Лига на Шампиони 2016/17

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Кој анти-ракомет е ова на Металург - Елверум. Врвот беше сега овој дебелиот голман што му одбрани пенал на Драгаш, која фаца беше. :pos:

Инаку, Орката. :cuc:[DOUBLEPOST=1474737053][/DOUBLEPOST]Алал да му е на Талески, каква бомба испрати за победа. :cuc:

Премногу лош Металург, изгледаа поконкретни во играта претходните утакмици, не мислев дека то толку безидејни ќе се денес. Доволно говори фактот што од мизерни 18 голови, 12 постигна Талески. Премногу лоша играта, никакви акции за крило, на пикер ептен малку топки спуштени. Се беше акции за Талески, ако погоди арно. Другите бекови се отепаа од грешење, милион технички грешки. Арсиќ, алал да му е, еден куп одбрани, којзнае колку зицери скина.
 
Последно уредено:

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
545
Поени од реакции
328
Neli so novite pravila ako se naprai faul poslednite sekundi se sutira penal i se dobiva crven, na vesprem ne mu sudija, samo sloboden udar

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.920
Најслаб натпревар на Металург сезонава. Голема среќа што Арсиќ и Талески беа во топ елемент па извлекоа победа. А оваа мораше да ја тепаат со оглед дека Елверум е најслабата екипа во групата.

Талески - секоја чест, полека полека прераснува во квалитетен играч детето. Браво!! Е затоа цело време викаме дека треба младите да играат да собираат искуство. На Талески му е 4та сезона во ЛШ оваа, првите 2 одигра по некоја минута, лани играше доста и грешеше и го убивте пцуење. Ама тоа искуство сега излегува на виделина. Затоа и Кузмановски и Нелоски и Велковски мора да ја добиваат таа шанса (што е право сезонава колку толку играат), па за 1-2 сезони да се види до каде ќе напредуваат.

Арсиќ исто полн погодок од засилување. Голем адут ќе биде сезонава.

Драгаш според мене беше главната причина за катастрофалниот напад. Реално тој е играч кој треба да игра 90% во одбрана. Премногу ја забавуваше играта во напад а така не може против квалтиетна ЛШ ниво на одбрана. Младеновиќ некако ме разочарува, некако од него повеќе се очекува. Недостигаше Обрадовиќ кој спроед мене е далеку подобар од Драгаш и во двата правци.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Dragas i napad..Talevski 13 od 18 gola dade sekoja cest ali so ista igra nema nisto da napravat protiv drugi protivnici.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Кил победи во дербито со ПСЖ, заслужено се чини, посолидни беа. Незнам зошто ама ми се чини ПСЖ е некако полош од лани, ги доведоа Ремили и Степанчиќ на десен бек, ама единствена замена за Хансен и Карабатиќ им е Нарцис, е не може со овие тројца само, ќе изумрат на терен. Кил има доста широк ростер на бекови годинава, само Канељас си замина, а ги донесоа Билиќ, Нилсон и Зајц (кој може слободно да се каже го реши натпреварот откако влезе). Многу разновидност има Кил, еден Вујин скапа дремење на клупа после првите 6-7 минути, еден Дувњак беше на клупа во последните 10тина минути кога се решаваше мечот. И токму тие засилувања на Кил беа најзаслужни денес за победата.

Нилсон 5/5, чудо е детево. Со онаа мала висина која ја има за бек, си мислиш кога ќе се крене на шут или ќе ја закачи в трибина или ќе го блокираат, тој 5 гола им закачи во ќош сите. Билиќ 4 гола, не го имав досега гледано ама добри движења и интелегенција има дечкото. Не е некој да форсира шут само, знае да влезе на 6, да додаде, има одлични предиспозиции да биде топ бекче. Зајц влезе во последните 15тина минути и го реши натпреварот, 4/4 голови и една асистенција за Спренгер, сите голови на крајот беа од него, а и имаше одлични потези во одбрана. И во одбрана беа одлични, касапање машко им удрија, посебно на Карабатакот, заедно со Хансен ги затворија одлично. Единствено Уве се изнаигра, 10 гола мислам имаше и Степанчиќ со 5, на кој 4 му беа на почетокот кога Ландин бранеше. Кога влезе Волф беше друга приказна.

Ќе си има проблеми ПСЖ мислам, ептен долга е сезоната, премногу утакмици има, а имаат доста краток ростер. Само со Нарцис како замена за Карабатиќ и Хансен тешко ќе оди, Акамбре не ни добива шанси на вакви утакмици, а тој и повеќе е повреден отколку што игра. Не дај боже да се повреди некој од овие двајца, тек тогаш ќе имаат проблеми.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Види го ти Билич(чисто Билик) опасен.И фудбал и ракомет во исто време.:sneaky::icon_mrgr:
Инаку Нилсон е 1,92,сосема коректна висина за бек.

Не е богзнае колку изненадувачка победава на Кил,сепак играа дома,а и сезонава имаат доста широк состав.За ПСЖ нема да има зима,јаки се ко бетон ама мора да се губи понекогаш.Го имаа мечот в рака,ама се испосраа на крај.

Не ги гледав Монпеље,ама гледам дека се мачеле со Прешов втф.:pos:Металург си играше курот со нив..

Оние Холштебро ќе го јадат од сите,барем така изгледа.Немаат ништо асално во тимот.

Висла како ги шлакаше Барселона на неколку минути пред крај на прво и после тоа потоп.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Лука СтепанчиЌу,хаха,колку нема техника другарот:pos:10 метра му требаат за да се крени на шут,залет да земи,па да се намести,ако има играч пред него не го барај,ќе се истркала и одма на паркет:icon_mrgr:
Ја поеба цела утакмица,нерезонски удар при 27-27,на крај 7на 5 во поле има предност ПСЖ,15и кусур секунди до крај,и топката ја држи Степанчич,замина текмата.:pos:
И како да се тепа Кил во Шпаркасе Арена?Вака сигурно не:kuracc:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ова ни пијан тренер не би го извел,камоли вицешампион на Европа,тешка багра од тим се,"рекорди"поставуваат:D
Победа в џеп,и да ја изгубеа топката можеа да ја бранат и Сабате решава дека мала е победа од 1,сакал 2разлика,е па еве ти:D
Иако многумина велат дека Сабате е"Англиска Кралица"таму,никој ниту го слуша ниту се замара со него,екипата ја "води" Ласло:cool:,асистент Сулиќ.:backa:
П.С.
Во Кил сите играчи шо влегоа во игра (освен Јанима и Лацковиќ)дадоа барем по еден гол(освен голманите секако)во Металург 3ца:pos:,или уште некој даде освен Драгаш и Фитило?,ах мојата чудесна земја:kruna:
Која легенда е Лино бе:pos:,18 гола дава и победува:D
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Реално металурзите во грч некако играа, ама јас предвидувам дека во најдобар случај 3ти ќе бидат во група а во најлош 5ти... Последни секако нема да бидат, али годинава дури и ме изненадија со одличните игри во Сеха и све во последни моменти губеа значи до самиот крај се држеа и со Вардар и Мешков...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
http://www.balkan-handball.com/analize/kolumna-blizu-je-tale-jos-dva-mu-fale/

Добра колумна на Балканхендбол за Металург и Лино пред се.
Секоја чест за победата,за Талески,нема шо,почна да се делка,доби на самодоверба,и го подобри каде каде шутот,ама ракометот кој го одиграа во саботата беше вистинска АНТИпропаганда како не треба да се игра.
Никаква акција за крило,60 минути ниту топка да не свртиш на крило,ниту во 1945 не се играше вака.
Жарко Пешевски,добро бе дете,како е можно бе со 150 кила.со 195 см,да не можиш да напрајш барем блок,камоли нешто друго,иако не е лош пикер,има потенцијал,ама се гледа дека е запоставена работата со него.
Онај да се работи правилно треба да е Рафаел Баена,ама очигледно е дека на дечкото Лино смета само за напад,кога не му брка работа во одбрана,и го чува само за да пополни позиција,земи изделкај го,искористија ја силата,ако ништо друго на секое пенали ќе вади,само да се дотурка топката до него,ама мора да работи на движењата околу линијата и на поставувањето,вака не ни го гледа голот,свртен кон бековите цело време,а и кога ќе проба да се вмеша во акција прај лесни пробивања и фаул во напад,или престап,зошто премногу е блиску до линијата и нема простор за маневар,треба да е далеку поблиску до линијата до 9 и да си прај самиот простор,не да чека на 6 цело време,ако чека нема ни да дочека,нема кој да го проигра:pos:мора да го научат да се поставува како треба,да чека топка,сепак втор пикер треба да е за репка,односно трет ако Никола Маркоски е во форма..
Срамота е онај Елверум да не го изгазиш макар со 4,5 гола,послаб тим одамна не сум гледал во ЛШ(од скандинавците).Оние бековите на Елверум повеќе на некои локални пијаници пред кооперација личеа отколку на Скандинавски бекови,кои се поим за изглед на ракометар.
За грев беа оние,ако не беше Линдбое немаше ни 5 гола да дадат,за одбраната на Металург секоја чест,ама нападот е инертен ептен,никаква идеја се нема,сите акции беа за Талески,не е ни чудо шо даде 13 гола.
Па не можи бе Милош Драгаш да ти игра 30и кусур минути во напад,каков Драгаш бе,дечкото освен кон гол не гледа подалеку,никаква техника,никаков смисол за пас,брзина нула,само шо има конституција и јак шут ако има отворена позиција,то е се,него ако ги биваше за напад немаше да му ги акнат клоците од Германија.
Го игра Младеновиќ на десен,таму е безопасен,негова позиција си е плеј,одлично се снајде во СЕХА таму,зошто го форсира за џабе на неприродна позиција не знам,Фитило не ни доби шанса,освен неколку пати на втор пикер кога сркнаа два брзи гола и не ни проба пак да се коцка Лино,пушти го бе детето да игра,со онаа негова промена на правец,финта со тело,игра еден на еден имаше парче да напрај,плус инфериорни беа Норвежаните во висина,можеше да искористи Фитило,ако ништо друго на десен ќе беше далеку подобра опција од Младеновиќ,и во Пелистер најчесто на десен покриваше..
Тука е таа нелогичност,Лино игра тотален антиракомет во напад,а се коцка со вадење на голманот,а немаше ни потреба,имаше +4 во второ кога проба да прај глупости,и со тие брзи два гола на Елверум на празен гол ги врати во игра Норвежаните,без никаква потреба.:tapp:
На Металург му треба да го користи потенцијалот на бековите,како ретко кога имаат салам бекови,и тука треба да решетаат,ама со акции и комбинаторика,со силување на шутеви од било каде џабе е,ај со Елверум помина,одвај,со Ла Риоха,Монпеље посебно нема шанси вака да се провлечиш.
Одбраната е топ,голманот е екстра,голманиште,секоја чест за Арсиќ,комплетен голман,еден од најдобрите шо дошол во Македонија,одма се гледа дека е школуван,не оди на проценка,добро затвора агли,висок,долги раце,знае да се постави,да ги навлечи противниците да одберат страна па да затвори со другата рака,модерен голман.
Само уште да поработат на таа контра и полуконтра,како шо беа изгубени Норвежаните мораше најмалку 10 контри да фрлат,арно ама кој да повлечи?Драгаш?
Има потенцијал тимот,ама некако не го користи Лино,не знам зошто?Непотребно им наметнува притисок на децата.
Мора да ги пушти малку сами да решаваат на терен,да се ослободат,со ваква игра многу тешко ќе се изделка некое дете за репка,прајме муабет за Нелоски,Велковски,за Дрогришки не ни помислувам,којзнае дали ќе добие некој минута во иднина.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
397
Поени од реакции
1.156
Со игра 7 на 6 во поле доста се коцкаа и норвежаните, Талески проба два пати на празен гол и еднаш погоди. Арсиќ 4 пати фаќа жива топка после шут или се одбива до него ама после тоа не се ни замара да погледне кон празниот гол на Елверум. Како да имаат уплав од Червар и да помислат на контра/полуконтра, а не па да шутнат од своја половина на празен гол. Посебно впечатливо беше кога ја фати жива на линија, судијата шири раце да продолжи играта и овој наместо да фрла контра или да гледа празен гол па да проба да шутне се објаснува со него дека не е гол, како деца пред зграда кога се караат.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.920
Со игра 7 на 6 во поле доста се коцкаа и норвежаните, Талески проба два пати на празен гол и еднаш погоди. Арсиќ 4 пати фаќа жива топка после шут или се одбива до него ама после тоа не се ни замара да погледне кон празниот гол на Елверум. Како да имаат уплав од Червар и да помислат на контра/полуконтра, а не па да шутнат од своја половина на празен гол. Посебно впечатливо беше кога ја фати жива на линија, судијата шири раце да продолжи играта и овој наместо да фрла контра или да гледа празен гол па да проба да шутне се објаснува со него дека не е гол, како деца пред зграда кога се караат.
Премногу страв имаат од грешки заради неговата "ball control" филозофија и екстремни реакции при било каква грешка.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
http://www.balkan-handball.com/analize/kolumna-blizu-je-tale-jos-dva-mu-fale/


Онај да се работи правилно треба да е Ванчо Димоски,


Тука е таа нелогичност,Лино игра тотален антиракомет во напад,а се коцка со вадење на голманот,а немаше ни потреба,имаше +4 во второ кога проба да прај глупости,и со тие брзи два гола на Елверум на празен гол ги врати во игра Норвежаните,без никаква потреба.:tapp:
На Металург му треба да го користи потенцијалот на бековите,како ретко кога имаат салам бекови,и тука треба да решетаат,ама со акции и комбинаторика,со силување на шутеви од било каде џабе е,ај со Елверум помина,одвај,со Ла Риоха,Монпеље посебно нема шанси вака да се провлечиш.
Одбраната е топ,голманот е екстра,голманиште,секоја чест за Арсиќ,комплетен голман,еден од најдобрите шо дошол во Македонија,одма се гледа дека е школуван,не оди на проценка,добро затвора агли,висок,долги раце,знае да се постави,да ги навлечи противниците да одберат страна па да затвори со другата рака,модерен голман.
Само уште да поработат на таа контра и полуконтра,како шо беа изгубени Норвежаните мораше најмалку 10 контри да фрлат,арно ама кој да повлечи?Драгаш?
Има потенцијал тимот,ама некако не го користи Лино,не знам зошто?Непотребно им наметнува притисок на децата.
Мора да ги пушти малку сами да решаваат на терен,да се ослободат,со ваква игра многу тешко ќе се изделка некое дете за репка,прајме муабет за Нелоски,Велковски,за Дрогришки не ни помислувам,којзнае дали ќе добие некој минута во иднина.
fixed :D

Червар речиси никогаш не го промени својот стил на игра. Единствено во сезоната кога беа реално со најјак состав, кога во тим му беа Атман, Циндриќ и Миркуловски почна да ја користи нивната подвижност и да игра „пробивен“ ракомет. Тогаш и Манасков и Џомба почнаа да даваат голови од позициони напади, инаку головите им беа од контра вообичаено.

Сите други сезони Лино фураше олд-скул напад, со експонирање на својот најсилен бек, нешто што сме навикнати да го глеаме кај нас у репрезентација секогаш. :D

Првите сезони го експонираше Наумче дури овој беше во форма да дава по 10 гола на текма. После тоа Вугирнец. Па по него лани истата тактика ја тераше со Бозовиќ. Сите акции се играа за тој бек, увек пикерот и бекот од спротивната страна правеа блок за шутерот. Школска акција од 1973та :D

Сезонава тоа ќе биде случај со Талески најверојатно, ќе играат за него и со оглед на противниците големи се шансите да биде во топ10 стрелци. Ова под услов да продолжи со добрата ефикасност, да се задржи на некои 65% прецизност сигурно може да намлати најмалку 80 гола за тие 10 меча. Да ги користи Фитило и Нелоски повеќе сигурно тимот ќе игра подобро, но решен е Медолино да си тера по старо, особено сеа кога му се погоди пак добар голман па одбраната ќе го држи во егал на утакмиците.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.011
Поени од реакции
9.795
Червар ако мисли на доброто на Мак. ракометот( како што стално потенцира) и на креирање на идни ракометари кои ќе бидат столб на Македоската репрезентација, мора под итно да ја тера причата на Талески со останатите македонци како што се Неловски, Кузмановски, Велковски. Значи нема причина и оправдување малата минутажа на Неловски и Кузмановски. И онака не може да направи ништо посебно во Лига на шампиони, така да мора да им даде можност на овие ракометари да играат натпревари во Лигата на шампиони како би се стекнале со искуство и на тој начин да стигнат на нивото на Талевски. Значи треба да биде обратно, македонците треба да бидат прва опција, а странците да бидат замени, е на тој начин ќе придонесе за стварно формирање на ракометари кои ќе бидат репрезентативен кадар, а до тогаш можеш само да лаже копуци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom