рака напишано како се "викаат" според тоа како се заверени во книшка. Какви фаци правеа, незнаеа ни да прочитаат хахаха
Пред 4 години играме со Беса на домашен и гостиве требапе да ни ја пуштат утакмицата. Ама нколку души од нив беа заинатени и не сакаа да ја пуштат и играа озбилно. Сепак им дојде газдата на клубот и буквално сред утакмица влезе и за уши ги извади тие што се противеа :D

Пред 2 сезони кога игравме со Македонија ЃП, они се бореа за прво место и веќе не им требаа бодови па ни ја дадоа утакмицата пошто се боревме за опстанок. Ама проблемот беше што конкурентите ССК играа со Алумина и ако знаеа дека Ѓорче ќе ни ја пушти можеа и они да си добијат поклон три бода од Карпош.
Нормално нашава утакмица почнува 15 минути покасно (што е дозволено пошто демек гостиве каснеле) за да можеме да добиваме информации од нивниот меч :icon_mrgr:
Они исто ставиле свои шпиуни кај нас. Нашиве ко за инает даваат гол за 1-0 во 40-та минута (прво полувреме требаш да губиме за да се добие вечаток дека Ѓорче ќе не победи па Алумина да не им ја дава напразно на ССК). Нашиов тренер скрена кога виде дека нема да му успее планот, почна да се дере како мрднат за да се тргаат нашиве. Се тргнаа два пати и на полувреме 1-2 за Ѓорче :D На крај си тепавме 4-2, а Алумина мислејќи дека Ѓорче ќе не победи не им ја пушти на ССК :D На крај ССК отпаднаа, ние опстанавме.

Какви се смешни голови сум видел на наместени мечеви. Голманите мора да пуштат голови па прават демек фатални грешки :D Еднаш им ја пуштаме на Фортуна од Синѓелиќ имаа добри пари фрлено, и беше некаде 90-та минута а резултатот 5-6 за Фортуна. Нашиве шутнаа од пола терен на заебанција ама за малце гол ќе дадеше тој и ќе ја заебеше местенката :D Голманот на Фортуна едвај одбрани и вика А СЕГА ШТО ПРАВЕВМЕ АКО НИ ДАДЕШЕ ГОЛ? :icon_mrgr:

Често екипите одат на некои мечеви колку да не заработат казна за неодење. Па така се оди со 7 играчи, после 5 минути едниот паѓа и мечот се прекинува и се регистрира со службени 3-0 за противникот (али битно ќе нема казни и минус бодови :D).
Записниците се прават пред мечот, се пишува нема жолти нема црвени, и после цепај...
Лани ги тепавме Маџари кои беа фаворити во нашата лига со 4-1, газдата на Славија им понуди да фрлат пари а ние да ја пишеме во записник дека влегол некој од публика и ја прекинал по што Маџари тепа со 0-3 службено, ама одбија :LOL:

Пред 3-4 сезони се боревме со Лисиче за прво место во трета лига. Педерчињата пред нашиот меч ни ги потплатија пола состав, па изгубивме дома, а следниот меч истите тие кои беа потплатени отидоа да играат за нив. Истата сезона мораа да дојдат Лисиче за да играат со Сан сити кои истотака играа на нашиот стадион. Прво им наплативме пари за карти, а потоа судијата беше начекан и истеран назад хахаха
Така Лисичани ни видоа фудбал ни си ги добија парите назад :icon_mrgr:

Има и доста морбидни приказни. Пример за време на војната дури ЈСП играше во едно Тетовско село имало престрелка меѓу УЧК и АРМ во Тетово или околните места, па фудбалерите на двете екипи морале да легнат по теренот а мечот одма бил прекинат...

Има една приказна што татко ми ми ја прераскажува, на меч на Славија во општинската лига на Југославија. Некој го пцуел судијата, ама овој да ти бил каратист покрај тоа што судел на утакмици :D Кога му се качил горе на трибина, едвај жива глава спасил тој што пцуел :D
Легендарна е уште една приказна која незнам колку е вистина :D
Имено сегашниот газда на Славија кога правел свадба му јавиле дека Славија губи со 0-2 (ова негде во 80-тите години :D). Излегол сред свадбата, отишол на утакмица дал 3 гола и пак се вратил на свадбата :LOL:

Многу чукнати луѓе сум имал во маало порано. Сум имал многу фудбалери во маало кои играле за Славија во 70-тите и покасно, ама биле ептен ебиветри. Еден од нив го следеле од Партизан. Пратиле лимузина во Скопје за да го земат од дома и да дојде на проба во Партизан. Типов зелен во главата, бегал низ прозор за да не го видат :D Место во Партизан потпишал за ФК Маврово (после преименуван во ФК Гостивар) :D

Во четврта лига е уште посмешно. Нема линиски судии, а порано ни мрежи не ставаа :D Си има госовор меѓу екипите, судијата да досуди крај после 70-80 минути пошто неможе да одат после пола саат играње а камоли да издржат 90 минути. Минатата недела бев на гостување во четврта лига ЛОЛ Домаќините мислам дека 10 играчи сменија, еден фвлезе во патики за кошарка, ни штуцни носеше ни костобрни, го извадија за 5 минути хахаха На полувреме сите со цигарчињата во рака :D


Доста ви е, засега на ова ми текнува... :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Можам засега да ги презентирам невидените тренерски квалитети од Деб(а)рца

И нешто мааалку сомнително :icon_lol:

ОФЛ Охрид: Каде е топката?

volino.mk Мај 28, 2012


Вчера се играше последното 22 коло од Општинската фудбалска лига Охрид. Два натпревари директно решаваа за тоа кој ќе се пласира до четвртото место кое води во баражот, а воедно и кој во регуларниот дел ќе биде прв, а тоа беа средбите Сатеска-Злести и во Куратица Рудар-Дебрца. На Сатеска и требаше победа и кикс ( нерешено или пораз ) на Рудар за да биде четврта, а во случај на победа на Злести и пораз на Дебрца Злести избиваше на прво место. И двата натпревари требаше да започнат во 17,оо часот, а започнаа со задоцнување. Во Волино гостите тврдеа дека нема услови за игра ( теренот беше искосен, но не беше добро обележан), а во Куратица чекаа да почне натпреварот во Волино.Во Волино во натпревар со многу пресврти победи Сатеска со 5-4 и во моментот на завршување на натпреварот во Куратица беше 0-0, за да гостите им пуштат гол на домашните за победа од 1-0. И се би било во ред, иако не е во ред, сепак останува отворено прашањето како Рудар постигна гол, кога ја немаше топката. :pos: Во Куратица не се играше фудбал, туку играчите на двете екипи ја бараa топката во тревата. Погледнете ги условите за игра во Куратица, преку фотографиите што ги позајмивме од фејсбук профилот на село Белчишта.
Навистина каде е топката?
Општинска лига и се е можно! Но, каде се одговорните во ОФС сето ова да го санкционираат?
Дотогаш Рудар и Дебрца ќе ја бараат топката!
 
C

Creating.

Гостин
Можам да кажам дека ми се свиѓаат ваквите постови на Сајберот. Интересни податоци и случки од години наназад извади, да ти е мерак да читаш и да се смееш. :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кога ќе имам повеќе време ќе пишам нешто, засега само фотка од мојот омилен тим Млад Разарач.

mlad razarac.jpeg
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Лани 2ра лига Влазерими - Осогово....второ полувреме 1-0 за домакините и помошниот судија доаѓа кај клупата на Осогово и вели:Немојте да давате гол ја имам жена,деца дома. :tapp::pos:
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Абе ФК Лакочереј ФК Вапила!! 148-0

за да остане лакочереј во лигата требаше да победи со многу разлика и пошо вапила беше пред испаѓање ( последна во група ) го договориле натпреварот...не се знаеше кој дава гол -.- со 4-5 топки играа и сите чак и судијата голови даваше...

беа казнети со по 4 години забрана за учество во лигиве...нз дал е поминато :P
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Абе ФК Лакочереј ФК Вапила!! 148-0

за да остане лакочереј во лигата требаше да победи со многу разлика и пошо вапила беше пред испаѓање ( последна во група ) го договориле натпреварот...не се знаеше кој дава гол -.- со 4-5 топки играа и сите чак и судијата голови даваше...

беа казнети со по 4 години забрана за учество во лигиве...нз дал е поминато :P
:pos::pos::pos::pos::pos:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Па ајде и јас да напишам некои случки на кои сум сведок. Пред 7-8 години беше крај на општинска лига Гевгелија и знаете се играше на стадиони без трибини и немаше никакво обезбедување но имаше навивачи од домашниот тим околу 20-30. И беше 1:1 резултатот 88-ма минута и еден од навивачите влезе во терен и постигна гол кој од судијата беше признат мислејќи дека голот го даде фудбалер кој беше во близина на навивачот, потоа судијата го јадеше од фудбалерите.

На вториот натпревар беше пролет но топло 40 степени. На овој натпревар имаше 2-3 полицајци за повторно да не влетат в терен но тие не спречија ништо пиеја кафе под сенка додека домашните губеа со резултат 1:0 и двајца од навивачите отидоа до кај судијата и му се закануваа со ножеви (видов со свои очи) и за 10 минути досуди два пенала што ја донесе победата на домашните, и судијата пак го кркаше.

А и најинтересната случка кога се маваа камења во терен исто така во ОФЛ Гевгелија. Беше со екипи од дното на табелата и 1:1 беше резултатот па навивачите што немаа што да прават покрај стадионот се маваа со големи камења и памтам 3-4 фудбалери беа носени на шиење в болница.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
има секакви смешни случки ...посебно во овие селските лиги па тоа е чешит
општинска лига битола игравме во село Св Тодори на гости и на полувреме мојата екпа водеше 0-1
на почетокот на второто полувреме едно бате селско набилдано на средина застана со телефонот во рацете и му вели судија ти мерам време ако ја свирниш порано те тепам
на иститот натпревар го удрија еден наш играч и лежеше се жалеше го удрија по јајца.... и од страна друго бате вика: судија фати го за јајца види дали му се сматци :D

Со омилената екипа на некој член погоре Млад разарач од село Кравари на гости кога игравме ....од другата страна на теренот преку улица си го праеше некој кровот и слушна нешто дека за нас свирна и го слушам вика тој (а воопшто не гледа шо се случува) Судија ако фрлам со ова теслата од тука ќе ти кажам убо идиш тука да ги ебаваш нашите деца
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ќе ја сликнам статијата во CKM за фудбалски и други спортски местенки, цело делче за Џаро има, у несвест ќе паѓа тој што првпат ќе ги чита приказните. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom