- Член од
- 9 април 2009
- Мислења
- 3.183
- Поени од реакции
- 3.830

НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА!!!
Во вториот натпревар од ЕП Данска 2014 год. нашата репрезентација игра против добро познатиот противник-репрезентацијата на Чешка. Двете репрезентации изгубија на првиот натпревар, Македонија можеби очекувано, а Чеситe очекуваа подобар резултат против Австрија, па против нас сигурно дека ќе вложат максимум напори да ја забележат и првата победа.
Македонската репрезентација се соочи со многу проблеми пред ова ЕП, прво поради недобивањето на право за настап на Вугринец и Прибак, а потоа и поради повредата и на еден од нашите најдобри ракометари-Наумче Мојсоски (од добро познати прочини, Филип Лазаров тука нема да го споменам).
Чесите и на ова ЕП се предводени од нивниот најдобар играч, членот на Кил, Филип Јиха, кој на натпреварот против Австрија даде 6 гола и заедно со Павел Хорак, кој игра во Фукс Берлин (даде 5 гола против Австрија) ќе бидат најголемата опасност по нашиот гол.
Досега овие 2 репрезентации играле 2 пати и билансот е по 1 победа и пораз.
На 04.06.1998 год. Чешка ја победила Македонија со 38:18, додека на 19.01.2012 год. Македонија врати за тој пораз, победувајќи со 27:21.
Играта на Чешка ни одговара, треба само да играме трпеливо и да не трошиме многу топки. Имаме јака и искусна репрезентација која знае шо сака и одличен тренер кој знае да постави игра против секој противник.
Значи, на 14.01.2014 год. одиме на првата победа на ова ЕП. Предводени од нашите херои Кире, Борко и компанија, Чешка нема шанси!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!