Македонски фудбалски приказни

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Кога сме кај Велешта... Јас сум веројатно единствениот кајганџија кој настапил во вулканот „Велешта“... Три пати :) И веројатно единствената будала во Македонија што играла и во Бутел и во Велешта.

Пред да почнам со приказните, една ептен битна информација. Величенствениот (не тој од филмот) своите фудбалски почетоци ги имал во ФК Велешта :pos:

ОК... Одиме. Веднаш до стадиончето има сала која се користи за што друго ако не за соблекувална. При првото мое гостување таму, не однесоа на трибина и ни рекоа дека тука може да се пресоблечеме :pos: за срамот да биди поголем додека ние се пресоблекувавме на трибини, на паркет едни батиња си играа мал фудбал :pos:

Пред 3-4 години требаше да има реорганизација на лигата и од 5 трети лиги да се направат 2. Според планот требааше да опстанат првите 5-6 екипи а другите да одат во понизок ранг (ништо не бидна од тоа по шо знаеме колку ни беше ажурна претходната фудбалска влада) Тоагаш на сите екипи им требаа бодови. Тргнавме за Велешта и по пат стравот го теравме со желбата за опстанок... ама... Уште не слезени од комбе дојдоа претставниците на клубот и го викнаа нашио тренер „на кафе“. По 5 минути еве го доаѓа и уште по одот му се гледаше дека го пееле. Не собра сите и ни вика: Дечки денеска мораме да изгубиме. Им требале бодовите и тоа е тоа, ништо не можеме да направиме, ќе не убијат! И бидејќи ние сме добри гости си примивме 2 гола уште од почеток :) На крај мислам дека беа 4 или 5. Нулата за нас goes without saying :)

Сега една приказна кога тие ни гостуваа. Ги чекаме... ги нема... 15 минути до почеток на натпреварот ги нема, 10 минути... ги нема. Кога речиси сите надежи пропаднаа дека еден таков судир на титаните нема да се случи, еве ги!! Петнаесет минути покасно од закажаниот но тука се, излегуваат!! И тоа не било како, веќе пресоблечени во дресови, со копачки. Со еден збор, спремни!:pos::pos: И наместо како што е ред прво да појдат в соблекувална, тие правац стадион, тие се велесила не им треба освежување. Од што се толку сигурни во победата дојдени се само 9 играчи. (кога видовме дека се 9 се договоривме на полу време да биди тесно, за да не им се „повреди“ некој при 3-0 во 10-та минута и да биди за џабе чекањето) И според очекувањата веќе 5та минута 0-1 за гостите, до полувреме успеавме само да изедначиме. Е после 2-1, 3-1, 4-1 до 60та минута и им се повреди еден играч, подоцна и уште еден (епидемија ќе да беше) и натпреварот мораше да биде прекинат и регистриран со 3-0 :)

Кај екипите што ги пречекале лошо пуштат деца од 16-17-18 години и и да сакаш да возвратиш на пречекот, не можеш :(

Доста ве смеев (под услов дека ве насмеав) Знам дека ова шо следува не му местото на темава, ако мисли модераторот дека заслужува нова тема нека отвори, ако не, мислам дека е доволно да биде напишано нешто во тема која што има 5к прегледи за релативно краток период. Во неделата требаше да гостуваме исто така во Велешта, но не отидовме. Клубот веќе нема пари! Спонзорот (единствената фирма во градот која може да спонзорира клуб) откажа веројатно заради неправилна работа на дел од управата. Што е уште потрагично, градот тврдоглаво одбива да помогне веројатно заради партиски причини. А тек следи најтрагичниот дел... За клубот да функционира најнормално потребни се 4 000 евра годишно или ако сакате, отприлика колку еден ебан вработен во јавната администрација!!! Денес во државава имаме луѓе кои земаат пари за да не одат на работа, градот што од инает, што од будалштилук не сака да се крене над партискита идиоштина и убива клуб во кој поминале стотици играчи израснале еден куп деца. Клуб каде започнале да играат фудбал двајцата најдобри стопери во истријата на македонскиот фудбал Најдоски и Седлоски. Срамота!!!
Но битно владата изгради уште еден стадион веднаш до стариот сега имаме 2 стадиони и 0 (и со букви) нула фудбалски клубови. Сега читав дека едно такво стадионче ја чинело владата 155 000 евра:tapp: Ма она бе реално не кошта повеќе од 30к. Биле изградени според светски стандарди, ако две туш-кабини, трибини од штици и терен полн со бразди (како што поминла машината) и трева која ја чекавме повеќе од една година на никне се светски стандард, тогаш терените се изградени по највисоките! Повисоки не може!

Немав намера да ја мешам и владата во темава, ама за да ја остварам поентата, морав. Доколку тие пари (или барем украдените) се инвестираат во некој клуб од помал град или во во вториот по квалитет клуб од некој поголем град само од каматата клубот ќе живее со децении! Еве на пример: каматната стапка за депозити во денари е околу 5% (за орочување на 1 година) а повисока на повеќе години, али за примеров нека биди и една. 155 000 евра носат нешто повеќе од 7 500 евра годишно, со тие пари ќе поминеме 2 години, или една година и играчите ќе земаат по некој денар и клубот веројатно би имал најмалку двајца вработени. А бидејќи станува збор за камата, а не директно трошење на тие 150к при нормална инфлација клубот најверојатно би траел 2 децении.
Уште еден не така фудбалски пример. Ако парите кои што се вложени во МЗТ за една година, се вложеа во младите категории, гарантирам дека едно десетина години немаше да има празна сала во Македонија.

Е сега не велам дека проектот на владата е лош, ама реализацијата е ужасна. Игралиштата не вредат ни 30% од вложените пари, во мојов случај имаме 2 игралишта едно до друго кои никој не ги користи. Во Мак. Брод игралиштето им го градеа 3 години и заради тоа клубот од таму мораше да паузира 2 години откако сфатија дека играњето на домашен терен на друго место е неиздржливо финансиски.
Не велам дека баш владата треба да издвои 150к и да им ги подели на 20-30 клубови, дури и сметам дека тоа е погрешно бидејќи секогаш ќе се најди клуб кој ќе рече: а пари за нас? И се разбира дека ќе биде во право. Со ова погоре сакав само да кажам дека ужасно ме нервира што никој не се интересира!!! На рекламите на собранискиот гледаме како среќни деца си трчкаат по терените, како костумосани идиоти сечат ленти, а за што? Никој не се интересира дали игралиштето е изградено на правилно место, дали парите се вложени онаму каде што се најпотребни... не! На насмеаните лица од МТВ им е битно да се појават на ТВ и да кажат дека се инвестирало, како, што, за кој, на никој не му е гајле.

Целата идеја на вториов дел од постов е да го искажам своето незадоволство кон општините. Јас целосно разбирам дека капитализмот функционира по принципот плати па клати, но општините не смеат да се изземат од спортот. Реално за секоја општина 4 000 евра не се ништо (едно партиско вработување помалку), а со тие пари може чуда да се направат за доброто на македнскиот фудбал. Чуда во смисла дека во минатото поголемиот дел од репрезентативците потекнуваа од помали клубови и средини, сега се е централизирано во Скопје и Тетово што од фудбалска гледна точка е погубно, а на никој не му е гајле. Во државава имаме две спортски емиси... Едната повеќе се интересира за Лео, Кики, Пеп и Му. На другата не можеме ниту да и забележиме бидејќи судејќи според возраста, авторот силно чука на вратите на склерозата. Па човече МТВ има 10 спортски новинари, а не можат да направат една мочана спортска емисија.
Денеска Кире излезе и јавно кажа дека во федерацијата баш им чуе за ракометарите и ниту еден новинар не се заниша да направи скандал од тоа, само си ја пренесоа веста како и да не е голема работа. Ма во нормална држава начевци ќе беа протерани од државава бре, а не никој да не ги побара да одговорат на едно прашање!

Ете исплукав по општините, владата, спортските новинари сите според мене подеднакви виновници за состојбата на спортот кај нас. Сега одам да спијам.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Пред неколку години играме во 4та лига на гости , теренот без трибини, без соблекувални без вециња наоколу со куќи на мештаните .И започнува утакмицата, само што поигравме 10 мин. судијата свирна стоп со свирчето и летна трчајки накај сосесдните куќи да бара веце , па така си чекавме 10 мин човекот да се сере , потоа дојде и опет играта продолжува кај што застанала
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Кочани (Фк ОСОГОВО) - младинци. пред 7-8 години.. играа младинците во прва лига.
Осогово води на Куманово 3-0 и во 87 минута за да задржи време тренерот го пушта синот на домакинот на стадионот.. не дека знае овој да игра фудбал туку чисто да смета на играчите..а и публиката малку да живне сите викаа укаа како којзнае каква ѕвезда да влезе на теренот..... во 90-та Кумановци напаѓаат.. овој што влезе почна да вика по голманот.. Голмааан! Голмааан! Излези да ги фанеме у Офсајд! :vozbud:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Пред да почнам со приказните, една ептен битна информација. Величенствениот (не тој од филмот) своите фудбалски почетоци ги имал во ФК Велешта :pos:
Процедурално.ФК Македонија Враништа ;)
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Кај нас имаше само еден болничар што беше уствари на сите спортски "настани". Кога некое дете ќе се повредеше овај му одеше и го прашуваше:
- Те болит нешо?
И овај другиов: - Да.
- Не се секирај ајде ќе ти поминит.

Мислам дека со овај муабет излечи многу играчи по општински лиги и турнири во мал фудбал :D
Да не е случајно типов до судииве?

ИнаЌе
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.031
Поени од реакции
994
Eve go pretsapnikot ...

Натпреварот од последното есенско коло во Третата лига –Север помеѓу екипите на ФК Башкими и ФК Бутел не го доживеа крајот. Прекинат е по завршувањето на првото полувреме при резултат 1-1 откако судиите според официјалниот записник биле нападнати со нож од домашниот тренер Асалари Рама.
Еве што се вели во записникот:
По завршувањето на првото полувреме при резултат 1:1 откако се упатија фудбалерите на двете екипи и судијската тројка на чело со делегатот во службените простории дојде до вербална расправија помеѓу претставникот на клубот, Османови' Рафет и неговиот тренер Асалари Рама, со судиската тројка на чело со главниот судија Марјан Младеновски по што се употребија погрдни зборови и псовки кон судиите. Во тој момент додека барав појачување од страна на припадниците на МВР, од страна на неслужбено лице, подоцна идентификуван како Санел Куч (по кажување на полицискиот службеник) го удрил главниот судија Марјан Младеновски со лимена штака во пределот на лицето. По влегувањето во службените простории (по кажување на полицискиот службеник) и полициските службеници на ПМБК Алфа и по кажување на судиската тројка сите биле нападнати од тренерот Асалари Рама со нож упатувајќи им сериозни закани по живот. Во тој момент јас поради тоа што во оградениот дел влезе и публиката со останатиот дел на полицајците успеав да ги отстранам влезените гледачи, за да не дојде до поголем инцидент. Во тој момент претставникот на домашните Османовиќ Рафет ја заклучи влезната врата од службените простории како не би можеле да интервенираат припадниците на МВР. Јас во тој момент успеав да го вразумам да ја отвори вратата, при што истиот го стори тоа. Јас како службено лице на натпреварот на припадниците на МВР им кажав да постапат согласно законот за спортски натпревари, при што од страна на припадниците истите беа спроведени во надлежна институција. По смирувањето на ситуацијата сите службени лица и гостинската екипа безбедно и без проблеми го напуштија теренот во Бутел.
При составувањето на записникот поради тоа што претставникот на домашните Османовиќ Рафет пишуваше спротивно од она што го кажуваше судијата и беше конфузен, истиот не е потпишан од страна на главниот судија за да се исправат и корегираат направените грешки.
Судиските такси за овој натпревар не се исплатени.(Претставникот на домашните Османовиќ Рафет во присуство на судиската тројка и мое присуство вети дека истите ќе бидат уплатени најдоцна до вторник на жиро сметка).
Делегат
Слободан Наумовски

E ova e praviot Ranjo sto go znam! Svezo od prethodniov vikend!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694

Читај му ги коментарите после статијата.

Овој стварно бил за во Бардовци :facepalm:

Он само го пиел водата, му го паднала чашата, го одел на штаките, судијата му мавнал два-три шамара, наш Санел ни на мравка не гази.
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Лелелел Рањо имал фејсбук :pos::pos::pos:ахаххаха :pos:

Колку е луд алал да му е :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Да не му ги постирам коментарите, какви луѓе има во државава кој како му дојде си измислува.
Неговиот извештај ми е во топ три засега.
Прво место неприкословено извештајот на Чкембари за гостувањето во Скопје.
Второ место извештај на Кумани за меч од ракомет Куманово-Вардар. Исто и таму од нивниот извештај разбрав дека сум јадел ќотек во сала, надвор од сала и сум се криел позади џандари :icon_mrgr:
Трето коментарите на Рањо.

Еве ви едно видео:
Негде накај 1:40.
-Не е тренер надворешно лице е
-ДА ТИ ЕБАМ СЕ ВНАТРЕШНО ДА ТИ ЕБАМ, ДА ТИ ЕБАМ ЖЕНАТА ВНАТРЕШНА, ПУ ДА ТИ ЈА ЕБАМ У УСТА ДА ТИ ЈА ЕБАМ А ТИ ДА МЕ ГЛЕДАШ КАКО ЈА ЕБАМ :pos::pos::pos:
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
А тој што иде позади Рањо на 1:40,знаеш кој е?И тој е опасна фаца у Бутел,секоја утакмица спремен е да тепа судии.:D

Да ти ебам жената внатешна :pos:Ме интересира каква е таа внатрешна жена.:pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
А тој што иде позади Рањо на 1:40,знаеш кој е?И тој е опасна фаца у Бутел,секоја утакмица спремен е да тепа судии.:D

Да ти ебам жената внатешна :pos:Ме интересира каква е таа внатрешна жена.:pos:
Мислам дека им е тренер тој, не сум сигурен.

Иначе загледајте го тој што улетува во терен на 0:54 на клипот.
Тој е дечкото за кој што викаат дека го мавнал судијата, а овие цела екипа го бранат дека бил повреден и одел на ШТАКИ :pos:
Тој утрча како Усеин Болт, ни Ш од штаки нема :pos:
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Мислам дека им е тренер тој, не сум сигурен.
Пред 2-3 недели бев да гледам Алумина-Бутел,Рањо беше на клупа како тренер,а овој што го збориме беше позади мрежа,надвор.

На сите играчи им ги изеба мајките,каква петарда е и овој :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
ај ај ај сурла :pos: која легенда чоече .... сега шофер во јсп така , мислам дека го видов на тв ја возеше 22-та кога беше масовната тепачка.
Само да ти дојавам дека Сурла доби отворена покана да направи кам-бек на фудбалските терени :D
Се очекува во секој момент да удри потпис на договор и од автобус да се пресели на зелените терени :icon_mrgr:
Магично просекот на клубот ќе ни порасне од 20 години на 45 години со оглед на тоа кои се играчи се повикани да се вратат.
ТИе што се курчеа претходнава полусезона на гости нека му ја мислат сега:icon_mrgr:
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.359
Поени од реакции
25.054
10 минути пауза за жолт картон во амтерскиот фудбал во Холандија

Денес дознав за еден интересен податок и многу се насмеав - во општинска лига кај нас, ако добијаш жолт картон ти плаќаш казна 150 денари, а ако добијаш црвен 200. :pos:Немав појма дека било така. Во случај да не ги платиш овие пари нема да можеш да играш на следниот натпревар. Скоро сите натпревари поради ова завршувале без картон. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom