Не сум разочаран (многу) зошто за очекување беше фијаското во квалификациите, како и секој пат. Пишував и предходно дека еден куп работи не чинат а вечерва сите заедно во целина си дојдоа до израз.
Прво, публиката гомна да јаде, не затоа што ги свири играчите, туку затоа што кога свири не знае ни по кого ни зошто. Онака групно сите у пм... Не дека повеќето не заслужија, ама многу по фер е 90 минути да се бодри, а по натпревар да им се каже што и како. Иако морам да признаам дека денес беше тешко да се дочека 90-тата дури и за навивачи кои биле максимално коректни кон репрезентативците секогаш.
Енивеј, „анализиве“ на форумов вриштат, се оди до степен дека никој не чини и сите немаат појма. Голем дел од форумџииве уште чекаат Пандев да ги издрибла сите од соја половина и да даде гол. Вејк ап стручњаци, Пандев одигра сосема добар натпревар вечерва. Примаше топки, се заградуваше, асистираше, ги пронаоѓаше играчите со долги топки. Неколку пати беше и несебичен и ги форсираше другите да ги завршат акциите. Ние барем што редовно го гледаме Интер знаеме дека освен што таму има друга задача, неговата игра во ништо посебно не се разликува. Дури и Шмуликовски кој редовно е на мета вечерва немаше лош натпревар (сметам 75 минути за сите, пошто последните 15 беа потоп).
Кај нас се евидентни проблемите: многу играчи се далеку од некогашната форма, повеќето играчи играаат во без везе лиги и екипи, физичката подготвеност ни е нула, квалитетот далеку од потребното ниво. Не викајте дека е местено зошто така ќе испадне дека сме јаки ама не сакаме. Последните 15 минути се реална слика и одлична проценка на гостинскиот селектор, кој ни удри пресинг тогаш кога не можеме да одиме и нашите се изгубија.
Но и понатаму, нашиот најголем проблем е селекторот Јонуз. Неверојатно е како човекот прво го закашка натпреварот со Словачка откажувајќи се од нашата контра и претворајќи го во меч пред нашиот гол (вечерва Ерменците му покажаа како се игра контра на гостински терен), но сепак, со Ерменија Јонуз се надмина во сите три измени. Најпрво го извади Ристиќ кој имаше пречка и неколку шанси и лесно и бегаше на противничката одбрана. Потоа го извади стрелецот на голот Ѓуровски по што средниот ред падна. И капак на се, го внесе Илијовски, човек кој веќе се испробал и ако памтам добро, имаше прекар Мистер Промашај, поради зицерите кои ги утнуваше во серија. Мислам, од која страна беше Јонуз вечерва, од наша или од нивна? Ми иде да викнам ВРАТИ СЕ СРЕЌКО, а можеби и САНТРАЧ би го побарал пак. Вака лош селектор не паметам да сме имале некогаш.
Има среќа во несреќа, добро е што брзо пукнавме за да не се лажеме овде по форум и на стадион, да не ги пцуеме луѓето за џабе... Во моментов репрезентацијата ни е блиску до катастрофа и тоа е реалноста. Среќа што не влегоа 2-3 шанси во првиот дел, ќе ни ја продолжеа илузијата дека можеме. Време е да се соочиме со реалноста. На фудбалот му се потребни длабоки промени за да можеме после многу години да им парираме на посилните екипи во европа.