Добро коа ќе се земе се на крај мораме да бидеме задоволни со нерешено, иако оваа Словенија реално е просек. Да бевме ниво погоре требаше да го искористиме ова со максимални 6 бода да ја чекаме следната утакмица, но сепак нема да бараме преку леб погача. Ипак ние сме Македонија, и одличен е податокот дека од два натпревари немаме пораз. Треба да се продолжи во исти ритам, да се работи на реализација и поголема координираност на терен. Мора да знаеме што играме, не смееме да делуваме како распашана команда у стилу рогни напред пошо не знаеш што да праиш со топката. Има капацитет, има потенцијал само да се доштимаат ствариве. Елмас е генијалец, се надевам дека ќе знае да избере клуб во кој ќе има шанса да блесне, а не да грее клупа. Само така и он самиот и Македонија ќе имаат бенефит.