Македонија - Чешка [ 14.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    191
Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Значи, ако ние изгубиме (на пример со 3 гола разлика), за да испаднеме Чешка ќе треба да загуби со помалку од 6 гола разлика од Данска, или лошо разбрав?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Манасков има потенцијал, ама ептен е зелен бе мамето... Ако никој друг барем Пепи нека му удри понекоја заушка, нека го дисциплинира малку...
Жено отвори ја темата со Австрија да му ибам мајката може до женска рака ќе е. Или пратете ја скоцкана како вие тоа добро го правите у пп до било која жена нека ја отвори :D

Ќе чекаме Данска - Чешка нема грешка ќе се тресам на туѓ натпревар. Има да идеме на победа со Австрија!
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
полош ракомет немам гледано во живот.
судии волку не суделе за една екипа (за нас) од времето на ѕинго и силекс.
немаше една одлука на наша штета, имаше барем 10 на нивна.

стварно не знам како извадивме резултат, свака част. мене ипак ми е мило што сме на европско, и што најверојатно ќе одиме понатака, ама играме таков лош ракомет да ти се одмили играта. мислам дека освен македонци, ниеден ракометен фан не би сакал да не гледа.
чесите па бетер, освен од бекови од 9 метри шут на сила никакво друго знаење не покажаа. имаат добра 6-0 одбрана, особено против екипи како нас.

тоа е тоа, во целина треба да бидеме задоволни, ова е европско, и реални шанси за втор круг. зошто незадоволство?

манасков е ужасен, страшен застој во репрезентативна кариера, треба прогресивно да напредува, он тапка у место, ако не и полошо.
ќе беше супер да играше гробарот и вугринец. сосема друга слика ќе имаше репрезентацијата. вака само не вади кире, миркуловски со неговото виткање по терен ала дрогба и стоилов.

борко очекувано беше ваква партија после она завчера со данска, уште тогаш си помислив - штета требаше оваа ноќ борко да ја има со чешка. иако и тоа не е оправдување, денес беше невидлив, барем да беше просечен.

и на крај, момците се борат нема што. тоа е тоа што се бара. другото е спорт, некогаш се губи, некогаш се победува. мотивацијата и борбенооста е на место. кој сака што сака нека каже.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Волку Волку после пораз и нерешено, одиме сега на победа против Австрија..за првата фаза толку..:icon_mrgr:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Немам намера ништо посебно да коментирам за натпреварот освен ова:

Ристовски 6/30 = 20%
Штохл 21/44 = 48%

Прилично ја раскажува приказната за натпреварот. Обрван сноси голема вина што не го извади Борко во ниеден момент иако беше ужас. Исто и за огромната минутажа на Манасков.

Јас искрено мислев дека ќе изгубат, ама против една вака слаба Чешка, не смееше да не победат. И главен виновник е Борко кој не брани туку погодува кај ќе шутираат играчите.

П.С. Полош натпревар (барем во напад) на европско првенство од овој здравје.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Манасков има потенцијал, ама ептен е зелен бе мамето... Ако никој друг барем Пепи нека му удри понекоја заушка, нека го дисциплинира малку...
Има потенцијал ама за харање низ дискотекиве у скопје. Нити бил светска класа, ниту ќе биде.
Со цигари, алкохол, журкање на два дена пред утакмица, не се станува класа играч.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.898
Значи, ако ние изгубиме (на пример со 3 гола разлика), за да испаднеме Чешка ќе треба да загуби со помалку од 6 гола разлика од Данска, или лошо разбрав?
Nope, ние сме во предност 2 (или 3 во зависност од тоа кој колку гола ќе даде во последното коло) гола, а не Чесите.

Ако сме изгубиле со 3 разлика, за да отпаднеме ќе треба Чешка да изгуби со 1, па можеби и тоа нема да им помогне (пак ќе кажам, ако имаме иста гол разлика се гледа кој дал повеќе голови севкупно).

Пораз од 2 разлика сигурно не носи понатаму ако Данска ја тепа Чешка што за мене нема сомнеж. На Данците и тоа им е битен меч, ако загубат бодови, ќе однесат помалку во наредна фаза, ако влезе Чешка место нас.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Никој не спомна дека и Велко Маркоски катастрофална одбрана изигра, ни блок на време излага а и 1на1 кој знае колку пати излета. Сигурно минимум 4-5 гола одат директно на негова кривица. Борко требаше да се мења тоа е факт али нема потреба од толку плукања, проблемот е нападот, реално да сум на местото на Обрван и јас не би знаел што да сторам со овие трупциве кои ги има на располагање. Ако би можел нешто да сменам, јас не би го ставил Манасков т.е ќе добијат обратна минутажа каде Олјески ке игра 50 мин и Бранче Ангеловски ќе излезе напред само на куковден. Нека стегнат заби со Австрија нема што да се изгуби, а со победа многу може да се добие, втората рунда ни доаѓа со +2 бода што би било максимомот што може да се извадат. Па во втората фаза со Прибак друга приказна ќе се пее во нападот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.898
Никој не спомна дека и Велко Маркоски катастрофална одбрана изигра, ни блок на време излага а и 1на1 кој знае колку пати излета.
Спомнавме неколку души претходно :icon_mrgr:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Како што ги разбрануваме голманиве, Мариновиќ има 20 одбрани да има против нас. Ај сеа да си ги видам кобарските способности. :D
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Пак истата прикаска :mad: Други да решваат за нас. Ми се скурчи веќе од такви глупости.
Денеска ко не победивме, незнам кога БИ победиле.
АКО случајно влезиме во втор круг, порази не ни бегаат. Послаба репрезентација никогаш сме немале, понеорганизирано никогаш не сме играле.
Се враќаме 10 чекори наназад, дисциплина во играта немаме, контри немаме, не се враќаме навреме во одбрана, шутери, освен Кире-немаме :(
Во оваа репрезентација, место нема барем за 10 мина кои играат моментално. Шо к.. бара Бранче, за шо е викнат Митков? Стојчески на 29 години дебитант? Кј е бе овај? На Ванчо му мина времето, паѓа газо, готова е неговата кариера, за жал. Престап уште ќе игра?
Денеска игравме катастрофално. Имавме тон шанси за контри да правиме, ама сите се статични, освен 2-ца, ама брзо ги покриваат.
На контра се оди цел тим, ама другите си стијат и си чекаат :tapp: А и тие контри шо ги напрајвме голем дел успеавме да заебиме.
Борко-дупе. Изигра стварно слабо. Убаво пишав во првиот пост дека од него ќе зависи денешниот исход. Добро се знаше ека играта на Чешка се базира на удари од далеку и дека не само Јиха опасен, ама некој требаше да ја проучи играта и на други играчи. Денес Хорак беше изненадување за сите. Хансен 2 дел. Ако беше на нивото од некни, тепавме секако. За жал, не ја повтори таа игра и имаше само 5-6 одбрани.
Лево крило денес немавме-Стварно незнам шо и дали воопшто Манасков размислува? Се понаша ко недоквакан, се мисли ѕвезда, сеуште ја има истата игра при реазлизација на зицери. Нема напреднато воопшто во последно време. Посебно ме нанервира потегот за исклучување кога имавме 2 играчи повеќе. Со кој ум, алоооо? Капак на се беше направеното пробивање кога ја продаде претходно освоената топка. Против Австрија треба да помини добар дел на клупа. Од ваков Манасков, ни Металург, а ни репрезентацијата немаат фајде. Ако не се свести за брзо време, нема да има којзнај каква кариера.
Кире :cuc: Прав лидер.
Миркулоски-денеска одличен. пола голови паднаа заради неговите одлични пробиви. Борбен до даска. Сеоја чест. :cuc:
Голема вина за денешниот неупсех гледам и кај Обрван.
Прво, во никој счучај не смееше во игра толку долго да го чува Борко. Гледаш не му оди, цреп еден :mad: Внеси го Дивио.
Второ-НИКАКО не смееше Манасков да игра толку долго. Ојлески е каде каде постабилен, не прави нерезонски потези и не троши безвезе топки. Против Австрија треба да биди стартер.
Трето-Кој к.. му беше замената Гоце со Влатко? :confused: Ај Престап да влеше ќе разберев, ама Влатко? Тогаш ни направија серија од 6-2 Чесиве и ги вративме во игра. Глуп потег.
Против Австрија, според досега виденово очекувам лесен пораз. Со ваква игра немаме шанси да парираме. Австрија ќе не згази само од контри. Тие се прав пример како треба да се работи и како со РАБОТА се стигнува до некој успех. За неколку години од тотална 0 стигнаа до респектабилен тим. Браво.

ПС. За крај-честитки до оние кои во анкетата погодија дека ќе биде нерешено.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Толку сме мизерни шо едвај го чекаме Прибак да ни помогне мислиш Карабатиќ е.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе, сите сте запнале со колку гола да изгубиме...:pos: А да идевме на победа, наместо тие калкулации? Уште го памтам антипатичниот голман нивни, мора да ги тепаме!
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Nope, ние сме во предност 2 (или 3 во зависност од тоа кој колку гола ќе даде во последното коло) гола, а не Чесите.

Ако сме изгубиле со 3 разлика, за да отпаднеме ќе треба Чешка да изгуби со 1, па можеби и тоа нема да им помогне (пак ќе кажам, ако имаме иста гол разлика се гледа кој дал повеќе голови севкупно).

Пораз од 2 разлика сигурно не носи понатаму ако Данска ја тепа Чешка што за мене нема сомнеж. На Данците и тоа им е битен меч, ако загубат бодови, ќе однесат помалку во наредна фаза, ако влезе Чешка место нас.
Siguren si za ova?

Neli se gledaa megusebni?
Ceska izgubi 10 razlika,nie pod 10 vlagame sekako dokolku Danska ja tepa Ceska.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom