Лига на Шампиони 2016/17

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Нова сезона дами и господа..
Ново дружење со МРТ,плаќајте редовно РДТ ако сакате да гледате ЛШ,ако не мачете со Холаанблокер:pos:
Полека но сигурно ЕХФ си прави своја приватна ВИП забава...:masa:
Во најсилната лига нема веќе загарантирано место за екипи од Србија(овие не се ни пријавија сезонава),Русите го изгубија вториот претставник(заслужено),Словенците ќе ја бараат шансата за втора екипа,Романците ќе играат бараж,истото важи за тимот на Татран кој минатата сезона играше директно во лузерските групи....
Во игра се само два "Гратиси",по еден за во секоја лузерска група,за оние екипи кои ќе ги освојат двете бараж групи кои ќе се играат на крајот на август..
Најсериозни кандидати за влез на забавата се Горење и Татран од првата група,и Брага и Брегенц во втората група..
Групите на БОГАТИТЕ:cool:
Со оглед дека пазарот на трудот е отворен,можни се промени во ростерите,па ќе се воздржам од предвидувања,рано е сеуште,иако горе долу тие се фаворитите,
Засега ќе се задржам само она што е познато за досегашниот позвучен шопинг на екипите..

А ГРУПА
Death Squad:popce:
Tелеком Веспрем

Најголемите лузери во минатата :cool:сезона,екипата која испиша(негативна)историја,со својот завршен настап во последниот квартал од фиалето даде еден куп примери за пишување на сценарио на некој Холивудски спортски филм кој ќе се снима во иднина..:D
Лузери на последната декада и пол..:ајнапиво:Море на сите времиња..
Да видиме дали ја научија лекција?
Костурот од тимот е оној од минатата сезона,надополнет со Драган Гајиќ кој заедно со Гаспер Маргуч ќе ја сочинува сигурно најдобрата двојка десни крила во универзумот..:backa:
На десен бек како бекап за Ласло дојдоа суртукот Марко Копљар од Барселона и Унгарскиот бисер Габор Анчин..
Барселона Ласа
По минатогодишното фијаско сериозен ремонт во четата на Чави Пасквал..
Си заминаа Дарко Шариќ,Марко Копљар,Едуардо Гурбиндо,Гудјон Валур Сигурдсон,Дани Сармиенто,Карлос Руезга,на излезна врата е и Јеспер Нодесбо..
Сериозна дружина си замина,големи имиња на светскиот ракомет..
Како нивни замени,на лево крило Валеро Ривера Фолч Џуниор:icon_mrgr:,детето за се во Шпанската репка,бековската позиција ќе биде посилна за младите црномурести Французи Тимоти Нгсен од Шамбери на лев бек,и Дику Мем како замена за Кирчета наш...
На голот како бек ап на Перез де Варгас доаѓа,знаете кој..:vozbud:
ПСЖ
Доста промени и кај светците,си одат доста играчи со подолг стаж во клубот,како Вори,Гунарсон,Онрубиа,Аноне..
Од звучните новитети прво што паѓа во око е трансферот на Уве Геншајмер,како негов бекап доаѓа Лука Жвижеј од Цеље..
На десен бек на местото на Украинецот Онуфриенко доаѓа Хрватскиот ракометен бисер,Лука Степанчич,204 см,сериозен пуцач,но доста склон на повреди,за жал...
На голот додека се чека што ќе биде со трансферот на Коралес од Висла,друштво на Тити ќе му прави уште еден "орел:roker:"Горазд Шкоф,по долги сезони во Нант ја менува средината..
Бјерингборо Силкеборг
Изненадувачки Силкеборг успеа да ишлака се во домашното првенство и да ја освои титулата..
За малку им избега и Ф4 на купот на ЕХФ..
Добра екипа,неколку екс репрезентивци на Данска,како Михаел Кнудсен,Николај Маркусен,левото крило Мадс Кристиансен,Себастиан Скубе на среден..
Ќе видиме како ќе испазарат летово и какви шанси би имале против големите..
Висла Плок
Останаа без тренерот Кадењас,Иван Никчевиќ си замина по долг престој во Плок,ќе претрпи измени екипата,останува да почекаме за нивниот дефинитивен изглед во новата сезона
Фленсбург
Екипата која го намачи шампионот Киелце,за многумина моралниот учесник на Ф4:icon_mrgr:(со оглед дека чист пенал не им свирнаа во последна секунда во Киелце)ама то е...:kuracc:
Засега останаа без Козина,и без повредениот Лауге Шмит кој сигурно го пропушта барем стартот на шампионската лига..
Како ќе испазари Љубо?Ќе видиме,во секој случај сериозна екипа упм..:cool:
Кадетен Шафхаузен
Со оглед на минатогошнито нивно издание во лузерските групи не очекувам ништо од овие,посебно не во една ваква група,иако би имале некои шанси дома со Силкеборг и Висла...
Кил
За малку ќе играа финале,и требаше да играат,а само еден месец подоцна се најдоа во 8миот барабан во ждрепката:pos:,јебига нема правда..
Минатата сезона имаа еден куп проблеми со повреди,ако се одржат во ритам тие главни играчи ќе бидат сериозна екипа...
Засилени со Волф на голот,+Раул Сантос на крило,Билик треба да е свежина на левата бековска позиција...
Треба да се доста добри наредна сезона,видечемо...
ГРУПА Б
РНЛ

Останаа без Уве во напад,и Кнер во одбрана,и секако без ЗНАЕТЕ КОЈ на голот..:D
Како нови деца дојдоа Деки Бој и Гудјон како замена за Уве,на голот Паличка како замена за ЗНАЕТЕ КОЈ...:D
Засега не се лоши.костурот останува...
Киелце
Доаѓа можеби најдобриот плеј на денешницата Дејан Бомбач,на десно крило Џукичу,на голот Хрватскиот вундеркинд Филип Ивиќ..
Заминаа староседелците Денис Бунтиќ и Марин Шего во Пик Сегед,Грегорж Ткачиг,и Чупиќ во Вардар..
Горе долу не загубија многу,а ќе добијат доста во Денис Бунтиќ...
Вардар
Кањелас,Егзотичниот пикер,Вуко на лев бек+Чупиќ,не е лошо.засега..
Ќе мора да се бара искусна замена за Тоскиќ,и да се задржи Карачиќ,доколку се успее во ова би требало Вардар да е подобар од лани,ќе видиме..
ППД Загреб
На Вујо децата,добра дружина собра брадата..:cool:
Наредна сезона со подобар тим,Матевж Скок на гол,како бек ап за Стиви Бој,на десен бек Давид Миклавчиќ,лево крило Дарко Цингесар,најверојатно и Игор Вори на линијата,+Павловиќ,Шебетиќ,Мандалиниќ,Добривоје,сериозна екипа спрема Вујо...
Вишокот од играчи како Ловро на квадрат Микиќ-Шпрем АУТ,исто и Антонио Ковачевиќ:kuracc:,Сандро Обрановиќ нека се делка во Пик Сегед,
Мешков
Засега потврдени се трансферите на Рајко Продановиќ од ПИК СЕГЕД,Острушко(шо го бараше Струмица):pos:и Раде Мијатовиќ на голот....
Добра екипа е Мешков,сериозна пара имаат...
ПИК СЕГЕД
Екипата која претрпи најмногу измени,милион играчи ИН,милион АУТ..
Останаа без речиси цела екипа од лани:Бомбач,Миндегиа,Иљеш,Анчин,Продановиќ,Врањеш,Вишнемирски,Антонио Грасија,Марко Чурувија,Парондо...
Цела сурија познати играчи,речиси цела тим од лани..
Дојдоа:,Горбок,,Обрановиќ,талентите на Горење Стас Скубе и Шоштариќ,од Киелце Шего и Бунтиќ,+Матеј Габер на линијата,од домашното првенство доаѓаат големите таленти на Унгарскиот ракомет Бенче Бахниди и Рихард Бодо,плус левото крило Бока Бендегуз од Балатон..
Добри засилувања,како ќе успее да ги вклопи Пастор ќе видиме..
Цеље
Го изгубија Лука Жвижеј,но имаат млади деца како замена..
Доаѓа на левата бековска позиција Борут Маковчек,со оглед дека лани им беше најслаба позиција..
Ако го задржат ланскиот тим ќе бидат многу опасна екипа,посебно во Златорог Арената...
Кристианстад
Изгубија неколку сериозни играчи како Кристиан Бјорнсен,Цедерхолм,Осаливен,можеби и голманот Симиќ ќе си оди,речиси цела прва постава од лани..
Најверојатно ќе бидат на последното место,иако на домашен терен ќе бидат доста тврд ривал...

За лузерските групи ќе следи update(не собира се во првичниот пост)..:D
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Сегед иако речиси го менува цел тим, ме бендисува како испазариле. Сташ Скубе ептен ми се бендисува како плеј, има огромен талент, сигурен сум дека ќе се покажи како добра замена за Бомбач. Горбок како докажан пуцач, Габер солиден пикер во два правци, Бунтиќ и Шего како искусни играчи, и на крај Бахниди, Бодо и Бока, Унгарските таленти. Бахниди страшен пикер, страшна градба има, пола Европа беше заинтересирана за него. Бодо солиден бек е, и тој прав маџар со страшна градба, игра и одбрана. Сигурно ќе се интересна екипа за гледање.

Инаку се надевам со групава Вардар ќе тргне уште по некое засилување, за да се тргне во борба за тоа прво место, затоа што се друго ќе биде топовски дуел од гигантиве во другава група.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.769
Поени од реакции
8.273
Многу пеери гласале бе
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Лузерски Групи( годинава со доста подобро одбрано друштво за разлика од лани)...

На прв поглед Француските претставници се најголеми добитници..
Не успеаа да се изборат за пласман во ЛШ,завршија зад СТ Рафаел во лигата,но Велукс Лигата на Шампионите е местото каде што се случуваат чудата...:pipi:
СТ Рафаел не доби лиценца за настап,на сметка на тоа тоа директно место што им следуваше во АиБ групата господата во костуми од ЕХФ ко компензираа со две места во послабите групи,тука ќе имаат поголема шанса да се пласираат во 1/8 финале отколку ако играа во групите А и б..
Вака на прв поглед тука некаде се групите,можеби Ц групата е малку посилна доколку се приклучи како што се очекува тимот на Горење...
ГРУПА Ц
Монпеље

Според буџетот што го имаат местото не им е тука,но слабата сезона ги донесе тука,и мора да бидат пресреќни што им се укажа можност повторно да играат во ЛШ,зошто беа дури 4ти на табела..
Но имаа успешна сезона,освоија 2 купа,во една конкуренција со ПСЖ,сепак значи нешто ова,иако како беа навикнати на трофеи последните две декади се освен титула беше сметано за неуспех..
И се единствена екипа која успеа 3пати во една сезона да ги ишлака големиот Парис...
Добра екипа,да немаа милион проблеми со повредите ќе направеа и повеќе....
Главниот бек шутер,Гребиј ја пропушти речиси целата сезона,огромен хендикеп уште од старт,па мораа да импровизираат..
Како ќе изгледаат наредна сезона?
Веќе си замина можеби главниот играч,Драган Гајиќ патпиша во Веспрем..
Уште едно доста солидно крило си го најде чарето,замената за Гигу на лево крило,Бразилецот Боргес од наредната сезона ќе игра во Спортинг...
Главниот среден бек,Аргентинецот Диего Симоне се здоби со тешка повреда пред крајот на сезоната,па неизвесен е неговиот настап на почетокот на идната сезона..
Уште еден многу важен играч си замина,пикерот Матеј Габер,доста работа бркаше овај,одбрана-напад,добра соработка имаше со бековите..
Сега останаа само на младиот Фабрегас,доста млад играч,надежен,но има уште многу за делкање...
Се очекува да се види шо ќе испазарат..
Иако имаат екипа и тоа каква,Гигу,Жерар,Кавтичник,Доленец,ова се класа играчи..
Ако не се лажам веќе го зедоа голманот на Кадетен,Никола Портнер,доста добро голманче,треба да е замена за ветеранот Сифер..
Сигурно тренерот Канаје има некој план,искуството од 20години на клупата на Монпеље доволно говори за неговата стручност..
Сигурно ќе скоцкаат солидна екипа,имаат и солиден буџет за ова,треба да се први фаворити за освојување на групата..
Натурхаус Ла Риоха
Вториот фаворит за поминување на групата..
Иако шпанскиот ракомет е во нокдаун,сепак има квалитет,посебно за во послабите групи..
Ла Риоха не е некогашното ниво,но сепак можат да направат проблеми..
Шпански стил на ракомет,брза транзиција,технички потковани играчи...
Минатата сезона завршија зад неприкосновената Барселона,во конкуренција со Грањолерс,не е лошо за нив..
Го намалија бројот на странци,за разлика од пред две години кога исто така беа во група со Металург...
Засега единствено познато име кое го лапнаа е Ангел Монторо,213 см висок десен бек,од Висла Плок...
Останатите засилувања исто така треба да се Шпанци,тој е буџетот на Шпанските екипи во моментот,рецисијата си го зеде данокот...
Чеховски Медведи
Уште еден познат клуб,но и овие како и Шпанските екипи на времето веќе не се сериозна конкуренција..
Одамна рускиот клубски ракомет не е фактор во Европа..
И квалитетот на школите не е на тоа ниво како порано,иако одвреме навреме ќе извадат нешто интересно..
Освен епизодна улога не очекувам нешто повеќе од Русите...
Металург:oeoeoe:
Минчовци уште еднаш лапнаа протекција кај господата од ЕХФ,кој рече дека Македонија нема јако лоби?:pos:
Дали ќе успеат да скоцкаат екипа?Барем да е на приближно ниво на она ланското...
Како тргнала работата не сум сигурен...
И по последните изјави на Чиката дека ќе се насочат кон Македонците од Вардар:pos:јасно е дека не цветаат ружи во екипата,и дека нема веќе тешко ќесе за арчење..
Торпедото Јанко си го најде чарето,замина и Мраковчич,доста надежен играч кој имаше шо да понуди..
Матиќ,очекувано од него е шо нема да е дел од тимот,иако имаше некои светли моменти,за наша лига не е воопшто лош,ама за ЛШ не е материјал...
Бувиниќ и Вујовиќ се неизвесни за идната сезона,ако ги испуштат овие ќе бидат во големи проблеми,посебно ова важи за Бувиниќ,десен бек не се најдува туку така..
Засега освен имињата на Печенковски:pos:како кандидат за нов плеј:icon_mrgr:,пикерот Вражалица,според мене дечкото е многу добар пикер,два правци игра,доста подвижен,но и прилично солен..:icon_mrgr:
Дали ќе има кеш за Елдин?Видечемо,ако го земат барем на пикер ќе бидат доста добро покриени..
На лев бек се спомнува Стефан Дрогришки од Пелистер,го кандиса Чиката,детето сака да оди во Скопје,арно ама Пелистер бара оштета,Металург изгледа нема кеш да плати па ќе се тегнат..
Надежен играч е,но му фали доста делкање,одбрана пред се,има шут некој солиден,но е доста склон на технички грешки....
Како ќе се снајдат 3 леви бека+ако се опорави и Нелоски+Обрадовиќ кој потпиша неодамна ова ти се 5(пет) леви бека,играчи кои немаат доволно брзина и техника да покријат и на плеј(не знам за Обрадовиќ шо тип играч е)?,па ќе има доста збиен распоред на минутажата..
Посебно ако продолжи Чиката со тоа темпо,измени на секој втор напад нова постава,има да ги поремети децата..:pos:
Треба да се работи со овие деца,да се надеваме дека ќе ја добијат шансата,10 текми во ЛШ+СЕХА таман да се изделкаат,да се надеваме дека ќе има некој ефект од ова,барем за репката..
Ќе видиме,се зависи од тоа како ќе изгледа потрошувачката кошница на Минчо,ако не успеаат да донесат нешто конкретно и веќе изработено немаат шанси макар и за тие две победи шо ги имаа лани..
Да се корегира левата крилна позиција со некој солиден странец,+ако си оди Бувиниќ еден десен бек,+како бекап Крстевски...
Групата е прилично тешка,посебно ако се приклучи и Горење,вака на прв поглед единствено некоја шанса за некој бод би имале со Медведи и Елверум на домашен терен..
Ќе видиме,рано е сеуште за прогнози,единствено позитивно е шо ако навистина чиката планира да ја турка сезоната со ...
Елверум
Класични Скандинавци..
Останаа без најдобриот бек од минатата сезона,Лука Митровиќ,плејот Стегавик најави заминување..
Ќе видиме шо екипа ќе имаат,но не би требало да се вмешаат во борбата за првите две места,пласман од 3-5 место е реален пласман за нив...
Квалификант
Според досегашниот пазар екипата на Горење треба да е фаворит за влез во Ц групата..
Доста добро испазарија,на пикер Алем Тоскиќ,десно крило Брумен,лев бек Митровиќ,сигурно уште некој ќе земат,ќе бидат доста сериозен тим..
Ги изгубија првотимците Стас Скубе,Шоштариќ,си замина и левото крило Цингесар,си оди и десниот бек,Пољакот Шиба...
Доколку ја добијат организацијата на групата треба да се пласираат во ЛШ,Татран би бил некој солиден ривал,но треба да поминат..
Ќе видиме,ако се пласира Горење и да соберат уште некој играч ќе бидат сериозен кандидат за 1/8 финале,имаат квалитет за ова,можеби не со Монпеље,ама со Ла Риоха и тоа како можат да се носат...
ГРУПА Д
Нант

Иста приказна како и Монпеље,фаворит за пласман во 1/8 финале,со мала разлика шо овие не се толку силни како Монпеље,но подобро се снајдоа минатата сезона(барем во лигата,во финалето на купот на ЕХФ салам шамари изедоа од Гепинген):icon_mrgr:
Останаа без голманот Шкоф,главниот стрелец и пеналџија Валеро Ривера се врати во Барса,на негово место доаѓа Доминик Клајн од Кил..
Имаат солиден буџет,најверојатно ќе скоцкаат некое солидно тимче да дотуркаат барем до 1/8 финале,и толку:icon_mrgr:,во дуел со второпласиран тим од А или Б групата тешко би снашле,посебно оние од А групата,Барса,Веспрем,ПСЖ:uzi:..
Холстебро
Изненадувачки,место по долги години во ЛШ нема за Колдинг,очекувано,јасно беше дека екипата веќе не е на старото ниво..
Тоа го искористија останатите тимови,Силкеборг ја лапна титулата,Холстебро изненадувачки покрај Алборг,Скјерн успеа да е втор шо е за поздравување..
Иста приказна како Елверум од Норвешка,Скандинавска школа,претежно домашен кадар,доколку ги потцени некој скапо ќе ја продадат кожата..
Вака на прв поглед Д групата е послаба од Ц групата,па Холстебро со добри игри на домашен терен и некое бодче од страна би можел да е високо на табела...
Мотор
Слична приказна како Мешков,со некоја разлика шо немаат толку кеш како Белорусите,но не се за фрлање..
Лани го покажаа тоа...
Го загубија Острушко,но имаат уште некој солиден играч,пред се Борис Пуковски на плеј,познат играч од дуелите со Македонија и ланската сезона кога Металург беше во иста група со Мотор..
Уште еден добар играч е Русинот Шелменко,години еден од најдобрите десни бекови во светот...
Ако соберат уште некој играч имаат шанси да се најдат во разигрувањето за 1/8 финалето,групата е таман,по мерка..
Бешикташ
ЕХФ ја научи лекцијата и по минатата сезона кога им даде шанса да играат во појјаките групи оваа година ги деградира каде што припаѓаат..
Класична циркузантска екипа,иако и групата лани беше доста тешка,па и да сакаа нешто да направат не можеа..:icon_mrgr:
За овде си се таман...
Прибак останува уште 4 години,добра пара извлече од Турците:X3:
Не се лоша екипа,барем не за напад,ако научат малку одбрана да играат би имале некоја шанса,не е некоја претешка група,можат да се носат со сите...
Динамо Букурешт
По цела декада во сенка на Констанца и ланската сезона на Баја Маре конечно се вратија на тронот,во дуел со екипата на Зонко..
Ги гледав оваа сезона неколку пати,интересен тим,добра екипа..
Пред се десниот бек Вранковиќ..
Ако испазарат подобро ќе бидат тврд орев за сите во групата...
Квалификант
Најголеми шанси имаат Брага и Австрискиот Брегенц...
Брага успеа да ја прекине долгодишната доминација на Порто..
Зедоа и Челинџ куп.
Солидна екипа,добро технички поткована,бучна публика,ако организираат група имаат шанси да се најдат во ЛШ..
Брегенц,солидна екипа,го имаат Еспен Ли Хансен:pipi:,пикерот Бељански од Србија,солиден тим,изгледа имаат кеш,ако испазарат добро и во зависност од тоа каде ќе се игра турнирот ќе се движат нивните шанси за пласман во ЛШ..

Тоа е тоа, до септември да се сумираат ефектите од преодниот рок,да видиме кој како испазари па да се направат завршните математики:kafence:,иако горе долу тука е есапот..[DOUBLEPOST=1467639438][/DOUBLEPOST]http://24rakomet.mk/?p=32991[DOUBLEPOST=1467639733][/DOUBLEPOST]http://sportmax.mk/video-ehf-ja-prezentirashe-novata-selekt-topka-za-ligata-na-shampionite/[DOUBLEPOST=1467640141][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.305
Поени од реакции
5.215
Ни малку не е лесна групата на Вардар како шо кажвате, дека лесно ќе се прошета до 1 место...
Точно дека ги избегна Веспрем, Барса, ПСЖ и Кил каде тие меѓусебно ќе се судрат во жешката група...
Ама и групата на Вардар е интересна, јас мислам тешко до бодови на гостувањата кај Рајн Некар и Киелце.
Интересна група е и оваа, Загреб опасно се засилува, видовме лани како изиграа со нив, па и во СЕХА ептен тесни утакмици, оваа сезона далеку ќе биди посилен Загреб !
Кај Кристианштад се игра гол за гол, скандивавците со брзата транзиција се опасни, не велам дека препрека му се на Вардар туку дека на двете утакмици ќе пукаат околу 33/4 гола...

Кога ќе се земи се на се, дека Вардар ќе е далеку послаб од лани, така да ако паднеше во другата група, успех ќе му беше да ја помини групата а не да стигни до завршница :D
Тешко ќе е и тука, јас мислам нема шанси први да завршат во групата, второ или најмалце трети ќе бидат, е сега како ќе вкрстат после е прашање....
А за фајнал фор не се занесвајте, пред 2 години му беше шансата, тогаш кога не успеа, тешко за скоро време, а за оваа сезона ако стигнат пак 1/4 финале со таква екипа ќе биди огромен успех....
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Кој рече дека ќе се прошета Вардар до прво место?
За разлика од А групата овде барем ќе имаат некоја шанса за првите 3 места...
Ако се барем втори ќе играат со Французите од лузерските групи,не е лошо,ако се трети избегнуваат еден од таа голема тројка ПСЖ,Барса,Веспрем и одат на Германците,во секој случај далеку подобра опција отколку 10 тешки мечеви уште во група со екстра јаки екипи..
Освен во Киелце на сите гостувања ќе имаат доста солидни шанси да тепаат...
РНЛ и лани покажа дека е ранлив на домашен терен,исто и Сегед кој прашање е колку време ќе ја уигрува новата екипа,за разлика од нив костурот на Вардар е уигран шо е предност во овај случај
Иако има жешки терени како Цеље,Мешков шансите се доста на страната на Вардар..
Загреб е друга приказна,две лица имаат,едно дома,сосема друго на гости...
Кристианстад ја шитна речиси цела прва постава,нема да бидат сериозни како лани,а и лани освен на моменти не беа ништо посебно
А околу Вардар,засега освен Тоскиќ не изгубија ништо...
Десно крило Чупиќ,среден Кањелас+Карачиќ и Циндриќ,лево Борозан ако е здрав+Деревен+Кањелас би покрил ако треба,сосема доволни за да го заменат еднонасочниот Горбок...
Не би рекол дека Вардар ќе е послаб наредна сезона,баш напротив,само треба еден салам пикер во два правци и една замена или партнер за Абутовиќ во одбрана,останатиот дел од тимот е доста добар..
 
Последно уредено:

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.305
Поени од реакции
5.215
Имаше коментари на минатата тема од ЛШ или кај нив на фан клубот, ќе има доста интересни мечеви и во оваа група не е се така розово :P
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Домагој Павловиќ 4 месеци во аут...(повреда на рамото)..
Го пропушта најважниот дел од сезоната во ЛШ,ќе мора Загреб да бара замена,само со Јосип Валчиќ и можеби Вујиќ како бекап тешко ќе оди...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Кој анти ракомет го играат Горење и Татран, чиката вода да им носи. 41ва минута, 11-15 за Прешов. Горење никогаш послаби, жив очај беа и вчера со Финците.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Татран Прешов и Брага последните патници во "лузерските" групи, што би рекол Томасино.

Искрено тотално се изненадив од Горење, ептен лош ракомет, никаква организација. Колку ќе фали само Стас Скубе, очај се на центар. Го играа еден Ратајец, ама дечкото има некое килце плус, да не речам тромав е. На лев многу подобро се снаоѓаше, знаеше да извади некој шут. Mитровиќ добар беше, ама сам што да прави кутриот, закачи по некој гол и вчера и денес, чудо како не го собра некоја подобра екипа. Тоскиќ комплетно отсечен, никаква игра за пикер немаат, додуша ептен споро и тромаво изгледаат. Капак на се и 4 пенали промашија денес, 3/7.

И Татран не се нешто посебно, ама поорганизирани беа. Поцврсти во одбрана, башка и тој голманот скина неколку добри зицери. Рабек пукна неколку голови, извади неколку добри шутеви од 9-10м, бем му брадето никакво.

Овие Брага интересна екипа, ептен организирано играја. Во овие Брегенз и Марко Бувиниќ ти бил, закачи 5-6 гола ама се повреди 10-15м пред крајот, има качено и тој некое килце плус, до кај стигна. :facepalm:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom