R
Многу е страсТно да се пцујат на секоја грешка, нема проблем. Оди излези ти играј да те видам дали нема да згрешиш. Борко е во ред да се критикува, ама не е во ред да се пцуе и да се обвинува по завршувањето на утакмицата. Устварни не знам што ти објаснувам, знаеме што збореа одредени ликови за Кире на претходното првенство, како му отишло времето, се срамел веќе, и уште дузина глупи коментари а денес свршуваа на него и збореа дека без репрезентацијава не би била тука.Секоја јавна личност, а тука спаѓаат и спортистите, подлежат на критики и на пофалби (во зависност од тоа што го прикажале). Така да слободно може Кире да се фали и велича за уделот на денешната утакмица, а Борко да се критикува. А ако тебе не ти се допаѓа критиката на некој кој страстно навива за Македонија со срце и душа тогаш не ги читај коментарите, подобро отколку да пишуваш вакви простачки коментари...и дај научи македонски мајке ти!
Sega zamisli si deka Kire se povredi, bez razlika dali vo toj dali vo drug momentСега замисли си дека ова го направи намерно за да им го забави нападот на Чесите.
Аххх мојата најголема болкаааа![]()
Имаме многу играчи земени кои не се со доволен квалитет за нашата репрезентација да ја удостојуваат, а овој играч кој знаеше предобро да влезе од крилните позиции претходните натпреварувања... е оставен вон тимот.
Каква нација сме ние не ми се верува, сите плукаат, сите ги ругаат, свашта мајке ми... Ало бре, што има везе што сме извадиле нерешено, веќе сме во втората фаза, освен ако не скршат нозе 7 наши првотимци па да не тепа Австрија со 20 гола разлика. Мене ми е најбитно што гинеа на терен, видете Миркуловски што направи во последниот напад, у нозе му се фрли на тој, цело време изнудуваше пробивања, се бореше ко лав. Истото важи и за останатите. Едино замерка имам кај Манасков затоа што многу ноншалантно пристапува кога се во прашање контрите и исто така замерка имам за неговиот глуп и аматерски фаул на почетокот од второто полувреме кога имавме двајца играчи повеќе.
Не кур плукајте по Борко, не е и он крив, крив е тренерот што не го извади барем 5 минути за да се стабилизира колку толку. И пак на крај му фати клучна топка на Јиха при нерешен резултат. Значи завчера го величевте, министер за одбрана, дрн дрн јариња, а денес Борко ваков Борко онаков. Аман, преку Тасета од вакви коментари, олабевете се и ценете го тоа што го прават овие момци за Македонија.