Коло во знакот на фаворитите,очекувано,сепак оваа недела немаше некое дерби како минатата,освен Барса Кил секако и донекаде Вардар -Мешков.
РНЛ уште еднаш докажа дека е нестабилен тим,во Германија можат да шлакаа лесно екипи од рангот на Магдебург,Мелсунген,Фуше,Вецлар,Гепинген како од мајтап,екипи со далеку поголеми ростери и буџети од Цеље,арно ама во ЛШ како друг тим да излегува на терен,можат да бидат среќни шо не ги попари Цеље,заслужија барем бод.
Добра екипа има Бранко Тамше,со малку поголема ротација и подолга клупа би биле многу сериозен тим.
Динамо потврди дека нема да игра епизодна улога во лузерската група,го ишлапаа и Мотор кој не е шогоде екипа,добра екипа,сеа со двајцата Ецтеки добија на конкретност и убоитост во напад+класа десен бек како Вранковиќ(овај не знам зошто не го земаат за Хрватска репка?Навистина,топ е дечкото,Шебетиќи,Бунтиќи и компанија играат
,доктор е овај за нив)+имаат многу солидни домашни играчи,вака ако продолжат заедно со Нант се главни фаворити за понатаму,односно бараж за 1/8 финале.
Во саботата,премиера надвор од Скопје на
ЛИНЧОЛУРГ
Шта речи кој послуку порати?
9-2 имаш во 15та минута,грогиран противник,да го дотолчиш,тие изгубија добиен меч,имаш се на тацна,напад како треба,транзиција,влез во 6 на Фитилот,неколку добри голови на Нелоски и Талески од надвор,во одбрана го тераш противникот на милион грешки,а и тоа шо помина го скина Арсиќ,секоја чест за дечкото,уште еднаш.
И шо се случува?Со најпростата измена во одбрана Словачкиот тренер решава да смени нешто,во ОЧАЈ,4-2 на левиот и средниот бек.
А Лино како реплицира на ова?
Легендата наместо да ги извлечи тие двајца шо играат фластери на бековите,со тоа шо ќе ги врати барем 1 метар поназад ,накај центар,за да има поголем простор тој играч шо нема фластер,односно шо не е маркиран,затоа шо не беше она класичен фластер,Чиката ги пушта најтрапавите и најбавни бекови,шо немаат дуел игра,шо не можат да се ослободат од човек,шо не знаат шо со топка,совен да се кренат од било каде на шут,го пушта и Велковски,каде бе?Го фрлаш во оган детето,без бекап од среден,да му отвори простор,Фитило на клупа,а искина детето првите 15 минути,единствениот каков таков техничар Младеновиќ го игра на крило,а потоа и на втор пикер
,Брајовиќдобар бек,подвижен,солидна техника,не го игра воопшто,го пушта при крај таму на десно крило
и нормално е шо закочи нападот.збиени се 10 играчи на простор од 15ина метри,Жаре отсечен,не се ни трудеше да напрај блок некаков,и да напраеше нема кој да трча
,Драгаш,Обрадовиќ
На 4-2,со доволно простор за игра,ако се оставеа тие 4ца шо немаа маркер да играат против тие шо останаа во зоната на Татран требаше да искини Металург,посебно зошто имаше дури 3 бека+пикер,со промена на местата и движење без топка требаше да ја демолираат таа зона.
Ова во прво,во второ бетер,Чиката од грешка во грешка,додека се држеа некако до 18-17 се трпеше,иако и Татран не нагази дотогаш доволно,потоа се распадна се,најјакото беше шо цело време Чиката играше без голман,демек да ја амортизира таа 4-2 со тоа шо ќе уфрли втор,уште повеќе конфузија напрај,уште поголема гужва,никаков ефект,Металург цело време имаше вишок на линијата,ама џабе,кога тие бекови на кои се играше истурена одбрана ниту имаа удел во играта,ниту се движеа без топка,ништо,и џабе предноста,и таа топка шо ќе поминеше одеше доста ризично и нормално е шо имаше милион технички грешки,и си искористи Татран,Крок како брз воз си ги бушеше,нормално најде село без кучиња.
Поразот дефинитивно оди на душа на Лино,се изгуби овај тоталка,не знај кај тера,ни тајмаут побара ни ништо во второ,а го бушат од кај стигнат
Барем видовме дека нема неприродна позиција за било кој играч,уште голманите шо не ги пушти пикери да играат,или крила,парче напрај,јас не знам шо му се случи на Чиката,навистина,6 години е во Металург толку изгубен како во саботата никогаш не бил,како блекдаун да му се случи и се изгуби.
Баш ме интересира шо кажа не прес,ме мрзи сеа да бара,
КО ЈЕ САДА КРИВ ЗА ОВО А?ВИ ЧЕТЕ МЕНИ ЛОПТЕ ПРОДАВАТ?ммм
Вардар,се мачеше во прво,Мијатовиќ ги искина,во второ беше друга песна,наместо Кањелас кој сеуште се бара,си влезе Вуко и ја реши текмата,плус Душебеав,таман беше,Карачиќ одигра слабо,затоа тука беше Циндриќ,слабо топки на пикер одеа,сепак одбраната на Мешков беше добра,посебно во прво,во второ се распаднаа од надвор,и примија 31 парче.
Важна победа за Вардар пред новото гостување во Цеље.
Киелце доста лесно си ги рашлапа Швеѓаните,се врати
Бомбач на терен,која машина е овај,страшно нешто,според мене убедливо најдобар плеј моментално,се има дечкото,каква само атосфера напраја Пољаците,страшно нешто
Веспрем игра криминално слабо на почеток,но успева на крај некако да победува,освен поразот со Вардар кога беа сериозно рашлапани,и тој изненадувачки пораз во лигата од Ѓунеш.
Добар отпор пружи Шафхаузен,иако недоволно,сепак и Веспрем се заебаваше,ако нагазеше имаше да ги попарат,сеуште калкуираат со силите,се гледа дека сеуште се бараат,иако претежно со прв тим играа,Ласло речиси цел меч,Момир исто.Ќе бидат подобри,има време да ги видиме на кое ниво се,допрва следуваат вистинските дуели.
Брага покажа дека е екипа на која мора сериозно да се смета во групата,рутинска победа дома,тешко дека ќе ги тепа некој во Брага,опасни домаќини се.
Нант ги разби циркузантите од Турција,добра одлука донесе ЕХФ шо ги врати кај шо им е местото,не се оние за јаките лиги,според мене не се ни за во лузерските,смешна екипа,иако имаат неколку добри играчи како Доне,пикерот е ѕвер,Прибак и Дачевиќ,помалку заборавениот Нинчевиќ,ама џабе.
Ла Риоха ја продлабочи кризата на Монпеље,џабе 8 милиони буџет кога не знаат кај тераат,го сркнаа од Иври во лигата,сеа се сопнаа во Логроњо,сепак не е шогоде екипа Ла Риоха,Виктор Виго,пикерот,крилата се топ,и Барса ја намачија во лигашката текма,овие две екипи ќе се борат за првото место.
Елверум и Мечињата по БОДЧЕ,реален исход,горе долу тека се овие екипите,втора НУЛА за мечињата,најверојатно веќе четврток ќе ги лапнат првите бодови,против Линчолург
Загреб уште еднаш го сркна,Вујо збесна,му обеле брадата
,па уште и фаворити ги дале со Сегед,каде бе?
Со кои играчи,ако не му оди на Мандалиниќ толку,без Павловиќ се 50% послаби,во најмала рака,со играчи од second class како Вујиќ,Јосип ДРВОТО Валчиќ и Лука факинг Шебе,каде бе Вујо?Па како рече,биле појјаки 30% од лани,можеби,ако играше Павловиќ,вака ништо.
Кога стигна Сандро Обрановиќ да и моча среде Арена јасно е,шо го пуштија како вишок,демек еве ќе ви го позјамиме
еве ви го сеа.
И Вујо како Лино,со доста ротации,но сепак не ги меша позициите на играчите,иако премногу го мачи Вори,можеше да го пушти Контрец,не е лош,премногу го троши Вори,сепак бековкската линија потфрли,премалку е,макар и за ваков Сегед,на прв поглед Сегед е можеби послаб од лани,ама очекувано е,сепак цел тим го сменија,ама имаат шо да понудат,онај Шоштариќ на десно крило,опасно детиште,и замената за Калман страшна,Бока се вика батето
,топ млади крила,исто и на пикер се страшно покриени,Габер,Бахниди+Зубај,десно со Балог и Бунтиќ,на центар Стас Скубе,и овај треба да биди голем играч,лев бек Горбок класика,4.5 комада во негов стил,+големата надеж на Унгарците,Рихард Бодо и секако џокерот,Обрановиќ
Треба да е во ТОП3 Сегед на крај во група,најверојатно трет,реално Киелце и Вардар се фаворити овде и отскокнуваат.
Фленсбург на шопинг на бодови во Силкеборг,лесно и едноставно
ПЕ СЕ ЖЕ се испоти за бодовите со Висла,сепак не е слаба Висла,имаат сила за некој голем скалп,сеуште треба време за Париз.
НА КРАЈ,ОЛД ФИРМ ДЕРБИТО
Барса дупка се на почеток на сезона,цело време се на раб на пораз,и со Ла Риоха,со Висла,со Бенидорм,чкрипат од сите страни,со Кил беа печени за пораз.
Нека им упатат ЈАВНА БЛАГОДАРНИЦА на судиите,без нив ќе го скрнеа машки,смешни искучувања за Кил,дури и со играч плус се мачеа за секој гол,едвај,ако не беше Валеро Ривера со пеналите тешко нив ќе беше.
Во одбрана ГОЛМАНот ги држеше,да не помислите ГОЛМАНИТЕ,зошто Борко не ни влезе
,доста топки скина Де Варгас,прераснува во голманиште,која смиреност ја има онај,секоја чест,ама какви само бомби сркна од КРКАМАТА,хаха,не знаеше кај е
,топовски удари на Кркмата,искина.
Вујин полека полека нека си ги пакува куферчињата,цела утакмица ја поеба на крај,заедно со Зајц,двата се за во некоја месара да работат,како дегустатори,како џбитаци се напраени
Вајнхолд за овие е бог и батина,ме бендисаа и Нилсон и Билик,страшни бекови ќе бидат овие шанкуриња+ако се врати Дисинџер страшна топовска артилерија ќе има КилВолф искина,кое голманиште е овај,+ ГЛАВОЊАТА,страшен тандем ќе има Кил,за наредните 10 години+и онај Ѓупакот Сантос се вклопи,каков зглоб има ММЕ,е така работат Швабите ништо нема случајно,се е со УМИСЛА,после ќе газат,е па ќе газат.,.
Штета за Кил,иако навивам за Барса,не заслужи пораз Кил,во најмала рака требаше да е нерешено,иако Кил беше поконкретен,поубоит,Барса само на судии се извади и на Варгас,иначе готови беа.
Многу нелогично е шо останаа само со Раул на среден,како ќе ја тераат сезоната не знам,само шутери имаат,4 леви+два десни+Раул,заебано,требаше Руезга да си го зачуваат барем.ќе се најдеше,кога ќе треба да се убрза играта,посебно кога ќе налетаат на ваква одбрана како оваа на Кил,ГРАНИТ,
ТОФТ,ВИНЧЕК,ВАЈНХОЛД
+ЛУДАЦИ НА ГОЛОТ.
Опасен е Кил,ќе бидат добри,страшна група е А скупината,Ф4 во мало,речиси цел крем е собран таму