http://www.balkan-handball.com/analize/kolumna-blizu-je-tale-jos-dva-mu-fale/
Добра колумна на Балканхендбол за Металург и Лино пред се.
Секоја чест за победата,за Талески,нема шо,почна да се делка,доби на самодоверба,и го подобри каде каде шутот,ама ракометот кој го одиграа во саботата беше вистинска АНТИпропаганда како не треба да се игра.
Никаква акција за крило,60 минути ниту топка да не свртиш на крило,ниту во 1945 не се играше вака.
Жарко Пешевски,добро бе дете,како е можно бе со 150 кила.со 195 см,да не можиш да напрајш барем блок,камоли нешто друго,иако не е лош пикер,има потенцијал,ама се гледа дека е запоставена работата со него.
Онај да се работи правилно треба да е Рафаел Баена,ама очигледно е дека на дечкото Лино смета само за напад,кога не му брка работа во одбрана,и го чува само за да пополни позиција,земи изделкај го,искористија ја силата,ако ништо друго на секое пенали ќе вади,само да се дотурка топката до него,ама мора да работи на движењата околу линијата и на поставувањето,вака не ни го гледа голот,свртен кон бековите цело време,а и кога ќе проба да се вмеша во акција прај лесни пробивања и фаул во напад,или престап,зошто премногу е блиску до линијата и нема простор за маневар,треба да е далеку поблиску до линијата до 9 и да си прај самиот простор,не да чека на 6 цело време,ако чека нема ни да дочека,нема кој да го проигра
мора да го научат да се поставува како треба,да чека топка,сепак втор пикер треба да е за репка,односно трет ако Никола Маркоски е во форма..
Срамота е онај Елверум да не го изгазиш макар со 4,5 гола,послаб тим одамна не сум гледал во ЛШ(од скандинавците).Оние бековите на Елверум повеќе на некои локални пијаници пред кооперација личеа отколку на Скандинавски бекови,кои се поим за изглед на ракометар.
За грев беа оние,ако не беше Линдбое немаше ни 5 гола да дадат,за одбраната на Металург секоја чест,ама нападот е инертен ептен,никаква идеја се нема,сите акции беа за Талески,не е ни чудо шо даде 13 гола.
Па не можи бе Милош Драгаш да ти игра 30и кусур минути во напад,каков Драгаш бе,дечкото освен кон гол не гледа подалеку,никаква техника,никаков смисол за пас,брзина нула,само шо има конституција и јак шут ако има отворена позиција,то е се,него ако ги биваше за напад немаше да му ги акнат клоците од Германија.
Го игра Младеновиќ на десен,таму е безопасен,негова позиција си е плеј,одлично се снајде во СЕХА таму,зошто го форсира за џабе на неприродна позиција не знам,Фитило не ни доби шанса,освен неколку пати на втор пикер кога сркнаа два брзи гола и не ни проба пак да се коцка Лино,пушти го бе детето да игра,со онаа негова промена на правец,финта со тело,игра еден на еден имаше парче да напрај,плус инфериорни беа Норвежаните во висина,можеше да искористи Фитило,ако ништо друго на десен ќе беше далеку подобра опција од Младеновиќ,и во Пелистер најчесто на десен покриваше..
Тука е таа нелогичност,Лино игра тотален антиракомет во напад,а се коцка со вадење на голманот,а немаше ни потреба,имаше +4 во второ кога проба да прај глупости,и со тие брзи два гола на Елверум на празен гол ги врати во игра Норвежаните,без никаква потреба.
На Металург му треба да го користи потенцијалот на бековите,како ретко кога имаат салам бекови,и тука треба да решетаат,ама со акции и комбинаторика,со силување на шутеви од било каде џабе е,ај со Елверум помина,одвај,со Ла Риоха,Монпеље посебно нема шанси вака да се провлечиш.
Одбраната е топ,голманот е екстра,голманиште,секоја чест за Арсиќ,комплетен голман,еден од најдобрите шо дошол во Македонија,одма се гледа дека е школуван,не оди на проценка,добро затвора агли,висок,долги раце,знае да се постави,да ги навлечи противниците да одберат страна па да затвори со другата рака,модерен голман.
Само уште да поработат на таа контра и полуконтра,како шо беа изгубени Норвежаните мораше најмалку 10 контри да фрлат,арно ама кој да повлечи?Драгаш?
Има потенцијал тимот,ама некако не го користи Лино,не знам зошто?Непотребно им наметнува притисок на децата.
Мора да ги пушти малку сами да решаваат на терен,да се ослободат,со ваква игра многу тешко ќе се изделка некое дете за репка,прајме муабет за Нелоски,Велковски,за Дрогришки не ни помислувам,којзнае дали ќе добие некој минута во иднина.